Не постојат никакви намерни сличности меѓу исчезнувањето на авионот на Малезија ерлајнс и уривањето на авионот во Сао Паоло. Тврдењата изнесени во објавата што ја анализираме се класични теории на заговор и чаршиски муабети, кои не се поткрепени со никакви докази или официјални изјави или соопштенија Анализираме објава на Фејсбук која посочува дека има сличности меѓу уривањето на патничкиот авион во Сао Паоло и оној на Малезија ерлајнс кој ...

Во текст преземен и преведен од српскиот Спутник, објавата ја извртува вистината и шири неколку дезинформации. Прво, цитиран е бивши јапонски дипломат чие мислење во никој случај не е официјален став на Јапонија. Во текот на целата руско-украинска војна, Јапонија има дециден став на поддршка на Украина. Второ, не е точно дека само Путин и Русија даваат предлози за примирје, а Зеленски и Украина ги одбиваат. Документи од двегодишните неуспешни ...

Актерот никогаш не бил во брак 50 години, ниту пак, има 69-годишна сопруга. Тој се женел повеќепати, има седум деца, а сега е во врска со 45-годишната Тифани Чен, со која лани, на речиси 80-годишна возраст, ја доби ќерката Гиа Анализираме објава на Фејсбук во која е пренесен текст за кој се тврди дека го напишал актерот Роберт де Ниро, по повод неговата „50-годишнина од бракот“: По 50 години брак, еднаш ја погледнав жена ми и реков: Пред 50 ...

Уште на почетокот на јуни Мајкрософт предупреди дека Русија води малициозна кампања со дезинформации насочена кон Олимпијадата во Париз и францускиот претседател Емануел Макрон. Според нивните информации, операциите за влијание се состојат од фабрикувани видеоматеријали, фејк вести и говори креирани со вештачка интелигенција, како што беше случајот со лажно имитираниот глас на холивудскиот актер Том Круз Пишува: Мирослава Симоновска ...

Западот не ги мами Украинците да гинат, туку им дава помош за самоодбрана која им е неопходна. Западот не би давал помош за Украина доколку државата од тоа нема потреба и доколку Русија нема територијални претензии кон Украина. Дополнително, патриотските чувства и дела на украинскиот народ како и на раководството на државата кое одлучи да не се предаде, туку да се брани, не може да се минимизираат и да се понижат со невистината дека тие се ...

Станува збор за измамничка реклама во која се злоупотребени Црвениот крст и Меѓународната здравствена организација, за да се продава нерегистриран лек наречен Хипертеа. Овој препарат се претставува како чудотворен лек, а не е регистриран во Регистарот на лекови во земјава Во објави на социјалната мрежа Фејсбук се рекламира наводен лек за висок крвен притисок под името Hypertea. Станува збор за измама во која е злоупотребен Црвениот крст на Р. ...

Во реклама на Фејсбук се нудат електрични скутери од марката Сегвеј (англ. Segway) за само 123 денари, но всушност се работи за измама, во која е злоупотребено и логото на компанијата А1. Забуна може да внесе и тоа што неточниот податок е објавен на Фејсбук-страницата Segway MK, чиј назив асоцира на веб-сајтот segway.mk, со кого таа нема никаква поврзаност, а тој ѝ припаѓа на фирма која реално ги продава тие е-скутери кај нас (или реално ги ...

Општини со помал број на жители пријавиле поголеми долгови. Има и локални самоуправи кои како потенцијални кандидати за државните средства од унгарскиот кредит, немаат доспаени обврски, но милионски суми должат јавни претпријатија формирани и менаџирани од локалната власт. На ниво на државата, со исклучок на скопските општини, најголем број на жители имаат петте општини: Куманово, Битола, Тетово, Прилеп, Охрид и Струга, пишува Порталб Куманово ...

Во измисленото интервју се промовира таканаречен „лек“ за хемороиди HemoRenew. Ваков лек каков што се рекламира во објавата, не постои во регистарот на лекови и медицински средства одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Хемороидите можат да се излечат за 3 дена. Кога ќе се пристапи на линкот тој води кон веб-страница на која невистинито се тврди дека е на ...

Новоизбраниот член на Управниот одбор на МЕПСО Иван Иванов е машински инженер од Кочани, кој својот работен век го има поминато во Телеком, а беше и пратеник од овој град од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Анастасија Илиеска, која го потврди својот извор во УО на компанијата, живее во Прилеп и работи во Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи како даночник. Дел од својот работен век има поминато и во Министерството за внатрешни работи (МВР) ...

Министерот за здравство Арбен Таравари на почетокот на јули вети дека ќе има нова, проширена позитивна листа на лекови што ќе бидат на товар на Фондот за здравство, но досега од оваа листа нема ниту трага, ниту глас. Најпрво се чекаше да биде назначен нов директор на ФЗО. Сега се чека да се оформи новиот Управен одбор, кој треба да ја одобри проширената листа на лекови, а онака како што стојат работите неизвесно е кога тоа ќе се случи ...

Исто како што пратениците се бираат на избори во демократските земји, така и европратениците во Европскиот парламент се бираат на европските избори. Исто како што пратениците во парламентите во демократските држави избираат влади, така и европратениците гласаат за составот на Европската Комисија. Манипулативно е тврдењето дека ЕУ комесарите „не одговараат пред народот“, „можат да прават што сакаат“ и да носат одлуки „најчесто против волјата на ...

Целата вина за инцидентот поврзан со проверката на багажот на косовската претседателка Вјоса Османи на Меѓународниот аеродром „Скопје“, е на обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши и на никој друг! Но, што е со одговорноста за собранискиот спикер, нема ли Гаши баш никаква одговорност за настанот? Обезбедувањето не отишло на своја рака, јасно е дека до инцидентот немало ни да дојде, ако Гаши не го испрател на аеродромот. Тоа што ...

Во тек е Олимпијадата во Париз, на која на руските спортисти не им е дозволено учество, а пратеникот од проруска партија Левица, Реџеп Исмаил, тврди дека последен таков случај била Олимпијадата во Берлин во 1936 г. Тоа е неточно, а Исмаил создава и погрешен впечаток дека нацистите, кои тогаш владееле со Германија, им забраниле учество на руските спортисти и дека истото сега им се прави во Париз Пишува: Вангел Башевски Пратеникот од Левица, ...

Објава на Фејсбук тврди дека руски и кинески борбени авиони влетале во воздушниот простор на САД, но во реалноста, тие само се приближиле до Алјаска, но не ја надлетале и на крај биле ескортирани назад од страна на американски и канадски пресретнувачи. Ова веќе одамна се случува, а единствена новост е тоа што во случајов за првпат била инволвирана и Кина, а претходно вакви нешта правеше само Русија Објава на социјалната мрежа Фејсбук започнува ...

Старо видео од стар говор на Камала Харис е злоупотребено за да се обвини дека заговара агенда за депопулација. Станува збор за обичен лапсус, кој на страницата на Белата Куќа е поправен и објавена е исправка. Официјалниот транскрипт на нејзиниот говор, јасно ја покажува исправката истакнувајќи дека Харис требало да каже „загадување“ (pollution) наместо популација (population) Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: ...

Сто милиони евра треба да добијат годинава општините, пари кои се всушност финансиска инјекција што ќе се обезбеди од унгарскиот кредит. Оваа сума следната година ќе изнесува 250 милиони евра. Предизборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ веќе се преточува во реалност, пишува Порталб. Според најавите, парите ќе бидат наменски, за проекти. Клучен критериум ќе биде бројот на жители, односно најголемите општини ќе може да земат и најголем дел од ...

Прославата на Илинден пред Собранието не беше еднојазична, односно како што тврди објавата дека се одржала само на албански јазик. Ваквото тврдење очигледно има за цел да поттикне меѓуетничка нетрпеливост и политички да поентира. Факт е дека Ансамблот на албански народни песна и ора имаше настап со изведба на албанска песна, но целата прослава се одржа на македонски јазик Објава на Фејсбук тврди дека прославата за празникот Илинден пред ...

Во објавата злоупотребено е името, брендот и логото на продавницата за техника Сетек, со тоа што е презентирана фотографија со нивното лого под која е наведена невистинитата информација дека „звучникот е по специјална цена од 123 денари“.Крајното пренасочување е до страница на која се бара од корисниците да упатат 1.99 евра, за непознати цели. Сигурно е дека звучник нема да добијат Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го одбележа минатиот месец според бројот на информации и дезинформации и во врска со Русија и нејзината позиција околу мирот во Украина и во врска со улогата на другите големи сили околу овој конфликт. Но и во врска со краткорочната и среднорочната иднина на светот во геополитичка смисла, политиката на ЕУ и на НАТО кон сите овие прашања и, секако, идната политика на Унгарија. Откако си ги искажа ставовите кои се ...

Од Каракас пристигна и најновата вест според која Николас Мадуро изјавил дека ќе побара од Русија и Кина да го испитаат наводниот „сајбер напад врз комуникациите на Националниот изборен совет“ (тамошната изборна комисија), притоа обвинувајќи го милијардерот Елон Маск. Овојпат С. Македонија не беше спомната. Мадуро треба да се договори со својот обвинител Тарек Вилијам Сааб кој тоа точно е виновен за овие напади – хакери од земјава, Илон Маск или ...

Климатските промени се плодна почва за ширење на дезинформации. Негирањето дека воопшто постои глобалното затоплување, теориите на заговор дека климатските промени се оружје во рацете на тајни групи или моќни поединци за контрола или за нанесување штети на населението, или пак, дека нивното влијание не е толку големо, како што тврдат научниците, се дел од наративите кои се сретнуваат. Во последните години во Европската Унија актуелен е и трендот ...

На социјалните мрежи можат да се забележат актуелни појави на антикатолицизам, а се манипулира и со православните чувства на македонските граѓани. Ваквата промоција на антикатолицизмот пристигнува или од соседството или од Русија и тоа јасно се гледа од реториката се која се вршат ваквите напади. Иако Македонците се главно православни, антикатолицизмот кај нас нема традиција. Османлиска Македонија прилично страдала од православната црковна ...

Вистиномер ја пребара фотографијата на Гугл и најдовме дека таа била објавувана во октомври 2019 година и тоа на бугарски фејсбук страници, а пораката испишана на натписот кој го држи детето е на бугарски јазик и со порака: „Оставете нешто од Бугарија и на нас“ Објава на социјалната мрежа Трeдс споделува фотографија со политичка порака на која е прикажано малолетно лице. Детево има важна порака за сите Македонци кои се мешаат во политика, ...

Ова е само најнов пример за тоа како содржините изменети со вештачка интелигенција би можеле да играат улога во овој изборен циклус и како американскиот закон не е целосно во тек за да се справи со тоа Милијардерот и сопственик на социјалната мрежа „Х“, Илон Маск, на својата платформа објави дипфејк видео од демократската кандидатка за претседателските избори во САД, Камала Харис. И покрај тоа што ја поседува оваа социјална мрежа, се чини дека ...

Бројни теории на заговор и дезинформации се раширија по обидот за атентат врз претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп. Вистиномер разгледа неколку од досега споделените наративи во земјава, кои случајно или не, потекнуваат и од лица од партии што се на страната на Кремљ и кои позитивно се изразуваат за Владимир Путин Пишува: Мирослава Симоновска Обидот за атентат врз претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп, во земјава ги разбуди ...

Владата сигурно не го именувала Ељези за заменик-директор во Идризово, но донела одлука да го именува, ја информирала јавноста за тоа, а по реакциите во јавноста дека станува збор за поранешен осуденик, соопшти дека нема да го именува. За ова премислување на Владата, таа тврди дека опозицијата дезинформирала и шпекулирала, што секако е спин и е недоследно. А уште понедоследно е тоа што ги ретушира и веќе објавените соопштенија, па нешто што било ...

И покрај тоа што Кина е далеку од Северна Македонија, таа е присутна во земјава, нејзиното влијание го има, можеби дури и тивко преку разни економски, дипломатски, културни, медиумски механизми и разни пропаганди. Ова го истакнаа експертите во Тетово на конференцијата „Влијанието на НР Кина во Северна Македонија“, пишува Порталб.мк. Пранвера Касами, директорка на Институтот за лидерство и јавни политики, фокусирајќи се на наодите од ...

Акцијата работена во мешани медиуми е поставена на плочникот на трговскито центар Бисер во скопската општина Аеродром. Во неа се земени и обработени седум од десетте најексплицитни и научно докажани факти кои го потврдуваат глобалното затоплување и постоењето на климатските промени Социјалните мрежи се полни со лажни вести кои го негираат глобалното затоплување и климатските промени. Нападнати сме од дезинформации во кои глобалното затоплување, ...

Блокиран грант, па ветување за доизградба на пат со истиот тој грант – вака накратко може да се опише последната фаза од изградбата на експресен пат од Крива Паланка до Ранковце. Идејата е на ВМРО-ДПМНЕ започната со заем од Светска банка од 2015 година, реализацијата ја започнал СДСМ вo 2018 година и после низа перипетии, годинава градбата требало да заврши до летово. Но, меѓу другите проблеми што ја забавиле работата била и блокадата за ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
0.51
81%
1020

Белград

6ᴼ/5ᴼ
2.06
86%
1021

Софија

7ᴼ/7ᴼ
5.14
71%
1019

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
8.12
53%
1016

Љубљана

7ᴼ/4ᴼ
1.03
95%
1020

Атина

20ᴼ/17ᴼ
2.57
60%
1013

Тирана

6ᴼ/6ᴼ
1.03
100%
1017

Подгорица

10ᴼ/6ᴼ
4.12
62%
1019
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52571

Currency

1.61635

Currency

0.65951

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $