Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кевин Дурант, потврди дека има голема желба повторно да го облече дресот на американската репрезентација на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, иако тогаш ќе има речиси 40 години. Искусниот ас порача дека возраста не е причина да се откаже од настапите за националниот тим, нагласувајќи дека сè уште чувствува огромна мотивација да ја претставува својата земја на најголемата спортска ...

Најдобриот фудбалер на СП 2026, Родри, повторно е во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност, а причината се информациите што доаѓаат од Шпанија. Според „Диарио АС“, ПСЖ се обидел да го направи првиот конкретен чекор кон доведување на играчот од средниот ред на Манчестер Сити. Според истиот извор, претставници на францускиот шампион имале директен разговор со Родри за да ја истражат можноста за негово пристигнување во Париз. ...

Земјоделците го гледаат пропаѓањето на родот, пченката итно има потреба од вода. Пченката во околу 80 проценти од случаите до почетокот на топлотниот бран формирала класје, но сепак ѝ е потребна влага за да ги наполни зрната. Експертите велат дека остануваат само неколку дена родот да биде спасен со евентуален дожд. Луѓето плачат кога гледаат како топлотниот бран им ја уништил пченката. Во регионот на Шумадија, пченката била посеана на околу ...

Силен земјотрес го погоди централниот дел на Италија утрово. Според сеизмолошките податоци, земјотрес со магнитуда од 4,3 степени е регистриран во 10:15 часот по локално време, објави Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил околу 18 километри северозападно од Ливорно и околу девет километри југозападно од Пиза, на длабочина од девет километри. Токму поради релативно плиткиот епицентар, земјотресот бил почувствуван во ...

Здружението за човекови права ги обвинува мароканските власти за политичка одговорност за трагедијата за време на обидот за премин во шпанските енклави Сеута и Мелила. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) соопшти дека настаните од 30 и 31 јули, кога илјадници луѓе се обидоа да преминат во шпанските енклави Сеута и Мелила, се доказ за длабока социјална и економска криза во земјата, но и за целосен неуспех на државните политики за ...

Колку ќе ве чини оброк, хотелски престој или пијалок на одмор во голема мера зависи од земјата во која одмарате. Анализата на Euronews, врз основа на податоците од Евростат, ги спореди цените во седум од најпопуларните европски туристички дестинации и покажа каде туристите можат најмногу да заштедат. Истражувањето ги опфаќа просечните цени во Турција, Хрватска, Грција, Шпанија, Португалија, Италија и Франција. Ова се национални просеци, па ...

ВЕРЕН СОБОРЕЦ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И СИМБОЛ НА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ВЕРНОСТ КОН ИДЕАЛИТЕ Сава Михајлов-Савата ѝ припаѓа на онаа група млади македонски интелектуалци што кон крајот на 19 и почетокот на 20 век целосно и доследно работеле на општото подигнување на македонскиот народ во борбата против османлискиот окупатор. Тој истовремено им припаѓа и на оние истакнати македонски синови и револуционери што меѓу првите отворено и доследно работеле против ...

Жозе Мурињо одлучи да ѝ се „закани“ на големата ѕвезда на Реал Мадрид, која не планира да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Иднината на играчот од средниот ред повторно е една од главните теми кога е летниот преоден рок во прашање, откако се појавија информации за неговиот разговор со португалскиот стручњак. Според странските медиуми, Специјалниот одлучил целосно да биде отворен со францускиот репрезентативец и да му објасни каква улога ...

Kошаркарскиот гигант Панатинаикос со големи амбиции ќе влезе во новата сезона од Евролигата, а грчките медиуми се убедени дека „зелените“ во моментов се еден од најмоќните клубови во Европа. Во анализа на порталот „СДНА“, се истакнува дека под водство на сопственикот Димитрис Јанакопулос, атинскиот гигант прераснал во финансиски стабилен и одлично организиран клуб, на кој денес му завидуваат дури и европските великани Реал Мадрид и Барселона. ...

Љубовната врска помеѓу младиот шпански фудбалер, Ламин Јамал и инфлуенсерката Инес Гарсија привлекува големо внимание од јавноста во последните недели, но и бројни негативни коментари на социјалните мрежи. Откако Јамал го освои Светското првенство со Шпанија, неговата девојка се најде на удар од некои фанови кои ја обвинија дека е со младата ѕвезда само поради пари и популарност. Гарсија, која денес има повеќе од четири милиони следбеници на ...

