Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Деан Скатровски, уметник и креатор на брендот „Македонски рубин“, во разговор за весникот ВЕЧЕР зборува за откривањето, долгата борба за афирмација и за историската одлука рубинот со малиноворозова боја, конечно, да стане заштитено национално минерално наследство Понекогаш најголемите богатства не се кријат длабоко под земјата, туку во начинот на кој гледаме на она што со години било пред нашите очи. Во прилепскиот бел мермер, кој одамна е ...
Овој јуни, Општина Кисела Вода подготвува низа културни и забавни настани наменети за сите генерации. Почнувајќи од првото издание на детскиот фестивал „Киселко“ и големата полуматурска забава, па сѐ до Културното лето и 71-от роденден на општината, граѓаните ги очекува богата програма. За реализацијата на овие проекти, неконвенционалните едукативни соработки, но и за нејзиниот личен музички вкус надвор од секојдневните работни обврски, ...
Пред да влезете во расправија, запрашајте се – дали личноста пред вас е доволно зрела да ја разбере суштината на поинаков став? Ако не е, тогаш расправијата е залудна. Не секој аргумент ја заслужува вашата енергија. Понекогаш, колку и да се обидувате јасно да се изразите, другата страна не слуша за да разбере – туку слуша за да одговори. Тие се заглавени во сопствената перспектива и не се подготвени да разгледаат друг агол. Вклучувањето во ...
„Документите кои ги добивме отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој се трошат јавните пари во Општина Чаир. Според достапните податоци, компанијата Нум констракшн ЛТД ДООЕЛ, основана на 10 јули 2024 година, успеала за исклучително краток временски период да обезбеди четири договори од Општина Чаир во вкупна вредност од 3.462.665 евра. Договор бр. 1 – 88.433.315 денари (околу 1,44 милиони евра). Договор бр. 2 – 59.861.572 денари (околу 973 ...
Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија. Идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ – рече Мицкоски во видео пораката објавена на ...
„Во моментов има запишано само три ученици во прва година во земјоделското училиште во Битола“, изнформира министерката за образование Весна Јаневска. Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, информираше дека во првиот уписен рок биле запишани околу 14.500 ученици, а во текот на денешниот втор уписен рок се очекува дополнително да бидат запишани уште околу 2.000 ученици. Нејзините очекувања се по ...
Општина Битола во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола по четврти пат ова лето ја организира универзитетската летна пракса, со што се промовира практикантската работа за студентите. 40 студенти ќе имаат можност да ја спроведуваат праксата во одделенијата на Општина Битола, Советот и јавните претпријатија. Успешна пракса на студентите денеска им посака градоначалникот на Битола Тони Коњановски, кој пренесе искуства од ...
Дрво се сруши врз автомобил во движење пред самата патека за Тумбе Кафе и Зоолошката градина во Битола. Сопственикот на автомобилот Ерџан Дардовски за АПЛА.мк изјави дека автомобилот е оштетен но имале среќа што патниците во колата не се повредени. "Дрво падна врз мојата кола и предизвика оштетување. За среќа не сме повредени со сопругата. Повикавме полиција. Но, што ќе беше ако се срушеше врз пешак или пак велосипедист? Голем стрес доживеав, ...
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека е извршено унапредување на системотот „МојДДВ“ и планираните активности за миграција на системот на нова ИТ инфраструктура успешно заврши вчера попладне. Со оваа надградба обезбедивме поголема сигурност, побрза работа и поголема достапност на услугата за сите корисници. Апликацијата „МојДДВ“ од вчера, 23.06.2026 година од 16 часот е целосно функционална, стабилна и достапна за користење. ...
Од партијата наведуваат дека наместо институциите да им служат на граѓаните, тие ги претвораат во лица што мора да талкаат од институција до институција за да ги остварат своите законски права. Како пример се посочуваат родителите на деца со попреченост, каде ревизијата утврдила дека правилниците не се усогласени со барањата што ги издаваат центрите за социјална работа. Според наодите, центрите барале документи кои требало да ги обезбедат по ...
„Економските показатели покажуваат раст на БДП од над 3% во седум последователни квартали. Отворени се 17.000 нови работни места, стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, а стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%. Оперативниот план за 2026 година, тежи 40 милиони евра, а 32 милиони од нив се насочени токму за вработување, што ја изразува посветеноста на Владата за намалување на невработеноста. Македонија денес е ...
„Од СДС да престанат со ширење лаги и да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни. А ако веќе држат прес-конференции на темава, тогаш претседателот на СДС, Филипче, нека одговори неговите неколку компании регистрирани во Бугарија, во Петрич на улица Гоце Делчев број 12, што точно работат и од каде е профитот. Математиката на СДС е да не ...
На 25.06.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица, едниот на 23 другиот на 32 годишна возраст, двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 25.06.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил нарушен ...
На 25.06.2026 во 23:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа лице(55) од Скопје и лице (26) од велешко, по претходна пријава дека физички го нападнале Г.К.(40) од с.Вевчани, струшко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 25.06.2026 во 23:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа лице(55) од Скопје и лице ...
На 26.06.2026 околу 05:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Марино, на излез кон с.Кадино, општина Илинден, настанал пожар на две возила: „фолксваген туарег“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т.(29) и „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.А.(55). Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на ...
Жителите на Општина Брвеница се простуваат од својот градоначалник, Јовица Илиевски, кој на жалост, ја заврши својата животна патека. Според неофицијални информации, причината за неговата смрт е срцев удар. Илиевски беше долгогодишна и познато лице во политичките кругови на општината. Од ноември 2021 година, ја извршуваше функцијата градоначалник, откако беше избран да раководи со локалната самоуправа во мандатот 2021–2025. Неговата кариера ...
На денот кога се празнува споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во храмот „Св. ап. Вартоломеј“, во с. Годивје, Дебрца, охридско, беше отслужена света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Покрај многубројниот верен народ, на светата Литургија присуствуваше и градоначалникот на Општина Дебрца, г. Златко Сиљаноски. По завршувањето на ...
На мермерната плоча, поставена на остатоците од старата камбанарија во напуштеното село, Делчев е опишан како „бугарски револуционер и војвода“. Грчките медиуми објавуваат дека локалните власти не биле претходно информирани за поставувањето, ниту пак издале официјално одобрение. Засега, официјален став од Министерството за надворешни работи на Грција не е објавен. Во Баница на 4 мај 1903 година во судир со османлиските сили загина Гоце ...
Преставници на најголемите маркети во земјава вчера во Владата имале средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министри и заменици министри од економските сектори. Средбата, како што информираше Мицкоски на Фејсбук, била за справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи. Тој најавува и средба со добавувачите и производителите, со цел сите заеднички да придонесат годишната инфлација и цените на основните ...
АП Брера Струмица официјално го назначи Ѓорге Стојчев за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим, откако стратегот зад себе остави извонредна сезона со младинската екипа на клубот. Стојчев добро ја познава клупската средина. Во претходниот мандат на клупата на сениорскиот тим ја предводеше Брера до вицешампионската позиција и настап во европските натпреварувања, а во изминатата сезона 2025/26 испиша нов успех со младинците. Под негово ...
На 25.06.2026 во 21:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола – с.Драгош, кај с.Барешани, битолско, Ѓ.А.(62) од с.Барешани, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола. На 25.06.2026 во 21:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот ...
Реконструкцијата на Владата ќе биде позната идната недела, односно по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ што треба да се одржи во вторник. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски иако претходно, прекројувањето на новиот владин кабинет се очекуваше да биде овој викенд. Дали се уште не е постигнат договор со коалициските партнери околу смената на министрите, Мицкоски, не откри. -Во вторник ќе ја имаме седницата на Извршниот ...
Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование. Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема да се намали квалитетот на наставата. Според Сања Лукаревска од СДСМ, со реформата ќе се ...
Високите температури го зголемија и бројот на повици и интервенции на Итната медицинска помош. Лекарите со апел до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат препораките и да не чекаат секогаш на сила да стапат мерки на надлежните институции за да бидат одговорни кон сопственото здравје. „На пример од утрово имавме неколку интервенции на колапси на јавни места, пад од моторцикл и пад од тротинет. Да, зголемен е бројот на интервенции на ...
Средба со амбасадори од УНЕСКО во Владата Министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски денеска информираше дека во Владата била остварена значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која се разговарало за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на природното и културното наследство. „Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на ...
Почитувани,Македонската јавност и семејствата на жртвите згрозено сведочат на монструозен театар во кој правосудниот систем ја убива правдата за да ги спаси сопствените кадри во тоги. Барањето на одбраната за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова – единствената која имаше професионален интегритет детално да ги презентира клучните материјални докази во Кривичниот суд – е диригиран линч врз вистината. Фактот што адвокатите на обвинетите ...
Во процес се преговорите и се надевам дека до крајот на оваа недела ќе ги имате информациите, одговори министерот за култура и туризам Зоран Љутков на новинарско прашање дали се точни неофицијалните информации дека и тој ќе биде опфатен со реконструкција на Владата. На прашањето дали има желба и натаму да го води ресорот, Љутков одговори дека процесот е на средина, а тој секогаш ќе стои зад културата. -На средина сме на процесот. Како што ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на ...
Скандал во кочански Водовод. 50.000 евра вреден тендер од комуналното Јавно претпријатие доби фирма со блокирана сметка и со само тројца вработени, чиј сопственик е близок другар на директорот на претпријатието, обвинија на прес од советничката група на „Доста беше“, најавувајќи и пријава до Основното јавно обвинителство. Но, за апсурдот да биде уште поголем, во истото ова јавно претпријатие, исто така сомнителен е и тендерот за такси превоз. ...
По информации добиени од јавноста, информираме денеска, Државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, излезе на терен и направи вонреден контролен инспекциски надзор над објект на КП -15972, КО Охрид 3, во Старото градско јадро во Охрид. При инспекцискиот надзор утвредено е дека и покрај претходно донесеното решение од страна на ДИГУ за отстранување на објектот, по истото не е постапено. Согласно наодот на Државниот ...