„Амазон“ (Amazon.com Inc.) инвестира дополнителни 5 милијарди долари во „Антропик“ (Anthropic PBC) и со текот на времето може да вложи уште 20 милијарди долари, договор што ги зацврстува врските во сè поконкурентната трка за вештачка интелигенција. Договорот е склучен врз основа на проценка од 350 милијарди долари, без новото финансирање, соопшти „Антропик“. Тоа укажува дека „Амазон“ преговарал поповолни услови од други инвеститори во ...

Во Брисел подготвуваат мерки за справување со енергетската криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток. Пакетот кој се очекува да го претстави Европската комисија во среда, вклучува широк спектар мерки за намалување на потрошувачката- формулирани како најбрз и најевтин начин за ограничување на зависноста од увезени горива. Според Комисијата, ваквите мерки се најбрзиот и најевтиниот начин за намалување на зависноста од увезени горива. ...

Експертската јавност препорачува Македонија да ги користи природните минерални богатства на ефикасен начин и во хармонија со еколошките, културните и природните вредности со што ќе се овозможи и создавање работни места. Ваквата констатација е наведена и во новата Стратегија за минерални суровини 2026-2046, на која работеше Македонската академија за науки и уметности, а вклучени беа и факултети, Геолошкиот завод, Здружението на рударски ...

Успехот на култниот скопски бренд Сендвичи, тостови, помфрит и препознатлив мајонез – ова е рецептот кој на скопската сендвичара „Седмица“ ѝ донесе промет од 5,3 милиони евра минатата година. Брендот кој постои од 1987 година, денес со само три локации за брза храна и еден ресторан, успева да испорача илјадници нарачки и да бележи постојан раст, пишува Pari.com.mk Раст на прометот: Ефикасност во продажбата: Профитабилност: Бруто-маржа: Иако ...

Претседателот на САД Доналд Трамп повикувајќи се на Законот за одбранбено производство на САД за да потпише серија меморандуми поврзани со енергетиката. Трамп потпиша меморандуми за синџирите за снабдување со јаглен, домашното производство на нафта, како и на проширувањето на капацитетите за транспорт, преработка и складирање на природен гас и течен природен гас (LNG), како и меморандуми за електричната мрежа и друга енергетска ...

Дозволете си професионален make-up артист да ве подготви за вашите посебни прилики. Постојат моменти кога изгледот не е само избор, туку дел од впечатокот што го оставате. Токму затоа, сè повеќе жени се одлучуваат за професионална шминка како неопходен чекор пред важни настани. Во BODY M, шминката не се сведува на трендови, туку на прецизно креиран изглед што одговара на личноста и поводот. Од суптилен дневен изглед, преку деловна ...

Од Прилепска пиварница АД Прилеп преку Македонската берза информираа дека на 16. април Друштвото се стекнало со 7 сопствени акции. -Вкупниот број сопствени акции што ги поседува Друштвото е 1.225, што претставува 3.06% од вкупниот број акции од издавачот Прилепска пиварница, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Прилепска пиварница откупи сопствени акции Реизбрани членовите на НО на Прилепска пиварница Како работела Прилепска Пиварница во првото ...

Од Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје преку Македонската берза информираа за промени во Одборот на директори (ОД). Маја Парнарџиева-Змејкова и Дијана Делимитова се именувани за независни, неизвршни членови на ОД. Во Одборот повеќе не се досегашните независни, неизвршни членови – Гоцков Ѓорѓи и Ирена Николовска. Од Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје преку Македонската берза информираа за промени во ...

Акционерското друштво за производство на електрична енергија во државна сопственост Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Скопје склучи договор за ремонтни активности во ТЕ за 2025 година – услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола), со друштвото за производство, трговија и услуги Топ стеел инг ДОО увоз-извоз Скопје. Договорот е во вредност од 61.537.826 денари или 1.000.615 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,4 милион евра склучи ЕСМ ...

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА денеска организира едукативно-креативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација“, наменет за ученици од основните училишта во Скопје. Настанот ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а целта е да се поттикнат младите да размислуваат иновативно и да креираат одржливи, зелени решенија за реални предизвици од нивната околина. На отворањето, ќе се ...

Резултатите на „Morgan Stanley“ за првиот квартал ги надминаа проценките на аналитичарите, при што тргувањето со финансиски инструменти генерираше 1 милијарда долари повеќе приходи од очекуваното, објави „CNBC“. Банката во соопштението во среда изјави дека нејзината заработка од јануари до март изнесувала 3,43 долари по акција, во споредба со очекуваните 3 долари по акција. Тоа се споредува со 4,3 милијарди долари, или 2,60 долари по акција, ...