Точно половина од американските држави – 25 – ја тужат администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Врховниот суд поради најновите царини што тој ги воведе во јули за увезена стока од 59 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Кина и целата Европска Унија. Претставниците на овие држави, вклучувајќи го и Њујорк, тврдат дека новите царини се изговор за замена на претходните царини што Врховниот ...

Делови од Јужниот Остров на Нов Зеланд денес беа погодени од силен поларен бран, носејќи снег до нивото на морето и температури под нулата, затворајќи патишта, запирајќи дел од сообраќајот и нарушувајќи ја работата на училиштата. Снегот го покри Данидин, вториот по големина град на Јужниот Остров, а полицијата ги повика луѓето да избегнуваат патувања освен во итни случаи поради ледени услови. Пријавени се неколку сообраќајни несреќи, но нема ...

Борбата против голем пожар во западна Атика влезе во својот петти ден, а пожарникарите сè уште се борат на три активни фронта, објави весникот „Прототема“. Најголемите напори се насочени кон областа од Псата до Лумпа, а експертите предупредуваат дека часовите по 13:30 часот се најкритични поради зголемувањето на температурите и намалувањето на влажноста. Заменик-портпаролот на Противпожарната служба, Јанис Артопојос, објави дека се активни ...

Основното јавно обвинителство Куманово обезбеди мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово, која е осомничена за спречување службени лица во вршење службени дејствија и за узурпација на локалитетот „Куклица“. Според Обвинителството, осомничената подолг период незаконски го узурпирала локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на природата. Таа, без правен основ, им наплаќала влезници на посетителите, се расправала со нив и ...

Во последно време многу се зборуваше за Хари Кејн и за тоа каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера. Неколку клуба се распрашуваа за неговите услуги во изминативе месеци, а наводно и Барселона била заинтересирана за него. Сепак, првата вистинска понуда за Кејн, во врска со неговата кариера, е ставена на маса. Според светски познатиот новинар, Фабрицио Романо, Баерн Минхен планира да почне преговори со англискиот напаѓач за нов договор во ...

Германскиот ракометен гигант, Фленсбург, го потврди ангажманот на португалските репрезентативци, браќата Мартим и Кико Кошта, кои потпишаа долгорочни договори со него до 2032 година. Тие ќе му се приклучат од летото 2027 година. Со доаѓањето на браќата Кошта, Фленсбург не добива само двајца врвни ракометари туку и тандем што со години настапува заедно и одлично се надополнува на теренот. Заедно со Французинот Ајмерик Мин, на бековската тројка ...

Првата половина од сезоната во Формула 1 во 2026 година донесе бројни изненадувања, нови херои и неколку големи разочарувања. По 11 трки, јасно е дека шампионатот влегува во нова ера, а најголемото откритие е младиот Кими Антонели. Италијанецот на само 19 години го презеде лидерството во Мерцедес и со одличните настапи се наметна како главен фаворит за шампионската титула. Наместо Џорџ Расел, токму Антонели стана првото име на тимот и покажа ...

Имаше многу контроверзии околу повлекувањето на Новак Ѓоковиќ и на Јаник Синер од мастерсот во Монтреал, кој повторно е најголемата „жртва“ на пеколниот распоред. Србинот и Италијанецот ќе ја имаат генералната проба пред Отвореното првенство на САД во Синсинати, кое е поддржано од поранешниот гренд слем шампион, Енди Родик. За најдобриот тенисер во историјата, ова беше повеќе од очекуван потег, бидејќи е премногу да се играат три многу тешки ...

Поради долготрајната суша, реките Дунав и Драва бележат рекордно ниски нивоа на вода, а проблемите со приливот ги погодија крајбрежјето и островите. Генералниот директор на Хрватски води, Зоран Ѓуроковиќ, предупреди на HRT за сериозната ситуација, но нагласи дека снабдувањето со вода засега е стабилно. „Ситуацијата е доста сериозна. Всушност, ова е долг период на ниски нивоа на вода веќе долго време. Треба да се каже дека Дунав моментално ...

УХМР издаде метео предупредување за топлотен бран на територијата на Македонија. -Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, велат од УХМР. Според најавите на УХМР, топлотниот бран ќе продолжи и ...

Тотенхем покажа golem интерес за дефанзивецот на Барселона, Жил Кунде. Според информациите од Англија, лондонскиот клуб подготвува понуда вредна 65 милиони евра, затоа што клупските челници веруваат дека францускиот интернационалец совршено би се вклопил во нивниот тим. Кунде го привлече вниманието на Тотенхем првенствено поради својата разновидност. Може да игра како десен бек, но е подеднакво добар и во срцето на одбраната. Таквиот профил ...

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, ги уништи сите надежи на Украина велејќи дека е малку веројатно да се постигне долгорочен договор за заедничко производство на противвоздушни ракети „Патриот“ со Украина пред зимата. Во гостувањето во „Фокс њуз“, Витакер истакна дека преговорите меѓу двете земји сè уште се во тек, но исто така направи јасна разлика помеѓу прашањето за долгорочно копроизводство и потребата на Украина за воздушна ...

Грчката влада ќе обезбеди субвенции за привремено домување за граѓаните чии домови беа оштетени во неодамнешните пожари, а помошта ќе изнесува до 500 евра месечно, објави Министерството за климатски кризи и цивилна заштита. Мерката се однесува на сопствениците и корисниците на главните станбени згради кои се прогласени за привремено непогодни за живеење (жолта) или опасни за употреба (црвена) поради штети од пожар, објавува „Катимерини“. ...

Италија ќе предложи на ниво на Европската Унија формирање центри за мигранти во трети земји, по моделот на договорот што го има со Албанија. Планот предвидува мигрантите кои нелегално влегуваат во ЕУ да бидат испратени во овие центри, каде што ќе се обработуваат нивните барања за азил и ќе се подготвуваат депортации. Предлогот ќе го презентира италијанскиот министер Матео Пјантедози на вонреден состанок на министрите за внатрешни работи на ...

Ниските нивоа на водата на главните европски реки, од Дунав до Рајна, предизвикаа сериозни прекини во превозот и транспортот на стоки, но исто така доведоа до дополнителен товар врз енергетскиот сектор, отежнувајќи ја работата на некои нуклеарни централи. Рекордно ниските нивоа на водата на Дунав, резултат на долготрајна суша и топлотни бранови, ги принудија нуклеарните централи кои користат речна вода за ладење на своите реактори да го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека преговорите со Иран се уште се во тек, иако претходно пристигнаа информации дека се прекинати. Според него, разговорите се водат на барање на Техеран и со поддршка на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и други земји. Трамп нагласи дека Иран овој пат не негира дека постојат преговори, но не сака јавно да ги потврди. „Од некоја причина, додека разговараат, не сакаат јавно да ...

Најмалку седум лица загинаа во јужна Русија денеска откако остатоците од украински дрон се урнаа на преполна плажа, соопштија локалните власти. Ова беше еден од најсмртоносните вакви инциденти во последните недели. Три деца беа меѓу загинатите во црноморското одморалиште Геленџик во регионот Краснодар, соопштија локалните власти. Не беше веднаш јасно дали жртвите загинале откако руската воздушна одбрана го соборила дронот или леталото се ...

Данската принцеза Изабела (19) денес ја започна својата воена служба, станувајќи една од првите девојки што почнаа да служат во новата продолжена задолжителна воена служба во земјата. Принцезата Изабела пристигна во касарната Антворсков во Слагелсе, на островот Зеланд, а најстарата ќерка на данскиот кралски пар ќе помине вкупно 11 месеци во Гардскиот хусарски полк, објавува „Шпигел“, повикувајќи се на данската агенција Рицау. Данска воведе ...

Здравствените власти на Халкидики издадоа предупредување до жителите и туристите во градот Сивири, на полуостровот Касандра, откако беше откриена микробиолошка контаминација во примерок од вода од јавниот водовод, што може да претставува ризик по здравјето. До објавување на нови лабораториски резултати, водата од водоводната мрежа не смее да се користи за пиење, готвење, подготовка на храна или миење заби. На граѓаните и туристите им се ...

Состојбата со пожарот во кавадаречко и вечерва останува критична, а поради големата зафатена површина и условите на теренот засега е невозможно огнената стихија да биде ставена под контрола. Пожарот зафатил голема површина, претежно со нискостеблеста шума и вегетација. Силниот пламен кој повремено се појавува е последица на согорувањето на многубројните ниски смреки, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Паладиум

43499.96

Калај

56.46

Платина

56135.20

Злато

136962.18

Алуминиум

3.25

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36