Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Шест лица, меѓу кои и еден британски државјанин, загинаа во пукање во Краков, Полска, соопшти шефот на полската полиција, Марек Борон. Според него, тројца од загинатите се полски државјани, еден е британски државјанин, додека идентитетот на преостанатите две лица сè уште не е утврден. Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека во домот на осомничениот биле пронајдени телата на две жени и еден маж. 🚨 BREAKING: More possible victims in Kraków ...
Британскиот возач Џорџ Расел минува низ една од најтешките сезони во својата кариера, а по новото разочарување на Големата награда на Мексико, повеќе не можеше да го скрие незадоволството. Иако влезе во шампионатот со амбиции да се бори за титулата, постојаните технички проблеми и несреќните околности сериозно го исцрпија. На патеката во Мексико, тој стартуваше од првиот ред и имаше одлична можност да стигне до победата или до подиумот, но ...
Килијан Мбапе е една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал која го исполни својот сон од детството, да игра за Реал (М), но неговата кариера можеше да изгледа сосема поинаку. Дури и како тинејџер во Монако, неговото име беше поврзано со Манчестер Јунајтед. Англискиот гигант многу рано го препозна неговиот огромен потенцијал и почна да го следи младиот Французин. Рајан Гигс сега откри дека Јунајтед знаел за Мбапе дури и пред тој да стане ...
Американскиот јутјубер Лук Ј решил да помине 84 часа без сон за да види како лишувањето од сон ќе влијае на неговото тело и ум. Тој го снимил своето искуство и го објавил на Јутјуб минатиот месец, а за време на предизвикот почнал да халуцинира, да губи чувство за време и да чувствува интензивна болка во телото. На крајот, признал дека искуството било многу потешко отколку што очекувал и ги предупредил другите да не го пробаат истото, пишува ...
Општина Центар со низа едукативни активности го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата, со цел подигнување на свеста, рано препознавање и спречување на врсничкото насилство. Во текот на неделата, во просториите на Младинскиот центар „Матично“ се одржаа работилници наменети за родители, наставници и стручни соработници, со посебен акцент на улогата на семејството и училиштето во превенцијата од оваа појава. ...
Две нови средни училишта во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода ќе се градат на територија на Град Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека пари за изградба се обезбедени со ребалансот на буџетот. Денес, со усвојувањето на ребалансот на буџетот на Град Скопје, обезбедуваме средства за изградба на две целосно нови средни училишта „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода. Двете ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници од градската администрација, денеска одржаа состанок со претставници на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), посветен на спречувањето на корупцијата и јакнењето на интегритетот и отчетот на локално ниво. Скопскиот градоначалник ја истакнал важноста на институционалната соработка и размената на добри практики за чесно и одговорно управување со јавните средства. – Довербата ...
Полската полиција го идентификуваше сторителот на пукањето во Краков – во кое загинаа шест лица, а според последните информации 15 се повредени, како полски државјанин, и ги отфрли претходните извештаи според кои тој имал соучесник. Според одредени медиуми и официјални лица, станува збор за 24-годишен маж. Првичните извештаи укажуваа на можноста во инцидентот да биле вклучени повеќе лица, при што конкретно се спомнуваше дека со напаѓачот ...
Полскиот министер за внатрешни работи изјави дека првичните сознанија укажуваат оти напаѓачот, кој денеска во Краков усмрти шест лица, а повреди 15, бил под влијание на „крајнодесничарски идеологии“. Министерот за одбрана, Владислав Кошњак-Камиш, ја започна прес-конференцијата опишувајќи го инцидентот како „терористички напад“ и појасни дека полицаецот кој го запрел осомничениот се наоѓа во критична состојба. Министерот за внатрешни работи, ...
Високоинтелигентните луѓе често се издвојуваат по начинот на кој ги набљудуваат работите, донесуваат одлуки и ги обработуваат информациите. Тие ретко прифаќаат нешто здраво за готово, туку имаат потреба да анализираат, да поставуваат прашања и да ја разгледаат секоја ситуација од повеќе различни агли. Токму поради ова, понекогаш оставаат впечаток на комплицирани, неодлучни или премногу критични личности. Сепак, зад ваквото однесување може да ...
Светскиот тениски рекет број Александар Зверев е жестоко напаѓан и критикуван, па дури и во Германија, земјата под чие знаме настапува. Зошто и таму не го сакаат? На ова прашање одговор се обиде да даде поранешниот најдобар германски тенисер Борис Бекер, кој и самиот не го сака новиот број еден. „Неговите родители се Руси, тој зборува руски со својот тим за време на натпреварите. И покрај сето тоа, тој не зборуваше јавно за војната во ...
Трилатералните разговори во Абу Даби, со цел да се стави крај на војната на Русија во Украина, ќе се одржат во вторник и среда, први вакви разговори од февруари. Руската делегација повторно ќе ја предводи советникот на Кремљ, Владимир Медински, како главен преговарач, а за прв пат ќе ѝ се придружат Рјабков и Јуриј Жигарловски, висок офицер на рускиот Генералштаб, според новинската агенција Интерфакс. Рјабков е задолжен за односите на Русија ...
Нумерологијата и датумот на раѓање често се користат за откривање на карактерни црти, но месецот на раѓање крие многу специфична тајна. Тоа е вашиот прв инстинкт кога станува збор за пари, или што правите во првите 20 секунди откако вашата плата ќе стигне до вашата сметка. Експертите тврдат дека нашите финансиски рефлекси не се случајни, туку се тесно поврзани со бројот на месецот во кој сме родени. Дознајте дали сте родени под среќна ...
„Охридско лето“ подготвува три ексклузивни концерти со реномирани уметници од меѓународната сцена, надвор од редовните фестивалски денови. Првиот концерт ќе се одржи на 17 ноември, (20 ч.), во Камерната сала на Македонската филхармонија, каде што ќе настапат виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек. Вториот концерт ќе се одржи на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, ...
Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал донесе конечна одлука каде ќе го продолжи својот професионален пат откако ја спушти завесата на нереална играчка кариера. Иако со години е посветен на работата на својата тениска академија во родната Мајорка, во чии оперативни, секојдневни работи не бил директно вклучен, „кралот на земјената подлога“ ја прифати поканата за функцијата еден од директорите во фудбалскиот великан Реал Мадрид. Не е тајна ...
Европа преминува од масовен туризам кон одржлив развој, при што успехот сè помалку ќе се мери според бројот на туристи и ноќевања, а сè повеќе според економската, социјалната и еколошката вредност што ја создава туризмот. На 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја претстави првата сеопфатна Стратегија на ЕУ за одржлив туризам. Таа поставува нова развојна насока заснована на конкурентност, рамномерна регионална распределба, поголема ...
Томас Маркл, таткото на Меган – сопругата на британскиот принц Хари – беше уапсен во петокот наутро за време на федерална операција во Флорида, под обвиненија поврзани со материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца, изјавија за „Асошиејтед прес“ (Associated Press) извори запознаени со случајот. Лицата кои го потврдија апсењето немаа овластување јавно да зборуваат за истрагата и дадоа изјави под услов да останат анонимни. Томас ...
Преговорите за нов договор за испорака на руски гас за Србија би можеле повторно да се отворат по формирањето на новата влада во Белград, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, пренесува Nova.rs. На прес-конференција во Москва, Захарова се осврна на изјавите на претставници на „Студентската листа“ во врска со преговорите со Русија. „Сметам дека на оваа тема треба повторно да се разговара откако ќе се ...
Државите членки на Европската унија годишно губат приближно 59,3 милијарди евра од даночни приходи поради префрлањето на профитот од страна на мултинационалните корпорации во јурисдикции со пониски даночни стапки, а според анализата на организацијата „Tax Justice Network“ (Мрежа за даночна правда), околу осум милијарди евра од овие загуби се поврзани со Обединетото Кралство и неговата мрежа од даночни раеви. Според податоците што ги пренесува ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави крај на годишната воена помош од 4 милијарди долари за Израел, одлука што изненади многумина и покрена прашања за иднината на односите меѓу САД и Израел, особено во време кога се разгледуваат нови напади врз Иран. „Во однос на исплатите на Израел, Нетанјаху и јас постигнавме договор да му дадеме на Израел четири милијарди долари годишно, а пред неколку месеци постигнавме договор да го прекинеме ...
Шест лица беа убиени, а 15 ранети во пукотница во Краков, јужна Полска, во саботата, соопштија локалните власти. Полицијата претходно за АФП изјави дека вооружениот напаѓач отворил оган врз минувачи во туристичкиот центар на Краков, убивајќи петмина и ранувајќи околу десетина. Во Краков, новинар на АФП видел луѓе како лежат на земја, бројни амбулантни возила и вооружени полицајци. Околу 15 часот, еден маж влегол со автомобил на главниот ...
ФОТО: pexels Цвеклото не е омилено кај сите, но истражувањата сугерираат дека може да помогне во контролирањето на крвниот притисок благодарение на соединенијата што се наоѓаат во зеленчукот, објавува Express. Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, е чест здравствен проблем низ целиот свет. Честопати се јавува без никакви очигледни симптоми, па затоа некои луѓе дури и не знаат дека ја имаат состојбата. Лековите и промените во ...
Во Македонскиот народен театар (МНТ), вечерва ќе биде отворено 26. издание на Скопскиот филмски фестивал, кое годинава носи модернизиран концепт, збогатена програма и силно меѓународно присуство, најавија организаторите. Програмата започнува во 19:30 часот со дефилето на црвениот тепих, каде што ќе пристигнат голем број филмски автори, актери, гости од странство и истакнати културно-уметнички дејци. Почетокот на официјалната церемонија е ...
„Што барам во оваа недојдија“ е новиот роман на Игор Анѓелков, што утре (5 ноември) излегува од печат во издание на издавачката куќа „Или-Или“. -Како што вообичаено во изминативе неколку години во овој период од годината Анѓелков на читателите им приредува нови книжевни задоволства, така и овој ноември тој го објавува својот шести роман со кој навлегува на нова територија, која ќе биде изненадување за многумина кои досега го следеа и сакаа ...
Македонскиот народен театар со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ-Ригонат, вечерва (5 ноември) ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември, под слоганот „Да играме со срце“. Со претставата ќе почне шестдневната програма посветена на актерската уметност и на современите театарски остварувања. Во претставата играат: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, ...
Три часа музичка магија, време исполнето со раскошни звуци, виртуозни изведби, силни емоции, несекојдневна енергија и извонредна комуникација со публиката. Вака накратко може да се опишат двете концертни вечери на нашиот виртуоз на пијано, Симон Трпчески, во полната сала на Македонската филхармонија. Трпчески заедно со своите гости, врвни музичари, покажа дека камерната музика е многу повеќе од совршено усогласена изведба. – Камерното ...
Со проекција на филмот „Идиот(и)“ на режисерката Малгоржата Шумовска и снимателот и режисер Михал Енглерт, вечерва во Македонскиот народен театар започна 26. издание на Скопскиот филмски фестивал, кој се возобнови по неколку годишна пауза. За отворен фестивалот го прогласи директорот на Скопскиот филмски фестивал, Томи Салковски. „Ова е само почеток, ова е еден темел од она што сакаме да го направиме. Ние имаме повеќегодишен план за да го ...
Вечерва (5 ноември), во 21 часот, „Јавна соба“ ќе биде домаќин на еден несекојдневен меѓународен џез-состав што ги спојува различните музички светови во автентично звучно искуство. Квартетот предводен од францускиот мултиинструменталист и композитор Оливие Самујан, заедно со македонските музичари Сашо Поповски (гитара), Иван Бејков (контрабас) и Александар Секуловски (тапани), носи музика во која европскиот џез се среќава со балканските ...
Во Музејот на Македонија, вечерва (5 ноември), со почеток во 19:00 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“. Изложбата претставува ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство. Од историските почетоци во 1946 година со визијата на Светлана Малахова, па сѐ до современите дизајни на Театарот за деца и младинци, оваа поставка го слави кукленото ...
Македонскиот уметник Трајче Чатмов е годинашниот добитник на наградата „Владимир Георгиевски“, за делото „Демир Капија“. Ова признание му беше доделено на изложбата „Средба во пејзажот“, отворена во галеријата „Метаноја“ во Скопје. Чатмов посочи за весникот ВЕЧЕР дека многу му значи оваа награда, пред сè затоа што го носи името на „уметникот што со својот печат ја обележа македонската ликовна сцена“. – Тој беше сликар што го сфаќаше пејзажот ...