Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Иако ретко ја гледаме јавно, актерката Анџелина Џоли понекогаш одвојува време да присуствува на настани организирани од нејзини блиски пријатели или соработници. #AngelinaJolie with Tom Ford Creative director Haider Ackermann in Shanghai, China pic.twitter.com/Yk1PBw7lPA — World Base (@worldbase0) March 30, 2026 Неодамна се појави на настан за модната куќа Том Форд, и го привлече вниманието на јавноста, како со својата модна комбинација, ...
Во руските напади врз северна и централна Украина загинаа две лица, а повеќе од 20 беа повредени, соопштија регионалните власти. Во областа околу градот Полтава, од паѓање на остатоци од беспилотни летала загина едно лице, беа повредени три лица и беше оштетен облакодер, изјави регионалниот гувернер Виталиј Дјакивнич на Телеграм. Во соседниот регион Дњепропетровск, од напади со беспилотни летала и артилерија загина едно лице во близина на ...
Американскиот економист Џефри Сакс ги предупреди Обединетите Арапски Емирати да не се вклучуваат во војна, посочувајќи ја непосредната опасност за Дубаи и Абу Даби, за кои вели дека се дизајнирани како туристички дестинации, а не како утврдени воени зони. Во разговор за „ANI“, Сакс тврди дека Емиратите се довеле во „апсурдна ситуација“ со тоа што се усогласиле со САД и Израел и постојано прават уште поголеми грешки. „Во основа, Дубаи и Абу ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо ја обвини претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека е во заговор со Владимир Зеленски во врска со нафтоводот „Дружба“, пренесуваат медиумите. „Госпоѓо претседателке на Европската комисија, ве прашувам многу сериозно: дали вие, целата Европска комисија, сте толку неспособни? Дали никој веќе не ве сфаќа сериозно што не можете да се согласите ниту за инспекција на три или четири лица кои ...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес изјави дека ја поддржува одлуката на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ да го откаже самитот Брдо-Бриони, нагласувајќи дека тој и онака нема место таму и дека е многу поважно да положи цвеќе во Јасеновац. Вучиќ реагираше на најавата на Милановиќ дека го откажува собирот што требаше да се одржи во мај затоа што не сака Вучиќ да учествува на него поради неговите неодамнешни изјави, пишува ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ испрати соопштение во кое наведува дека верува оти доаѓањето на претседателот Александар Вучиќ во Хрватска не е можно и затоа одлучил да го откаже состанокот од процесот Брдо-Бриони. „Република Хрватска и Република Словенија, како членки на Европската Унија, го иницираа Процесот Брдо-Бриони со цел подобрување на меѓусебната соработка и забрзување на процесот на европска интеграција на земјите од ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди. Јавниот обвинител до ...
Меѓународната невладина организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денес објави дека Иран користи забранета касетна муниција против Израел, оценувајќи дека ова може да претставува воено злосторство. Организацијата изјави дека од почетокот на војната на 28 февруари, Иран постојано користел касетна муниција против Израел, при што загинале четири цивили. ХРВ наведува дека ова оружје, предизвикало цивилни жртви и претставува трајна ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на брз крај на американско-израелската воена кампања против Иран, предупредувајќи дека ескалацијата во поширок регионален конфликт би била многу тешка за европските економии. Мерц тврди дека развојот на конфликтот во регионална војна би имал сериозни економски последици, пишува „Анадолу“. „Доколку оваа војна ескалира во голем регионален конфликт, таа би можела да ги оптовари Германија и Европа уште ...
Балистичка ракета лансирана од Иран влезе во турскиот воздушен простор пред да биде уништена од воздушно-ракетните одбранбени сили на НАТО распоредени во источниот дел на Средоземното Море, објави денес турското Министерство за одбрана. Министерството објави дека се преземаат сите потребни мерки решително и без двоумење против каква било закана насочена кон турската територија и воздушен простор, објавува Ројтерс. Инцидентот е четврт од ...
Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува да тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси, оценуваат од СДСМ. „Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските ...
Шведските обвинители денес поднесоа обвиненија против 62-годишен маж за отежнато подведување, напад и повеќекратни силувања. Тој е обвинет дека ги продавал сексуалните услуги на својата сопруга на повеќе од 120 мажи. Мажот бил уапсен кон крајот на октомври минатата година откако неговата сопруга го пријавила во полиција во северна Шведска и оттогаш е во притвор, објавува „Euronews“. Ја експлоатирал својата сопруга со години Според ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и Претседателката на Синдикалната организација при јавните обвинителства Изабела Илиева денеска го потпишаа Колективниот договор за вработените во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Ова е првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба да се гарантираат со поединечен колективен договор, кој меѓу ...
Земјите што сакаат да се приклучат кон Европската Унија повеќе не сакаат да станат побогати, како што правеа пред две децении, туку за да бидат побезбедни, со оглед на фактот дека повоениот поредок се распаѓа, а политичарите ја доведуваат во прашање сигурноста на САД. Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави за „Политико“ од Брисел дека членството во ЕУ отсекогаш им нудело стабилност и просперитет на европските земји. „Сега ...
Меѓуопштинската соработка претставува еден од клучните системски механизми за унапредување на управувањето со животната средина и за обезбедување квалитетни, ефикасни и одржливи услуги за граѓаните на локално ниво. Ова беше истакнато на консултативниот настан „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, кој се одржа денеска во Скопје, во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, присуствуваше на Свечената академија „30 години Општина Новаци“, со која беше одбележан значајниот јубилеј на општината. Во своето обраќање, министерот упати честитки по повод 30-годишнината, нагласувајќи дека „со својата работа, посветеност и визија, градоначалникот, Советот и општинската администрација ја создаваат ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со градоначалниците на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и Општина Илинден, Александар Георгиевски, за изградба на нови полициски станици во овие две општини со цел унапредување на безбедноста и подобрување на услугите кон граѓаните. Со Меморандумот се уредува начинот на меѓусебна соработка помеѓу институциите, со акцент на поефикасно ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството за јавна администрација, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата. Со Колективниот договор се предвидува зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја известува заинтересираната јавност дека започнува јавната расправа за прогласувањето на Белчишко Блато за заштитено подачје – Парк на природата. Министерството заедно во соработка со општина Дебрца, ја отвора расправата за граѓаните, претставници на граѓанскиот сектор, стручната јавност и медиумите, повикувајќи ги да земат учество по Нацрт-законот за прогласување на ...
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги коментираше растечките тензии со Иран, велејќи дека заканите на Техеран за трајна контрола на Ормутскиот теснец и воведување систем за полнење нема да бидат толерирани. „Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио. Рубио упати остри критики до иранското раководство. „Овие луѓе се луди. Тие се луди. ...
Исхраната со висок протеин добива сè поголемо внимание поради нејзината способност да ви помогне да се чувствувате сити, да ослабете и да ги подобрите вашите атлетски перформанси. Протеините се неопходни за градење и поправка на мускулите и коските, обезбедување енергија и поддршка на целокупното здравје, вклучително и здравјето на срцето. Сепак, како што забележува Американската фондација за срце, не сите извори на протеини имаат исто ...
Киев се извини на Финска откако украински дронови влегле во финскиот воздушен простор, потврди портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхиј Тихиј. На брифинг во Киев, Тихиј изјави дека дроновите летале кон Русија, но можеби скршнале кон Финска поради попречување од руски системи за електронско војување. „Можеме јасно да кажеме дека украинските дронови на никаков начин не биле насочени кон Финска. Најверојатната ...
Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за дигитално поврзување и унапредување на електронската комуникација помеѓу институциите преку софтверската платформа. Меморандумот има за цел да обезбеди побрзо, побезбедно и поефикасно водење на управните ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, вторник, ќе го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Црногорскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација. Во рамки на официјалната ...
Министерството за надворешни работи на Иран изјави дека американските предлози за завршување на конфликтот се „нереални, нелогични и прекумерни“. Портпаролот на министерството, Есмаил Багаеи, на утринската прес-конференција изјави дека ова се однесува на планот од 15 точки што САД го испратија до Иран претходно, преку посредник. Тој додаде дека сè уште „нема директни преговори“ со САД, но разговорите се водат исклучиво индиректно, ...
Директорот на Државниот архив, Димитар Богески, и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално потпишаа поединечен колективен договор кој обезбедува зголемување на платите за 7 отсто, почнувајќи од месец март, со постепена реализација во наредните три години. Овој договор претставува значаен чекор кон подобрување на статусот и условите за работа на архивистите и административниот ...
Во Кривичниот суд почна судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел сопругата Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната малолетна ќерка. На денешното рочиште сведочеше мајката на Ивана, која пред судот опиша долг период на нарушени односи во бракот и, како што посочи, страв и притисок кај нејзината ќерка. Таа наведе дека во почетокот од бракот односите биле стабилни, но со текот на ...
Украински дронови нападнаа цели во јужниот руски град Таганрог, важен центар за руските воздухопловни сили, при што загина едно лице, а осум се ранети, изјави градоначалничката Светлана Камбулова за ТАСС. Таа рече дека биле погодени бројни згради и бизниси. Градот на источниот брег на Азовското Море е дом на фабрика за авиони и две фабрики што произведуваат дронови и делови за беспилотни летала. Повеќе од 60 дронови беа пресретнати над ...
Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие ...
Утре и задутре (вторник и среда) во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. МВР спелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. Текстот Посебен режим на сообраќај утре и ...