Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Георгина Родригез често е тема на светските медиуми поради нејзиниот атрактивен начин на облекување. Нејзините модни избори секогаш наоѓаат начин да привлечат љубопитни погледи, а со тоа и бројни текстови за нејзините раскошни облини. Поради оваа причина, свршеницата на Кристијано Роналдо мора да биде внимателна со папараците, особено со фотографиите што се појавуваат во медиумите. За среќа, нејзините лојални телохранители знаат одличен трик ...
Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на децата дека нема да дозволи злобен Дедо Мраз да се инфилтрира во Соединетите Американски Држави, учествувајќи во традиционалното божиќно следење на Дедо Мраз. За време на јавувањето од својата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида, претседателот на децата им објаснил и дека јагленот е „прекрасен“, а Дедо Мраз има „помалку ангелска природа“, пишува „Скај њуз“. Седејќи покрај божиќната елка, ...
Околу 15.340 евра се запалиле и изгореле во касата на филијала на централната банка во Горна Орјаховица, Бугарија, јауваат локалните медиуми. 86.918 евра, кои исто така биле во трезорот, ги преживеале пламените јазици. Инцидентот се случил доцна во вторник попладне. Еден постар маж решил да внесе заштеда од околу 2.045 евра на својата сметка за да можат неговите пари автоматски да се конвертираат во евра по Нова Година. Се покажало дека ...
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно со Венко Филипче поседувал и станови во тој град. Во соопштението се наведува дека тврдењата ги изнел Томе Аврамски, кој се претставува како познаник и поранешен соработник на Заев. Според партијата, Аврамски изјавил дека лично бил во Дубаи и дека од лице место ја видел изградбата на објектот, како и ...
Премиерот Христијан Мицкоски по повод Рождеството Христово – Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат празникот според грегоријанскиот календар, посакувајќи им благосостојба, духовен мир и добро здравје, како и повеќе единство, солидарност и надеж за иднината на државата. „Во мое лично име и во име на Владата на сите граѓани кои го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ според грегоријанскиот календар им го честитам ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче по повод големиот празник, Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Киро Стојанов. „На сите припадници на Католичката црква и на сите христијани кои денеска го слават ...
Џиновска секвоја што расте на имот на „Нешнал траст“ официјално е прогласена за највисоко живо божиќно дрво во светот. Дрвото е високо импресивни 44,7 метри. Засадено е уште во 1860-тите години. Овој уникатен потфат го забележал и тимот на Гиис, пишува „Би-би-си“. За да биде земена во предвид за рекордот, секвојата морала да има два вида украси. Поради тоа, дрвото било украсено со повеќе од 1.300 божиќни светилки и две огромни виолетови ...
Израел планира да инвестира 110 милијарди долари во следните десет години за да ја направи својата домашна воена индустрија понезависна, соопшти премиерот Бенјамин Нетанјаху. Говорејќи на церемонија за доделување дипломи на новообучени пилоти на воздухопловните сили, Нетанјаху изјави дека целта е да се намали зависноста на Израел од странски добавувачи на оружје, вклучувајќи и пријатели, пренесе Тајмс оф Израел. Тој ја спомена Германија, ...
Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот нагласи дека толеранцијата се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци и не важи во случаи кога е сторено кривично дело поврзано со сообраќајот. Според појаснувањето на Тошковски во гостувањето на „Телма“, за брзини до 100 километри на час ќе има ...
Меркур, планетата на комуникацијата и логичното расудување, на 1 јануари влегува во Јарец, каде што ќе престојува до 20 јануари. Оваа позиција на Меркур ќе донесе одлични вести за Јарците, Девиците и Биковите. Меркур во Јарец носи сериозен, промислен и многу практичен начин на размислување и комуникација. Мислите се насочени кон конкретни цели, долгорочни планови и реални решенија, без непотребни зборови и разубавувања. Дисциплина Лицата со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа им посака среќен Божиќ на сите, вклучувајќи ги и радикалните левичари, алудирајќи на своите демократски противници. „Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи го и радикалниот левичарски олош кој прави сè што може за да ја уништи нашата држава, но во тоа целосно потфрла“, порача републиканскиот претседател, по што ги наброја успесите на својот мандат. „Повторно нè почитуваат, можеби ...
Два резервоари за складирање нафта се запалиле во руското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај, по украински напад со дрон, соопшти денеска регионалниот штаб за вонредни состојби. Пожарот зафатил површина од околу 2.000 квадратни метри, пренесува Интерфакс. Во гаснењето учествувале 70 лица, меѓу кои и припадници на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации на Русија за Краснодарскиот крај. Footage published by Exilenova ...
Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо неодамна се присети на ситуација кога Бред Пит ги запознал неговите родители. Имено, 51-годишниот актер во интервју за списанието „Тајм“ се присети на симпатичен момент од снимањето на филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, кога Бред Пит ги запознал неговиот татко Џорџ Ди Каприо и маќеата Пеги Ен Фарар. „Мојата маќеа е следбеничка на сикизмот. Мојот татко потекнува од хипи контракултурата, израснал во Сан ...
Во објава на Инстаграм, со која очигледно се одбележуваат шест месеци од израелскиот конфликт со Иран, прес-службата на премиерот Бенјамин Нетанјаху сподели вештачки генерирано видео на бомбардер Б-2 кој прелетува над мрежа од згради во неидентификувана пустинска област. Во видеото, кое трае само неколку секунди, премиерот на Израел и претседателот на САД Доналд Трамп носат пилотски очила за сонце и накратко се погледнуваат. A message to ...
Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници – Божиќ, со кој се слави раѓањето на Исус Христос. Празникот традиционално се прославува во кругот на семејството, со молитва, богослужби и обичаи што се разликуваат од земја до земја, но носат заедничка порака на мир, надеж и заедништво. Како што налагаат обичаите, предвидено е овој ден ...
На сите кои сакаат да пакуваат подароци, овој трик со даска за пеглање и метла може многу да им користи. Празниците се период кога се купуваат и подаруваат најмногу подароци, а ако сте меѓу оние што обрнуваат посебно внимание на деталите, тогаш пакувањето сигурно ви е важен дел од процесот. View this post on Instagram A post shared by The Daily Nelly (@thedailynelly) Сепак, ако имате повеќе подароци за пакување, тоа може да стане ...
Колумнистот на Гардијан, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година, тоа сигурно ќе се случи во 2026. Тој оценува дека еуфоријата околу вештачката интелигенција е надувана со финансии од Силициумската долина, со сериозни економски и геополитички последици. Бер наведува дека ОпенАИ, компанијата зад „Чат ГПТ“, за неколку години стана еден од клучните играчи во глобалната економија, ...
Сексот не е само пријатен, туку може да има и значајни здравствени придобивки, а ефектите зависат од тоа колку често се практикува. Професорката по сексуално и репродуктивно здравје, Кајл Велингс истакнува дека редовната сексуална активност може да го подобри имунитетот, менталното здравје и здравјето на срцето. Истражувањата покажуваат дека секс еднаш до двапати неделно ја зголемува заштитата од инфекции. Според студиите, исто така, секс ...
Познатата актерка Џејми Ли Кертис откри дека направила пластична операција на 25 години и дека тоа денес го смета за една од најголемите грешки во животот. Одлуката ја донела по навредлив коментар на снимање во 1985 година, по што направила корекција на подочниците, но, како што вели, зажалила веднаш. Таа истакна дека искуството ја поттикнало да стане силен поддржувач на природниот изглед и самоприфаќањето, предупредувајќи дека естетската ...
Екстремните временски услови ја загрозуваат иднината на плантажите со какао ширум светот, што претставува сериозна закана за иднината на чоколадната индустрија. Поради тоа, научниците истражуваат други култури кои се поотпорни на климатските промени и од кои би можело да се создаде нова слатка алтернатива, пишува „Еуроњуз“. Поголемиот дел од какаото (околу 60 проценти) доаѓа од западна Африка, од влажни земји како Брегот на Слоновата Коска и ...
Русија има намера да постигне клучни промени во најновиот мировен план за завршување на војната во Украина, вклучително и построги ограничувања за вооружените сили на Украина. Ова го објавува Блумберг , повикувајќи се на извор близок до Кремљ. Според изворот на агенцијата, Русија го смета мировниот план од 20 точки како почетнa позиција за понатамошни преговори. Се наведува дека тој не содржи никакви одредби важни за Русија и не дава ...
Американското Министерство за правда соопшти дека уште околу 700.000 документи поврзани со Џефри Епстин чекаат на проверка. На прегледот работи тим од 200 аналитичари, а процесот се очекува да трае уште околу една недела. Досега се објавени приближно 750.000 записи, додека голем дел од преостанатите може да бидат дупликати, пишува „Гардијан“. Иако законот наложуваше целосно објавување до 19 декември, документите досега беа делумно објавени и ...
Вонстепениот совет на Вишиот суд во Нови Сад ја прекина кривичната постапка против поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ, неговата поранешна помошничка Анита Димоски и поранешната директорка на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ, во случајот со падот на настрешницата на железничката станица. Тие беа обвинети за тешко кривично дело предизвикување општа опасност. Во своето образложение, судот наведе дека нема ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош. Со продолжувањето на работите се прави значаен чекор кон решавање на еден од долгогодишните инфраструктурни предизвици и воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес за целото Скопје. Во ...
Од СДСМ денеска обвинија дека поднесувањето кривични пријави претставува обид за дефокусирање на јавноста од, како што наведуваат, криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштение до јавноста, од СДСМ посочуваат дека, според нив, секогаш кога владејачката партија е „фатена во криминални тендери, поскапа струја, мигранти за пари или резолуции против слободата на говор“, се користат методи за одвлекување на вниманието преку лажни вести или кривични ...
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните во пресрет на Божиќ, порачувајќи дека Украинците и четврта година по ред, среде војна од целосен обем, се заедно во одбраната на она што ги прави народ – домот, семејството, традицијата и надежта за мир. „Драги Украинци! Вечерва е многу посебна вечер – Бадник. Тоа е единствено време, исполнето со посебен дух, со своја посебна магија за секој од нас. Затоа што оваа вечер ...
Лили Ален откри дека се бори со зависност од компулсивно купување, поради што побарала стручна помош. За проблемот зборувала во подкастот Miss Me?, кој го води со пријателката од детството Миквита Оливер. Пејачката изјави дека редовно оди на терапија и смета дека коренот на зависноста е поврзан со ниското самопочитување. „Мислам дека се обидувам да се ослободам од парите затоа што мислам дека не ги заслужувам“, искрено признала. Ален користи ...
Франција започнува изградба на нов носач на авиони со нуклеарен погон, проект вреден околу 10 милијарди евра, кој треба да го замени постојниот носач Шарл де Гол, пуштен во употреба во 2001 година. Новиот брод, познат како PA-NG (Porte-Avions Nouvelle Génération), ќе биде значително поголем и помоќен и ќе стане најголемиот воен брод некогаш изграден во Европа. PA-NG ќе биде долг околу 310 метри, со депласман од 78.000 тони и капацитет за ...
Разрешувањето на министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, не е реформа. Тоа е политичка шминка. Обид да се создаде впечаток дека нешто се менува, додека суштински, ништо не се менува.Проблемот е во владата како целина, во нејзината неспособност, недостиг на визија и бегање од одговорност, се менува Муртезани ама изолацијата од ЕУ останува, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница. Таа нагласи ...