Овен Овни, важно е да се постигнат позитивни резултати, но не по цена на прекин во деловната соработка. Прифатете нечиј корисен совет. На љубовно поле изгледате задоволни и расположени да излезете или пак да се сретнете со некоја личност која ви оставила трага. Доколку сте во врска, саканата личност прави сè што е потребно, време е да се ангажирате и вие. Бик Бикови, нема да ви се допаѓаат нечии идеи на работа. Можете да смислите паметно решение ...

Принцот Хари изјави дека е возбуден што наполни 40 години, но неговата позитивност е во спротивност со негативното мислење кое за него преовладува во домот и заладените семејни врски. Помладиот син на кралот Чарлс Трети, кој сега живее во Калифорнија со сопругата, американската телевизиска актерка Меган Маркл и нивните две деца, денеска го слави својот 40-ти роденден. Војводата и војвотката од Сасекс, петгодишниот принц Арчи и тригодишната ...

Самодисциплината игра клучна улога во постигнувањето на целите и одржувањето на рамнотежа. Некои луѓе се строги кон себе, но и кон другите, бидејќи инсистираат на правила, одговорности и високи стандарди. Овој тип на дисциплина може да биде корисен, но понекогаш предизвикувачки за оние околу нив. Во продолжение ви ги претставуваме хороскопските знаци кои никогаш не отстапуваат од своите принципи. Јарец Јарците се познати по својата ...

ТППЕ Струмица денеска имала две интервенции на терен. Имено, во 05:20 часот утрово, на на ул.Ѓуро Ѓаковиќ, е пријавен пожар на помошна просторија од куќа. Како што велат, спречено е ширење на пожарот на куќата и поголема материјална штета. Покрај оваа, тие имале и уште една интервенција во атарот на с.Вељуса каде била запалена нискостеблеста шума и сува трева. „Сите пожари се навремено и успешно локализирани и ликвидирани. И покрај падот на ...

Пејачката Јелена Карлеуша објави соопштение во кое изјави дека потпишала спогодбен развод по 16 години. Таа се огласи на Инстаграм и соопшти дека ги потпишала документите за развод од Душко Тошиќ. „Потпишав спогодбен развод по 16 години. Сама. Наспроти мене на сликата се мојот адвокат Милан Атељевиќ и овластениот адвокат на мојот поранешен сопруг кој не дојде. Не прашав зошто. Поради разни медиумски и социјални шпекулации, ќе додадам дека ...

Користењето на мобилни телефони не го зголемува ризикот од развој на рак, покажува најобемното истражување на оваа тема нарачано од Светската здравствена организација. Ги анализиравме и сумиравме сите научни докази од опсервациски студии на луѓе на оваа тема од целиот свет“, рече коавторот Ден Баакен од германската Федерална канцеларија за заштита од зрачење (БфС), еден од институтите вклучени во истражувањето. „Можеме со голема сигурност да ...

Планинарите кои го посетија Пелистер, на социјалните мрежи објавуваат фотографии со снег и бела покривка. За денеска од УХМР најавија променливо облачно време со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е силен односно над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од ...

Овен Реално е дека овој ден ќе помине мирно и без поголем товар. Користете го за многу потребен одмор и подготовка за следната работна недела. Денеска постои голема веројатност да има неколку интригантни контакти, кои го заслужуваат вашето внимание. Бик Во поголемиот дел од овој ден, Биковите треба да имаат дополнителни обврски поврзани со завршување на заостанатите работи од претходниот период. Најдобро би било релативно мирниот ден на полето ...

Коридорот за затемнување се затвора на 2 октомври со затемнување на Сонцето во Вага, што ќе принуди многу луѓе да ги преиспитаат личните, социјалните и јавните односи. Некој ќе размислува за промена на статусот и ќе има можност да реализира нови креативни проекти. Аспектот на спојувањето на Сонцето и Месечината е новата Месечина, а на 2 октомври има затемнување на Сонцето во опаѓачкиот лунарен јазол. Ова затемнување припаѓа на серијата Saros ...

Реакции во земјава предизвика вчерашната фотографија од средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија, каде изостануваше македонското знаме. Кабинетот на Сиљановска соопшти дека фотографирањето не било однапред предвидено и ќе побара објаснување од бугарската страна. „Средбата и заедничкиот ручек поминаа во извонредно пријателска атмосфера, од пречекот до крајот. Она што фрли сенка на ...

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при граничната полиција утринава околу 4:40 часот на наплатната рампа Романовце во два одвоени случаи открија вршење на превоз на патници без поседување соодветна лиценца. Во двата случаи, како што информира МВР, сопрени се две патнички моторни возила (комби) „фолксфаген крафтер“ со струмички регистарски ознаки, првото сопственост на Р.Р. од Струмица, а управувано од страна на ...

Вчера во 12.05 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на магистралниот пат А-2 во с. Страцин, кратовско, на место викано „Поповски рид“ патничко возило „фолксваген поло“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(59) од село Туралево, кратовско, излетало од коловозот, соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.А.(33) од Кратово, а со телесни повреди се здобил возачот на ...

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице за пожари предизвикани во периодот од 15 јуни до 10 септември годинава. Според Министерството за внатрешни работи, пријавите се за „предизвикување општа опасност“. Првата кривична пријава е поднесена против Ѓ.Д. (70) од Битола, кој на 29 јули запалил оган во своја нива во село Братиндол, со цел да уништи инсекти, по што поради ...

ОВЕН Денеска е можно затегнување на односот со близок пријател. Вашите желби може да не се совпаѓаат со желбите на луѓето од вашата околина ќе мора да вложите повеќе труд за да дојдете до заемно прифатливо решение. БИК Денешната препорака до вас е да ја прифатите промената. Настаните во текот на денот ќе станат мост меѓу минатото и иднината, за доброто на нешто ново, ќе почнете да се ослободувате од старите обврски, од навиките, можеби дури и ...

Карди Би и Офсет го добија своето трето дете, а гордата мајка ги објави фотографиите од болницата. Американската раперка Карди Би (31) стана мајка по трет пат, а веста дека е бремена ја објави само еден ден по сознанието дека поднела барање за развод од раперот Офсет. Покрај новородената ќерка, парот има уште една ќерка и син. Додека ова и е трето дете на Карди Би, Офсет дури по шести пат стана татко. По повод раѓањето на ќерката, Карди Би се ...

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека ја одобрила првата вакцина против мајмунски сипаници произведена од Баварски Нордик. – Првата претквалификација на вакцината против мајмунски сипаници е важен чекор во нашата борба против оваа болест, како во контекст на моменталната појава на болеста во Африка, така и во иднина, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Мајмунските сипаници се вирусно заболување ...

Почина жена во Прилеп откако управувајќи електричен тротинет, била удрена од патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки. Како што соопштија од МВР, на 12 септември во 15.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Трајко Николоски“ во Прилеп, патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(47) од Прилеп, удрило во електричен тротинет, управуван од В.П.(60) од Прилеп. Во несреќата, В.П. ...

Многумина сметаат дека петок 13-ти е малерозен. Ако и вам ви создава неубаво чувство, тогаш веројатно имате страв од петок 13 – параскевидекатриафобија, пишува британскиот „Телеграф“. Се претпоставува дека ова популарно суеверие потекнува од средниот век, а некои сметаат дека има и библиска основа. Некои историчари тврдат дека тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога започнала поплавата и изградбата на Вавилонската ...

„Во пријатна атмосфера разговаравме за потребата од засилен развој на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете земји, за текот на пристапниот процес за членство во ЕУ и искористување на бугарските искуства на тој пат, како и за можностите за поттик и унапредување на билатералната соработка во повеќе области“, соопштува претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давков кој пред еден час излезе од ...

Полицијата пронашла дијаманти при претресот кај познат струмички бизнисмен во рамки на акцијата која МВР, УЈП и уште неколку институции ја почнаа вчера во Струмица, Скопје и уште неколку градови. Според се уште неофицијалните информации, се истражува наводно перење пари и разни видови на даночни затајувања и малверзации. Неофицијални неколку лица во моментов се во бегство но полициски извори брифираат дека го имаат главниот осомничен. При ...

Питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ со симптоми на мачнина и повраќање побарале лекарска помош на Инфективната клиника во Скопје. Директорот на Клиниката за инфективни болести Фадил Цана во изјава за МИА вели дека 10 лица побарале лекарска помош и сите имале лесни симптоми, освен едно лице кое е задржано на лекување, но е во добра здравствена состојба. Останатите по укажаната медицинска помош се вратени во Академијата. ...

Овен Ако досега ви беше коректна комуникацијата со надредените, денеска може да доживеете непријатно изненадување. Не можете да ги решите старите љубовни дилеми, а новите страсни предизвици можат да ве заслепат. Бик Треба да ја намалите нервозата, да не избрзувате со одлуките и така ќе придонесете ситуацијата на работното поле да биде поднослива. Не е препорачливо да се впуштате во голема љубовна врска, би можеле да очекувате некои сериозни и ...

До денеска, според најавите од Министерството за економија и труд, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог - одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти. Предлогот, како што вчера најави министерот за ...

Септември е пред нас. Астролозите ги направија прогнозите за истиот, а во продолжение на текстот можете да прочитате што ви порачуваат ѕвездите на полето на љубовта. Овен Септември може да ви донесе потешкотии во љубовните врски. Вашата желба да бидете на првата линија и да ја контролирате ситуацијата предизвикува тензија. Сепак, во овој период подобро ќе разберете што му треба на вашиот партнер, ќе научите да го слушате. Не плашете се да ...

Собранието попладнево ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои ќе има линеарно зголемување на пензиите од по 2.500 денари од 1 септември годинава и од 1 март следната година. На 14. седница на Собранието, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, беше изгласан со 78 гласа „за“. Линераното зголемување на пензиите е изборно ветување ...

Денеска во просториите на општина Кисела Вода се промовираа 10те нови метларки кои се обезбедија преку проект ,,Зајакнување на општинските совети" заедно со поддршка на Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП. Големо е моето задоволство што сме денес тука сите заедно на финализацијата на проектот ,,Зајакнување на општинските совети" кој целиот овој изминат период го спроведуваме во соработка со УНДП и со ...

Спречено криумчарење на 72 штеки цигари што македонски државјанин без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин Богородица, соопшти Царинската Управа. „Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 167.588 денари при што вкупните давачки што лицето сакало да ги избегне изнесуваат 113.228 денари. Царинските службеници ги открија штеките цигари во кабината на камионот со кој управувало лицето. Цигарите биле скриени ...

Мото заедницата на Балканот тргна на ново возбудливо патување со премиерното прикажување на MOTOCAST, првиот подкаст од ваков вид во регионот, посветен на славење и промовирање на живиот и страстен свет на мотоциклизмот. Првата епизода беше премиерно прикажана во среда, 11 септември 2024 година на националната телевиија Канал 5 и тоа во 21:30 часот на нејзиниот официјален канал на YouTube [https://youtu.be/xUWi4HYtBRw?si=0XmWDRD8-ZsaWH43], а ...

ОВЕН Клучниот збор за денеска е „умереност“. Во ред е да тргнете во авантура, дури и ако се обидувате со нешто екстремно, но не заборавајте да поставите граници и да не губите разум. Не бидете премногу самоуверени, не се занесувајте со хазарди. БИК Денеска некои од вас може да се чувствуваат разочарани од однесувањето на вашиот интимен партнер или друга личност важна за вас. Без оглед на чувствата што ќе ви дојдат, прифатете ги, но не брзајте ...

Собранието во рамките на поладневниот дел од работата по дневниот ред од 14-тата седница ја заврши расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање, предложен од пратениците од Европскиот фронт, и со 64 гласа „за“ и 13 „против“ заклучи дека не е прифатлив и оти не може да се даде на натамошно читање. Седницата продолжува утре во 12 часот. Илире Даути од Европскиот фронт посочи ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
5.66
54%
1020

Белград

7ᴼ/5ᴼ
4.12
85%
1021

Софија

8ᴼ/7ᴼ
5.66
68%
1019

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
8.06
44%
1016

Љубљана

8ᴼ/6ᴼ
2.06
94%
1022

Атина

21ᴼ/17ᴼ
0.89
60%
1014

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
1.54
100%
1018

Подгорица

12ᴼ/7ᴼ
5.14
58%
1018
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $