Владата за четиригодишен мандат треба да врати 6 милјарди евра, долгови кои ги земала владата на СДСМ и ДУИ. Само наредната година државата треба да врати долгови заедно со буџетскиот дефицит околу 2,2 милијарди евра. Но, криза нема да има, ликвидноста е обезбедена, очекуваме не само да ги постигнеме приходите, туку и ќе ги надминеме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Каква е структурата: 700 милиони евра е еврообврзница, којашто ...

Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари (околу 635.000 евра) кон 663 оризопроизводители, соопшти Министерството за земјоделство. – Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупни центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта – целат од Министерството. Оттаму додаваат дека ...

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет по основ на даноци и придонеси се собрани 3,97 милијарди евра што е повеќе за 268 милиони евра во однос на истиот период лани, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова. Како што информира Петрова, има пораст на приходите од даноци за 6,5% и пораст кај придонесите за 8,7% во однос на истиот период минатата година. -Трендови на пораст во однос на лани има и во ...

Со рекордни деловни резултати, значајно зголемени инвестиции и јасна стратегиска насока за идниот период, EOS Матрих Македонија ја заокружува 2025 година како најуспешна во своето работење. Во услови на зголемена динамика на секундарниот пазар на нефункционални пласмани и засилени регулаторни барања, компанијата дополнително ја зацврсти својата лидерска позиција, како еден од клучните чинители во управувањето со побарувањата и поддршката на ...

Три нови странски инвестиции во вредност од 110 до 120 милиони евра, кои ќе отворат повеќе од 1.500 нови работни места, најави премиерот Христијан Мицкоски. Инвестициите ќе бидат во автомобилската индустрија, високите технологии и фармацијата, со локации во Тетово и во индустриските зони во Скопје, а инвеститорите се од Германија, Турција и од Грција. – Веќе сме во фаза на потврда и конфирмација на три многу важни странски инвестиции. Едната ...

Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот друштвото за услуги МГФ Инвестмент ДООЕЛ Скопје се стекнал со дополнителни 7.000 обични акции и сега поседува вкупно 70.220 обични акции, односно 15,53% од вкупниот број на обични акции издадени од Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ М.Г. Фешн излегува од Македонијатурист Чезакомерц купи нови 988 акции на Македонијатурист Ацо Дудулоски нов претседател на Управниот ...

Следната година конечно ќе стартува проектот за е-фактура, а подготовките на даночните власти за воведување на системот се одвиваат според планот. Веќе на почетокот на следниот месец ќе бидат објавени апликативниот програмски интерфејс (API-Application Programming Interface) за компаниите и техничката спецификација за софтверот и ќе почне нивното тестирање. До 31 март 2026 година треба да биде објавена и клиентската апликација, која ќе биде ...

Празничниот дух веќе се чувствува а Рамстор Мол и оваа година е централната дестинација за сите кои сакаат да ја пречекаат Новата година со стил. Без разлика дали сте во потрага по совршениот изглед за празничната вечер или сакате да ги изненадите вашите најблиски со уникатен подарок, нашите продавници нудат врвна селекција на светски брендови, сега со атрактивни празнични попусти. Италијански шик и ново освежување на модната сцена За прв ...

Апелациониот суд во Антверпен, Белгија, наметна парична санкција од 25.000 евра на еден бранител поради „злоупотреба на правна постапка преку несоодветна употреба на вештачката интелигенција“. Во објаснувањето на одлуката се потенцира дека адвокатот е парично казнет бидејќи до судот доставил приговори генерирани од вештачка интелигенција, кои биле „апсолутно бесмислени“. „Тие беа некохерентни, целосно ирелевантни и содржеа неважни аргументи, ...

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ќе и го префрли на албанската Влада сопствеништвото на „Ербас А319‑115J“, модифициран авион, вреден 11,9 милиони долари, согласно билатерален договор за грант, како дел од напорите за зајакнување на дипломатските и економските врски меѓу двете земји. „Според договорот објавен денеска во Службен весник, авионот, регистриран како TC-GVC со сериски број 1002 и произведен во февруари 2000 ...

Борбата за стандардот и намалувањето на невработените лица на оваа Влада ѝ е еден од главните приоритети. Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска, со вредност од околу 110 до 120 милиони евра што ќе донесат повеќе од 1.500 нови вработувања, информираше попладнево премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. – Веќе сме во фаза на потврда и конфирмација на три ...

Нафтениот гигант „BP“ се согласи да продаде мнозински удел во својата дивизија за мазива „Castrol“ на американската инвестициска фирма „Stonepeak Partners“ за околу 6 милијарди долари. Британската нафтена компанија ќе се откаже од 65% удел, задржувајќи го остатокот преку заедничко вложување, соопшти компанијата во средата. Иако договорот е значаен дел од планот за раздвојување на средствата на „BP“ вреден 20 милијарди долари, првично се ...

Станува збор за потенцијално интересна, но многу специфична апликација која овозможува каналите што се достапни преку YouTube да се консумираат како подкасти и на тој начин да се овозможи слушање во позадина и да се избегне постојано гледање во екранот. YouCaster е апликација за паметни телефони со многу специфична намена и најмногу ќе им се допадне на оние кои инаку уживаат во подкасти и на сличен начин би сакале да уживаат и во содржините ...

Цената на бакарот достигна нов историски максимум од над 12.000 долари за тон, а според анализата на Bloomberg тоа се должи на сериозните прекини во работата на рудниците и трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Во вторникот бакарот поскапе за 1% на 12.044 долари за тон на Лондонската берза за метали (LME), продолжувајќи го растот на цената на металот за повеќе од една третина од почетокот на годината. Можноста Трамп ...

Постои една тивка, непишана зона во секое работно место – простор меѓу искреноста и професионалната мудрост. Не е цензура, ниту глума, туку инстинкт што се гради со години. Искусните вработени знаат дека не секоја вистина треба директно да се каже на шефот. Не затоа што се плашат, туку затоа што разбираат како функционира хиерархијата, суетата и одговорноста. „Не е проблемот во тоа што го кажуваш, туку кога, како и зошто го кажуваш“, вели ...

Google воведува опција за промена на Gmail адресата со задржување на налогот и историјата, но со ограничување од три нови адреси. Многу корисници во регионот пред повеќе од десет години отвораа Gmail налози користејќи телефонски броеви, датуми на раѓање или дури имиња на поранешни партнери. Денес, таквите е-мејл адреси може да бидат непријатни за споделување, а досега единственото решение беше отворање целосно нов налог. Google сега ги менува ...

Околу 30.000 лева се самозапалија и изгореа во касата на филијалата на централната банка во Горна Ораховица. 170.000 лева, кои сè уште беа во благајната, го преживеаја пламенот, објави бугарскиот медиум 24 часа. Инцидентот се случи кога постар маж отишол во банката да уплати заштеди од околу 4.000 лева (околу 2.050 евра), со намера парите автоматски да се конвертираат во евра по Нова година. Подоцна се дозна дека парите биле чувани во плакар ...

Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД (OFAC) издаде нова лиценца на Нафтената индустрија на Србија (NIS), која овозможува преговори за продажба на рускиот удел со продолжен рок до 24 март, но во исто време не ѝ одобри на NIS да работи во тој период, објавија српските медиуми. Како резултат на американските санкции, рафинеријата NIS не може да прима сурова нафта од 9 октомври, кога САД и таа ...

Од Македонската берза информираа дека Фабрика Карпош АД Скопје е ставена на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација. -Внесување на друштвото Фабрика Карпош АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавената намера за давање понуда за преземање на Друштвото, велат од таму. Друштвото сака целосно да го ...

На 23. декември 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, информираа од таму. На седницата биле разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. „Во третиот квартал од 2025 година, растот на економската активност ...

Регрес за годишен одмор, тринаесетта плата, бонус за успешност, корпоративни награди... декември е месец кога вработените во фирмите, особено оние што работат успешно, добиваат од работодавците новогодишна „честитка“ чиј износ зависи од тоа дали сте обичен вработен или висок менаџер што може да добие бонус во износ поголем и од неговата годишна плата. Дали и каде ги инвестираат македонските граѓани овие екстра-приливи? Повторно, зависи дали ...

Многу пати во бизнисот се случува по состанок да излезете со чувство дека „нешто не беше во ред“, иако зборовите звучеле коректно, па дури и охрабрувачки. Токму тука влегува говорот на телото – оној тивок, но исклучително гласен дел од комуникацијата што често кажува повеќе од секоја реченица. Истражувањата со години укажуваат дека невербалната комуникација носи огромен дел од пораката – некои велат половина, некои дури и до 90 проценти – и ...

„Harman International“, во сопственост на „Samsung“, го купува бизнисот за напредна помош на возачи на германската „ZF“ Групација за 1,5 милијарди евра во обид да се прошири во секторот за автомобилска електроника. Договорот ќе ѝ даде на најголемата технолошка група во Јужна Кореја водечка позиција во производството на паметни камери за автомобили, а истовремено ќе ѝ даде пристап до компјутерските операции на „ZF“. „Samsung“, кој го купи ...

НЛБ Банка ја заокружува јубилејната година со најголемиот исчекор во дигитализацијата на своите услуги и официјално станува првата „mobile first“ банка на пазарот, овозможувајќи сеопфатно дигитално искуство преку мобилен телефон. Со пораката Што ако можеш сè?, во изминатава година, НЛБ Банка ја градеше својата позиција на поддршка на амбициите и можностите на клиентите. Денес, таа порака ја добива својата најсилна завршница. Сега можеш сè! е ...

Бизнис Зголемен број на рекламации директно кај давателите на поштенски услуги 24.12.2025 На македонскиот пазар моментно работат 29 правни лица за поштенски услуги од кои 28 со општо овластување за поштенски услуги и АД Пошта на Македонија како државна компанија со индивидуална дозвола за обезбедување универзална услуга. Од 28-те даватели на услуги 12 работат со меѓународни услуги, три се со лиценци за домашни услуги, а 12 се локални ...

Народна банка нема да ја промени поставеноста на монетарната политика и следната година. Таа ќе остане внимателна, но ја менува оперативна монетарна рамка, со којашто се обезбедува висока усогласеност со практиките на развиените централни банки и зајакнување на сигналниот ефект на монетарната политика, соопшти денеска гувернерот на Народна банка Трајко Славески на прес -конференција на која ги соопшти последните одлуки на советот на ...

Промената на работното место речиси секогаш доаѓа со мешавина од возбуда и тивка вознемиреност. Ново биро, нови лица, нови правила што никој експлицитно не ги кажува, а сите ги знаат… Првите денови често се чувствуваат како да си дојден на туѓа свадба – седиш, се насмевнуваш, климаш со глава и се обидуваш да не погрешиш нешто за да не оставиш лош прв впечаток. Психолозите велат дека тој притисок е нормален и дека адаптацијата не е прашање на ...

Видеолотарија Касинос Австрија, како членка на Европската и Светската асоцијација на лотарии, и годинава ја поддржа кампањата за одговорно дарување со цел зголемување на јавната свест за ризиците од вклучување на лица под 18 години во игрите на среќа. Кампањата ја организираат Националниот совет за проблеми со коцкање (NCPG) и Меѓународниот центар за младински проблеми со компулсивно играње и проблематични навики на Универзитетот Мек Гил. ...

Европската комисија дозволи поголема државна помош за енергетски интензивните индустрии за да ги одврати компаниите од преселување во странство, а секторите што веќе добиваат поддршка, како што се челичната и хемиската индустрија, исто така ќе имаат право на поголема државна помош, објави Европската комисија. Kомисија денеска усвои амандман на Упатствата за државна помош во рамките на Системот за трговија со емисии на стакленички гасови ...

Малите лични ритуали и верувања се важен дел од искуството на играчите на игрите на среќа на Државна лотарија, покажуваат нивните навики и приказни што со години се повторуваат. Од Државна лотарија велат дека игрите на среќа одамна ја надминале улогата на обична можност за добивка и станале дел од секојдневието на многу граѓани – како момент на забава, надеж и исчекување. – Игрите на среќа за многу луѓе претставуваат кратка пауза од ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
5.14
67%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
4.12
60%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.3
89%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
3.09
78%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.89
74%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
72%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
49%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
86%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Калај

43.91

Платина

61858.04

Родиум

358480.82

Бакар

10.65

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86