Во рецензираната објава се пропушта контекстот. Стар говор на Путин од 202 година, со поинаква содржина, која се однесува на Крим, се става во актуелен контекст како небаре да се однесува на последиците кои би настанале по евентуална дозвола Украина да може користи странско оружје со долг дострел на руска територија. Ваквиот потег претставува поигрување, односно манипулација со контекстот, односно со смислата на обраќањето на Путин Рецензираме ...

Огромна енергија, главно негативна, е потрошена во изминатите денови околу објаснувањето и презентација на штетата што ни била направена како држава и народ со тоа што Бугарија за време на фотосесијата помеѓу Радев и Сиљановска-Давкова не го постави државното знаме. Општеството повторно е радикално поделено, а двете главни партии, очекувано, застапуваат сосема спротивставени ставови. Никој не сака да ја погледне пошироката слика. Останувањето на ...

Објавата која ја анализираме ги шири добро познатите теории на заговор во врска со терористичкиот напад на САД на 11 септември 2001 година. Овие теории на заговор, иако се дебанкирани, продолжуваат да се пропагираат и 23 години по настанот, а истите се реактуелизираат околу 11 септември кога се одбележува годишнината од овој кобен напад. Факт е дека утрото на 11 септември 2001 година членовите на терористичката организација Ал Каеда киднапираа ...

НАТО не препорачува и не подготвува војна. НАТО е одбранбена алијанса и мит е дека оваа организација е во војна со Русија или сака да предизвика конфликт со Русија, како што тоа сака да го прикаже пропагандата на Кремљ Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која тврди дека НАТО препорачува и прави војна. НАТО препорачува и прави војна : ” БИДЕТЕ СПРЕМНИ ЗА ВОЈНА “. Нато и Русија колку се поблиску еднен до друг ,МОЖНОСТА ЗА ВОЈНА Е ...

Принцезата од Велс не зборуваше за никакви ефекти на хемотерапијата, туку само наведе дека ѝ олеснало што завршила со циклусот на хемотерапии откако ѝ беше дијагностициран карцином. Kако што e општо познато, хемотерапијата се користи за третман на карциноми и функционира на начин што ги убива или го забавува растот на брзорастечките канцерогени клетки. Сепак, може да има свои несакани ефекти Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во ...

Сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук – компанијата „Мета“ вчера соопшти дека ги забранува „Раша Тудеј“ (ТР), „Росија Сегодња“ (Rossiya Segodnya) и другите руски државни медиумски мрежи, тврдејќи дека овие медиуми користеле измамнички тактики за да вршат операции на влијание, пренесе „Гардијан“. Спроведувањето на забраната ќе се случи во текот на следниве денови. Освен на Фејсбук, медиумите ќе бидат забранети и на Инстаграм, Вотсап и Тредс. ...

Во оваа 2024 година од задолжување на домашниот пазар се очекува буџетски прилив во износ од 896 милиони евра, а од задолжување во странство скоро 725 милиони евра – и по двата основи има пораст на задолжувањето во однос на претходните буџетски проценки, пишува Порталб.мк. На врата на јавните финансии „тропа“ унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој, според најавите од Владата, ќе се трошат догодина. Со јавен долг кој се приближува до 9 ...

Видео материјалот од објавата што ја рецензираме е компилација од три различни видеа. Но, приказната со еленчето кое почнало да се дави во базен од куќа не завршува така како што е презентирано во објавата. Напротив, тоа е спасено и ослободено, а за тоа извести реномирана американска телевизија пред 6 години Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал кој е составен од три посебни видео материјали. Тие ...

Килограм домати од 69 денари па нагоре, килограм пиперки над 100 денари, килограм праски скоро 80 денари – летото заминува, но цените на овошјето и на зеленчукот во маркетите и зелените пазари останаа „жешки“ Јулски пораст на цените на шеќерот, месото, маслото на светските берзи. Ценовно намалување кај млекото, млечните производи и житариците. Домашните финансиски институции очекуваат контролирана и намалена инфлација во 2024 година, но, сепак, ...

Изградба на пругата кон Бугарија ветуваа сите политички елити во овие три децении, а нејзината изградба е започната во октомври 1994 година. Само три дена по изборот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, власта испрати пораки дека пругата кон Бугарија е така проектирана да биде најскапата во светот и да завршува во тунел без излез од другата страна. Набрзо следеше најава од Мицкоски за запирање на изградбата на оваа пруга и пренасочување на ...

