На денешниот брифинг за медиумите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, информираше за тековните активности и политики насочени кон справување со аерозагадувањето и унапредување на заштитата на животната средина, нагласувајќи ја посветеноста на институцијата кон транспарентност и отворен дијалог со јавноста. Министерот нагласи дека подготовките за новиот Закон за индустриски емисии, кој стапува на сила во 2027 ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Мајчин дом, по повод проширувањето на просторните капацитети на одделот за психофизиологија. „Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова ...

Министрите за одбрана на Италија и Франција, Гвидо Кросето и Катрин Вотран, денес изразија длабока загриженост за влошувањето на безбедносната состојба во Либан. Во заедничка изјава, Кросето и Катрин Вотран посебно посочија на неодамнешните напади во Либан врз членовите на мировната мисија на Обединетите нации. Ваквите инциденти и зголемената опасност со која се соочуваат членовите на мисијата на ОН се неприфатливи, рекоа Кросето и Катрин ...

Што кажа денеска ВМРО-ОКГ? Дека „Филипче ја уништувал СДСМ по насоки на Заев“. Лудилото нема крај, велат од опозициската СДСМ. „Дубаи, зграда од 42 спрата, Харис Џиновиќ, Венеција, Дубаи, Сент Мориц, Башановиќ, Африка, еден тон црни кампањи и јавен линч врз претседателот Филипче. Измислени афери, др Жан, Катица, Боки 13, штанцање негативни објави на 40% од медиумите на Орбан. Платформа на ВМРО за рушење на СДСМ од внатре со поединци како ...

Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во бруто износ од 2.470 денари, соопшти МВР. „Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2.470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026“, соопшти МВР. Од таму додаваат дека во наредниот период, со имплементација ...

Предавникот Христијан Мицкоски отиде кај својот пријател Виктор Орбан да се договара за Никола Груевски и нивните бизниси, обвини Јон Фрчкоски од СДСМ. „Кога оди Мицкоски кај Орбан? Во време на огромни корупциски скандали што ја тресат Унгарија пред изборите. Последниот скандал: најдобриот другар на Орбан од водоводџија станува еден од најбогатите луѓе. Како? Па преку државни тендери. Дури 14% од сите државни договори од 2010 година завршиле ...

Во основното училиште „Кузман Јосифовски -Питу“ во општина Кисела Вода се гради нова училишна спортска сала, која треба да биде завршена до почетокот на новата учебна година. Станува збор за објект со површина од 650 квадратни метри, а инвестицијата се реализира со буџетски средства во износ од 32 милиони денари. Увид во градежните работи денес извршија министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалничката Бети Стаменкоска ...

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денес го потпиша Колективниот договор за вработените во Министерството за односи меѓу заедниците, соопштија од Министерството. Со Колективниот договор се предвидува зголемувањето на платите на административните службеници да се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 година. Со договорот дополнително се уредуваат правата, обврските и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за „Аксиос“ дека продолжениот конфликт во Иран би можел да биде „многу корисен“ за Русија, но штетен за Украина. Според него, руската економија добива поттик од зголемувањето на цените на нафтата и олеснувањето на американските санкции, додека Украина би можела да се соочи со недостиг на пресретнувачи на воздушна одбрана и друго клучно оружје. Зеленски нагласи дека Украина споделила ...

Европската Унија останува цврсто со Украина и ќе продолжи да ѝ обезбедува сеопфатна поддршка, воена, финансиска, енергетска и хуманитарна, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, по нејзиното пристигнување во Киев. Калас изјави дека е „задоволна“ што е во украинската престолнина заедно со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, нагласувајќи дека секоја посета на Киев е силен ...

Поранешната одбојкарка Кајла Симонс не привлекува внимание со својата игра на теренот, таа ја напушти одбојката во минатото, но е навистина добра во објавувањето фотографии. Убавата Кајла има речиси милион следбеници на социјалните мрежи и е многу популарна. На нејзината популарност придонесоа провокативните фотографии што редовно ги објавува, а нејзините пози во бикини се вистински рај за очите. View this post on Instagram A post shared by ...