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард изјави дека два главни фактори поврзани со војната со Иран ги отежнуваат напорите за утврдување на одговорот на монетарната политика. Должината на нарушувањето и можниот пренос на цените на енергенсите врз пошироката инфлација ја усложнуваат задачата на ЕЦБ, рече Лагард во понеделникот во Берлин. „Оваа двојна неизвесност околу траењето на шокот и обемот на преносот налага да ...

„Комерцбанк“ (Commerzbank) соопшти дека „формално ги отфрла континуираните непријателски тактики на „Уникредит“ (UniCredit)“, додека битката за преземање меѓу двете банки дополнително се заострува со остри меѓусебни пораки. „Таканаречениот предлог за реструктурирање на „Уникредит“ е шпекулативен обид за демонтажа на успешниот деловен модел на „Комерцбанк“, наместо веродостоен план за создавање вредност“, соопшти „Комерцбанк“ во изјава во ...

Сивата економија останува една од најголемите закани за формалното стопанство во државата, изјави денеска Агрон Фазлији, од Занаетчиската комора на Македонија. Занаетчиите бараат засилени мерки за нејзино сузбивање, но и воспоставување фер и рамноправни контроли на пазарот, со цел заштита на регистрираните субјекти. Од Комората укажуваат дека е неопходна континуирана и системска борба против нерегистрираната економија, која, според нив, ...

Германската енергетска компанија СЕФЕ ((Securing Energy for Europe) предложи рекапитализација до две милијарди евра за да започне процесот на приватизација, според кој државата мора да го намали својот удел во таа компанија до крајот на 2028 година. СЕФЕ претходно беше во сопственост на Гаспром, а на почетокот на војната во Украина, Германија одлучи да ја национализира таа компанија за 6,3 милијарди евра. Доколку проектот биде одобрен, ...

На Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денес, беа отворени 14-то издание на RoboMac и 6-тото издание на RoboMac Junior. За професор д-р Владимир Атанасовски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии, овој настан ја обликува иднината. Затоа што „RoboMac не е само натпревар. Тој е движење. Движење кое ја обединува енергијата на младите, знаењето на ...

На 22 април 2026 година, во хотелот Paint It Black во Гевгелија, ќе се одржи Reefer Master Class – ексклузивна двочасовна работилница посветена на најновите трендови и практики во фриго логистиката. Настанот ќе понуди и практични решенија и совети за успешно справување со клучните предизвици во синџирот на снабдување, специфични за нашиот регион и за фриго-контејнерите. Работилницата e наменета за компании што извезуваат замрзната храна, ...

Aко цената на гасот достигне 70 евра за мегават час, Италија би можела да ги реактивира термоелектраните на јаглен, изјави денеска министерот за животна средина и енергетска безбедност на земјата, Гилберто Пикето Фратин. – Доколку цените на гасот надминат 70 евра за мегават час, можеби ќе биде потребно да се реактивираат термоелектраните на јаглен – изјави Пикето Фратин пред новинарите на маргините на состанокот „Светиот грал на енергијата“ ...

Во годишниот извештај за работењето лани објавен преку Македонската берза, Гранит АД Скопје меѓу друго информира дека на органите на управување и надзор им бил исплатен бруто износ од 73.637.633 денари на име надоместоци за плата, награда и надоместок за учество во органите на управување. Кој е дел од менаџментот Во Управниот одбор (УО) на компанијата е Зоран Милковски, кој е и генерален директор. Тој е и член на УО на Стопанската комора, ...

Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток. Еврокомесарот за енергетика, Дан Јоргенсен, изјави дека Брисел ќе продолжи да ја следи состојбата со залихите на гориво и рафинериските капацитети, ќе ја координира испораката и, доколку е потребно, ќе изврши прераспределба на горивото меѓу земјите членки – слично на механизмите користени за ...

Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, и заменик-претседателката на Светската банка, Антонела Басани, потпишаа договор за техничка и експертска поддршка за воведување систем за инстант плаќања во земјата, соопшти Народна банка. Со поддршка на Светска банка се интензивираат активностите за приклучување кон СЕПА и за вклучување на домашните банки во шемата за кредитни трансфери, што треба да овозможи побрзи и поевтини прекугранични ...

