ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство. Вчера во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ...

Големиот пожар во Мариово не покажува знаци на намалување. Огнената стихија зафати околу 1.600 хектари, додека периметарот на огнената линија изнесува 110 километри. Според прилепскиот кризен штаб, на теренот се преку 200 професионалци, а дејствува само еден „Ер трактор“, поради технички проблеми на вториот. Началникот на прилепскиот кризен штаб, Борче Јовчески, посочи дека будно се чуваат населените места, и силите главно се концентрирани на ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3, управувано од лице вработено во Шумска полиција за кое по извршена контрола е утврдено дека е со несоодветни исправи и е одземено. Настанот, како што информираат од МЗШВ, е регистриран вчера во 15:00 часот во м.в. Дупка, с.Таласманци, ...

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена. Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци. Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега ...

Објавен е нов повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, со кој субвенциите ќе се доделуваат по дестинација, а не како досега на авиокомпанија. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации според редоследот: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на ...

ОВЕН Денеска е одличен ден за романса и љубовни моменти, затоа потрудете се да поминувате повеќе време со саканата личност. Можете да се забавувате заедно или едноставно да уживате во некои тивки моменти дома. Исто така, не заборавајте да одвоите време за себеси и за вашиот изглед, тоа ќе направи да се чувствувате прекрасно. БИК Денеска ќе биде добро да ја контролирате желбата работите да се случат во миг, дури и ако се чувствувате како да ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше и имаше обраќање на церемонијата на потпишување на договорот меѓу УНИЦЕФ Македонија и Групацијата Нелт, иницијатива која има за цел воведување на практична настава за зелени вештини за учениците од професионалните училишта. Меџити рече дека министерството што тој го предводи поддржува и е целосно посветено на еколошкото образование и климатските ...

По случајот со морбили кај 12-годишно дете од Долно Коњаре во Општина Петровец, епидемиолошките служби и Институтот за јавно здравје ќе реагираат со пребарување на невакцинирани лица, со кампањи и одење на терен, како и во училиштата на таа територија, најавува проф. д-р Кети Ставриќ, имунолог и член на Комисијата за имунизација. Во гостување на ТВ Сител, проф. д-р Ставриќ вечерва рече дека тоа ќе се прави за да се спроведе директна ...

Со свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ Владата на 8 септември ќе го одбележи Денот на независноста. Како што најави владината прес-служа, свечена академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје во 13:00 часот. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. ...

Од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информираат дека по повод државниот празник „8 Септември“ - Ден на независноста, в сабота и во понеделник ќе се работи по неделен возен ред. За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар. - Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10 ...

Лиценци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 250 MW издадени се во изминатите осум месеци (јануари -август), покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). - Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива, во најголем дел тоа се компании кои поставуваат ...

Шести ден, пожарот во Мариово не покажува знаци на смирување, а огнената линија од преку 30 километри, нема намалување. Преку 200 професионалци се насочени огнената стихија да не влезе во населените места и објектите. Од прилепскиот кризен штаб уверуваат дека вчерашните кризни моменти околу селото Крушевица и кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец се надминати, но, има одбрана и околу „Свети Димитрија“ во Селце и во Дрен - Смолани. Ирена ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот ...

Поплаките кон ЈСП и Град Скопје во врска со јавниот превоз станаа секојдневие. Овој пат, скопјанка се пожали дека побргу стигнала од Италија до Скопје отколку од Ѓорче до Центар. - Секоја чест за ЈСП и Данела Арсовска. Побрзо стигнав од Јужен Тирол до Скопје, отколку од Ѓорче до Центар!!! Секако после маратонско чекање автобус морав да одам со такси на работа (едвај најдов)! До толку ли не можете еден јавен превоз да средите?! Народот не го ...

Трагедија доцна синоќа во главниот град. На улицата до катната гаража „Разловечко востание“, во центарот на Скопје до ГТЦ, синоќа е пронајдено 15-годишно момче, без знаци на живот, по пад од гаражата. Додека истражните екипи вршеле увид, на Снепчет се споделуваше фотографија што момчето ја објавило непосредно пред падот, на која се гледа како се наоѓа на најгорниот кат на катната гаража. Истражителите треба да дадат одговор дали се работи за ...

Овен Фокусирајте се на комуникација и изразување на вашите идеи. Вашата елоквентност ќе ви помогне убедливо да ги презентирате вашите деловни планови. Денешниот ден ќе ви донесе можност за длабока емотивна врска со саканата личност. Искористете ги моментите на интимност и отворено изразување на чувствата. Бик Вашата стабилност ќе биде клучна на работа. Работете на постигнување конкретни резултати и одржување на сигурна репутација. Практичниот ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 5 септември, осомничениот 31-годишник нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на нејзината јасно изразена волја, со умисла се обидел да изврши полови дејствија врз неа. Жртвата се ...

Некои хороскопски знаци може да очекуваат финансиски рај во есента 2024 година, според астролозите! Имено, во наредните месеци ќе има изобилство пари и материјални добра за четирите знаци, па да видиме за кои знаци станува збор! Хороскопските знаци за кои хороскопот за есента 2024 година носи голем прилив на пари и финансиски добра се Овен, Стрелец, Јарец и Риби. Ајде да ја видиме нивната парична астро-прогноза за неделите што следат. Овен Ве ...