Различните фактори што влијаат врз препознавањето на разликите меѓу фабрикувани и вистински политички говори во различни медиумски формати се предмет на новообјавено научно истражување. Резултатите покажаа дека прецизноста на препознавањето на фабрикувани материјали се зголемува кога има пристап до дополнителни информации од медиумите или други комуникации на оној што го држи говорот. Што повеќе информации, тоа подобро се препознава ...

По нашата проверка на фактите, утврдивме дека ова видео нема никаква врска со свадбата на која бил претседателот на Собранието. Во дел од медиумите претходно се појави видео од свадбата на кое, како што беше објавено, може да се види и слушне како на микрофон го канат Гаши да го поведе орото. Дококу се направи споредба меѓу двете видеа, се приметува дека тие се снимени на различни места: амбиентот и декорот на салата од видеото кое го ...

Манипулативни објави на Фејсбук прикажуваат историски мапи, на кои се гледа дека територијата на денешна Украина некогаш била под власта на нејзините соседи, што создава впечаток дека таа е вештачка творба, составена од туѓи територии. Воедно, се турка и наративот дека Украина ги добила тие територии како „подарок на тацна“, но во реалноста, Украинците воделе напорна и долготрајна борба за нивно ослободување Во објава на социјалната мрежа ...

Законските измени за линеарно зголемување на пензиите се екстремно важни и со огромно влијание врз иднината и на пензионерите и на идните пензионери. Но, освен ова, кога се зборува за опструкции во Собранието, уште поважно е „да се погледне во огледало“ и потоа да се даде оценка за политичка доследност. А, ВМРО-ДПМНЕ како опозиција и како власт е сосема различна партија кога станува збор за однесувањето во Собранието, па и не само таму Шефот на ...

Во објавата, покрај невистините, се користи и навредлив говор од најдолен вид кон Американската амбасада и се дезинформира дека таа, а во поширока смисла и самите САД се газди на македонските домашни процеси, што е далеку од вистината. Амбасадата на САД досега во дезинформациски наративи беше обвинувана и за тоа дека наводно учествувала во внатрешни кривично-правни настани, без никаква основа и сосема клеветнички Рецензираме објава на ...

Ниту поранешниот премиер Заев има бугарско државјанство, ниту Договорот за добрососедство со Бугарија е неважечки. Заев за „Вистиномер“ децидно тврди дека објавениот документ од наводното негово бугарско државјанство, не е веродостоен, туку е креиран од поединец со лоша намера. Заев вели дека има само државјанство на С. Македонија и дека никогаш не побарал државјанство на ниедна друга држава Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, ...

Видеото во објавата прикажува девојчиња во школски двор заедно со нивната наставничка, во еден момент едно од девојчињата го исплазува јазикот, а потоа покажува и среден прст кон камерата. Текстот во видеото и музиката се на македонски јазик што алудира дека тоа е снимено во С. Македонија, што не е вистина. Вакви униформи немаат децата во нашите училишта. Пребаруваќи ги униформите на децата може да се забележи дека слични вакви униформи носат ...

Објава на Фејсбук споделува клип, во кој потпретседателката на САД и кандидатка за претседател од Демократската партија, Камала Харис, држи некаков говор, во кој револтирано го споменува Божиќ, што авторот на објавата лажно го толкува како напад врз христијанството. Изјавата на Харис е дадена на една прес-конференција одржана во декември 2017 г. и тука во објавата е извадена од контекст. Во тој месец Американците го празнуваат Божиќ, па Харис го ...

Камала Харис прими вакцина против ковид-19 на 29 декември 2020 година на телевизија во живо во обид да ја зајакне довербата на јавноста во имунизацијата. Таа ја прими вакцината на Модерна. Снимката од овој момент може да се види и на Ројтерс и на C-SPAN. За вакцинација на Харис, користен е шприц со заштитно капаче, пишува во својата проверка на факти ДПА. Капачето се превртува настрана непосредно пред инјектирањето Објава на Фејсбук споделува ...

Објава на Фејсбук цитира изјава на екс-министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, поткрепувајќи го тоа со еден дубиозен грчки медиум, а тој самиот се повикува на објава на некој Твитер-корисник, чија релевантност и кредибилност се под огромен знак прашалник. Наводната изјава на Кулеба е толку провокативна, што би требало да биде на насловните страни на сите релевантни светски медиуми, но неа во нив ја нема никаде, а сето тоа е ...

Во пресрет на првите „100 дена новата Влада“, досега, официјално се најавени четири големи инвестиции во вкупна вредност од 620 милиони евра и со опфат на 1.600 вработувања. Заклучно со јули годинава вредноста на странските директни инвестиции изнесува 590 милиони евра или 4 отсто од БДП. Според податоците, годинава има раст на странските инвестиции, но јавните засега се на “инфузија“, пишува Порталб.мк. Големи најави за големи инвестиции Само ...

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, би требало добро да знае дека улогата на членовите на Мешовитата македонско-бугарска комисија е првенствено утврдување на научната вистина, т.е. на фактите, а одбраната на националните интереси е првенствена грижа на политичарите. Зашто ако научната вистина до која се доаѓа преку утврдување на факти и нивно научно толкување во дадениот временски контекст не се совпаѓа со националните и државните интереси, ...

Вакцините против ковид-19 не предизвикаа геноцид, туку спасија животи на милиони луѓе ширум светот, но најмногу од сè помогнаа да се зголеми колективниот имунитет, поради кој пандемијата спласна заедно со варијантите кои се променија во помалку агресивни. Не постои никаков доказ дека вакцините против ковид-19 на некаков начин се поврзани со предизвикување на карцином кај вакцинираните, или пак, влошување на нивната состојба доколку веќе се болни ...

Во објавата се прави обид да се претстават ЦИА и САД дека имаат моќ да поставуваат и да менува влади, како во Македонија, така и во Украина. Исто така, се обвинуваат САД дека успеале да им ги креираат и предизборните реторики на победниците. Ова е заговорничка теорија, непоткрепена со никакви факти. ЦИА и САД немаат врска со ветувањата на претседателските и парламентарните кандидати во Украина и колку од ветеното во нивните изборни програми ...

Една година пред истекот на мандатот на битолскиот градоначалник Тони Коњановски, најголем дел од проектите кои се дел од најавената дигитализација, а особено ветените мобилни апликации кои треба да олеснат одредени процеси, воопшто не се реализирани Дигитализација на јавните услуги и „Smart City“ вети градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во својата предизборна програма на локалните избори во 2021 година. Една година пред истекот ...

Објавата изобилува со навреди и антагонистички наратив против Западот и Украина и нејзиното политичко раководство. Украинската влада не е фашистичка, ниту диктаторска, или на кој било начин поврзана со нацистичкото минато. Претседателот Володимир Зеленески е демократски избран на фер избори, добивајќи 73 проценти од гласовите на претседателските избори во 2019 година. Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година. Исто така, не е ...

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини не ги чисти шумите. Тоа тврдење може да се сфати на два начини – дека Министерството помага да се расчисти просторот откако ќе изгори шумата после активен пожар, но и дека самото „ги чисти“ во преносна смисла, односно дека е поврзано со пожарите. И двата начина на кои може да се сфати објавеното се неточни Рецензираме објава ...

Лажниот промотивен материјал користи техники кои во заблуда ги доведуваат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук односно им се ветуваат неверојатни суми на пари доколку дадат 150 евра од својата сметка, а кога ќе се кликне на линкот оставен на сајтот, тој води до полиња на кои од корисниците се бара да остават свои лични податоци, име презиме и телефонски број за потоа да бидат контактирани и да бидат разубедени да „инвестираат“ Рецензираме ...

Видеото кое го споделува објавата е од антивоен протест кој се одржал во Варшава и на кој како перформанс се користеле лажни црни вреќи за тела. Видеото не прикажува трупови на полски војници вратени од фронтот во Украина, како што тврди објавата Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео и го тврди следното: Полјаците се враќаат дома од Украина. На видеото се гледаат црни вреќи наредени пред бина, на чија позадина се гледа натпис на ...

Украинските сили упаднаа во Курската област на Русија, а објава на Фејсбук изнесува невистини дека тие се топовско месо на Западот и дека негова цел е заграбување на руските природни ресурси. Но, притоа се премолчува фактот дека Русија изврши агресија врз Украина, па таа има потполно право да се брани и дури и да ја пренесе војната на противнички терен, како што тоа го правеле и самите Руси во својата историја Објава на социјалната мрежа ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
0.51
81%
1020

Белград

6ᴼ/5ᴼ
2.06
86%
1021

Софија

7ᴼ/7ᴼ
5.14
71%
1019

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
8.12
53%
1016

Љубљана

7ᴼ/4ᴼ
1.03
95%
1020

Атина

20ᴼ/17ᴼ
2.57
60%
1013

Тирана

6ᴼ/6ᴼ
1.03
100%
1017

Подгорица

10ᴼ/6ᴼ
4.12
62%
1019
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52571

Currency

1.61635

Currency

0.65951

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $