Факт е дека кај првите луѓе во правосудството сигурно има огромна одговорност за ниската доверба. Но исто така е факт дека огромна одговорност има и во законите, од кои сега клучните се во фаза на измена, исто како што е факт дека огромна одговорност сноси и државата што не ги исполнува своите обврски и задолженија и во поглед на буџетите и во поглед на кадровско-техничката опременост и условите за работа и во обвинителството и во судството ...

Сите релевантни параметри укажуваат на тоа дека македонското здравство е во незавидна кондиција, што го потврдува и министерот Таравари. Но, колку и да се ограничувачки административните процедури, реалноста покажува дека реализацијата на вработувања за 600 доктори специјализанти е недозволиво спора. Таравари сепак е прв човек на Министерството за здравство кое не само што ја крои здравствената политика, туку треба и да ја спроведува ...

Основана во 2013 година, платформата е дизајнирана како алтернатива на „Јутјуб“ за мали креатори на содржина. Но, многу брзо почна да се гордее со тоа што е спротивна на останатите технолошки фирми. Според нивната страница „Рамбл“ е „имун на кансел-културата“ (cancel culture) и цели да го „врати интернетот на неговите корени, правејќи го повторно слободен и отворен“. Но, обвинувањата за содржините се множат Пишува: Мирослава Симоновска Во ...

За килограм сезонска свежа зелка или за килограм сезонско овошје, портокал, од 60 до 90 денари. Ова беа дел од цените на денот кога стапи на сила владината одлука за замрзнати маржи. Што се случува со цените на земјоделските производи? Во јануари годинава индексот на трошоците за земјоделско производство се зголемил за 5,9 отсто, додека индексот на крајниот производ предаден за откуп или доработка пораснал за повеќе од 20 отсто, пишува ...

Она што не се знае е кога ќе завладее трајниот мир и кои ќе бидат модалитетите. Поради предизборното ветување на Трамп мировното решение силно се турка, а примирјето веќе беше најавено од Вашингтон за Велигден, 20 април. Со тоа би требало да заврши најкрвавата и најголемата војна во Европа по Втората светска војна што започна со агресијата на Русија на 22.02.2024 година Пишува: Теофил Блажевски Утрото на 24.02.2022 година оваа генерација во ...

Една година откога француската служба за мониторирање и заштита Вигинум ја разоткри Руската дезинформациска мрежа „Портал Комбат“, таа сè уште работи со полна пареа. Поточно, македонската верзија на веб-сајтот „Правда“ со армиска дисциплина и секојдневно објавување на полувистини, извртувања на факти и дезинформации влева сомнеж во ЕУ и НАТО и креира раздор меѓу членките визави Украина и помошта што ѝ се нуди Француската државна техничка и ...

Проруските пропагандисти сега слават наводен „пораз на Украина“, но и Русија може да загуби територии со најавениот мировен договор, а ништо не е сигурно, зашто тој не е ни напишан, а камоли потпишан. Русија нема целосна контрола над анектираните области, а неуспешна е и нејзината лажна денацификација и демилитаризација – не паднаа ни Киев, ни Зеленски, а Украина е многу помилитаризирана и дури држи дел од Курската oбласт на Русија, па таа се ...

Ставовите и уредничките коментари на РИА Новости често се граничат со очигледна пропаганда. Руската државна новинска агенција ги користи со цел да ги убеди Русите дека безброј непријатели ја опкружуваат татковината и дека руската воена агресија врз Украина е оправдана, а рускиот народ го чека величествена иднина, пишува: EUvsDisinfo Од генерички фотографии до штетници создадени со вештачка интелигенција Во февруари 2022, една од овие колумни на ...

Актуелните тектонски поместувања на политичката сцена носат нескриен триумфализам на десницата во САД, а илибералните тенденции, славејќи ја „катаклизмата на неолиберализмот“, веќе со децении се зацементирани во режимите на потегот Белград-Будимпешта-Минск-Москва, со помалку или повеќе успешни аспирации и на другите делови од Европа, како Полска, Словачка… Дали десницата може комплетно да го проголта – како што ги „голтна“ и социјалните мрежи – ...

Никој не ја спречувал власта преку проверка на имот на судии и обвинители и досега да утврди несразмерно богатење на оние за кои има основно сомневање и тоа преку низа институции, вклучувајќи ја ДКСК. Проблемот е во селективноста, зашто споменувајќи едни кои, наводно биле дежурни судии на СДСМ и ДУИ ги заборава другите, кои наводно биле избрани од „тефтерчињата“, со што ќе се доведе во прашање објективноста на процесот на проверка. Освен тоа и ...

Груевски, кој некогаш самиот соработувал со УСАИД, тврди дека тие го помагале неговото соборување од власт, што не знаеме дали е точно, а доказите за тоа, барем засега, му се слаби – тоа се главно изјави од полуопскурни личности од САД, што не му личи на некогашен премиер. Дел од тие изјави и не го тангираат директно, туку во нив воопштено се критикува таа агенција за меѓународен развој, заради наводни ненаменски трошења и валкани политички ...

На годишно ниво, јавните претпријатија формирани од државата и фирмите во државна сопственост значајно го „набилдаа“ внатрешниот долг, со пораст од над 217 милиони евра. Зголемување на доспеаните а неплатени обврски пријавиле и општинските јавни претпријатија и општините. Според пресметката на „Порталб“ само три фирми во државна сопственост „генерираат“ дури 38 отсто од вкупниот внатрешен долг Јавните државни и локални претпријатија „лидери“ ...

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно брзо од страна на Собранието на РСМ, а по предлог од Владата. Можно е малку побавно да оди именувањето на неговиот наследник, бидејќи при тој процес се бара задолжително позитивно мислење за еден од кандидатите што ќе се јават на ...

Тимчо Муцунски како кандидат за градоначалник на општина Аеродром на локалните избори во 2021 година, меѓу останатите ветувања, гарантираше и зголемување на еднократната парична помош на секое новороденче во општина Аеродром на 20.000 денари. Од јуни минатата година Муцунски е министер за надворешни работи и надворешна трговија во Владата предводена од Христијан Мицкоски, но за време на неговото раководење со општина Аеродром, како и во ...

Таравари и коалицијата ВРЕДИ лани во изборниот период уверуваа дека уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот ќе бидат направени најдоцна за шест месеци откако ќе дојдат на власт. Сега, речиси осум месеци по формирањето на Владата предводена од Мицкоски, тој бара трпение од една година, ама не нуди гаранции дека уставните измени навистина ќе се случат во овој рок. Таравари се правда дека тие ќе продолжат да инсистираат, но признава ...

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи таму прецизно се наведени 6-те ситуации кога на еден член на Судскиот совет – од редот на оние избрани во Собранието, му престанува мандатот. Значи останува доблеста за која зборува и премиерот или евентуално притисок на ...

Режисерот на биопикот за сликарот Амадео Модиљани, Мик Дејвис, сепак ја истуркал сопствената верзија, која иако не доби пофални критики (напротив, некои од нив беа дури и отровни) и помина прилично лошо на киноблагајните, сепак го преживеа тестот на времето и сè уште е гледлива, и 20 години по неговата премиера. Анахронизмите во филмот само ја засилуваат сторијата за трагичната судбина на сликарот и галеријата на ликови кои ја испишале ...

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и иако анализата не е целосна, може да се оцени дека предизборното ветување на владејачката партија за носење на законите во редовна постапка, досега не е исполнето, односно партијата е недоследна во однос на ова ветување Во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ ...

Во пресрет на новото мартовско линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари, мисијата на ММФ во С. Македонија. Состојба со финансиите на ПИОМ, планот за одржливи приходи, реформите – ова се дел од темите кои ќе бидат на маса, а според потврдени информации се очекува и извештај на монетарците со оценка за пензискиот систем, пишува Порталб.мк. Новите проекции на ПИОМ покажуваат дека во 2027 година сумата за исплата на пензии ќе надмине 2 ...

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување на цензура во медиумите и обвинувања за корисниците на помошта дека се странски агенти. Секако дека не е забрането да се критикува работата на УСАИД, но ако ги разгледаме сите проекти што Агенцијата ги има финансирано во земјава, не може, а да не се види ...

Градоначалниците нема да останат единствените незаменливи функционери, нивното отповикување станува реалност со измените на Законот за локална самоуправа.Тековниот процес за изготвување на предлог-законот засега ги запазува предвидените рокови и во него партиципираат засегнатите страни Партијата ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводи актуелната владејачка коалиција, во предизборната програма „Платформа #1198 – Македонија повторно твоја“ за единаесетти по ...

Тврдењето на Апасиев дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ го затвори студентското радио „Студент ФМ“, е неточно. И студентите (преку Универзитетското собрание) и Ректорската управа, беа согласни дека истото треба да се затвори, а средствата да се пренаменат за новиот мултимедијален центар при Правниот факултет „Јустинијан Први“. Дополнително, Одлуката за згаснувањето на радиото беше првично донесена неколку месеци пред ВМРО-ДПМНЕ да ја преземе власта ...

Каква е конкурентноста на политиките за родова еднаквост меѓу двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Родова застапеност ја има во највисоките ешалони на двете партии, но стратегиите во спроведувањето на родовите политики се различни. Од друга страна, пак, истражувањето за насилството врз жените во политиката, изработено пред пет години од страна на НДИ, го дава генералниот впечаток дека иако квотите и заедничките заложби помогнаа да се ...

Според украинските и западните проценки, околу 11.000 севернокорејски војници се во регионот Курск за да им помогнат на руските сили. Русија ниту го потврди ниту го демантира нивното присуство. Дека Северна Кореја испратила војници да се борат на страната на Русија, потврди лично претседателот на Украина Володимир Зеленски, кој на социјалните мрежи објави видео од двајца заробени војници Анализираме објава на Фејсбук која вели: Како што беше ...

Ако сведочиме на конечниот залез на либералниот меѓународен поредок, кои се тогаш алтернативите за уредување на светот во иднина? Можна ли е монархистичка реставрација насекаде, како што посакува рускиот идеолог Дугин? Зошто европските авторитарни лидери од крајната десница гледаат далеку на Исток? Има ли либералниот капитализам вакцина против заканите по демократското уредување на општеството? Пишува: Стојан Синадинов Унгарскиот премиер ...

Анализа на случувањата покажува дека тренд на незадоволство од високите цени во малопродажбата, посебно во маркетите, постои пошироко во регионот. Владите се справуваат очигледно повеќе неуспешно отколку успешно, а поради тоа трендот од незадоволство се претвори и во тренд на бојкот на маркетите. Тој беше проширен не од политички партии, иако кај нас дури и владејачката го поддржа, туку преку социјалните мрежи доби пошироко прифаќање од ...

Самата Јаневска два пасусa подолу во интервјуто ја посочува својата недоследност и посочува дека проблем, де факто има. Предметите ем формално ги нема, ем се ставени како можност да се изучуваат во предметот Филозофија, доколку ученикот се реши да ја избере во 3 и четврта година. Она што е добро е што министерката вели дека Концепцијата не е завршена работа и дека Министерството во соработка со Бирото е подготвено да ја измени по широката јавна ...

Граѓаните сè повеќе го раздолжуваат „минусот“ на тековните сметки, а се зголемува задолженоста по основ на станбени и на потрошувачки кредити. Сумираните податоци на НБРСМ за банкарската 2024 покажуваат дека износот на вкупните кредити, и на домаќинства и на корпоративниот сектор, надмина 8 милијарди евра. Само по основ на потрошувачки кредити долгот на граѓаните достигна скоро 2,1 милијарда евра. Износот на штедните влогови, пак, достигна 9,7 ...

Речиси цел месец доминантна тема поврзана со (дез)информациите во медиумите на македонски јазик е можноста за постигнување мир во Украина преку средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Една од причините за ова се секако предизборните најави на Трамп, дека доколку биде избран за претседател војната ќе ја заврши за еден ден. Сепак, кон средината на месецот тој отстапи од оваа најава, ...

Последици секако ќе има, макар и само доцнење од три месеци во спроведувањето на проекти што во 2024 година биле проценети на 22 милиони долари. Оттаму, тие последици на тој начин ќе ги почувствуваат и државните институции на кои се однесуваат важни проекти од областа на енергетиката, дигитализацијата и кибер безбедност, антикорупцијата, итн. Претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицкоски во рамки на прес-конференција даде изјава неодамна ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
93%
1022
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.34
88%
1023
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
74%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
58%
1018
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
66%
1018
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
71%
1020
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.95

Рутениум

29192.88

Сребро

2159.01

Злато

139515.92

Платина

64479.52

Бакар

11.07

Калај

43.93

Паладиум

54591.97

Цинк

3.04

Родиум

258813.51

Кобалт

58.42