Меѓународните безбедносни сили што ќе бидат распоредени во Појасот Газа според условите на договорот за прекин на огнот ќе мора да бидат составени од земји на кои Израел „нема да има забелешки“, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е во посета на Израел. Тој додаде дека идното управување со Појасот Газа сè уште не е финализирано помеѓу Израел и партнерските земји, но нагласи дека тоа не може да го вклучува Хамас. Рубио ...

- Го одложуваме состанокот до понатамошно известување, посочи портпаролката, додавајќи оти не е можно да се организираат доволно состаноци во Кина за да се оправда патувањето. Таа одби да прецизира која од страните го откажала состанокот. Германија жали за откажаниот состанок, со оглед на клучната улога на Кина, како во областа на трговијата, така и како земја која како ниедна друга нема влијание врз Русија во нејзината војна со Украина, посочи ...

Тој е уапсен пред антимигрантскиот митинг, што „Народна патрола“ го најави за денеска доцна попладне. Кнежевиќ е уапсен под сомнение дека јавно повикувал на репресија врз мигранти, како и врз поддржувачите на властите кои живеат во неформална шаторска населба во близина на српскиот парламент во центарот на Белград. Според белградските медиуми, Кнежевиќ упатил јавни закани во интервју објавено на YouTube дека тој и неговите следбеници на 24 ...

На удар се најдоа руските нафтени гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“, кои извезуваат над три милиони барели дневно. Одлуката доаѓа по продолжените руски напади врз цивили, максимиалистичките барања кон Киев и одбивањето за прекин на огнот, кои за Трамп биле сигнал дека нема простор за напредок. Американскиот претседател претходного откажа и планираниот мировен самит со Путин во Будимпешта, и најави дека санкциите се само почеток на засилен притисок ...

Инвестицијата на германската компанија Милбауер е 29,5 милиони евра. Камен-темелник беше поставен пред една година и најавено е дека во фабриката ќе се изработуваат биометриски документи за 30-40 земји. Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази благодарност до германската компанија не само за инвестицијата, туку и за тоа што ѝ донесе на Србија технолошка предност. Сопственикот на фабриката, Јозеф Милбауер, му покажа на Вучиќ како се ...

Грчкиот гигант се реши за свој нов тренер да го ангажира искусниот и прославен Рафа Бенитез. Она што се најавуваше неколку денови денеска добива на официјализација, а шпанецот го наследува Христос Контис на кормилото на клубот од Атина. Грчките медиуми објавија дека поранешниот тренер на Ливерпул и Реал Мадрид ќе заработува 5 милиони евра годишно, што го прави најплатениот тренер во историјата на грчкото првенство. Бенитез потпиша двегодишен ...

Ставот дека Турција во овој момент не ги исполнува предусловите за учество во програмата САФЕ на ЕУ за финансирање на одбранбени проекти, го повтори грчкиот премиер Киријакос Мицотакис доцна синоќа на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел и уште еднаш објасни дека Грција нема да ја промени позицијата сè додека соседната инсистира на „casus belli“, односно заканата за војна. Мицотакис објасни дека соодветниот член од ...

Ламине Јамал е ѕвезда на Барселона и сите очи се вперени во него. Сега, крилниот напаѓач даде смело тврдење за Реал Мадрид и судиите, само неколку дена пред големото дерби во шпанскиот фудбал. Зборувајќи за време на програмата на Кралската лига на Twitch, Јамал беше прашан дали Порсинос, тим во лигата, е како Реал Мадрид. Неговиот одговор беше остар: „Да, секако, тие крадат, се жалат…“ Ламине Јамал е ко-сопственик на Ла Капитал, клуб во ...

За време на средбата, двете страни направија детален преглед на претходно договорените мерки за градење доверба за 2025 година и разговараа за рамката за нивна примена во 2026 година, соопштија од грчкото Министерство за национална одбрана за новиот круг разговори за мерките за градење доверба меѓу Грција и Турција, јави дописничката на МИА од Атина. Средбата на двете делегации се одржа во Измир, домаќин беше Министерството за одбрана на ...

Медиумите во еден момент го преселија во Европа, се зборуваше дека може да оди во Серија А, но се чини дека ништо нема да се случи од неговото враќање на Стариот континент. Според каталонскиот весник Спорт, Нејмар има две опции. Првата е да го продолжи договорот со Сантос и да остане во Бразил. А второто потенцијално сценарио е преселба во МЛС лигата, каде што би го носел дресот на Интер од Мајами. Таму би го чекале неговите соиграчи од ...

Прелиминарна истрага на Европската комисија утврдила дека Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) со тоа што не ја исполниле својата обврска да им овозможат на истражните органи соодветен пристап до јавни податоци. Дополнително, Комисијата заклучи и дека Инстаграм и Фејсбук ги прекршиле и своите обврски да им обезбедат на корисниците едноставни механизми за известување за илегални содржини, како и да им ...

Регионалната Влада на Њу Делхи во соработка со Индискиот технолошки институт во Канпур вчера извршија експеримент за вештачко предизвикување на дожд. Едномоторен авион Цесна истрела ракета со хемикалии наменети за распрснување на облаци и поттикнување на дожд. Целта на проектот е со вештачки предизвикан дожд да се намали концентрацијата на штетни честички во воздухот, кои во зимските месеци достигнуваат опасни нивоа по здравјето на луѓето. ...

Во пресрет на неделното „Ел Класико“, секако дека за медиумите во Шпанија интересен соговорник е Луис Фиго, кој направи трансфер од Барселона во Реал Мадрид. Иако минаа речиси три децении од тогаш, и сега тој момент одново и одново се прикажува. Од друга страна Фиго беше прашан за тоа од кого очекувал да биде тренер, и тоа успешен, од неговите соиграчи во Барса и Реал: „Искрено знаев уште тогаш дека Пеп Гвардиола и Луис Енрике ќе бидат тренери. ...

Во терминот од 18:45 часот, во рамките на 3.коло во Лигата на Европа, се одиграа неколку интересни натпревари. Глазгов Ренцерс на нашиот Бојан Миовски, кој влезе во игра 64.минута убедливо беше поразен на гостувањето кај Бран со 3:0. Брага на свој терен славеше против Ц. Звезда со 2:0. На останатите мечеви се постигнаа следните резултати: Фенербахче – Штутгарт 1:0, ФЦСБ – Болоња 1:2, ГА Иглс – Астон Вила 2:1, Генк – Бетис 0:0, Лион – Базел ...

Во дербито на 3.коло во Лигата на Европа, Нотингем Форест со 2:0 славеше против Порто. Стрелци на головите беа Гибс-Вајт и Игор Жезус. Се разбира дека најсреќен за оваа победа беше новиот стратег Шон Дајч. Се играше 90+6.минита кога Динамо Загреб на гостувањето кај Малме постигна гол и се спаси од пораз за конечни 1:1. Викторија Плзен направи сензација, ја победи Рома среде Рим со 1:2. На останатите мечеви се постигнаа следните резултати: Селта ...

Поранешната ѕвезда на Тотенхем, Сон Хјунг-Мин (33), би можел оваа зима да се појави како решение за Милан, бидејќи наводно размислува за позајмица од типот „Дејвид Бекам“ за да ја одржи формата пред Светското првенство 2026. Сон минатото лето, по една деценија во дресот на Спарс, го напушти Лондон и потпиша за ЛАФЦ во МЛС, каде што ја отвори сезоната со девет гола на првите десет натпревари. МЛС има календар различен од европските лиги — ...

91-годишната актерка лично објави на својот X профил за да стави крај на шпекулациите што ги започна еден инфлуенсер, пишува People. Во објава напишан на француски јазик во среда, 22 октомври, Бардо рече: „Не знам кој е идиотот што ја започна оваа „лажна вест“ за моето исчезнување, но знајте дека сум добро и немам намера да си одам. Доста за паметните.“ Je ne sais pas quel est l’imbécile qui a lancé ce soir cette fake news sur ma disparition ...

Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област. Зимското сметање на времето почнува секој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама против царини на владата во Онтарио, во која се прикажани коментари од 1987 година од поранешниот републикански претседател Роналд Реган. - Фондацијата Роналд Реган штотуку објави дека Канада измамнички користела реклама, која е лажна, во која Роналд Реган зборува негативно за царините, рече Трамп во објава на неговата платформа Truth ...

Меѓу земјите на ЕУ, Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%). На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3%) и Луксембург (8,5%). Гледајќи по возрасни групи, субјективната стапка на сиромаштија била највисока кај младите под 18 години, со 20,6%. Кај луѓето на возраст од 18 до 64 години е 17,3%, а кај ...

Во соопштението е наведено дека проблемот настанал во примарниот центар за податоци и оти инцидентот не е резултат на кибер напад ниту е поврзан со други безбедносни настани. - Прекинот на ИТ системот влијаеше на неколку наши клучни системи кои ни овозможуваат да извршуваме разни операции, што бараше спроведување на забрана за приземјување за да останат нашите авиони на позиција, наведе компанијата, додавајќи дека безбедноста на летовите ...

Ќе се одржи саем за миленичиња, парада на хуманоста и концерт на кој ќе настапат Викторија Лога, Лозано, Тамара Тодевска и Драган Мијалковски. Организаторите најавуваат настан исполнет со љубов, добрина и шанса за подобар живот на бездомните кучиња. - Роденденот е повеќе од прослава – тоа е повик до сите да помогнат, да донираат или да подарат љубов на оние што немаат свој дом. Настан кој ги спојува семејствата, децата и љубителите на животни, ...

– Пораснав со татко ми, разговарав со чичко ми за риболов и теоретизирав за тоа како се однесуваат рибите. Всушност, потекнувам од аналитичко семејство кое беше вистинско работничко семејство – изјави Џон Мартинс. „Не сум Грк, туку Хрват. Така им одговорив на грчките новинари кои почнаа да ме опседнуваат. Мојот татко е рибар од Комижа, а јас тукушто добив Нобелова награда за физика.“ –Искрено, малку е и шокантно. Се занимавате со наука и уживате ...

Премиерот на Сингапур Лоренс Вонг повика на итна акција за поттикнување на либерализацијата на трговијата и заштита на глобалните заеднички интереси, предупредувајќи дека светот го очекува „хаотична транзиција кон постамерикански поредок“, пишува „Фајненшл тајмс“. Вонг изјави дека светот се наоѓа во екот на голема транзиција која би можела да трае цела деценија. - Нема сомнеж дека ќе биде хаотично и непредвидливо, бидејќи Америка се повлекува од ...

Жените кои служат во австралиските вооружени сили поведоа колективна тужба против Владата на Австралија во име на сите припаднички на вооружените сили кои биле подложени на сексуален напад, широко распространето вознемирување и систематска дискриминација од ноември 2003 до мај 2025 година. Тужбата пред Федералниот суд во Сиднеј ја поведоа четири припаднички на австралиската армија. - Заканата од војна честопати не е најголемиот страв од ...

Никој не стави никакво вето на предлогот на Еврпската комисија за користење на замрзнатите руски средства за исплата на финансиска поддршка на Украина, изјави доцна синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на вчерашниот Самит на ЕУ. - Различни лидери покренаа технички прашања што треба да ги решиме и затоа ја повикавме Комисијата да продолжи да работи, да ги реши овие технички прашања и ...

Ким ова го изјави за време на говорот на церемонијата на поставување камен-темелник за споменик на севернокорејските војници кои се бореле заедно со Русија во регионот Курск, јави КЦНА. - Годините на воено братство, во кои е обезбедена гаранција за долгорочен развој на билатералното пријателство по цена на скапоцена крв, ќе напредуваат непрестајно. Предизвиците на „доминацијата и тиранијата“ не можат да ги попречат врските на двете земји, порача ...

Повеќе од 3,6 милиони луѓе имаат право на глас, а резултатите треба да бидат познати во сабота вечер. Во претседателската трка се две кандидатки, независната Кетрин Коноли која обезбеди поддршка од левичарските опозициски партии и Хедер Хамфрис, кандидатка на Фине Гејл која беше министерка во последната коалиција. Тие се натпреваруваат за местото наследник на Мајкл Д. Хигинс, кој беше претседател од 2011 година. Коноли (68), јасна фаворитка во ...

- Очекувањата од конфискацијата на замрзнатиот руски имот се огромни, но на следниот Европски совет во декември, кога треба да биде донесена одлука, Унијата може да се соочи со реалноста и планот може да доживее фијаско, истакна Фицо во видео-обраќање објавено на социјалните мрежи. Словачкиот премиер предложи во заклучокот од самитот на Европската унија во четвртокот да не се споменува можноста за конфискација и Комисијата да предложи други ...

- Односите со Русија во моментов се во тешка ситуација, но политиката на јапонската влада останува да го реши територијалното прашање и да потпише мировен договор, истакна Такаичи. Таа, се осврна и на глобалната ситуација, наведувајќи дека има „историско поместување во рамнотежата на моќта“ во светот, што ќе влијае и на безбедносната политика на Јапонија во наредниот период. Такаичи, претседателка на Либерално-демократската партија, на 21 ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
6.69
74%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
70%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.2
92%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.44
95%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1010
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
7.2
90%
1018
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
0.45
90%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
88%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Платина

52864.82

Бакар

10.96

Родиум

255598.44

Сребро

1876.20

Злато

134976.58

Кобалт

58.42

Никел

473258.99

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38

Алуминиум

2.91

Калај

40.49