Во секојдневниот живот, многу граѓани имаат потреба од помош во домаќинството - за чистење, грижа за деца или стари лица, како и за мали поправки во заеднички простории, станбени згради или основно одржување. Досега, ваквите ангажмани често се одвиваа неформално, без јасни правила, без заштита и со одреден ризик за вас, но и за лицето што работи. Со Законот за работно ангажирање на лица се овозможува едноставно и практично решение за овие ...

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) започнаа разговори со Соединетите Американски Држави за можноста за добивање финансиска поддршка во случај војната со Иран да предизвика огромна штета на нивната економија и позиција како глобален финансиски центар, пишува „Волстрит џурнал“. Поради конфликтот, нафтената и гасната инфраструктура на Емиратите е оштетена, а продажбата на нафта на танкери преку Ормускиот теснец е спречена, лишувајќи ја земјата од ...

Возачите на автомобили и лицата кои се возат со нив, знаат колку е нервозно да се биде во автомобил кој нема исправен клима уред. Токму затоа за да излезе во престер на сите битолчани, специјализираниот сервис за одржување и поправка на авто клими, “Плинмонт“, набави нови машини, за што велат: -За да им излеземе во престер на нашите муштерии од Битола и од околните градови, и да не се задржуваат по горештините во сервисот подолго работиме ...

Прецизна дијагностика со најновиот “CT Siemens SOMATOM go.Up“, јасни снимки за неколку минути, со минимална доза на зрачење. Безболно. Брзо. Прецизно. НАЈНОВИ КТ-МЕТОДИ -КТ Остеодензитометрија (QCT) Прецизно мерење на густината на коските и рано откривање на остеопороза – идеално кај пациенти со дегенеративни промени или хронични болки во грбот. -КТ Калциум Скор (Calcium Score) Најсигурна неинвазивна проценка на калциумските наслаги во ...

Американските берзи го завршија тргувањето со нови историски резултати, при што водечките индекси повторно се искачија на рекордни нивоа. Сепак, зад оптимизмот стои и доза на претпазливост кај инвеститорите, кои внимателно ги следат геополитичките случувања и корпоративните извештаи. Индексот „Dow Jones“ забележа умерен раст, додека „S&P 500“ и „Nasdaq“ продолжија да поставуваат нови рекорди, поттикнати од подобрите очекувања за ...

На престојното Собрание на акционери на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје една од предлог одлуките е и исплата на дивиденда, информираа од таму преку Македонската берза. За таа намена се предвидени 211.296.969 денари бруто. Висината на дивидендата по акција е 387 денари бруто. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2025 година е 01.06 2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Реизбрани членови на НО на Уни Банка Милка Тодорова, ...

Во годишниот извештај за минатата година објавен преку Македонската берза, Лотарија на Македонија АД Скопје ја објави и платата на генералната директорка, Мирјана Настовска Митрова, податок кој го објавуваат мал број на друштва кои котираат на Берзата. Таа согласно менаџерскиот договор лани имала годишна бруто плата од 1.279.564 денари. На членовите на Одборот на директори на Друштвото, пак им бил исплатен бруто износ од 1.223.988 денари. ...

Профитот на „Ericsson AB“ во првиот квартал ги надмина проценките на аналитичарите, бидејќи шведската компанија се бореше со слаб пазар на телекомуникациска опрема и зголемување на цените на чиповите, делумно поради порастот на вештачката интелигенција, објави „Bloomberg“. Прилагодената заработка пред камати, даноци, амортизација и депрецијација (EBITDA) падна за 20% на 5,6 милијарди круни (610 милиони долари), што е намалување во однос на ...

Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32% споредбено со истиот период минатата година, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. „За оваа година од понудените преку 390.000 нови седишта, поради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6.000 седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.82
72%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.3
68%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.42
55%
1019
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.9
63%
1017
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
0.21
83%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.24
43%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
0.77
54%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.62
49%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
1.34
60%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.34
48%
1018
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
3.93
71%
1014
Currency

61.645

Currency

54.2602

Currency

71.4521

Currency

37.4353

Currency

38.1257

Currency

66.8954

Currency

7.98987

Currency

0.72438

Currency

0.33549

Currency

0.52535

Currency

1.1664

Currency

0.57548

Иридиум

234700.45

Родиум

255598.44

Цинк

0.00

Алуминиум

3.21

Кобалт

45.39

Паладиум

38613.05

Сребро

1971.82

Злато

131223.80

Рутениум

49029.89

Калај

52.14

Бакар

12.33

Платина

52534.32