Пет пожари на отворен простор низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Гореле стрништа, депонии, ѓубришта, сува трева и нискостеблеста вегетација, како и шума. Скопската Бригада за противпожарна заштита од 2:50 до 3:40 часот, интервенирала на запалена ниска вегетација и ѓубре на обиколница - клучка кај Оризари. Било интервенирано со едно возило и четворица пожарникари. ...

Колку повеќе младите луѓе се медиумски вклучени и едуцирани, толку е поголем нивниот граѓански и политички ангажман. Активното учество на младите во јавниот живот значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите. Ова се наведува во публикација „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско ангажирање“, во која се презентирани наодите ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против Б.Ц.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица”, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и ...

Овен Денес Овенот ќе почувствува наплив на енергија и решителност. Можеби ќе треба да се справите со неочекувани задачи на работа или во личниот живот, но благодарение на вашиот ентузијазам лесно ќе ги надминете сите тешкотии. Подгответе се за ново познанство кое може да игра важна улога во иднина. Бик Денес ќе биде важен ден за Биковите, кога вреди да се обрне внимание на деталите. Не брзајте да донесувате одлуки – обрнувањето внимание на ...

Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи. - Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат ...

Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет уставни судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста, информираат од Уставен суд. Оттаму дополнуваат дека тоа нема да биде во октомври, бидејќи е најавено отсуство на дел од судиите. - Предметот во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет судии, со оглед на значењето и ...

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степен, соопшти УХМР. Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степени. Сончево и топло време ќе преовладува до сабота попладне кога ќе започне да се зголемува ...

Сметам дека со средствата од Владата, конечно ќе се решат децениски проблеми кои пред се, се поврзани со подземната инфраструктура, поврзани со проблеми кои самите општини, посебно оние помалите низ Македонија, не можеле да ги решат иако имале изготвен проект. Ќе бидат многу проблеми решени во образованието преку изградба на нови училишта, додека преку изградба на нови градинки ќе се реши недостигот на слободни места. Сметам дека повикот помина ...

Во просторија на основно училиште во населбата Илинден, пронајдена била почината 50-годишната С.М. од Скопје, вработена во училиштето, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. Настанот бил пријавен вчера во 14:29 часот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Претходно, во СВР - Скопје, пријавено било дека ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и постават прашања за случувањата во градот. Претседателот на Советот, Трајко Славевски по дадената пауза од 10 минути да ја пронајде градоначалничката и да се појави на седница на советот мораше да ја заклучи. „Бидејќи не се создадени услови за одржување на седницата за советнички прашања, истата ја заклучувам. Ве ...

Над 120 инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршуваат надзор низ целата држава за почитување на одлуката за ограничување на профитните маржи на основните прехранбени производи. Распределени во повеќе од 40 тимови и ротирајќи се низ различни градови, инспекторите од вчера проверуваат големите маркети на територијата на државата, а според најавите на директорот на ДПИ, Горан Трајковски, од денес ќе започнат со проверки на малите ...

Уставниот суд вчера донесе одлука со која ги укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Согласно одлуката, ќе се применува стариот Закон за облигациони односи, односно, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години. Претходно, Собранието со измените на Законот за облигационите односи, го скрати рокот на застареност на побарувањата на доверителите од десет на пет ...

Овен Овни, денеска ќе имате многу задачи на работа, но со добра организација ќе постигнете сѐ. Фокусирајте се на приоритетните работи. Денеска може да се соочите со недоразбирања во комуникацијата со саканата личност. Обидете се да бидете јасни и трпеливи. Енергијата ви е на високо ниво, но внимавајте на исцрпеност. Бик Бикови, можни се финансиски придобивки или можности за напредување. Бидете внимателни со инвестициите, размислете пред да ...

Лав Тој е владетелот на хороскопот. Тој е оној којшто блеска, којшто сите го гледаат, чијашто грива се вее на ветерот додека чекори како целиот свет да му припаѓа нему. Меѓутоа што се случува кога кралот ќе остане без круната? Кога нема да добие аплауз или кога проектот на којшто работел не успее? Во тој момент настанува драма којашто „заслужува“ да добие Оскар. Лавовите имаат потреба од восхитување и признанија. Кога нешто не се одвива според ...

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, потсети на денешната прес-конференција директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски, откако граѓани се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива. -Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, ...

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, појасни денес директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски. Граѓани и во Инспекторатот се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива. „Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, инспекторите прават ...

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ). – Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии, ...

Седум месеци не и се исплаќала доживотната пензија на Вилма Трајковска, сопруга на трагично починатиот претседател Борис Трајковски. Оваа информација во понеделникот ја откри Ивица Томовски, директорот на службата за општи и заеднички работи во „Дејли Клик“ на ТВ21. „Затекнавме ситуација каде што на Вилма Трајковска, сопругата на претседателот Борис Трајковски не и бил исплаќан надомест во висина од 2000 евра кој и следува доживотно“, рече ...

Нов земјотрес доцна вчера ги вознемири скопјани. Вчера во 21:46 часот беше регистриран земјотрес со јачина од 2.9 степени по Рихтеровата скала, на околу 24 километри источно од Скопје и 14 километри источно од Студеничани. Ова е веќе втор потрес за неколу дена во главниот град и околината. Граѓаните стравуваат, но и се шегуваат на социјалните мрежи за потенцијалната опасност од нови посилни земјотреси. Еве дел од нивните реакции: Инаку шо би ...

Овен Овни, фокусирајте се на тимската работа, бидејќи соработката со колегите ќе ги донесе најдобрите резултати. Денеска може да очекувате позитивен пресврт во емотивните односи. Саканата личност ќе покаже повеќе разбирање. Внимавајте на внесот на вода и одржувањето на енергијата во текот на денот. Бик Бикови, денеска финансиската ситуација го бара вашиот фокус, внимавајте на трошоците. Денеска вашите чувства ќе бидат поизразени од вообичаено, ...

„Гугл“ воведува прикажување реклами додека корисниците на „Јутјуб“ го паузираат видеото што го гледаат. Менаџерот за комуникации на видеоплатформата потврди за „Верџ“ (The Verge) дека има „моќен одговор од огласувачите и рецензентите“ по објавувањето на „Пауза-рекламите“. „Јутјуб“ почна да ја истражува употребата на реклами на паузирани видеа уште во 2023 година, со одредени огласувачи. Одговорниот раководител на бизнисот - Филип Шиндлер, во ...

Никола Мемов е назначен за нов директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија – ПИОМ. Мемов е дипломиран инженер-технолог во петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје. Тој во својата работна кариера бил генерален директор на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, бил извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на ...

Професорот Димитрија Ангелков и пет ученици од Кавадарци произведоа 30 прочистувачи за воздух. - Заедно со пет ученици средношколци, под мое менторство, произведени се 30 квалитетни антиполен карбон прочистувачи за воздух, наменети за во училишни училници. Проектот AERO2 е за задоволување со прочистувачи на потребите на училиште, преку проект UPSHIFT од здружение на граѓани ЛЕАД. Даваме пример како да имаме побезбедна училишна средина, исто ...

Вистинска драма се случила денеска во собранието во Србија. Пратеник од српското собрание го гаѓаше министерот за локална самоуправа со Уставот. Пратеникот Александар Јовановиќ Ќута од „Еколошко востание“ ја фрли Збирката на правилници кон клупите каде што седеа членовите на Владата на Србија во Народното собрание, целејќи кон министерот за локална самоуправа. Обемната книга со која Ќута го маваше министерот Мартиновиќ, меѓу другото го содржи ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска ги предупреди светските лидери дека неказнивоста, нееднаквоста и неизвесноста создаваат „неодржлив свет“ во кој сè повеќе земји веруваат дека треба да имаат „карта за излегување од затвор без последици“. – Не можеме вака да продолжиме, рече тој на почетокот на годишната дебата на Генералното собрание меѓу претседатели, премиери, монарси и други лидери. Посочувајќи на ...

Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ (2) во селото Бањско Поље кај Бор, дознава Нова.рс. Обвинението е доставено до Вишиот суд пред неколку минути. Двајцата се обвинети дека со автомобил на јавното комунално претпријатие „Водовод“ удриле девојче, а потоа ја задавиле и ѝ го сокриле телото на позната локација. Случајот на Данка Илиќ ...

Во сообраќајка што се случила синоќа во 22 часот на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе и булеварот „Трета МУБ“ повредени се 11 лица информираат од МВР. „Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(21) од Куманово и возило комбе „фолксваген крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(53) од Свети Николе, по што возилото „форд“ удрило во ...

Бројот на невработени кои активно бараат работа за прв пат во историјата на државата се спушти под 100.000. Во јули на ниво на државата биле регистрирани 98.976 активни баратели на работа што претставува намалување за 6.827 лица во однос на првиот месец од годинава и за 6.972 помалку во однос на истиот месец лани. Најголем број на невработени лица кои активно бараат работа се од Скопје, па следуваат Тетово и Куманово. Најголем број на ...

Почна сезоната на берба на јаболка, а со тоа изминативе денови зачестија огласите за барање на берачи. Само околу илјада работници се потребни во Преспа за берба на јаболката. Според објавите на социјалните мрежи дневниците се движат од 2.000 до 2.500 денари, а дел од овоштарите на берачите им нудат храна и бесплатно сместување. Обично, за берба во преспанско-ресенскиот регион се пријавуваат работници од соседните општини кои ќе бидат ...

Непознати лица викендов обиле пункт во кој јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ чува дел од опремата за уредување на зелените површини, при што превртеле и уништиле дел од механизацијата, соопшти јавното претпријатие. Од „Паркови и зеленило“ објавија фотографии од уништените косилки, клупи, реквизити и други алатки, на кои се гледа обемот на овој вандалски чин. „Обиен пункт во Градски парк, расфрлани и уништени машини, искршена ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
5.66
54%
1020

Белград

7ᴼ/5ᴼ
4.12
85%
1020

Софија

8ᴼ/7ᴼ
4.63
69%
1019

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
8.58
46%
1016

Љубљана

7ᴼ/5ᴼ
2.06
94%
1021

Атина

21ᴼ/16ᴼ
2.57
60%
1013

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
1.54
100%
1018

Подгорица

11ᴼ/7ᴼ
4.12
66%
1019
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $