Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако ја обезбеди поддршката од Советот на АВМУ за продолжување на својот мандат. „На денешната 26-та седница, Советот на Агенцијата одлучи во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води д-р Зоран Трајчевски“, соопштија од АВМУ. Текстот Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води ...
Градоначалникот Сотир Лукровски и Советот на Општина Карпош го изгласаа општинскиот буџет и програмите за работа за 2026 година. Советот на Општина Карпош заседаваше по шести пат, при што советниците расправаа и полноважно одлучуваа по околу триесетина точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Првенствено, мнозинска поддршка доби Предлог – Решението со кое беа именувани претседател и членови на Комисијата за изработка на Програмата за ...
ЕУ ќе мора да ја искористи 2026 година за брзо да се движи кон амбициозно вклучување на Западен Балкан и Источна Европа во своите редови, или сегашната Комисија нема да има време за тоа при крајот на својот мандат, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос. Пред празниците, Кос разговараше со бриселскиот портал Политико за годината што завршува и нејзините очекувања за следната година. „Ќе биде подобра (2026) од 2025 година“, рече ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа брифинг со претставниците на медиумите, на кој се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува здравствениот систем, како и за приоритетите во областа на здравството за претстојната година. Поконкретно тој се осврна на петте столба на кои се базира здравствениот систем, во однос на инфраструктура, нова опрема, дигитализација, законска регулатива и човечки ресурси со кои ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и отец Оливер Петровски од Хуманитарната Организација “Св. Спас”, денес ги посетија дечињата од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и децата со оштетен слух и говор од ООУ “Кузман Јосифовски-Питу“. Во рамки на посетата, им поделија новогодишни пакетчиња и им посакаа среќни празници. Градоначалничката посочи дека задоволството од ваквите средби претставува ...
Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, соопшти Министерството за здравство. По извршениот надзор за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија, Комисијата за стручен надзор има донесено заклучоци, соопштија од таму. „Врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот ...
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени. Во наредните денови следува период на ...
Учениците кои отсуствуваат од настава подолго од три недели, затоа што се на болничко лекување, можат да го продолжат образованието преку онлајн вклучување во наставата во реално време во својот клас, да ги користат доставените материјали и задачи од наставникот или пак, наставникот да организира индивидуална настава во зависност од состојбата на ученикот, по прилагодена наставна програма на таквата состојба и за тоа да се користат постојни ...
Стапката на сиромаштијата во земјава во 2024 година изнесувала 21,9 отсто, покажуваат Лаекенските индикатори за сиромаштијата пресметани од Државниот завод за статистика, што во просек е секој петти граѓанин. Податоците се добиени врз основа на Анкетата за приходите и условите за живеење, спроведена согласно препораките на Европската Унија, при што прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход. Во 2024 ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска одржа годишна прес-конференција на која ги презентираше работењето и активностите на Судот во изминатата година, како и приоритетите за 2026 година. Упати апел до Судскиот совет и до Собранието да изберат двајца нови уставни судии, со цел Уставниот суд да продолжи непречено да ја извршува својата надлежност. „Заокружуваме година во која Судот работеше ефикасно и транспарентно, во ...
Општина Аеродром изрече забрана за работа на два угостителски објекта. Инспекциските служби, по пријави од граѓаните, излегоа на терен и извршија инспекциски надзори, информираат од општината. „Констатирано е дека локалите не се придржувале до законските прописи, па затоа е донесена оваа санкција. Доколку не ги почитуваат законите и прописите за работа, ќе следуваат и кривични пријави“. Најавуваат дека инспекциските служби продолжуваат со ...
Производството на оружје и муниција во Русија, кое е многу барано како дел од украинскиот конфликт, се зголеми за повеќе од 22 пати во последните години, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин. На состанокот за државната програма за оружје, тој исто така рече дека руските воени компании ја снабдуваат армијата со целото потребно оружје и опрема, пренесува Спутник. Путин исто така изјави дека руската армија стекнува непроценливо ...
Европската Унија ја смета Украина за приоритетен кандидат за членство, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос во интервју за Политико. Според неа, проширувањето на Унијата повеќе не е само прашање на односите со кандидатите, туку и на внатрешната способност на ЕУ да одговори на предизвиците на современиот момент. „Не станува збор само за привлекување кандидати – туку и за нас: можеме ли да се справиме со предизвиците? Дали е ...
Вулканот Килауеа на Хаваите еруптирал на Бадник, при што фонтаните од лава достигнувале висина до 427 метри. Шестчасовната ерупција се одвивала во кратерот Халемаумау на Големиот остров, а била регистрирана од камерите на Американскиот геолошки завод (USGS), пренесува USA TODAY. On the first anniversary of the start of the current summit eruption (Episode 1), lava is fountaining once again at Kīlauea (Hawaiʻi ) — Episode 39 has begun! The ...
Денеска во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по вчерашната одлука на Собранието, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани. На средбата во рамки на примопредавањето беше направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда. Орхан Муртезани му посака успешен мандат на својот наследник, додека новиот ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој. На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Трукије кои традиционалнo се пријателски и значајни за двата народи. На средбата се разговараше за инвестиционата политика на Владата, ставајќи фокус на планираните инфраструктурни проекти, а се отвори и прашањето за ...
Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој еден процес, истакна премиерот Христијан Мицкоски на промовирањето на новите возила за униформираната полиција. „Би сакал да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето коишто го водат ова Министерство, за успешно завршената набавка, за успешно ...
Управата за јавни приходи во врска со најавениот протест во Куманово за ретроактивно оданочување на приходи остварени во странство, известува дека постапувајќи согласно Уставот, законите и меѓународните договори што ја обврзуваат Република Северна Македонија, има обврска да обезбеди еднаква примена на законските правила за сите граѓани. „Затоа, пред сè, сакаме јасно и недвосмислено да појасниме дека согласно Законот за данок на личен доход, ...
Намалена видливост поради појава на магла од 60 – 70 метри има на планинскиот превој Стража, до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, од 15 – 20 метри во Крушево и до 20 метри на патниот правец Бунец – Маврови Анови. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решение за воздухот во Скопје е системско решение кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на домовите на граѓаните од источниот и западниот дел на градот каде што нема мрежа за централно парно греење. Тој денес кажа дека дислокација не е проблем за Владата, но решението смета дека треба да е системско и сеопатно оти има градови во кои нема такви големи капацитети, а загадувањето е високо. „Што се ...
Денеска во просториите на Министерството за животна средина и планирање се одржа координативна средба на која покрај министерот Мухамед Хоџа, присуствуваа и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање – Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина – Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во министерството. Министерот Хоџа побара од директорката Гиновска информации во врска со ...
Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот од спроведените заеднички контроли. Во ноември 2025 година извршени се заеднички контроли со Управата за јавни приходи (УЈП) во 49 ПЗУ (33% од вкупниот број договори). Контролите, како што беше истакнато, биле извршени поради зачестени претставки од осигуреници за наплата на средства за ...
Во голема полициска акција во Истанбул, во рамки на истрага за дрога, уапсени се осум лица, меѓу кои и турската актерка Садет Езги Ејубоглу (37), соопштија надлежните институции. Ејубоглу е позната по улогата на Ајбиге Хатун во втората сезона од серијата „Сулејман Величествениот“. Садет Езги Ејубоглу во улогата на Абиге / Сулејман Величествениот Според Истанбулското јавно обвинителство, налогот за нејзино приведување е издаден поради сомнежи ...
Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со неговиот лик и име, во кои се промовираат различни производи. „Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име или ќе ја видите мојата слика покрај некој производ, а во последно време и видеа, сè е тоа злоупотреба. Ако има интервју – тоа е ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Европската Унија не треба целосно да стане независна од Соединетите Американски Држави кога станува збор за одбраната, и покрај очекувањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да преземе поголема одговорност и да вложува повеќе средства. Во интервју за германската агенција dpa, Руте истакна дека е „апсолутно уверен“ оти САД остануваат целосно посветени на ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Европската Унија не треба целосно да стане независна од Соединетите Американски Држави кога станува збор за одбраната, и покрај очекувањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да преземе поголема одговорност и да вложува повеќе средства. Во интервју за германската агенција dpa, Руте истакна дека е „апсолутно уверен“ оти САД остануваат целосно посветени на ...
Кина воведе санкции против 20 американски одбранбени компании и 10 поединци поради продажбата на оружје на Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Мерките вклучуваат замрзнување на нивниот имот во Кина и забрана за кинески организации и граѓани да соработуваат со нив, како и забрана за влез во земјата за санкционираните поединци. Меѓу погодените компании се подружница на Boeing во Сент Луис, како и Northrop Grumman ...
Кристијано Роналдо изјави дека никогаш нема да го открие идентитетот на сурогат мајката која го роди Кристијано Џуниор, неговиот прв син. Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо беше гостин во емисијата „The Jonathan Ross“, каде што зборуваше за својата фудбалска кариера, но и за некои детали од неговиот приватен живот. Во таа пригода, тој нагласи дека нема да го открие идентитетот на сурогат мајката која го роди неговиот прв син. „Никогаш не ...
Џенифер Лопез им го честиташе Божиќ на своите обожаватели со фотографија на социјалните мрежи, но објавата предизвика неочекувана бура од коментари. Наместо празничната порака и дијамантскиот прстен, вниманието го привлече нејзиниот „ајфон“, кој на фотографијата изгледаше невообичаено закривен. Фотографијата брзо собра повеќе од 1,6 милиони прегледи, а корисниците почнаа да се шегуваат дека телефонот „се претворил во банана“ или дека станува ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп како дел од напорите за прекин на руската инвазија. „Договоривме средба на највисоко ниво со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи може да се одлучат пред Нова Година“, објави Зеленски на социјалните мрежи. Украинскиот претседател ја откри најновата верзија на американскиот план за прекин на војната меѓу ...