Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Денеска (25.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со Џон Гоутанис, висок функционер во Американскиот Оддел за внатрешна безбедност и заменик потсекретар на Канцеларијата за стратегија, политика и планови. Во конструктивна и пријателска атмосфера беше разговарано за продлабочување на билатералната соработка, особено во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји. Соговорниците ја нагласија важноста од ...
Кога Христијан Мицкоски нема одговори и нема резултати, стандардно се враќа на она што најдобро го знае – закани, напади и дефокус од реалните проблеми. Од собраниската говорница, Мицкоски повторно го спомена Харис Џиновиќ и Дубаи, и му се закани на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека „кога граѓаните ќе ве видат зад решетки“, се вели во реакцијата од СДСМ на одговорот на пратенички прашања на премиерот Христијан Мицкоски. Ова е веќе ...
Факти и документи кои денес ќе ги покажеме јавно, вака во најава за денешниоѕ протест пишуваат некогаш вработените со договори на дело, на Детската клиника кои останаа без нови договори за работа. Од Министерството велат уште правеле анализа за состојбата на кадарот по што ќе излезеле со решенија за потребите од евентуално нов кадар. Факти и документи кои денес ќе ги покажеме јавно, вака во најава за денешниоѕ протест пишуваат некогаш ...
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната седница за пратенички прашања побара одговори од министерот за одбрана Владо Мисајловски за сериозни недоследности и сомнежи во работењето на Министерството за одбрана. Петровска побара одговор зошто по две години мандат нема зголемување на основните плати за вработените во Министерството за одбрана и Армијата, зошто со ребалнсот се кратат пари за министерството. Воедно, Петровска ...
Коалицијата „Менуваме“ и луѓето со попреченост попладнево излегуваат на протест пред Министерството за социјална политика, демографија и млади. Бараат повеќе лични асистенти и редовна исплата на надоместоците. Протестот се организира под мотото – „За достоинствен живот, не бараме привилегии, туку еднакви можности“. Намалувањето на часовите за лична асистенција, нередовните исплати на паричните надоместоци, доцнењата во финансиската поддршка, ...
АЛТА Банка АД Битола, во рамки на својата определба за општествена одговорност и поддршка на иницијативи кои создаваат позитивна вредност за заедницата, го поддржа детскиот духовно-образовен камп „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрила на молитвата“, кој се одржува од 22 до 29 јуни во Охрид. Поддршката на Банката е насочена кон реализација на активностите во рамки на кампот, како и кон обезбедување практични летни подароци за ...
Вработен во спортска обложувалница во Аеродром синоќа пријавил физички напад на неговото работно место. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(18) од Скопје пријавил дека околу 22:40 часот на неговото работно место во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од А.Љ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вработен во спортска обложувалница во ...
Пеце Милевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, постави три прашања до претседателот на Владата, кои се однесуваа на мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните и цените на нафтените деривати, реализацијата на Реформската агенда, како и на економските политики. „Дали Владата ќе продолжи да интервенира во намалување на цената на нафтата и нафтените деривати, за граѓаните да не се ...
На булеварот „Киро Глигоров“ во правец од Автокоманда кон Аеродром, пред семафорите кај ритејл паркот „Годи“, камион натоварен со големо градежно возило се заглави под подвозникот. Според видеото кое може да го видите подолу, камионот застанал веднаш штом влегол под мостот, по што застанал поради висината на градежното возило кое очигледно е повисоко од пропишаните димензии кои се предвидени за влез во овој подвозен булевар. На булеварот ...
Соседна држава шири информации и лобира Европската Унија да не и помага финансиски на Македонија и да и ги скрати сите фондови, со цел земјава да дојде пред банкрот и да биде приморана да ги прифати сите барања, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој од собраниската говорница посочи дека ваквите сознанија произлегуваат од мултилатерални и билатерални средби, но не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири оваа теза. ...
