Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Денес ви претставуваме еден таков, кој е едноставен за подготовка, има божествена арома и е многу вкусен… Велигденскиот пост се смета за најстрог во христијанството, а правилата на водениот пост значат дека е забрането да се јаде масло, кое често е задолжителна состојка во слатките, но не е потребно. Само погледнете ја оваа брза, „шарена“ Јафа торта! Оваа посна торта се подготвува без масло и млечни производи, но благодарение на сокот од ...
Меркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото од 18 на 10 проценти е многу задоцнета и далеку од доволна и нема да придонесе да се намалат цените на горивата, изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, коментирајќи ја одлуката на Владата за заштита на стандардот на граѓаните по зголемувањето на цените на нафтените деривати поради војната на Блискиот Исток. Имајќи предвид дека утре се очекува ново зголемување на ...
Електроенергетскиот систем во државата е стабилен и во целост функционален, уверува премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека во погон се клучните капацитети и дека има доволно ресурси за непречено снабдување со електрична енергија. Според него, во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека на депониите има околу 80.000 тони јаглен во Битола и дополнителни 160.000 тони во Кичево. Акумулациите во хидросистемот се на околу 40 ...
Потресна и болна исповед за кобниот 16 март раскажа Кире Димитриев, татко на Диме, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој вели дека денот требало да биде исполнет со радост – неговата снаа Ангела, бремена, требало заедно со неговиот син Диме да заминат на Клиниката во Чаир за породување. „Се подготвував, мислев на раѓањето, на радоста…“, раскажува таткото. Но наместо среќа, следел шок. Неговата сопруга му ...
За да се спречи ценовниот шок со поскапување на горивата Владата донесе одлука да се намали ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти.Тоа во пракса значи дека без оваа мерка дизелот ќе поскапеше и над 10 денари.Сега ќе оди нагоре само околу 3 денари. Бензинот, пак,останува речиси ист.Мерките ќе траат две недели. А според пресметките, дневно ќе се штедат околу 200 илјади евра – пари што инаку ќе одеа за поскапо гориво. “Со ова можам да кажам ...
Институтот за судска медицина денеска започна со обдукција на пронајденото безживотно тело, за кое првичните вештачења потврдија дека се работи за лице од женски пол. Надлежните служби информираат дека процесот е во тек и се очекува да заврши до крајот на денот, по што сите добиени наоди и релевантни информации веднаш ќе бидат пренесени до Јавното обвинителство. Во рамките на постапката, стручните екипи прибираат специфични идентификациони ...
Зоолошката градина во Битола веќе две децении функционира во систем на поделени надлежности, каде што институционалната одговорност е нејасна, а развојот постојано одложуван. Иако локалната самоуправа управува со установата, а државата ги исплаќа платите, во практика ниту една институција нема целосна контрола врз нејзиното функционирање, што резултира со недостиг на кадар, ограничени инвестиции и бавен напредок. Автори: Диоген Хаџи-Коста ...
Секое одложување на преговорите со Европската унија, носи само потешки и потешки услови за Македонија, вели амбасадорот Ѓорги Филипов во интервју за ТВ 24. Според Филипов, ако на изборите во април во Бугарија, победи екс претседателот Румен Радев, нема да има позитивен пресврт во односите Скопје – Софија.. Според Филипов, во еу се менува темпото на политичката волја за проширување и можно е да се донесат одлуки кои се повеќе стратешки отколку ...
При процесот за избор на државен јавен обвинител направени се пропусти, контатираше Дарко Аврамовски од Коалицијата Сите за правично судење во интервју за Рсе. Според Аврамовски требало Советот на јавните обвинители да ги покани кандидатите на седницата на којашто даваше мислењето за нив, со цел простор да ја претстават програмата и јавноста да ги запознае. Но, Советот избегнал одговорност и дал отворена карта на Владата. Аврамовски потенцира ...
