Појаснувањата на премиерот на прес-конференцијата од 28.05.2025 во врска со тендерот во МВР, на прашањата на колешката Милка Смилевска може да се оценат различно од политичка гледна точка, но никако и како напад врз новинарката и загрозување на слободата на медиумите. Оттука, тврдењата на СДСМ за такво нешто не се вистина СДСМ излезе со изјава/соопштение/став во кој го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека извршил навреда и напад врз ...

Двоцифрени проценти за раст на кредитирањето на компаниите – во април задолженоста изнесувала 4,05 милијарди евра, што е за половина милијарда евра повеќе во однос на истиот месец минатата година. Банкарите очекуваат дека и во овој втор квартал ќе има зголемена побарувачка за кредити, а условите за одобрување ќе се олеснуваат, пишува Порталб.мк. Домаќинствата, пак, само по основ на станбени и потрошувачки кредити должат 3,74 милијарди евра ...

Сѐ во врска со новинарското истражување почнало кога на данското национално радио „ДР“ му пристапил доверлив извор и му предал 49 илјади мејл пораки и повеќе од 22 илјади документи што му припаѓаат на „Правфонд“. Потоа тие материјали биле доставени до 28 медиуми во различни држави преку Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), по што беше исцртана сликата за влијанието на „Правфонд“ во одделните држави. Експертите ...

Најдолг мандат како министер во ресорот здравство, од 6 години, имаше Никола Тодоров, најкраток од пет месеци имаа Арбен Таравари во 2017 и Илир Демири во 2024 година. Во период од 19 години во Министерството за здравство имало 10 министерски смени, вклучувајќи ја и новата што треба да се случи сега, по заминувањето на крилото на АА од власта. Порталб направи хронолошко рангирање на досегашните министри за здравство и анализа на буџетот на овој ...

Споредбата на Зеленски со Хитлер не држи вода. Зеленски не е нацист, ниту пак, врши геноцид за да се споредува со Хитлер. Ова е добро позната пропаганда на Кремљ која се шири од почетокот на војната и која има за цел да ја оправда воената агресија на Русија Анализираме објава на Фејсбук која вели: Хитлер го чека Сталин на преговори пред Бранденбуршката порта, на 8 Мај 1945 година? Објавил на сите медиуми, сака преговори, погрешил што тргнал на ...

Арбен Таравари може да оддава впечаток на сериозен прагматичен политичар. Но, кога со прагматизмот во политиката ќе се претера, како во неговиот случај, тогаш јавноста може брзо да стекне впечаток дека моралната вертикала што ја продавал била само фатаморгана, односно меур од сапуница. А од обвинувања кон другите партнери за кукларство, на крај се чини дека всушност тој е кукларот кој ги влече конците и управува со своите политички партнери кои ...

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со „чист образ“. Но, зошто тоа не го стори веднаш? И, не му доликува на еден премиер да проценува дали некој функционер „забегал“, или да се заканува со „влечење за уши“. Тоа прозвучува непримерно и невкусно. Во крајна линија остава впечаток дека некој е опиен од моќта, ...

Следејќи ги сите информации од петокот (16.05.2025 до денеска 20.05.2025) не може да се каже дека нема информации околу задолжувањето од Обединетото Кралство. Сепак, информациите се генерални и се соопштуваат некако парче по парче, а тоа е така, затоа што, барем до крајот на саботата, детали од договорот влада со влада, сѐ уште не биле готови Пратеникот од СДСМ Миле Талески даде изјава во рамките на тв дебата која е делумно вистинита: Со оглед ...

Денот на победата во Европа – 8 Мај, го означува крајот на Втората светска војна – 8 мај 1945 година, кога сојузниците го прифатија предавањето на нацистичка Германија. Откако Русија ја почна неиспровоцираната брутална воена инвазија врз Украина, европските лидери и политичари се дистанцираат од прославата која се одржува во Москва еден ден подоцна, на 9 мај. Бројни се доказите дека денот се одбележува во Европа. Четиридневно одбележување ...

„Вистиномер“ со помош на јавно утврдените достапни податоци (видео материјали) утврди дека во 2021 година Артан Груби во својство на прв вицепремиер во тогашната влада, двапати гостувал во емисијата „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“. Внимателното преслушување на целосниот материјал доведува до заклучокот дека објавата што ја рецензираме е невистинита. Во ниту еден дел од двете гостувања на Груби во „Само Интервју“ тој нема изјавено дека ...

Иако од Општина Кисела Вода аплицирале на повикот на Владата за капитални инфраструктурни инвестиции и поднеле документација за новата општинска поликлиника, тоа е направено само неколку месеци пред новите локални избори кои треба да се спроведат во октомври годинава. Со други зборови, речиси е невозможно за само неколку месеци до крајот на мандатот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да се испорача ваков крупен инфраструктурен проект ...

„Бура-1516“ сега е кохерентен и зрел систем што може да биде активиран од спонзорите за дискредитација на европските и северноамериканските личности и организации особено во пресрет на големи настани како избори. Главниот таргет биле владата на Украина со семејството Зеленски, со цел да заслабне поддршката и помошта од западните земји. За таа цел тие беа претставувани како „корумпирани богаташи кои се расфрлаат со странската помош“ Пишува: ...

Путин авторитарно владее со Русија четвртина век, а на деветомајската Парада на победата има говорено 22 пати (говор на парадата стандардно држи претседателот на Русија, па Путин тоа не го правеше од 2008 до 2011 г. кога беше нејзин премиер). Низ тие негови говори провејува пропаганда, што важи и за оној последниот, но некои аналитичари сметаат дека оваа година Путин ја омекна својата реторика, што се должи на преговорите иницирани од Трамп, но ...

Во рамки на Планот за раст на ЕУ, за Северна Македонија се планирани 750 милиони евра, наменети за спроведување на реформи. Сепак, во јавноста постоеја многу прашања во врска со тоа како ќе се користат овие средства. За да се разјаснат многу од овие дилеми, Порталб.мк разговараше со шефот на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Штефен Худолин. Тој ја објасни стратегијата зад финансиската поддршка, ...

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за над 15 милиони евра. На квартално ниво пораст на долговите има и во Јавното здравство и кај општините – покажува споредбената анализа на „Порталб“ врз основа на податоците од првиот квартал од годинава во однос на последниот од лани. На крајот ...

„Најдолгиот пат“ на Вучиќ до Москва беше нашироко пренесуван во македонските медиуми, речиси од час во час. Кога станува збор, пак, за словачкиот премиер Фицо, домашните медиуми го истакнуваат неговиот „пркос наспроти заканите од Европската Унија“, нарушувајќи ја заедничката надворешна политика на Унијата кон Русија и нејзината целосна инвазија врз Украина последниве три години Пишува: Стојан Синадинов Велат дека се чудни патиштата Господови, ...

Можеби е вистина дека Владата нема намера од едно место да се задолжи за 5-6 милијарди евра, но секако е недоследно кон јавноста да се тврди дека погрешно била пренесена информацијата и не знае како се стигнало до таа информација од страна на Николоски. Изворите на погрешно разбраните или недоразбраните информации, сепак се во неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ Во интервју за телевизија со национална концесија вицепремиерот и министер за ...

Иако поминаа речиси половина век од неговото снимање, „Исправи се, Делфина“ и натаму е крајно допадлив филм што се гледа со задоволство заради сторијата, глумата, музиката… Филмот не е документарна приказна, туку сосем слободна интерпретација за пливачкиот подвиг на охриѓанката Атина Бојаџи и горчливо-слатките ситуации од нејзиниот живот Пишува: Стојан Синадинов Долгометражниот игран филм „Исправи се, Делфина“ на режисерот Александар Ѓурчинов ...

Обвинувањата упатени кон единицата на ГРУ, АПТ28, за која официјалните лица велат дека е со седиште во Ростов на Дон во јужна Русија, не се први од западна сила, но ова е првпат Париз да ја обвини руската држава врз основа на сопствените разузнавачки информации. Според ANSSI, минатата година имало скок во бројот на напади врз француски министерства, локални администрации, одбранбени компании, воздухопловни фирми, тинк-тенкови и субјекти во ...

Од 2006 кога беа формирани, заклучно со 2024 година преку извршители се наплатени фантастични речиси 2,1 милијарди евра. Годишниот извештај на Комората на извршители покажува дека лани од должниците, фирми, граѓани и држава, биле наплатени 160,6 милиони евра со 44,15 отсто реализација на извршните решенија, што претставува највисоко ниво од 2020 година. Во најава се нови законски измени кои треба да водат кон намалување на трошоците за ...

