Преспанскиот договор е меѓународен и билатерален, потпишан и ратификуван од страна на двете земји. Тој е дел од внатрешниот правен поредок и на Северна Македонија и на Грција. Затоа овој договор не може да биде неважечки, како што се тврди во објавата. Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека Преспанскиот договор што го потпишаа С. Македонија и Грција не важи. Ова е невистина, Договорот е меѓународен, билатерален и ратификуван од двете ...

Телефонскиот број од кој пристигнува смс-пораката е од странство, а пишува дека Владата на РСМ нуди додаток од 6.150 денари, при што оставен е линк на кој треба да кликнат граѓаните, а потоа им се бара број од дебитната/кредитната картичка Измамнички СМС-пораки кои наводно нудат парична помош од Владата деновиве им пристигнуваат на мобилните телефони на граѓаните, со барање да ги остават нивните лични податоци и информации за ...

Две од трите видеа прикажани во објавата што ја рецензираме се комплетно неповрзани со иранскиот напад врз Израел. Странски проверувачи на факти пишуваат дека првото видео не е од улиците во Израел среде иранскиот напад, туку станува збор за сосема друг настан. Видеото е снимена отспротива на хотелот Four Seasons во Буенос Аирес во Аргентина, кога обожавателите на пејачот Луј Томлинсон се собрале на улиците да го поздрават пејачот. Второто видео ...

Клипот споделен во објавата не е снимен во Нигер и не е нов, за што сведочи фактот дека за него пишувал рускиот весник Московский комсомолец уште на 6.11.2021 г., што било пред доаѓањето на руските трупи во таа африканска земја. Инаку, Нигер доскоро балансираше меѓу Западот и Истокот, но во јули 2023 г., во Нигер се случи пуч, со кој на власт стапи антиамериканска хунта. Нигер е сега во транзиција, па Американците сè уште не се заминати, а ...

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, а ниту Грција, со оглед на тоа што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во своите говори не го користи терминот „Северна Македонија“, туку „Скопје“ или „северниот сосед“ Преспанскиот договор има извесна „сива зона“ која може да се толкува различно и токму затоа е направен така, со цел да се чита пошироко за да ...

Не може волјата на гласачите еднаш да се толкува на еден начин, а другпат на друг. Токму така се однесува ДУИ кон волјата на гласачите од 2006 година досега, а особено различно ја толкуваше и волјата на Албанците и волјата на Македонците во 2016 година Сè уште актуелниот шеф на дипломатијата и претседателски кандидат на неодамнешните избори, Бујар Османи во интервју за национална телевизија даде изјава која може да се оцени како недоследна: По ...

Граѓаните на Северна Македонија во однос на војната во Украина имаат значително поделено мислење по најмалку две прашања – кој е виновен за војната и која страна ја поддржувате во воениот конфликт. Ова го покажа последната анкета на ИРИ за земјите од Западен Балкан. Со ваквите проценти од јавното мислење, станува очигледно дека актуелната политика што ја води државата од самиот момент на руската агресија на Украина во февруари 2022 година, може ...

Десет години се чека да започне изградбата на мултифунцкионалната регионална депонија за управување со отпад , која е повеќекратно поеколошка од сегашното решение со десетици диви и нестандардни депонии од кои се загадува водата, почвата и воздухот Шеснаесет нестандардни општински и десетици диви депонии, полни со секаков отпад, без никаква ограда или заштита, расфрлани речиси до секое населено место, во реките, покрај нивите и патиштата или во ...

Само минатата година, за патни трошоци на пратениците биле потрошени над 366 илјади евра (22.554.520 денари). Вкупно, овој пратенички состав, односно пратениците кои живеат во внатрешноста, до декември 2023 година зеле патни трошоци од 1,1 милиони евра, покажуваат податоците кои Мета.мк ги доби од Собранието И по 1.000 евра месечно добивале пратеници од актуелниот пратенички состав за патни трошоци до своето место на живеење. Само минатата ...

Не е точно дека Талат Џафери во 2020 година при давањето свечена изјава за претседател на Собранието не го изговорил уставното име Република Северна Македонија, како што тврди објавата која ја анализираме. Напротив, Џафери го изговорил уставното име, што може да се види и на снимка објавена на Јутјуб. Моментот кога Џафери читал свечена изјава во која изговорил „Република Македонија“, а кој го споделува објавата, е од 30 август 2020 година, кога ...

Објавата без никакви аргументи обвинува за изборен фалсификат, кој не се случи ниту на парламентарните, ниту на претседателските избори. Сите политички чинители ги признаа изборните резултати, без исклучок. Дополнително, надворешните и внатрешните набљудувачи, Јавното обвинителство, немаат констатирано изборен фалсификат. Изборите во земјава се слободни и демократски и ја одразуваат волјата на граѓаните, без да бидат контролирани или диригирани ...

Во Македонија од нејзината независност па до денес, се спроведуваат демократски, слободни и непосредни избори. Никој во Македонија не може да спроведува избори под окупација, бидејќи тоа е противуставно, ниту па може да диктира кој да победи и кој да владее. Тоа е исклучиво одлука на граѓаните кои излегуваат на гласање. Лага е дека САД менаџираат изборни процеси во Македонија и дека даваат наредби кој да излезе на избори да гласа и кој да ја ...

Во првите три месеци од оваа календарска година, општините во државата пријавиле вкупни доспеани, а неплатени обврски во износ од 56,4 милиони евра, пишува „Порталб“. Во споредба со декември 2023 година, долгот е намален за 2,3 милиони евра. На новата должничка листа годинава има „ротации“ на позициите на најзадолжени општини и помали локални самоуправи испливуваат со милионски долгови На новата „должничка листа“ во првите 10, ги нема ...

Пред изборите кои се одржаа на 8 мај 2024 година, Црвенковски немал никакво обраќање ниту порака испратена до власта. Црвенковски испратил порака дека Македонија е корумпирана држава, но тоа не го сторил на 6 мај 2024 година, туку во септември 2021 година Анализираме објава на Фејсбук која пренесува порака од поранешниот претседател Бранко Црвенковски, наводно дадена во очи на претседателските и парламентарните избори кои се одржаа на 8 мај ...

Роботско куче кое фрла пламен навистина постои, се вика „Термонатор“ и се продава по цена од над девет илјади долари. Употребата на алатки од овој тип е спречување на пожари, а не намерно предизвикување пожари кои се припишуваат на климатските промени, како што тоа го прави објавата што ја анализираме Анализираме објава на Фејсбук која шири погрешни тврдења во врска со климатските промени. Објавата споделува видео на кое се гледа робот-куче ...

Уште од пред почетокот на мандатот на првата жена претседателка на државата, Гордана Сиљановска Давкова, имаше невистинита изјава. Во заклетвата пред парламентот Сиљановска Давкова одби да ги каже како придавката „северна“, така и именката „република“ — целосното уставно име на државата. Со тоа оди спротивно на правилната употреба на името според Уставот и член 123 од изборниот законик. А, овој чин изнуди остри критики и од политичарите од ...

Вистиномер се обрати во Министерството за внатрешни работи од каде добивме одговор дека до моментот (14 мај 2024 точно 14 часот попладне) Палевски не е екстрадиран во земјава. Министерот за правда Кренар Лога истиот ден во гостување во „Слободен печат,“ прашан до каде е екстрадицијата на Љупчо Палевски, на 26 минута и 10 секунда во видеото изјави дека не е стигнат, но дека има согласност од турската страна и искажа верување дека најдоцна за две ...

Најновите истражувања покажуваат дека дождовната вода не е безбедна за консумирање, но тоа не се должи на фактот дека некој намерно го прави тоа за да ја труе почвата и луѓето прскајќи од авионите, како што се алудира во објавата. Овие траги од авиони кои сите ги гледаме на небото, не се резултат на некоја скриена агенда за запрашување на населението и природата со отрови и тие не предизвикуваат болести. Всушност, тоа се патеки од кондензација ...

Трилатералната средба на тројцата светски лидери била испланирана и најавена, а не случајна. Таа претставува продолжување на трилатералната средба којашто Урсула фон дер Лајен, Емануел Макрон и Кси Џипинг ја имаа минатата година во Пекинг. Средбата од страна на Европската комисија беше најавена во неделниот календар на активности на претставници на Комисијата и објавен на 3 мај. Средбата беше најавена и во објава на кинескиот весник South China ...

Повлекувањето на ковид вакцината на „АстраЗенека“ нема никаква врска со исклучително реткиот несакан ефект на згрутчување на крвта, туку со тоа што се појавија понови вакцини и оваа повеќе не е толку барана, поради што производителот реши да ја повлече. Дополнително, во објавата најпознатиот производител на ковид вакцини – „Фајзер“, е ставен во контекст дека „решава случаи на карцином со спогодба”, но тоа не е за ковид вакцини, туку за стар лек ...

Во објавата се прави обид да се дискредитира слободната демократска волја на гласачите во земјава кои излегоа и на претседателските и на парламентарните избори во доволен број да биде постигнат цензусот (за претседателските цензусот е 40 проценти), а потоа нивната слободна волја да му ја припишат на надворешен странски фактор со цел да се претстави С. Македонија како контролирана и неслободна држава во која граѓаните не одлучуваат за власта што ...

Има повеќе значења и толкувања завчерашното обврзување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека „ќе им служи на интересите на Македонија“. Едно од нив е дека може да се гледа и толкува и како своевиден лакмус тест за постапките во односите со соседите и во односите со ЕУ на идната влада на мандатарот Христијан Мицкоски. Бидејќи овие прашања беа важен дел од опозицискиот и од предизборниот период на ВМРО-ДПМНЕ, не е исклучено дека ...

Анкетата покажа дека мнозинството во пет од шесте анкетирани земји верува дека руската војна против Украина е целосно или донекаде неоправдана Последното мултинационално истражување за Западен Балкан, кое го направи Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), покажува широка поддршка за приклучувањето кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое ја смета руската војна против Украина за неоправдана. ...

Осумдесет отсто од компаниите биле цел на напади кои вклучувале кражба на податоци, шпионажа или саботажа, според директорот на Битком Германското дигитално здружение Битком соопшти дека забележани се зголемен број сајбер напади од Кина и од Русија, пренесува германската новинска агенција дпа. „Во рок од две години, измерено е двојно зголемување на нападите од Русија“, изјавил генералниот директор Бернхард Роледер утринава на германската јавна ...

Општинските јавни претпријатија, државните фирми и ЈП, здравството, за три месеци ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски. На крајот на март внатрешниот долг се приближи до половина милијарда евра, пишува Порталб.мк. И натаму највисоките должнички суми се по основ на градежни работи, комуналии, материјали и ситен инвентар Долгот на државните ЈП и фирми е зголемен за повеќе од двојно Вкупниот внатрешен долг на крајот на првиот квартал од ...

Груби зборува за ѓаволштини или уште може да се преведе како мајмунлаци, а не за „копилиња“ како што сака да прикаже објавата што ја анализираме. Точно е дека Фејсбук нуди опција за автоматски превод на кој било јазик, но истиот не треба да се зема здраво за готово, како што е тоа случај тука Анализираме објава на Фејсбук која погрешно тврди дека вицепремиерот Артан Груби од ДУИ преку објава на Фејсбук ги нарекол политичките противници ...

На 20.12.2023 година Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда за предметот познат во јавноста како плацеви на Водно. Ова е важно во контекст на објавата што ја рецензираме од причина што, со оваа одлука на Врховниот суд, на поранешниот премиер Никола Груевски му е потврдена пресудата од Апелација односно кога тој би се вратил во земјава од Унгарија каде што има азил, би морал да се упати на издржување деветгодишна затворска ...

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство ќе може непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Од коментарите на авторката под објавата е евидентно дека таа ја напишала саркастично, но дел од корисниците ја сфатиле сериозно Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која ...

Она што се случува во Украина сега, нема никаква врска со некаков државен удар од Западот спроведен во 2014 година, туку е поради фактот што Русија во февруари 2022 година ја нападна Украина со цел да приграби други делови од нејзината територија. Бранот демонстрации, граѓанска непослушност, бунтови и вооружени судири познати како Евромајдан букнаа ноќта на 21 ноември 2013 година, кога украинските граѓани започнаа со протести во Киев. Причина за ...

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен деновиве не ја посетила Кина, така што не ни можела да помине пасошка контрола заедно со регуларните патници зашто не ѝ бил признаен дипломатскиот статус, како што неточно тврди оваа објава. Германскиот канцелар Шолц навистина беше во Кина минатиот месец, во посета првенствено фокусирана на затегнатата економска релација меѓу Кина и Германија. Најнапред беше во индустрискиот центар Чонгкин, а потоа и во ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
0.51
81%
1020

Белград

6ᴼ/5ᴼ
2.06
86%
1021

Софија

7ᴼ/7ᴼ
5.14
71%
1019

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
8.12
53%
1016

Љубљана

7ᴼ/4ᴼ
1.03
95%
1020

Атина

20ᴼ/17ᴼ
2.57
60%
1013

Тирана

6ᴼ/6ᴼ
1.03
100%
1017

Подгорица

10ᴼ/6ᴼ
4.12
62%
1019
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52571

Currency

1.61635

Currency

0.65951

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $