Удар од гром предизвикал пожар во помошен објект во селото Крушевица, во прилепскиот регион. Полицијата соопшти дека вчера извршила увид на местото, откако било пријавено дека гром удрил во помошна просторија во сопственост на жител на селото, при што избувнал пожар. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Прилеп, која успеала да го локализира огнот и да спречи негово ширење. Во пожарот нема повредени лица, а причината ...

Со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи Вреди по владината реконструкција. Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет. Две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие. -Се уште нема ...

Утре ќе се отворат вратите на новата градинка во Трубарево, која ќе го носи името „Кокиче“, објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. – Најмладите ќе добијат современ и безбеден простор за раст, игра и учење. Се исполни децениското барање на жителите за градинка во ова населено место – напиша Стефковски. Стартот на изградбата на оваа градинка од страна на премиерот Мицкоски беше означен на 20 јули, 2024 ...

Во текот на денешниот ден интензивно се работеше на повеќе локации низ општина Аеродрoм. Се реконструираа улици, се поставуваше нова урбана опрема, се уредуваа детски игралишта, односно се реализираа проекти што, како што велат општинските власти, го прават Аеродром поубаво и поквалитетно место за живеење. – Продолжуваме со посветена работа, затоа што секој реализиран проект значи подобри услови за сите наши сограѓани – наведуваат од Општина ...

Непознат напаѓач ја нападнал вработената во колонијална продавница со помош на електричен парализатор, по што избегал со пленот – соопшти полицијата. Полицијата трага по сторителот на разбојништво што вчера се случило во колонијална продавница во Прилеп, при што била нападната вработена. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 13 часот во ОВР Прилеп. Непознато лице влегло во продавницата и ...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања околу состојбата во пензискиот систем и државниот буџет. Додека опозициската партија тврди дека Владата го загрозува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и вториот пензиски столб, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат ваквите наводи како невистинити и оценуваат дека станува збор за обид за ширење страв кај граѓаните. На прес-конференција, Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, ...

Рокенрол легендата, пејачот и гитарист Рој Орбисон е роден на 23 април 1936 година, а многу луѓе не знаат дека неговиот живот е обележан со трагедии. Авторот на култни песни како „I drave all night“ или, на пример, „Pretty woman“, Рој Орбисон, отсекогаш бил препознатлив по своите пулсирачки ритми и очила за сонце, но зад неговата насмевка се криела незамислива тага. За само две години, тој ги загуби сопругата Клодет и двата сина. Да ...

На седницата на Советот на Општина Центар, која е закажана во вторник, на дневен ред, меѓу другото, е и ребаланс на буџетот и измена на програмите за работа. Со овој ребаланс се зголемуваат парите наменети за санација на основните училишта и градинките. Се предлага буџетот за оваа намена да се зголеми од 20 на 60 милиони денари. – Обезбедувањето на пристојни услови за работа и престој во основните училишта и градинките е една од основните ...

В среда, 1 јули, во 19:00 часот, на теренот во ООУ „Никола Карев“ во Кочани, ќе се одигра првиот натпревар од овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал. Претставници на ОФС – Кочани, како директни реализатори на турнирот што го организира Општина Кочани, со ждребување ги утврдиле двете групи од пријавените девет екипи. Натпреварите ќе се играат по правилата за футсал, со почеток од 19:00 и 20:00 часот. Доколку временските услови не ...

Кожув се издвојува како едно од најзначајните природни планински подрачја во државата поради својот исклучително богат биодиверзитет, разновидните геолошки и хидролошки појави и присуството на ретки и ендемични видови. Токму поради ова, експерти, институции и претставници на локалната заедница бараат негово итно прогласување и управување како заштитено подрачје. Во Народниот театар во Гевгелија неодамна се одржа форумот „Дијалог за иднината ...

Полицијата се сомничи во грозоморно сценарио на сопругот на починатата 48 годишна жена со иницијали Ж.Г. од скопското село Таор. 51 годишниот С.Г. во петокот ја пријавил за исчезната, за да следниот ден се јавува во полиција со пријава дека ја пронашол мртва во шумата во близина на селото Летвица. Екипи на МВР и јавното обвинителство по увидот на лице место и обдукцијата на телото кое било во распаѓање утврдиле дека станува збор за насилна ...

Во Велушка Тумба кај селото Породин во близина на Битола пронајдени се едни од најголемите неолитски печки во Европа. Тие се откриени при археолошките истражувања кои завршија неодамна, спроведени од Завод и музеј во Битола и Центарот за истражување на предисторијата, а преку Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Базел се изведуваа археоботанички и радиојаглеродни анализи. Раководител на истражувањата беше д-р Гоце Наумов, а ...

Полицијата лиши од слобода маж од скопското село Летевци под сомнение дека ја убил поранешната сопруга. Од Основното јавно обвинителство Скопје велт дека задржани се и тројца негови пријатели. -Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор, изјавија од Обвинителството. Од ...

Добивај вести на Viber Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. „Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта ...

Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР Министерството за внатрешни работи сопшти дека приведен е 51. годишен маж со престојувалиште во скопското село Таор, поради сомнеж за убиство на 48. годишна жена со која живееле во иста куќа. Во врска со случајот, полицијата соопшти дека лишени од слобода се уште три лица. „На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се ...

На прсти се бројат институциите кои имаат вработени лектори, иако Законот за употреба на македонскиот јазик е во сила од 2024 година. Владата, на пример, има вработено еден лектор, но во соопштенијата на официјалната веб-страница се забележуваат јазични грешки. Нашата проверка „улови“ грешки и во објавите на опозициската СДСМ, како и во судските пресуди За неупотреба на македонскиот стандарден јазик на јавни настани платени од Буџетот, ...

Активности и во недела Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, преку објава на Фејсбук информираше дека и во недела се работи на терен, на повеќе локации низ општината. Тој наведе дека активностите се дел од тековните проекти за подобрување на условите за живот на жителите на Аеродром. Реконструкција, санација и нова урбана опрема Според објавата на Митески, во општината интензивно се работи на реконструкција и санација на улици, ...

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ја партијата за лицемерство и свесно забавување на реформскиот процес во Собранието. Според неа, постои јасна разлика меѓу јавната реторика на опозицијата за европските вредности и нивните конкретни дејствија во законодавниот дом. „Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими постојаните делегати – амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш. Предмет на разговарот беше заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, низ призма на препораките на Комитетот. Претседателот и соговорниците ја информираа ...

Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија, рече Миле Лефков, член на ИК и ...

Валчев со реакција за активностите на македонските претставници Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев реагираше на активната дипломатска офанзива на Македонија во Европа, оценувајќи дека македонските претставници настапувале интензивно во пресрет на гласањето за извештајот. Тој изјави дека високите претставници на Македонија „обиколија насекаде каде што можеа да обиколат, се сретнаа со секој со кого можеа да се сретнат и насекаде рецитираа ...

Во рамки на панел-дискусија посветен ана односите ЕУ -Западен Балкан, одржана на Дубровник форумот, професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа Едвард П. Џозеф оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани со идентитетските прашања. – Ова е ...

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до власта, тврдејќи дека Владата на Мицкоски систематски го уништува пензискиот систем во државата. Според неа, финансиската состојба е критична, со зголемен дефицит во државниот фонд и директна закана за идните пензионери. „Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб. Гувернерот Трајко ...

Христијан Пендиков, поранешен секретар на забранетиот бугарски клуб „Борис III“ во Охрид, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека го остварил својот детски сон, да стане дел од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC). Во статусот, Пендиков пишува дека во изминатите неколку дена неговата долгогодишна желба станала реалност, истакнувајќи дека е горд што е дел од глобалното семејство на Црвениот крст и ...

На граничниот премин „Богородица“ повторно се создаваат големи сообраќајни гужви, при што од вчера попладне се бележи значително зголемен прилив на возила за влез во земјата. Според информации од терен, на преминот се формирале долги колони од патнички автомобили, автобуси, кампери и мотоцикли, што резултира со чекање по неколку часови за завршување на пасошките и царинските процедури. Меѓуграничниот простор е речиси целосно исполнет, што ...

Вчера (26.06.2026) во 16:30 часот на улица „Кеј Братство Единство“ во Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар запреле мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 17- годишник од Гостивар, информира СВР Тетово. Од полицијата известуваат дека при контролата е констатирано дека малолетникот го управувал возилото без возачка дозвола, по што тој е лишен од слобода, а мопедот е одземен и по документирање на случајот ќе ...

Опозициската СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски подготвува нов политички проект, кој го нарече „ЗНАМ 2.0“, оценувајќи дека актуелниот караван на партијата ЗНАМ е обид да се прикрие нејзиниот пад и да се продолжи политичката соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение, СДСМ наведува дека караванот на ЗНАМ под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ се организира во период кога, според нив, партијата се ...

Најновите меѓународни и регионални социолошки студии покажуваат дека јавниот акцент во Северна Македонија е доминиран од економските и социјалните проблеми. Високите цени, ниските приходи, квалитетот на здравствената заштита, корупцијата, емиграцијата на младите луѓе и падот на институциите се меѓу најсериозните предизвици со кои се соочува земјата. Високите цени и инфлацијата остануваат најголема загриженост Според Балканскиот барометар ...

Лишени од слобода двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, следуваат кривични пријави На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на ...

За професорот на Факултетот за безбедност – Скопје, Александар Иванов, одлуката на САД да ја продолжи националната вонредна состојба за Западен Балкан треба да се чита надвор од дневнополитичките толкувања и низ призмата на пошироката геополитичка архитектура. Според него, формулацијата дека сме „невообичаена и извонредна закана“ за националната безбедност на САД е пред сè правно-бирократски механизам кој му овозможува на Вашингтон да ги ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.55
55%
1020
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
59%
1018
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.4
65%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.81
68%
1022
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.39
50%
1019
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.94
85%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.62
44%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.97
48%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.34
51%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
66%
1019
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.79
45%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
4.34
100%
1018
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29

Рутениум

49029.89

Калај

50.56

Цинк

0.00

Алуминиум

3.20

Сребро

1902.84

Бакар

12.33

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09