Пожар избувна попладнево во скопската населба Маџари, каде што гори отпад, создавајќи густ црн чад што се шири во околината. Според првичните информации, огнот зафатил насобран отпад на отворен простор, а чадот е видлив од повеќе делови на градот. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи, посочувајќи дека мирисот на изгорено се чувствува во поширокото подрачје. На терен интервенираат екипи на Противпожарната бригада, кои работат на ...
Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни правни празнини кои можат да доведат до макотрпни и долги судски процеси. Како две обвинителства гледаат различно на ист настан? Според анализата на Маглешов, очигледно е разминувањето во правната ...
Владата засега нема да воведува ограничувања за граѓаните од соседните држави кои ги полнат резервоарите на македонските бензински пумпи. Според премиерот Мицкоски, секојдневно во пограничните места се точат до 150.000 литри гориво, што е десет проценти од вкупниот конзум. Причина се драстично пониските цени во Македонија споредено со регионот. Од разговорите со сите поголеми снабдувачи, Мицкоски соопшти дека апсолутно нема проблеми со ...
На 21.03.2026 во 21:30 часот полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ѓ.Б.(73) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишна жена од штипско, дека околу 15:10 часот во маркет, нејзиното малолетно дете, било физички нападнато од Ѓ.Б. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 21.03.2026 во 21:30 часот полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ѓ.Б.(73) од Штип, постапувајќи по ...
Скопје, 22 март 2026 (МИА) - Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Владата, во однос на изјавата на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески по официјалното преземање на фунцијата, во која тој меѓу другото рече ...
На 22.03.2026 во 00:30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.С.(43) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека физички ја нападнал во домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 21.03.2026 во 16:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 73-годишен неготинец, постапувајќи по претходна ...
Владата ќе прогласи кризна состојба поради значителниот раст на цените на горивата, дознаваат медиуми со пристап до владини извори пред денешната седница. Според информациите на овие медиуми, на вонредната седница ќе се разгледуваат мерки за спречување на нов ценовен шок, кој се очекува да биде објавен од Регулаторната комисија утре. Според нивните информации цената на дизелот би можела да се зголеми за околу 10 денари по литар, додека ...
Владата следи дали има зголемување на цените на некој од прехранбените производи во супер маркетите. Во моментов забележано е зголемување на цените на зејтинот и јајцата. Но, Владата има план и нема да дозволи било какви осцилации во цените на прехранбените производи, кои би удриле по животниот стандард на граѓани, порача премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска одговараше на новинарско прашање дали се следи состојбата со зголемување на ...
Додека светското внимание е насочено кон иранската војна, во регионот, српскиот претседател Вучиќ искористи да покаже дека има кинески балистички ракети со домет од 400 километри поради што неговите медиумски подржувачи ја крстија ракетата- Загрепчанка. Во КОД српски и хрватски аналитичари објаснуваат зошто повторно се разгорува српско-хрватската трка за вооружување и меѓусебно обвинување за безбедносни закани. Во КОД вечерва и ексклузивни ...
Дирекцијата за заштита и спасување потврди дека густиот чад кој ги вознемири скопјани попладнево и е видлив од повеќе локации низ градот, е од пожар на куќа на улицата „Благој Стевковски“ во скопската населба Гази Баба. За запалената куќа е известена Бригадата за противпожарна заштита Скопје. ДЗС не даде повеќе информации за настанот Дирекцијата за заштита и спасување потврди дека густиот чад кој ги вознемири скопјани попладнево и е видлив ...
На Артан Груби му е продолжен домашниот притвор во истрагата за злоупотребите во Државна Лотарија. Од скопскиот Кривичен суд потврдија дека по барање на обвинителството пред државниот празник, за Груби е продолжен домашниот притвор со 24 часовно полициско обезбедување. Поранешниот вицепремиер и министер по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари, но наместо затворски притвор поради безбедносни закани, обвинителството бараше, а ...
Густ црн чад денеска попладне се издигна над скопската населба Маџари, предизвикувајќи загриженост кај жителите и случајните минувачи. Како што потврди Стојанче Ангелов, првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), станува збор за пожар на станбен објект. Пријавата за пожарот пристигнала попладнево, по што веднаш биле известени надлежните служби. Пожарот избувнал во куќа лоцирана на прометната улица „Благој Стевковски“. „Да, има ...
Трговците посочуваат дека според законските одредби, трговците имаат период од шест месеци да ги прилагодат објектите согласно новите обврски – тутунските производи да не бидат видливи за купувачите, односно да се чуваат во затворени и непроѕирни шкафови, како и да го ограничат означувањето на овие производи во објектите. Ова, според нив, ќе значи финансиски товар за малите трговци кои во изминатите години инвестирале во уредување на ...
Крис Делисо, американски новинар и директор на Balkanalisis.com, за порталот Експрес своевремено изјави дека Зоран Заев бил избран од западните сили само затоа што бил лидер на опозициската партија на социјалдемократите која била искористена како главно оружје за соборување на конзервативната партија (ВМРО ДПМНЕ). - Значи, не станува збор за лична преференција и Заев всушност не е највлијателната личност во таа партија. Сепак, тој решил да ...
Локалните избори се чинат како далечна тема, но не сите процеси околу нив се и затворени. Прашање е на недели кога Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го објави својот конечен извештај, со што треба да се заокружат заклучоците – што околку изборите во земјава треба да се подобри Очекувајќи го документот ние поразговаравме со граѓаните во рубриката „Микрофонот е ваш“ на темата која веќе покажа потреба да биде доуредена – ...
Со новиот закон за работно ангажирање, кој стапи на сила од почетокот на годинава, државата им отвори врата на илјадници пензионери и студенти. Тие сега можат легално да работат без да ги изгубат пензиите и стипендиите. На овој начин, за првпат во Македонија се регулира сезонското и привремено работно ангажирање. Целта е да се намали сивата економија и да се овозможи флексибилен начин на дополнителна заработка, особено во угостителството, кое ...
Во 2025-та година во Македонија се регистрирани 50.183 пациенти заболени од рак на бели дробови, покажуваат податоците на Управата за електронско здравство. Ланската е прва година во која бројот на заболени од карцином на бели дробови надминува 50 илјади пациенти. За една година, црната бројка е зголемена за околу 6 илјади односно за 13,2%. Истата тенденција на раст е забележана и претходната година. Во 2023-та година биле регистрирани 38.492 ...
Дебар, 20 март 2026 (МИА) – Дебарското муфтиство, градоначалниците на Дебар, Маврово и Ростуше и на Центар Жупа и Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) до сите верници во регионот и иселениците, упатија честитки по повод големиот празник Рамазан (Фитр) Бајрам. -Да не дозволиме духот на Рамазан да остане зад нас. Нека нашите срца продолжат да бидат живи со милост, нашите раце отворени за помош, а нашите зборови исполнети со ...
Штип, 20 март 2026 (МИА) - Голема еколошка акција денеска се реализираше на тврдината „Исар“ во Штип од страна на младите на Патриотско друштво. Целта на акцијата е тврдината да добие подобар изглед пред празникот Чет’рсе. Чет'рсе е празник на кој штипјани ја искачуваат тврдината и кон реката Брегалница фрлаат 39 каменчиња, а 40 то го ставаат под перница. Ваквиот вековен обичај штипјани го практикуваат секоја година на 22 март и на тој начин ...
Дојрани/Дојран, 9 март 2026 (МИА) Ристо ТАСЕВ За многумина намерници грчката страна на Дојранското Езеро е непознаница и сликата од Дојран како туристичка дестинација, од македонскиот дел, е сосема спротивна. Имено, освен граничниот премин Дојрани и истоименото населено место, кое е во состав на Кукуш, два рибни ресторани и една продавница и уредено крајбрежие, поголемиот дел од Езерото е слика како од друг предел - со исушени дабови дрвја во ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски / Интегрално: „Почитувани граѓани, Почитувани присутни, Почитувани претставници на медиумите, Се соочуваме со предизвик којшто е навистина голем. Не сме ние исклучок од кризата што се случува и која е наметната поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток. Сите европски држави, како и земјите во светот, се соочија со ценовни шокови кај горивата, кои вртоглаво растат, како и со ризици од ...