Времето утре во Република Македонија ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се движат од 1 до 6 степени целзиусови, а дневните од 6 до 13 степени. Во следните денови ќе се задржи претежно облачно време со утринска магла по одделни котлини. Под влијание на ...

Божиќната реклама за норвешката поштенска служба „Постен“ предизвикува бурни реакции на социјалните мрежи во Норвешка, но и ширум светот, бидејќи во неа Дедо Мраз е прикажан како хомосексуалец. Видеото ја прикажува љубовната приказна на Дедо Мраз и маж по име Хари, која започнува со запознавање, разменување љубовни пораки и завршува со бакнеж. Поводот за ваквата рекламата и кампања е јубилејот 50 години декриминализација на ...

Цвеклото е исклучително здрав зеленчук, но поради вкусот многумина го избегнуваат. Ви претставуваме неколку важни причини поради кои сокот од цвекло е толку здрав и токму поради нив треба да го засакате и што почесто да го пиете. 1. Сокот од цвекло го содржи пигментот беталаин кој има антиоксиданси и противоспалителни својства. Благодарение на таа состојка сокот од цвекло го спречува оштетувањето на клетките и ги отстранува слободните радикали ...

Напитокот од цимет и мед ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми на здрав начин, бидејќи циметот го намалува нивото на шеќер во крвта, додека медот е одличен антиоксиданс и е вистински мелем за вашиот организам. Циметот (најдобро цејлонски или кинески) го намалува нивото на шеќер во крвта, кој доведува до зголемување на нивото на инсулин, а тој е одговорен за таложењето на масните клетки. Медот пак е одличен антиоксиданс и е ...

Краставиците спаѓаат меѓу најодгледуваниот зеленчук во светот и тие се една од најдобрите намирници за општото здравје. Затоа, следниот пат во својата листа за набавка на намирници додадете ги и краставиците, со тоа ќе си направите голема услуга. Хидратација на телото Ако немате навика да пиете доволно вода, јадете ладни краставици, затоа што содржат дури 90 проценти вода. Разладуваат одвнатре и однадвор Тие се вистинскиот избор за топлите ...

Колку пати сте ја измиле косата без да чувствувате дека можете повторно да ја измиете до вечер? Доколку сте од оние кои се борат со мрсна коса, можеби ова едноставно решение кое го покажала една тиктокерка ќе ви биде од корист. Се разбира, таа не открила никаква топла вода, но најчесто ваквите едноставни решенија се најдобри. Таа се запраша зошто на луѓето им се масни косата толку брзо и дошла на идеја дека можеби сепак има проблем со четките. ...

Во истражувањето спроведено од компанијата за истражување, анализи и консалтинг – InsiderID, “Најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија”, Виталиа ја задржува позицијата и во 2021 како најпознат бренд во категоријата ЗДРАВА ХРАНА. Анализирани се вкупно 18 категории на производи, а анкетирани се повеќе од 1,250 активни потрошувачи на територијата на целата држава. Здравата исхрана во моментов е меѓу најактуелните ...

Манекенката Крис Галера која пред само 90 дена одлучи да се омажи сама за себе, сега става точка на тој брак бидејќи го запознала вистинскиот. Галера, која неодамна наполни 33 години, во септември беше хит во медиумите со изјавата дека не може да го најде вистинскиот маж за да се омажи, и затоа ќе стапи во брак сама со себе. -Вистина е. Впловив во сологамија и одлучив да се омажам за сама себе. Ја славам љубовта кон самата себе и сакам да бидам ...

Франсиска Сузано, позната и по прекарот Лола, за која се верува дека беше најстарата личност на светот и последниот жив човек роден во 19 век, почина завчера во нејзиниот дом во Кабанкалан, на Филипините. Според Гинисовата книга на рекорди, Лола се најде на долгиот список кандидати за највозрасни луѓе на светот, откако во 1997 година на 122-годишна возраст почина Французинката Жан Кaлмен, пишува „Дејли мејл“. Причината за смртта на ...

Витаминот Б12 е најважен за нормално функционирање на организмот и производство на црвени крвни зрнца. Исклучително е важен за функционирањето на нервниот систем, а освен тоа го намалува нивото на холестерол. Нашето тело не е способно сам да го произведе, а бидејќи телото не може сам да го произведе, треба да го внесуваме преку храна богата со овој витамин. Препорачаната дневна доза на витамин Б12 е 2,4 микрограми, а за идните мајки и оние кои ...

Намалување од 8,9 отсто на бројот на новозаразени од Ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава. Од 15 до 21 ноември од Ковид-19 заболеле 2.929 лица, што е за 288 помалку од периодот меѓу 8 и 14 ноември. Минатата недела се тестирани се 19.791 лица, за 7,3 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од ...

Ракописот на славниот физичар Алберт Ајнштајн во кој се зачетоците на неговата општа теорија на релативноста е продаден во вторникот на наддавање во Париз за рекордна сума од 11,6 милиони евра, пренесува AFP. Претходните рекорди за некој ракопис на Ајнштајн изнесуваа 2,4 милиони евра за писмото за Господ продадено во 2018 година и 1,39 милиони евра за двете куси белешки кои Ајнштајн му го оставил на момче во хотел во Токио во кои ја опишува ...

Афроамериканец, на возраст од 62 години, со одлука на судот во американската сојузна држава Мисури, вчера беше ослободен откако невин минал 43 години во затвор поради судска грешка. Затвореникот, Кевин Стрикленд (62) во 1979 година бил осуден на доживотен затвор од поротата (инаку составена од белци) поради тројното убиство што тој го порекнувал. – Ниту еден материјален доказ не го поврзува (Стрикленд) со делото и тој беше осуден исклучиво ...

Свети Мина беше по род Египјанец, а по професија војник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина. На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на маки, и најпосле му беше отсечена ...

ОВЕН Можеби нема да ви биде лесно да ги реализирате вашите деловни планови поради околности кои не ви одговараат. Некој близок треба отворено да ви каже како се чувствува за вас и кои се неговите намери. Проблеми со бубрезите. БИК Денес ќе имате многу обврски. Важно е да не бидете пасивни и да се трудите ништо да не пропуштите. Можеби немате доволно време за личноста за која се грижите. Зголемете го внесот на витамини. БЛИЗНАЦИ Денеска не е ...

Едно лице се здоби со повреди на десната нога, а друго со расекотини по лицето, откако попладнево на паркинг во Скопје било пукано во колата во која се наоѓале, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи. -Според првичните информации денеска околу 16:40 пријавено е дека на паркингот на ОУ „Живко Брајковски“ на улица „Хо Ши Мин“, каде претходно било паркирано патничко возило „рено“ со скопски ...

Кваркот е вид на немасно крем сирење или густ јогурт кој потекнува од Германија и Австрија. Покрај тоа што е нискокалоричен, тој е и исклучително здрав, го подобрува имунитетот, го забрзува метаболизмот и помага во изградбата на мускулите. Може да го комбинирате на различни начини, со вода, мед, ореви, житарки, чоколадо или пак како додаток на освежителните десерти. Овој фантастичен извор на протеини содржи и висок процент на калциум поради што ...

Американската корпорација Епл денеска поднесе тужба против производителот на шпионски софтвер НСО поради таргетирање на корисниците на неговите уреди, оценувајќи дека израелската компанија, која е во центарот на скандалот Пегасус, треба да одговара. Тужбата на Епл додава нови проблеми за НСО, која е вмешана во контроверзии поради извештаите дека десетици илјади активисти, новинари и политичари се наведени како потенцијални цели на нејзиниот ...

Не беше така одамна пред три години поминати се од една слична ваква трагедија во Ласкарци, човек едноставно нема зборови како да го опише се ова. Ова е навистина катастрофално, е сега лоша карма, или нефункционален систем е прашањето кое сите ние треба да си го поставиме, истакна Љупчо Златев во гостување во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија. Златев додаде дека потребно е државата да воспостави стандарди за функционирање за се во ...

Астролозите тврдат дека постојат одредени знаци од Зодијакот кои се толку егоцентрични што веруваат дека целиот свет треба да се врти околу нив и нивните потреби. На сите понекогаш им треба внимание, но оние кои се родени под соѕвездието на трите хороскопски знаци, очекуваат се што им е важно секогаш да биде на прво место за семејството и сите околу нив. Овен Овенот го зазема првото место на оваа топ листа. Астролозите имаат тенденција да тврдат ...

Научници открија дека кај луѓето кои пијат кафе секој ден има помала можност за развој на когнитивно оштетување на мозокот. Истражувањето објавено во списанието „Фронтиерс оф ејџинг неуросајенс“ (Frontiers of Aging Neuroscience), е спроведено во тек на 10 години, во Универзитетот „Едит Кoуaн“ во Перт, Западна Австралија. – Откривме дека учесниците кои пијат повеќе кафе, имале помала опасност од развој на слабо ...

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера. Согласно резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на преспанското Езеро е за 1,64 метри понизок од просекот за ноември и е 14 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за 15 сантиметри, но ...

ОВЕН Ве очекува многу добар ден за работа. Сè што ќе достигнете сега ќе биде надвор од вашиот дофат. Саканата личност ќе ви ги покаже искрените чувства што ги има кон вас. Можни се поголеми промени во вашата врска. Внимавајте на исхраната. БИК Оставате добар впечаток кај претпоставените кои би можеле да ви понудат нешто повеќе во наредниот период. Во односот со саканата личност сте максимално опуштени и добро се согласувате. Грижете се за ...

Денеска е Св. апостоли Олимп, Родион, Ераст, Кварт, Сосипатер и Терциј. Сите беа од редот на 70-те апостоли. Олимп и Родион пострадаа во Рим, за време на Нероновото гонење, заедно со апостол Петар. Родион претходно беше епископ во Неопатра и таму многу пострада од евреите. Ераст, пак, прво беше економ на Ерусалимската црква, а подоцна епископ во Панеада, во Палестина. Кварт беше епископ во Бејрут. Сосипатер и Терциј беа, еден по друг, епископи ...

Стево Пендаровски се однесува како некој аналитичар со отворени симпатии кон Зоран Заев, а не како претседател на државата со јасни ставови и позиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Жално е што Пендаровски наместо да претседателствува со државата и да ги предводи процесите одбра да прави анализи за воспевање на ликот и не делата на Зоран Заев. Впрочем, Пендаровски не искажа ниту еден став за проблемите кои ги мачат граѓаните. Пендаровски би ...

До крајот на 2022-ра година, граѓаните од земји кои не се членки на ЕУ, на кои моментално не им е потребна виза за влез во Европа, ќе се очекува да аплицираат за овластување за патување со Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), пишува TravelTomorrow. Одобрението за патување ќе важи три години или до истекот на важноста на патната исправа регистрирана при аплицирањето. За секое барање, од барателот ќе се бара да плати ...

Времето утре во Република Македонија ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во среда и четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а ноќта кон петок и за време на викендот под влијание на влажен бран ќе има пообилни врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег, информираат од УХМР. извор:курир.мк Loading... ...

Магнезиумот е осмиот најчест минерал на Земајата, а трет најчест во морската вода. За нас најважен податок е дека магнезиумот е четвртиот најчест минерал во човековото тело. Најмногу е застапен во коските и забите (околу 60-65 проценти), а остатокот во мускулното ткиво и клетките, како и во крвта. Улогата на магнезиумот во човековото тело е голема. Тој помага во унапредувањето на метаболичките просеци, вклучувајќи го ослободувањето на енергијата ...

Можеби мислевте дека со изборот на диетални газирани пијалоци наместо оние повкусните ќе направите многу за вашето здравје, но експертите велат дека грешите. Повеќето истражувања веќе докажаа дека вештачките засладувачи го зголемуваат ризикот за појава на дијабетес, срцеви болести и мозочен удар. Меѓутоа, ако тоа не ви е доволна причина да го намалите внесувањето на овие пијалоци, еве уште една причина која ќе погоди голем број на мажи. Имено, ...

Консумацијата на витамини во количина поголема од препорачаната од страна на вашиот доктор може да предизвика заболување од рак, пишуваат странските експертски медиуми. Истражувањето е направено со витаминот Е, бета-каротен и фолна киселина. „Не сме сигурни зошто се случува тоа, но студиите покажуваат дека луѓето кои користат витамини во поголеми количини имаат поголеми шанси да добијат рак. Всушност тие луѓе во себе имале повеќе честички ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
75%
1035
weather icon

Белград

-2ᴼ / -2ᴼ
2.57
89%
1036
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
75%
1036
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
3.09
93%
1033
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.86
45%
1033
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1035
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.63
50%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
35%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
61%
1027
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
64%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
87%
1037
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
71%
1031
Currency

61.53

Currency

59.7076

Currency

72.8354

Currency

36.9644

Currency

41.3984

Currency

65.5265

Currency

8.161

Currency

0.58524

Currency

0.38414

Currency

0.52545

Currency

1.6816

Currency

0.69046

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $