Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Во рамки на учеството на Дубровник форумот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тоне Кајзер, прва по неговото назначување на оваа функција. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји. Соговорниците се согласија дека во периодот што следи ќе се работи на ...
Одлуката за воведување ограничувања за движење во шумите не значи целосна забрана за граѓаните да влегуваат во шумски предели, туку воведување задолжителна евиденција преку издавање дозволи, појасни директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, мерката е превентивна и има цел да се намали ризикот од појава и ширење на шумски пожари во периодот со високи температури. Првиот човек на ДЗС децидно укажува дека ...
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денес го потпиша договорот за финансирање на нов проект во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Проектот ќе се реализира во партнерство со Град Лесковац, Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот округ и Народниот музеј Лесковац. Вкупната вредност на проектот изнесува 624.753,71 евра, од кои 499.303,17 евра ...
Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование. Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема да се намали квалитетот на наставата. Според Сања Лукаревска од СДСМ, со реформата ќе се ...
Групацијата на авто-такси превоз на Град Скопје предупредува дека такси-превозот во главниот град се соочува со сериозни проблеми кои со години остануваат нерешени, поради што најавува можни протести во наредните денови. Од Групацијата велат дека веќе девет години се наталожуваат бројни прашања кои директно влијаат врз работата на такси-превозниците, квалитетот на услугите и безбедноста на патниците. Според нив, и покрај повеќекратните барања ...
Со посета, камери и силни пораки дека граѓаните добиваат поквалитетено здравство – вака пред три месеци премиерот, министерот за здравство и директорите на дел од клиниките ги промовираа шестте реновирани операциони сали во скопскиот клинички центар. Но, и три месеци по промоцијата – салите воошто не се ставени во функција, а пациентите се уште немаат видено корист од нив. Ако салите не биле подготвени за употреба зошто биле промовирани како ...
Нетанјаху го изгради својот политички идентитет врз смело тврдење: дека само тој може да ги држи САД и Израел во стратешка согласност во врска со Иран. Негувајќи ја поддршката од републиканците, тој се претстави себеси, според анализата на Ројтерс, како единствен израелски лидер способен да влијае врз последователните американски претседатели и инсистираше дека само постојан воен притисок може да го сопре Техеран. На врвот на својата моќ, ...
Немаме Национално координативно тело за дроги, немаме Проверка на дроги-програми (Drug cheking програми), немаме центри за лекување зависници, а од друга страна застрашувачки се фактите што говорат за растечкиот тренд на нови типови дроги на пазарот, познати како дизајнерските дроги. Новите психоактивни супстанции стануваат сè подостапни, а сè потешко препознатливи и, за жал, сè поблиску до младите луѓе. По повод Светскиот ден на борба против ...
Околу 20 осудени лица кои не боледуваат од психичко заболување биле затекнати во Форензичкото одделение на психијатриската болница „Демир Хисар“ при контрола што во декември 2025 година ја спровел Тимот на Националниот превентивен механизам (НПМ) при Народниот правобранител. Според заменичката народен правобранител Соња Трифуновска, постојат сериозни сомнежи дека дел од овие лица, преку спорни судско-психијатриски вештачења и лажни наоди ...
Започна изградбата на уште еден голем и исклучително значаен проект за жителите на село Добромири – пречистителна станица, изградена според најсовремените стандарди за заштита на животната средина. Со реализацијата на овој проект ќе се заокружи целокупната изградба на канализационата мрежа во селото, обезбедувајќи современо, безбедно и еколошки одржливо решение за третман на отпадните води.Овој проект е од особено значење бидејќи придонесува ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со вонредни информации за моменталната состојба со времето на територијата на државата. Според официјалната радарска слика, во моментов се регистрирани локални дестабилизации на атмосферата со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Невремето во овие моменти е најизразено во северозападните планински региони во земјава каде има активни процеси. Паралелно, силен развој на ...
Собранието го донесе Законот за судска служба, едно од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството, усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024-2028, соопшти Министерството за правда. Со донесувањето на Законот, додава Министерството, се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на ...
Прашањата за историјата и идентитетот остануваат меѓу најчувствителните точки во односите меѓу Македонија и Бугарија. Политиколозите оценуваат дека бугарските коментатори остро реагираат на ставовите на македонското раководство дека историските прашања не треба да бидат услов за европска интеграција. Следејќи ги пораките што сè почесто се појавуваат во бугарските медиуми е дека историската комисија тешко може да постигне суштински резултати ...
Просторот покрај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“, кој со години беше запуштен и неискористен, многу наскоро ќе стане модерен, функционален и уреден зелен центар за сите генерации. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека работните активности се во завршна фаза. – Веќе е посадена тревната површина, се поставува хидрантската мрежа за редовно одржување на зеленилото, уредени се патеките и просторот добива лик ...
Маж кој се претставувал како вработен во државна институција вчера во две продавници во скопската населба Центар барал бесплатно да добие производи. Според пријавата, кога вработените и сопствениците одбиле да му дадат стока без надомест, почнал да им упатува закани. Полицијата работи на идентификување на лицето и на целосно расчистување на случајот. Маж кој се претставувал како вработен во државна институција вчера во две продавници во ...
Два активни и еден изгаснат пожар се регистрирани на територија на државава до 14 часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во населбата Свети Недела во општина Штип и во селото Матејче во општина Липково каде гори ниска вегетација. Според ЦУК, изгаснат е пожарот на депонијата во селото Банско во општина Струмица. Два активни и еден изгаснат пожар се регистрирани на територија на државава до 14 часот, ...
Почнуваат градежните активности на осум улици во Кочани и во населените места Долни Подлог и Прибачево. Избраниот економски оператор, „Гама градба“, веќе почна со работа на улиците „8“ и „11“ во Долни Подлог, каде што е во тек подготовка на теренот. Градежните активности ќе продолжат и во Прибачево, на улиците „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“, како и во Кочани, на улиците „Боро Ловџија“, „Илинденска“, „Јане Сандански“ и „Искра“. – Со ...
И во текот на летниот распуст, културните институции во Општина Гевгелија продолжуваат со организирањето бесплатни едукативни и креативни активности, овозможувајќи им на децата и на младите квалитетно исполнување на слободното време преку учење, дружење и развивање на нивните таленти. Во организација на Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“, од 29 јуни до 6 јули 2026 година ќе се реализира школата за керамика, под менторство на Гордана ...
При контрола во психијатриската болница „Демир Хисар“ во декември 2025 година тим на Народниот правобранител затекнал околу 20 осудени лица, сторители на кривични дела, кои не биле психички болни, туку здрави и пресметливи, а со коруптивни вештачења добиле дијагнози за да избагнат затвор.Според заменичката-народен правобранител Соња Трифуновска, тие се обратиле до Комората на вештаци од која побарале информации за примената на етичките и ...
Во рамките на проектот за регионално управување со цврст отпад, во Општина Прилеп, ЈКП „Комуналец“ почна со поставување нови контејнери за мешан комунален отпад и контејнери за селекција на отпадот, со што се заменуваат старите и дотраени садови. Во рамките на проектот, од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Прилеп доби 126 контејнери за фрлање отпад по принципот на сува и влажна фракција. – Новите контејнери ...
Градот Кавадарци во текот на следните три месеци ќе биде епицентар на културниот и на забавниот живот во регионот. Од јуни до август, граѓаните и посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидна, динамична и квалитетна програма, која ќе понуди содржини за сите вкусови и генерации. Под мотото „Лето исполнето со сцена, звук и приказни што остануваат“, „Кавадаречко културно лето 2026“ година ќе донесе бројни настани и уметнички случувања, ...
Војната „никогаш не е благословена од Бога“, истакна денеска папата Лав Четиринаесетти на отворањето на состанокот на кардинали од целиот свет, нагласувајќи дека Католичката црква носи пророчка порака за мир во светот опустошен од конфликти. Папата ги повика кардиналите на дводневниот состанок како одговор на нивното барање да бидат консултирани почесто отколку за време на 12-годишниот понтификат на папата Франциск, кој имаше наклонетост да ...
Ќе има ли избори во Тетово за совет ? Билал Касами според информациите на Тв 24 размислува за оваа опција , откако Уставниот суд ја укина одлуката за преименување на улиците во Тетово, а од ДУИ го предизвикуваат, „ако смее повторно да ја донесе “. Според извори на 24 од Вреди, Касами се повикува на законот за локална самоуправа член на 75 токму во ова барање на ДУИ има основ за распуштање на Советот Член 75 од законот за локална самоуправа ...
Политичките напади, манипулации и конструкции на СДС и Венко Филипче нема да го запрат развојот на државата. Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните – наведува владејачката партија во реакцијата на соопштение на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. ...
Триесет и едногодишен жител на Велес е приведен откако, според пријавата, физички нападнал 71-годишна сограѓанка и ја оштетил влезната врата од нејзиниот дом. Настанот се случил вчера вечер. Мажот дошол пред куќата барајќи ја ќерката на жената, но бидејќи таа не била дома, ја нападнал сопственичката и ја искршил вратата. При интервенцијата, полицијата утврдила дека осомничениот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,11 промили ...
Триесет и тригодишен државјанин на Чиле пријавил дека синоќа бил физички нападнат во скопската населба Центар. Според неговата пријава, нападот се случил околу 23 часот, а го нападнале две лица, при што едното употребило тврд предмет. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот. Триесет и тригодишен државјанин на Чиле пријавил дека синоќа бил физички нападнат во скопската населба Центар. Според неговата ...
Петмина членови на две семејства кои живеат во иста куќа во Тетово се приведени по меѓусебна физичка пресметка што избувнала синоќа. Според полицијата, расправијата започнала како вербален конфликт, а потоа прераснала во тепачка. Во еден момент, 42-годишен маж со метален предмет нападнал тројца свои роднини и им нанел повреди. Приведените се задржани во полициска станица, а по целосното расчистување на случајот ќе следуваат соодветни пријави. ...
Малолетници без кациги возат тротинети со големи брзини, мотоцикли минуваат на пешачки премини, возрасна жена без кацига минува пешачки… Ова е секојдневие на пешачките премини во Скопје кои станаа небезбедни за оние што најмногу треба да ги користат: пешаците. Ова се случува додека во Собранието се наоѓа предлог измената на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кој се предвидува забрана за електрични тротинети за малолетници. ...
Лишени од слобода шест лица во Скопје и Битола во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога На 25/26.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(33), И.А.(39), С.С.(24), А.А.(29) и А.Е.(18), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. На 26.06.2026 во 03:10 часот во Битола, полициски службеници од СВР ...
Гостивар, 26.06.2026 – Во Гостивар денеска беше одржан Инфо ден, наменет за LIFE програмата, која претставува главен финансиски механизам на Европската Унија за поддршка на проекти поврзани со животната средина, климатските промени, заштитата на природата и обновливите извори на енергија. Овој настан го организираше Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Македонија. На ...