Иранската армија денес објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле дрон MQ-9 во близина на Исфахан, во централниот дел на Иран, наведувајќи дека му припаѓал на американско-израелскиот „агресивен непријател“. Службениците за односи со јавноста на иранската војска изјавија дека дронот бил пресретнат и уништен порано денес и дека тоа е 146-то беспилотно летало соборено од Иран, според соопштението, пренесува „Тасним“. Дронот ...

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Бугарија и поранешен претседател на БФС, Борислав Михајлов, почина на 63-годишна возраст, соопшти неговото семејство, пренесува БТА. Тој имаше сериозни здравствени проблеми по претрпен мозочен удар и од крајот на ноември беше хоспитализиран. Во последните недели неговата состојба беше критична, се наоѓаше во кома и не успеа да се опорави и покрај напорите на лекарите. Борислав Михајлов е ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјава. Во текот на следните два дена, Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на ...

Американската рок група „Hollywood Vampires“, составена од Алис Купер, Џо Пери, Џони Деп и Томи Хенриксен, доаѓаат во Хрватска за првпат. Како дел од нивната летна европска турнеја, тие ќе одржат концерт на 3 септември 2026 година во Пула Арена, што ќе биде нивниот единствен настап во регионот, како што објавија организаторите Nucoast Concerts и Live Nation. Претпродажбата на билети започнува во среда, 1 април, во 10 часот наутро преку ...

Фондацијата задолжена за изградба на претседателската библиотека на Доналд Трамп ги објави првите рендери на проект кој отстапува од сите претходни – тоа е висок облакодер во центарот на Мајами. Ерик Трамп, синот на претседателот и доверител на фондацијата, ги сподели плановите за библиотеката на социјалните мрежи синоќа, вклучувајќи видео кое го прикажува изгледот на зградата што треба да се изгради на земјиште купено од Miami Dade College, ...

Волк касна и повреди жена во северниот германски град Хамбург, соопшти полицијата за агенцијата ДПА доцна вчера. Полицијата го фати животното подоцна навечер во близина на пристаништето Биненалстер во центарот на градот, извлекувајќи го од водата со стапица, изјави портпаролот на полицијата. Претходно, властите добија пријави од граѓани кои го виделе волкот на тоа и на други места. Волкот е транспортиран од местото на настанот, а се очекува ...

Фондацијата „Стилијан Петров“ најави организирање на хуманитарен фудбалски натпревар, чии приходи ќе бидат наменети за поддршка на лекувањето на бугарските фудбалски ѕвезди кои се борат со онколошки заболувања – Љубослав Пенев и Петар Хубчев, како и за пациентите во онкологијата во Бургас, јавува БНР, пренесува Трибуна. „Денеска официјално сакам да го објавам Мечот на надежта, што ќе се одржи во Бургас на 6 јуни на стадионот ‘Лазур’. ...

Посивените бели алишта се чест проблем предизвикан од остатоци од детергент, бигор или пренос на боја од друга облека. Сепак, со неколку едноставни методи, можно е да се врати свежината и белината на ткаенината. Сода бикарбона е едно од најчестите решенија, се додава во машината и помага да се отстранат сивите и непријатните мириси. Алкохолниот оцет е, исто така, корисен бидејќи ги разградува наслагите од детергент и ги омекнува влакната, ...

Иранските власти изјавија дека барањата на САД во тековните преговори се неприфатливи, со пораки дека директните разговори со Вашингтон во моментов не се опција. Изјавите од иранската престолнина значително се разликуваат од оние што доаѓаат од американски извори. Дипломатски извори тврдат дека директните преговори со САД не се на дневен ред, додека портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека иранската ...

Владимир Перев 1. Никој не знае што, како, кога и што да очекува од македонскиот премиер. Последните изјави за тоа дека “Македонија може и со децении да чека за својот пат кон ЕУ“, како и за неговата (и нашата, на Македонија) решителност во бескомпромисната одбрана на “правата на Македонците во Бугарија и почитување на пресудите на ЕСПЧ“, говорат за апсолутната негова одвоеност од реалноста-прашање е дали тоа е преднамерено со цел на ...

„Мицкоски ги продава македонските национални интереси – а кај Орбан отиде за да договара враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем. Му ги исполни сите ветувања, му се оддолжи на Орбан што го чува Груевски, не задолжи 1 милијарда евра, обезбеди влез на 4iG во телекомникациите, следува влез на ќерка-фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката“, велат од СДСМ. „Го расчисти патот во ВМРО-ОКГ и ги смени сите ...

Дури и најубавите и најскапите растенија можат да почнат да страдаат без очигледна причина: листовите пожолтуваат, стеблата се виткаат, а цветањето престанува. Растенијата се дел од животниот стил, симбол на свежина и поврзаност со природата. Сепак, често се случува да почнат да се влошуваат без ние дури и да знаеме зошто. Честопати не размислуваме за фактот дека проблемот не е во водата, почвата или исхраната, туку во местото каде што го ...

Белата куќа застана во одбрана на заканата на претседателот Доналд Трамп за напад на инфраструктурата за десалинизација, клучна за обезбедување вода за пиење на Иран, додека ја минимизираше можноста бомбардирањето на такви цивилни цели да претставува воено злосторство според американскиот закон и меѓународните договори во кои САД се дел, објави „Индипендент“. На прашањето за предупредувањето на Трамп дека ќе им нареди на американските сили ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Црногорскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација. Во рамки на официјалната посета ќе ...

Дознајте како му изгледате на потенцијалниот партнер на првиот состанок, според вашиот хороскопски знак. Иако е важно да знаете дали ви се допаѓа другата личност, добро е да знаете и како вие изгледате во нивните очи. Еве што можете да покажете на тој познат прв состанок, во зависност од вашиот хороскопски знак. Овен Овните се најуспешни на првите состаноци. Тие живеат за предизвици и нови искуства, а првиот состанок спаѓа во обете ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги критикуваше Шпанија и другите сојузници на НАТО за нивната ограничена поддршка во војната со Иран, сугерирајќи дека Вашингтон може да ја преиспита алијансата по конфликтот. Рубио рече дека САД утврдиле дека Шпанија, членка на НАТО која е должна да ја брани, им го скратила на САД користењето на нејзиниот воздушен простор и ја презела заслугата за тоа, според транскриптот од изјавата за Ал Џезира ...

Ким Кардашијан одлучи да продаде на аукција исклучително редок костум од архивата на Џон Галијано од 1995 година, а сите приходи ќе одат за правна помош за жени. Бараниот дводелен костум веќе е понуден за 80 милиони долари, а Ким го носеше на медиумскиот настан All’s Fair во Лос Анџелес во октомври 2025 година, според Hypebeast. Станува збор за ретко винтиџ парче Комплетот се состои од црна ангора јакна и сатенско макси здолниште. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ја заврши војната на САД против Иран дури и ако Ормускиот теснец остане во голема мера затворен, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на претставници на администрацијата. Според „Волстрит журнал“, Трамп им рекол на своите советници дека САД треба да ги постигнат своите клучни цели – ослабување на иранската морнарица и намалување на ракетните залихи – а потоа постепено да го намалат ...

Фармерките „пеплум“ се закануваат да ги освојат улиците и се најавени како хит за пролетта 2026 година. За вкусовите не треба да се расправа, тоа е јасно, но одредени парчиња во средината на модните трендови кои повремено нè воодушевуваат или нè фрлаат во несвест дефинитивно се забележуваат бидејќи се сè што сте сакале – или не. Поминавме низ различни фази на фармерки; од тесни, популарни skinny модели кои се враќаат, до класични кои ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
57%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
70%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
44%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
72%
1014
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
5.14
58%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
42%
1017
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
40%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
46%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
40%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
80%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9138

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86

Сребро

2534.46

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Калај

52.70