Во текот на денешниот ден до 19:00 часот има вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се 9, и изгаснати се 27, соопшти ЦУК. АКТИВНИ: 9 1. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец. Моментално, најактивен е кај селата Штавица, Крушевица, Пештани и Прилепец (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума); 2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Оморани ...

Во три одвоени случаи на грчките острови Тилос, Родос и Гавдос, крајбрежната служба на Грција открила и спасила вкупно 177 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Крајбрежната служба на островот Тилос, била информирана од полициската станица дека во конкретна, тешко проодна област постои група мигранти, по што веднаш на терен излегле два патролни чамци, еден патролен брод и голем брод на службата, што успеал да стигне до местото и да ...

Кога пред една година беше откажан концертот на Бора Ѓорѓевиќ поради неговата болест, сите беа загрижени. Во таа прилика уметникот признал дека има пневмонија и дека веќе некое време се бори со низа здравствени проблеми. Во една од неговите понови песни, Бора напиша дека „пати од разни болести“. „Навистина не ми се допаѓа што стареам, станувам мрзлив старец, не живеам, само преживувам и патам од разни болести... Тука се чувствувам како и сите ...

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов ги награди струмичките пожарникари со по 10 илјади денари за, како што објави, неизмерната почит и благодарност кон нив. -Заедно со членовите на Советот ја надополнивме одлуката за бесплатно користење на паркинг просторите на подрачјето на Зоните А и Б за нивните приватни возила за сите вработени во ТППЕ Струмица, а со започнувањето на новиот електричен градски превоз нашите пожарникари ќе можат ...

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово ги повика косовските граѓани и дијаспората да избегнуваат транзит низ територијата на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во јавното соопштение објавено на Фејсбук, косовското МНР повика да се избегнуваат сите влезови и излези на граничните премини меѓу Косово и Србија. Повикот доаѓа по предупредувањата на така наречениот „Организациски совет за блокади“ од Србија, кој објави ...

Пожарот во Мариово никако да стивне. Огнената линија сега е проширена на преку 25 километри изјави началникот на прилепскиот кризен штаб Ирена Стерјоска Локвенец. Таа посочи дека сега најголемата грижа е пламенот да не ги зафатени селата и другите објекти и од таа причина на терен се повеќе од 150 лица. „Со огнот се опфатени околу 8000 хектари.Критично е кај селото Крушевица, загрозено е од два фронта.Таму имаме лоцирано доста екипи, таму се и ...

42-годишен скопјанец е тешко повреден откако во неговиот велосипед удрил „опел“. - На 04.09.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„1033“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(56), удрило во велосипед управуван од Љ.А.(42), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.А., констатирани во Градската општа ...

Овен Овни, на работа се појавуваат нови можности за напредување. Важно е да останете фокусирани и да не дозволите малите нешта да ве извлечат од колосек. Денеска ќе бидете во центарот на вниманието, а вашата харизма ќе привлече многу погледи. Ќе уживате во флертувањето, но внимавајте да не испраќате погрешни сигнали. Се чувствувате енергично, но не заборавајте на потребата за одмор и релаксација. Бик Бикови, денеска има стабилност на работното ...

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон се чувствува многу „посилна и поздрава“ поради лекувањето на ракот, откриваат упатени лица од кралската палата, пренесуваат локални медиуми. Извор за „Life&Style“ тврди дека Кејт Мидлтон е многу „возбудена“ што и самата ќе се врати на работа. „Таа се чувствува многу посилна и поздрава“, изјавил изворот за „Life&Style“, додавајќи дека сега ќе може уште повеќе да се посвети на својата работа, со оглед на ...

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, на ден 05.09.2024 година без електрична енергија ќе останат следните корисници: Во период од 09:00 до 10:00 часот ул. „Мишко Михајловски“ во Кисела Вода; Од 09:00 до 13:00 чasoт дел од ул. „Копачка“, општина Карпош; Од 08:00 до 11:00 часот дел од ул. „Крсто Арсенов“, дел од ул. „Добри Даскалов“ и дел од ул.„ Емин Дураку“ во општина Чаир и Од 08:00 до 15:00 чasoт дел ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вечерва, до 19:00 часот, има вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 18 се изгаснати, а активни се осум. Во скопскиот регион има два активни пожара, во општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово, каде гори нискостеблеста шума и во Општина Чучер-Сандево, кај селото Танушевци, во месноста викана „Рамно“, каде гори мешана шума. Активни пожари има и во Општина Прилеп, кај ...

Нема да дозволиме да страдаат здравствените услуги на граѓаните и најдоцна за 10-тина дена ќе го објавиме планот за санација на должничката криза во јавните здравствени установи. Можам да им гарантирам на граѓаните дека во критичните подрачја – квалитет на здравствени услуги и достапност на лекови нема да има проблеми, порача в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски и додаде дека очекува новата позитивна листа ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
5.66
54%
1020

Белград

7ᴼ/5ᴼ
4.12
85%
1021

Софија

8ᴼ/7ᴼ
5.66
68%
1019

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
8.06
44%
1016

Љубљана

8ᴼ/6ᴼ
2.06
94%
1022

Атина

21ᴼ/17ᴼ
0.89
60%
1014

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
1.54
100%
1018

Подгорица

12ᴼ/7ᴼ
5.14
58%
1018
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $