Русија се обиде да ги уценува САД со понуда да престане да споделува воени разузнавачки информации со Иран доколку Вашингтон, пак, го сокрие тој вид информации од Украина, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека украинската воена разузнавачка служба има неоспорни докази дека Русија продолжува да доставува разузнавачки информации до Иран, но не даде докази за своите тврдења, објави Ројтерс. Зборувајќи во својот ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето гостување на РТС, зборуваше за вооружувањето на Хрватска, како и за регионалниот воен сојуз. Александар Вучиќ рече дека Германија во моментов е вклучена во трка во вооружување со САД и Кина, но дека не сака да навлегува во причините за таквата политика, според медиумите во соседството. „Дојче Веле“ е германски сервис и тие не се познати по својата објективност. Сега ги бранат Хрватите. ...

За време на редовната прес-конференција во Белата куќа, портпаролката Каролин Ливит изјави дека претседателот Доналд Трамп „сака мир во Иран“, а ако Иран не го прифати фактот дека е поразен, тој ќе се погрижи „тие да бидат погодени посилно од кога било досега“. „Претседателот Трамп не блефира и е подготвен да ги отвори портите на пеколот. Иран не треба повторно да процени погрешно“, нагласи Ливит. Портпаролката додаде дека „најновата ...

Нов земјотрес почувствуван вечерва во земјава. „Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0“. Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III ...

Ирански воен извор предупредuva дека Иран би можел да отвори дополнителни стратешки фронтови, вклучително и областа околу теснецот Баб ел-Мандеб, доколку САД и Израел преземат воена акција против иранските територии или го зголемат притисокот со поморски операции. Техеран е подготвен да одговори на секој обид за воен или економски притисок со проширување на конфликтот на нови клучни точки. „Доколку непријателот се обиде да преземе каква било ...

Денес, Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“. За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите во кои живеат студентите, при што се разговараше за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување. Од страна на Владата беше истакната посветеноста за унапредување на ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска одржа трибина во општина Кичево. На трибината се разговараше за досегашните активности на Министерството, како и за тековните и идните мерки и политики во секторот земјоделство. Посебен акцент беше ставен на директната комуникација со земјоделците со цел креирање на политики кои ќе одговараат на нивните реални потреби. „Се наоѓаме во еден земјоделски крај ...

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји и претседател на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) Кирил Дмитриев денес оцени дека Украина се обидува да ја влоши глобалната енергетска криза. „Украинското раководство се чини очајно сака да ја влоши најголемата енергетска криза во светот, дополнително забрзувајќи го енергетскиот колапс на ЕУ“, напиша Дмитриев на платформата Икс, ...

САД го потврдија испраќањето копнени сили на Блискиот Исток откако Иран го отфрли предложениот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Индепендент“. Пентагон потврди дека делови од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија, единици за логистика и поддршка и 1-та борбена бригада ќе бидат испратени во регионот. Потврдата доаѓа откако иранските власти објавија дека добиле предлог од САД за прекин на војната, но го ...

Франција покренува иницијатива за враќање на пловидбата низ Ормускиот теснец, додека се разгледува формирање на меѓународна коалиција за отворање на клучниот поморски пат. Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, ќе одржи технички видео состанок со шефовите на армиите на земјите кои сакаат да придонесат за враќање на морската пловидба во Ормускиот теснец, изјави денес неименуван француски воен ...

Министерството за образование и наука на Македонија е покровител на Регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“, што ќе се одржи на 26 и 27 март во Скопје. Настанот е коорганизиран од Регионалниот совет за соработка (RCC) и Светска банка и претставува дијалог на високо ниво кој обединува министри, раководства на универзитети, академици, истражувачи, ...

Одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на војната „не е позитивен“, изјави за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека Техеран сè уште го проучува предлогот. Функционерот вели дека одговорот на Иран е доставен до Пакистан за да се достави до Вашингтон. Иран го проучувал предлогот на САД за прекин на војната и ги смета неговите услови за прекумерни, објави иранската „Прес ТВ“, цитирајќи функционер кој рече дека Техеран ќе ја ...

„Моделот Газа“, воено разорената област меѓу Хамас и Израел, „не смее да се повтори во Либан“, изјави денес генералниот секретар на ОН, изразувајќи голема загриженост за војната на Блискиот Исток, која, според него, е „надвор од контрола“. „Низ целиот регион и пошироко, цивилите претрпуваат сериозни штети и живеат во длабока несигурност. Го видов ова за време на мојата неодамнешна посета на Либан“, изјави Антонио Гутереш пред новинарите. ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килиан Вал. Ова е прва официјална средба на државниот обвинител Савески по неговото именување на функцијата. На средбата, амбасадорот Вал му честиташе на Савески на изборот и ја понуди континуираната долгорочна поддршка на ОБСЕ за Јавното обвинителство. Оваа поддршка се надоврзува и на долгогодишната ...

Во моменти кога животот носи најтешки предизвици, нашата човечност се мери со тоа колку сме подготвени да подадеме рака. Токму затоа, водени од искрената грижа и одговорност кон нашите сограѓани, продолжуваме со конкретни мерки за поддршка на најранливите, истакнува во објава на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски, престојуваше во работна посета на Варшава, Полска. На средбата со својот домаќин, министерот Муцунски изрази задоволство од високиот степен на развој на македонско-полските односи, кои се цврсто поставени на позитивна патека, како и од искреното ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европа направила две сериозни грешки во односите со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оценувајќи дека европските лидери ја пропуштиле можноста навреме да ги препознаат политичките промени во Вашингтон. Во интервју што го даде за блогерот Марио Науфал, кое беше објавено на социјалната мрежа Икс, Орбан изјави дека првата грешка била исмејувањето на Трамп од самиот ...

Украина во текот на ноќта кон средата лансирала стотици дронови кон цели во Русија, соопшти руското Министерство за одбрана, оценувајќи дека станува збор за најсилниот украински напад со дронови од почетокот на војната во 2022 година. Вкупно 398 дронови со долг дострел биле пресретнати над различни руски региони. Нападот следува еден ден откако Русија изврши два големи напади врз Украина, при што испрати рекорден број од 950 борбени дронови. ...

Американското Министерство за одбрана соопшти дека склучило договори со одбранбената индустрија за значително зголемување на производството на ракети, ставајќи ја индустријата „во воена состојба“, поради засилената потрошувачка на муниција во конфликтот на Блискиот Исток. Во соопштението се наведува дека американските, израелските и заливските сили користат големи количини пресретнувачки ракети против иранските напади, што отвора прашања за ...

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании. Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ...

Поголеми дилетанти од СДС, Заев и Филипче нема, нека одговорат зошто ја зголемуваа акцизата три пати во нивно владеење за сега да бараат да се намали, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ. „Луѓе како Заев и Филипче, кои немаат кредибилитет и легитимитет во државата да говорат за мерки, проекти или пак да дадат совети за некоја политика, се најгласни во опозиција, а на власт кога беа повеќе крадеа него ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предизвика остри реакции во европските престолнини со својата недвосмислена поддршка за војната што Доналд Трамп ја започна против Иран. Неговите изјави доаѓаат во момент кога Европа се соочува со енергетски шок предизвикан од конфликтот, што создава дополнителни тензии во рамките на трансатлантскиот сојуз, пишува „Фајненшл тајмс“. Изјавата на Руте дека европските сојузници на крајот ќе се обединат и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на промоцијата на „Планот за професионален интегритет 2026–2028“ на Министерството за внатрешни работи, активност која се реализира во рамки на програмата на ДЦАФ за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Македонија 2021–2026. Настанот беше посветен на претставување на стратешките приоритети, институционалните обврски и конкретните мерки утврдени во новиот План, ...

Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ. (34) од Велес поради злоупотреба на лични податоци и измама при добивање на кредит или друга погодност. Според информациите, на 30 септември 2025 година, во стан во Неготино, пријавениот фотографирал лична карта на едно лице и без негова согласност, во негово име аплицирал за кредит од финансиско друштво. Кредитот бил одобрен, по што осомничениот подигнал 149.000 денари. Текстот Со ...

Министерството за дигитална трансформација и Oracle потпишаа Меморандум за соработка за развој на дигиталните вештини, обука и преквалификација на граѓаните. Преку ова партнерство, граѓаните ќе имаат пристап до повеќе од 200 часа бесплатна дигитална содржина, прилагодена за сите нивоа на знаење, што ќе овозможи стекнување на нови вештини, надградување на постојните знаења и отворање нови можности за вработување, професионален развој и ...

Денеска (26 март) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, вице-премиерот и министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и вршителот на должност шеф на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, беа промовирани новопристигнатите 17 лесни оклопни возила од типот „STRYKER“, ...

Еден од најзначајните македонски музички брендови, Љубојна годинава прославува јубилејни 25 години постоење со голем концерт кој ќе се одржи на 29 март во македонската Филхармонија, а во пресрет на концертот, групата ја претставува својата нова песна – „Врати ми ја Тишината“, во дует со Бранислав Николов. „Врати ми ја тишината“ е инспирирана од музичката тема „Танго за тројца“ во соработка и дружба со Фолтин. Видеоклипот е документиран во ...

Од утре ќе има врнежи, ветер и заладување. Ваквото време ќе се задржи и за време на викендот. Локално ќе има пообилни врнежи и силен ветер, информира УХМР. Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m2) , а ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство што оклопните возила STRYKER се веќе во земјава и најави дека ќе пристигне и дополнителна количина, со што, како што рече, значително ќе се зајакне капацитетот на македонската Армија. Тој упати благодарност до војската, војниците, старешините, генералите, Министерството за одбрана, како и до Владата, но и до стратешките партнери – САД и нивната амбасада за поддршката и логистиката. „Ова за нас ...

Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, настан што ја промовира македонската кујна, но и вкусовите од европското поднебје, со посебен акцент на локалните производители на храна. „Храната е дел од нашиот културен идентитет и начин да ја споделиме домашната традиција со другите. Со проектот „Нож и виљушка на европска чинија“ ги доближуваме македонската и европската кујна до граѓаните, а ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.74
84%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
76%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2993

Currency

37.8621

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Алуминиум

3.53

Иридиум

253540.09

Злато

152465.86

Калај

52.70

Паладиум

49351.40

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39