Точно е тоа дека градбата на автопатската делница Тетово-Гостивар, како дел од Коридорот 8 што го гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ е клучен инфраструктурен проект, точно е и тоа дека од потпишувањето на договорот во март 2023 до парламентарните избори во мај 2024, а и потоа имаше застој во градбата, но, исто така, е точно дека владејачката партија во опозиција беше главен критичар на овој проект, а кога беше донесен и ...

Серија пропагандни пораки од Кремљ што беше интензивна на почетокот и средината на април ги насочи дезинформациите на социјалните мрежи, пред сè на Фејсбук на македонски јазик, врз ширење на рускиот дезинформациски наратив дека ЕУ е нацистичка творба Обвинувањата беа насочени кон три цели: стандардно врз Украина, која се соочува интензивно со вакви обвинувања уште од почетокот на руската агресија во 2022 година, потоа генерално кон Западот и ...

Наративот во објавата, дека секој што нема да оди во Москва е фашист, е на иста линија со про-Кремљ дезинформациите дека сите се „нацисти“, освен Русија. Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми контролирани од државата тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти, или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро документирани во базата на податоци EUvsDisinfo од 2015 година. Таму, на ...

Не е првпат пропагандата на Кремљ да ја прикажува Русија како заштитник на традиционалните и семејни вредности, како „чиста“ и единствено „нормална“ земја, за разлика од европските градови во кои доминира насилството, ЛГБТ доктрината, муслиманите и слично. Оттука и се вперува прстот кон Западот како „уништувач на традиционалните вредности“. Мит е дека Западот сака да ги уништи „традиционалните вредности“, односно дека „Русија води света војна ...

Воената парада во Москва по повод Денот на победата 9 Мај и списокот на најавени и потврдени гости, наспроти предупредувањето на Европската комисија дека овој настан е класична руска пропаганда која се обидува да ја оправда руската воена инвазија врз Украина и нејзина „денацификација“, изминативе денови продолжува да биде топ-тема во домашните медиуми и кај корисниците на социјалните мрежи Пишува: Стојан Синадинов „Во Москва! во Москва!“ е ...

Заклучно со 14 април реализирани се 10,3 отсто од капиталните инвестиции. Првиот квартал од годинава заврши со остварување од само 8,95 отсто од планираните јавни инвестиции на годишно ниво. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првите три месеци од годинава дел од ресорите кои управуваат со поголеми буџети за јавни инвестиции имаат ниска стапка на остварување, па дури има и министерства и институции кои имаат ...

Дезинформаторскиот телеграм-канал Нов постзападен мултиполарен свет, не е новост и сам по себе не е влијателен, но загрижува тоа што од неодамна е врбуван како извор за новости за македонската филијала на руската пропагандистичка мрежа Правда. Неговите дезинформации сега се шират со нејзина помош, што може да го контаминира нашиот веб-простор, алатките за вештачка интелигенција кои црпат податоци од него и сл. Пишува: Вангел Башевски Правда на ...

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72% од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ. Зачудува што има вакви мислења и покрај зголемената доверба на јавноста во придобивките од науката и технологијата Пишува: Матеј Тројачанец Повеќе од 8 од 10 граѓани сметаат дека целокупното влијание на науката и технологијата е ...

Љутков е во право кога вели дека моделот бил разработен уште со Законот во 2004 година – иако терминот јавно приватно партнерство не се споменува во таа форма, како и кога вели дека и концесионерството постои во законот, со таа забелешка дека во сите верзии на законот како примарен, иако неединствен субјект на заштита на културното наследство, е наведена државата Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во тв интервју даде изјава која може ...

Додека Државниот завод за статистика на месечно ниво, во март, измери инфлација во „негативна зона“, новите експертски проценки укажуваат дека годинава, сепак ценовниот притисок ќе се зголеми. Новата анкета за инфлациски очекувања што ја направи НБМ покажува дека економистите очекуваат забавување на економскиот раст, а зголемување на инфлацијата, пишува Порталб.мк. Од друга страна ДЗС во март измери негативна инфлација на месечно ниво, но цените ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
93%
1022
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.34
88%
1023
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
74%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
58%
1018
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
66%
1018
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
71%
1020
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04

Злато

139515.92

Кобалт

58.42

Платина

64479.52

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.95

Паладиум

54591.97

Сребро

2159.01

Бакар

11.07

Калај

43.93

Рутениум

29192.88