Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
АЛТА Банка АД Битола, во рамки на својата определба за општествена одговорност и поддршка на иницијативи кои создаваат позитивна вредност за заедницата, го поддржа детскиот духовно-образовен камп „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрила на молитвата“, кој се одржува од 22 до 29 јуни во Охрид. Поддршката на Банката е насочена кон реализација на активностите во рамки на кампот, како и кон обезбедување практични летни подароци за ...
Вработен во спортска обложувалница во Аеродром синоќа пријавил физички напад на неговото работно место. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(18) од Скопје пријавил дека околу 22:40 часот на неговото работно место во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од А.Љ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вработен во спортска обложувалница во ...
Пеце Милевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, постави три прашања до претседателот на Владата, кои се однесуваа на мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните и цените на нафтените деривати, реализацијата на Реформската агенда, како и на економските политики. „Дали Владата ќе продолжи да интервенира во намалување на цената на нафтата и нафтените деривати, за граѓаните да не се ...
На булеварот „Киро Глигоров“ во правец од Автокоманда кон Аеродром, пред семафорите кај ритејл паркот „Годи“, камион натоварен со големо градежно возило се заглави под подвозникот. Според видеото кое може да го видите подолу, камионот застанал веднаш штом влегол под мостот, по што застанал поради висината на градежното возило кое очигледно е повисоко од пропишаните димензии кои се предвидени за влез во овој подвозен булевар. На булеварот ...
Соседна држава шири информации и лобира Европската Унија да не и помага финансиски на Македонија и да и ги скрати сите фондови, со цел земјава да дојде пред банкрот и да биде приморана да ги прифати сите барања, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој од собраниската говорница посочи дека ваквите сознанија произлегуваат од мултилатерални и билатерални средби, но не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири оваа теза. ...
Илјадници млади ја напуштаат Македонија, но дел од јавноста се спротивставува на решенијата кои ќе им овозможат тие да останат во државата. Раселувањето, стареењето и концентрацијата на жителите во еден дел на државата ги потврдува и Националната развојна стратегија 2024-2044 година. Владини претставници исто така неодамна потврдија дека Македонија се соочува со „сериозен проблем на полето на демографијата“, па затоа треба да се прават ...
Градската организација на Либерално-демократската партија – Скопје бара брза реакција од Зоолошката градина, Град Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и сите надлежни институции, по последната случка во саботата, со бегство на бели волци од кафезот кои изеле 4 кенгури и неколку ему птици. Оттаму потсетуваат дека Зоолошката градина ја следат несреќни случаи уште од почетокот на мандатот на претходната градоначалничка Данела Арсовска. ...
Нови лекови на позитивна листа од јули, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на брифинг со новинарите. – Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин, и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. Генерално, за неколку различни популации. Да кажеме од акутни случаи, постоперативно, за спречување на коагулации после тешки интервенции. На пример после замена на колк, се користат ...
„Тоа кое што е важно е да се каже дека голема е разликата, како ние ја амортизиравме кризата и како голем дел од соседите ја амортизира кризата. Се согласувам дека беше историски најголема, се согласувам дека ефектите и резултатите беа жестоки и се согласувам дека кај нас овие 3 ипол месеци поминаа би рекол многу едноставно, бидејќи ние во ниту еден момент не создадовме паника, не очајуваме, не правевме панични прес-конференции, туку напротив ...
Барселона ја освои Лигата на шампионите и само неколку дена подоцна обезбеди многу важно засилување. Словенецот Блаж Јанц го продолжи договорот со клубот од Каталонија до 2030 година. Тоа значи дека ‘рбетот на тимот ќе остане, бидејќи пивотменот Лудовик Фабрегас, исто така, го продолжи договорот за уште четири години, додека францускиот бек Тимоти Енгесан го продолжи договорот до 2029 година. Јанц ја почна својата кариера во Цеље, каде што ...
„Во време на брзи геополитички промени, во свет кој рапидно се менува, повеќе од потребно е да ги разбереме овие промени и да најдеме начин да се прилагодиме на нив, затоа што безбедноста – наша и на сите граѓани на Алијансата е приоритет за одбраната“, рече заменикот министер за одбрана Адмир Шабани денеска (26 јуни) на отворањето на третата меѓународна научна конференција „MILCON 26“, организирана од Воената академија. Заменикот министер ...
Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (25 јуни 2026 г.) од 22:50 часот на МРТ 1 Во ова издание на емисијата донесуваме: – шест операциони сали на хируршките клиники, промовирани пред три месеци како комплетно реновирани, сè уште не функционираат – зошто; слично е и со реконструкцијата на КАРИЛ; – во екот на тезите дека македонскиот идентитет е загрозен, Законот за македонскиот јазик никако да ...
За одлуката на Уставниот суд да ја укине Одлуката на Совет на Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година, за преименување на имињата на улиците, плоштадите, мостовите и други објекти во градот и барањето за „дејугословенизација“ на топонимите, пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче порача дека премиерот Христијан Мицкоски и Владата треба да ги поканите општините и градоначалниците и да покренат иницијатива. Според Снопче, ...
Охрид, 25. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на селото Елшани и годинава апелираат до надлежните да се скрати и уреди високата трева околу пристапниот пат до селото. Високата трева го прави патот непрегледен и претставува потенцијална опасност за учесниците во сообраќајот. Жителите на селото бараат да се среди патпт, како што доликува во летен период, и во место каде постојано живеат над 1.500 луѓе. – Патот за Елшани е непокосен и непрегледен, ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави почеток на преговори за нов колективен договор и зголемување на платите во Армијата, нагласувајќи дека Владата веќе ги сервисира обврските наследени од минатото. – Од понеделник ќе започнеме со нов колективен договор, од следна година ќе се зголемат платите од Армијата, ќе се зголеми бодот и од наредните години со буџетот ќе има процентуално зголемување за Армијата. Од понеделник ќе седнеме ...
„Соседна држава на Македонија шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за Македонија, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски сознанија од мултилатерални и билатерални средби, без ...
Борбата против корупцијата е меѓу клучните приоритети во процесот на пристапување на Македонија во Европската унија, но таа не може да се води изолирано, туку бара координирано учество на сите општествени чинители, беше порача на денешната конференција „Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка“, организирана од М6 Едукативниот центар, пренесе МИА. Францускиот амбасадор во земјава, Кристоф ле Риголер, истакна дека ...
Вчера во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко. Претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По налог на јавен ...
Опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери за кои плаќа да ги сликаат голи очигледно е во сферата на невроспихологијата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во реплика до премеирот Христијан Мицкоски. „Во однос на последниот дел, оваа ваша опсесија со поранешни функционери коишто плаќате да ги сликаат голи на плажа, ја веќе не можам да ја разберам. Очигледно дека е во сферата на некоја невропсихологија”, рече Филипче. Претходно, ...
Добивај вести на Viber Системот „One Stop Shop“ наскоро ќе биде операционализиран и на граничните премини Ќафасан, Блаце и Свети Наум, одговори заменик претседателот на Владата Беким Сали, на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли, која побара ставање во функција на системот за заеднички гранични контроли на преминот Блаце Дебар. Според заменик претседателот на Владата, Сали, одржувањето на добри односи со соседите е една на ...
Иронија, сарказам, обвинувања за предавство и закани со затвор од едната страна и психолошки дијагнози од другата на собраниската седница за пратенички прашања. Лидерот на опозицијата Венко Филипче обвини дека за две години власт, владата не исполнила ниту едно од ветувањата, граѓаните осиромашуваат, буџетот е во колапс, платите растат побавно од инфлацијата, а јавниот долг расте. Обвини и за закочени евроинтеграции и оти лошата состојба ...
Сериозен инцидент се случил во Зоолошката градина во Скопје, откако белите волци наводно избегале од своето живеалиште и усмртиле неколку животни и птици, објави порталот Петс.мк, а пренесе Скопје1.мк. Според првичните информации објавени од медиумите, настанот се случил во саботата, во текот на денот. „Според информациите објавени од медиумот, инцидентот се случил во саботата, кога белите волци наводно успеале да ископаат дупка под ...
Граѓаните си одат од државата оти ве гледаат како уживате на јахтите во Паљури, а не сте в затвор, му рече премиерот Христијан Мицкоски на пратеникот и лидер на опозицијата Венко Филипче на денашната собраниска седница за пратенички прашања. Претходно, Филипче од собраниската говорница рече дека Владата предводена од Мицкоски изминативе две години не направила ништо, а на граѓаните им ветуваше мед и млеко. „Ветувавте повисок животен стандард, ...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“ , „Кеј Македонија“, „Серафим Китаноски“, „Ванчо Николески“,„Кузман Јосифоски Питу“, дел од „Јане Сандански“ , дел од бул.„Туристичка“, „Климент Охридски“ , „Цар Самоил“ , „Самоилова“ , „Коста Абраш“, дел од „Илинденска“, „Петар Чаулев“ , „11ти Октомври“ , и „Климентска“ . ...
На судењето за пожарот во диското „Пулс” на 16 март 2025 со 63 жртви, денеска се изнесуваат материјалните докази против обвинетите од Министерството за економија кои од 2012 до март 2024 без проблем ѝ давале лиценци на дискотеката како за кабаре, иако не исполнувала ни минимум услови. Обвинителката Наташа Сарамандова цело време беше прекинувана од обвинетите и од нивните адвокати. Жестоки дуели имаше во судницата како реакција на нејзиното ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со полковникот Даниел Сквајерс, кој ја завршува својата функција како одбранбено аташе на Соединетите Американски Држави. Благодарност за интензивната соработка и посветеноста кон развојот на македонско-американските одбранбени односи до полковникот Даниел Сквајерс, кој ја завршува својата функција како одбранбено аташе на Соединетите Американски Држави, објави министерот за одбрана Владо ...
Целата јавност во Општина Кочани ја прават идиоти, рече Филип Цветанов независен советник во Советот на Општина Кочани. -Во јуни КП „Водовод“ склучило два договори со фирмата ДК Универзал во вредност од над 50.000 евра. Проблемот е што оваа компанија е со дејност-послужување храна. Освен тоа во моментот кога фирмата победила на тендерите е со блокирана сметка. Како оваа фирма ги исполнува условите да учествува на тендерска постапка и како ...
Ребалансот на Буџетот повторно ја отвори дебатата за начинот на кој се трошат јавните пари и за ефектите што тие ги имаат врз економскиот раст. Економистите предупредуваат дека зголемувањето на расходите само по себе не гарантира подобри економски резултати доколку не е проследено со повисока реализација на капиталните инвестиции и реформи кои ќе ја зголемат продуктивноста на економијата. Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски за ...
Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. Ова беше една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упати на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата за стручно усовршување на административните ...
Синоќа околу 20:50 часот било пријавено дека во селото настанал пожар кој се проширил на околната вегетација, а целосно изгорело и едно патничко возило. На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. Во пожарот нема повредени лица. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово, а се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот. Синоќа ...