Илјадници млади ја напуштаат Македонија, но дел од јавноста се спротивставува на решенијата кои ќе им овозможат тие да останат во државата. Раселувањето, стареењето и концентрацијата на жителите во еден дел на државата ги потврдува и Националната развојна стратегија 2024-2044 година. Владини претставници исто така неодамна потврдија дека Македонија се соочува со „сериозен проблем на полето на демографијата“, па затоа треба да се прават ...
Градската организација на Либерално-демократската партија – Скопје бара брза реакција од Зоолошката градина, Град Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и сите надлежни институции, по последната случка во саботата, со бегство на бели волци од кафезот кои изеле 4 кенгури и неколку ему птици. Оттаму потсетуваат дека Зоолошката градина ја следат несреќни случаи уште од почетокот на мандатот на претходната градоначалничка Данела Арсовска. ...
Нови лекови на позитивна листа од јули, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на брифинг со новинарите. – Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин, и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. Генерално, за неколку различни популации. Да кажеме од акутни случаи, постоперативно, за спречување на коагулации после тешки интервенции. На пример после замена на колк, се користат ...
„Тоа кое што е важно е да се каже дека голема е разликата, како ние ја амортизиравме кризата и како голем дел од соседите ја амортизира кризата. Се согласувам дека беше историски најголема, се согласувам дека ефектите и резултатите беа жестоки и се согласувам дека кај нас овие 3 ипол месеци поминаа би рекол многу едноставно, бидејќи ние во ниту еден момент не создадовме паника, не очајуваме, не правевме панични прес-конференции, туку напротив ...
Барселона ја освои Лигата на шампионите и само неколку дена подоцна обезбеди многу важно засилување. Словенецот Блаж Јанц го продолжи договорот со клубот од Каталонија до 2030 година. Тоа значи дека ‘рбетот на тимот ќе остане, бидејќи пивотменот Лудовик Фабрегас, исто така, го продолжи договорот за уште четири години, додека францускиот бек Тимоти Енгесан го продолжи договорот до 2029 година. Јанц ја почна својата кариера во Цеље, каде што ...
„Во време на брзи геополитички промени, во свет кој рапидно се менува, повеќе од потребно е да ги разбереме овие промени и да најдеме начин да се прилагодиме на нив, затоа што безбедноста – наша и на сите граѓани на Алијансата е приоритет за одбраната“, рече заменикот министер за одбрана Адмир Шабани денеска (26 јуни) на отворањето на третата меѓународна научна конференција „MILCON 26“, организирана од Воената академија. Заменикот министер ...
Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (25 јуни 2026 г.) од 22:50 часот на МРТ 1 Во ова издание на емисијата донесуваме: – шест операциони сали на хируршките клиники, промовирани пред три месеци како комплетно реновирани, сè уште не функционираат – зошто; слично е и со реконструкцијата на КАРИЛ; – во екот на тезите дека македонскиот идентитет е загрозен, Законот за македонскиот јазик никако да ...
За одлуката на Уставниот суд да ја укине Одлуката на Совет на Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година, за преименување на имињата на улиците, плоштадите, мостовите и други објекти во градот и барањето за „дејугословенизација“ на топонимите, пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче порача дека премиерот Христијан Мицкоски и Владата треба да ги поканите општините и градоначалниците и да покренат иницијатива. Според Снопче, ...
Охрид, 25. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на селото Елшани и годинава апелираат до надлежните да се скрати и уреди високата трева околу пристапниот пат до селото. Високата трева го прави патот непрегледен и претставува потенцијална опасност за учесниците во сообраќајот. Жителите на селото бараат да се среди патпт, како што доликува во летен период, и во место каде постојано живеат над 1.500 луѓе. – Патот за Елшани е непокосен и непрегледен, ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави почеток на преговори за нов колективен договор и зголемување на платите во Армијата, нагласувајќи дека Владата веќе ги сервисира обврските наследени од минатото. – Од понеделник ќе започнеме со нов колективен договор, од следна година ќе се зголемат платите од Армијата, ќе се зголеми бодот и од наредните години со буџетот ќе има процентуално зголемување за Армијата. Од понеделник ќе седнеме ...
„Соседна држава на Македонија шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за Македонија, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски сознанија од мултилатерални и билатерални средби, без ...
Борбата против корупцијата е меѓу клучните приоритети во процесот на пристапување на Македонија во Европската унија, но таа не може да се води изолирано, туку бара координирано учество на сите општествени чинители, беше порача на денешната конференција „Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка“, организирана од М6 Едукативниот центар, пренесе МИА. Францускиот амбасадор во земјава, Кристоф ле Риголер, истакна дека ...
Вчера во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко. Претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По налог на јавен ...
Опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери за кои плаќа да ги сликаат голи очигледно е во сферата на невроспихологијата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во реплика до премеирот Христијан Мицкоски. „Во однос на последниот дел, оваа ваша опсесија со поранешни функционери коишто плаќате да ги сликаат голи на плажа, ја веќе не можам да ја разберам. Очигледно дека е во сферата на некоја невропсихологија”, рече Филипче. Претходно, ...
Добивај вести на Viber Системот „One Stop Shop“ наскоро ќе биде операционализиран и на граничните премини Ќафасан, Блаце и Свети Наум, одговори заменик претседателот на Владата Беким Сали, на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли, која побара ставање во функција на системот за заеднички гранични контроли на преминот Блаце Дебар. Според заменик претседателот на Владата, Сали, одржувањето на добри односи со соседите е една на ...
Иронија, сарказам, обвинувања за предавство и закани со затвор од едната страна и психолошки дијагнози од другата на собраниската седница за пратенички прашања. Лидерот на опозицијата Венко Филипче обвини дека за две години власт, владата не исполнила ниту едно од ветувањата, граѓаните осиромашуваат, буџетот е во колапс, платите растат побавно од инфлацијата, а јавниот долг расте. Обвини и за закочени евроинтеграции и оти лошата состојба ...
Сериозен инцидент се случил во Зоолошката градина во Скопје, откако белите волци наводно избегале од своето живеалиште и усмртиле неколку животни и птици, објави порталот Петс.мк, а пренесе Скопје1.мк. Според првичните информации објавени од медиумите, настанот се случил во саботата, во текот на денот. „Според информациите објавени од медиумот, инцидентот се случил во саботата, кога белите волци наводно успеале да ископаат дупка под ...
Граѓаните си одат од државата оти ве гледаат како уживате на јахтите во Паљури, а не сте в затвор, му рече премиерот Христијан Мицкоски на пратеникот и лидер на опозицијата Венко Филипче на денашната собраниска седница за пратенички прашања. Претходно, Филипче од собраниската говорница рече дека Владата предводена од Мицкоски изминативе две години не направила ништо, а на граѓаните им ветуваше мед и млеко. „Ветувавте повисок животен стандард, ...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“ , „Кеј Македонија“, „Серафим Китаноски“, „Ванчо Николески“,„Кузман Јосифоски Питу“, дел од „Јане Сандански“ , дел од бул.„Туристичка“, „Климент Охридски“ , „Цар Самоил“ , „Самоилова“ , „Коста Абраш“, дел од „Илинденска“, „Петар Чаулев“ , „11ти Октомври“ , и „Климентска“ . ...
На судењето за пожарот во диското „Пулс” на 16 март 2025 со 63 жртви, денеска се изнесуваат материјалните докази против обвинетите од Министерството за економија кои од 2012 до март 2024 без проблем ѝ давале лиценци на дискотеката како за кабаре, иако не исполнувала ни минимум услови. Обвинителката Наташа Сарамандова цело време беше прекинувана од обвинетите и од нивните адвокати. Жестоки дуели имаше во судницата како реакција на нејзиното ...