Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Добивај вести на Viber Едно утро, во месарница во Кифисија, северно предградие на Атина, вработените откриле дека повеќе не можат да ги контролираат ладилниците во кои се чува месото. Температурата во електронскиот систем била поставена на 150 степени, а секоја минута можела да значи расипана храна и голема финансиска загуба. Според сопственикот Ѓорѓос Бумбас, станувало збор за хакерски напад, а навремената реакција спречила потенцијална ...
Предупредување до сите кои евентуално уништуваат или прикриваат докази во државните институции упати Илија Срдановиќ, прв кандидат на „Студентската листа“, најавувајќи дека воспоставувањето на владеењето на правото ќе биде меѓу првите приоритети на новата српска влада. Тој порача дека никој нема да биде поштеден доколку се утврди дека учествувал во уништување документација што може да послужи како доказ за сторени кривични дела. „Нашиот прв ...
Добивај вести на Viber Генерал осуден за откривање воени тајни, политичар по кого полицијата трагала и откако бил помилуван и 15 обвинети за корупција во предмет тежок 843 милиони динари се меѓу 18-те лица чии имиња денеска ги објави Вишиот суд во Ниш. Александар Вучиќ ги потпишал одлуките на 25 и 27 септември, непосредно пред оставката, но судот ги добил дури на 2 ноември, повеќе од еден месец подоцна. Одлуките веќе биле во сила, иако ...
Добивај вести на Viber Во турската истрага за манипулации на берзата и корупција се вклучени 433 осомничени, од кои 112 се во притвор, 186 се под судски мерки за контрола, а 38 се во бегство, објави министерот за правда Акин Јурлек на 3 ноември. Имотот на 359 физички и 111 правни лица е блокиран, а 131 инвестициски фонд со 455.758 регистрирани инвеститори се ликвидираат. Поранешниот директор на Истанбулската берза, Коркмаз Енес Ергун, беше ...
Добивај вести на Viber Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ на вонредна прес-конференција изјави дека го почитува уставното право на претседателот Александар Вучиќ да донесува одлуки за аболиција, вклучително и во случајот со Марко Павловиќ, обвинет дека со автомобил се обидел да ја убие студентката Соња Поњавиќ. Меѓутоа, таа оцени дека многу потешко ја прифаќа одлуката за помилување на други лица, кои, според нејзините тврдења, ...
Во видео обраќање, лидерот на српската опозиција Александар Вучиќ откри дека до него стигнале информации дека одредени бизнисмени се рекетирани или се под закана на белградски криминални кланови. „Драги граѓани, во Србија буквално владее терор, а за оние кои не знаат, во тек е едно од најодвратните дејствија што некогаш се случиле во Србија од 1945 година. Имено, криминалниот клан Врачар , еден од овие црногорски криминални кланови, ...
Осомничениот за вооружените напади во кои беа убиени осум лица во западна Турција се претставил како припадник на турската разузнавачка служба за да одземе автомобил при бегството. Тоа го раскажа 19-годишниот возач на автомобилот, кој со пријател бил во близина на браната Чаторен во провинцијата Ескишехир. Според неговиот исказ за турските медиуми, осомничениот Ариф Сефа Оздемир им рекол дека е од Националната разузнавачка служба МИТ и почнал ...
Добивај вести на Viber Косово планира да основа национална авиокомпанија со државен капитал, а за реализација на проектот се предвидени средства во предлог-буџетот за 2027 година. Ова го најави косовскиот премиер Албин Курти, кој посочи дека новиот авиопревозник треба да обезбеди повеќе директни авиолинии, особено кон земјите во кои живее бројната косовска дијаспора. На седницата одржана на 2 ноември, косовската влада го усвои ...
Авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, денеска бил пресретнат и придружуван од српската воена авијација по примена закана за експлозивна направа. Според Министерството за одбрана на Србија, воените авиони извршиле визуелна идентификација и го следеле патничкото летало до бугарската граница. Потоа се вратиле во Батајница. Звуците во Шумадија биле од пробивање на звучниот ѕид Интервенцијата била преземена по известување од СМАТСА. ...
„Народната банка на Србија решително реагираше на утврдените сериозни и повеќекратни незаконитости во работењето на „Алта Груп“ доо Белград, овластена берза, со одземање на нејзината лиценца за вршење менувачки работи и изрекување казни во вкупен износ од 250.000.000 динари (околу два милиони евра) за правното лице и одговорното лице во правното лице“, соопшти НБС. Тимот експерти од Секторот за девизни работи и кредитни односи со странство на ...
Добивај вести на Viber Српската државна железничка компанија „Железници Србије“ се соочува со сериозни финансиски проблеми, а нејзините банкарски сметки се блокирани веќе пет години, покажува најновиот извештај на Државната ревизорска институција на Србија. Според извештајот за 2025 година, компанијата пријавила нето-загуба од 547 милиони динари, односно околу 4,7 милиони евра. Истовремено, загубата над висината на капиталот достигнала дури ...
Авиокомпанијата „Виз ер“ најави ново проширување на својата база во Тирана, со постојано распоредување на 15-ти авион и понуда од девет милиони седишта во 2027 година. Тоа е најавен раст на капацитетот од 11 проценти во однос на годинава, со повеќе зимски летови и зголемен број полетувања кон неколку европски градови. Одлуката, објавена на 6 ноември, дополнително ја зајакнува позицијата на Тирана како регионален авиоцентар и го отвора ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Чешка ѝ продала на Србија шест авиони за обука и борбени дејства од типот „L-39 Skyfox“, но сепак, од Белград нема официјална потврда за оваа набавка. Говорејќи на конференцијата „Прашки безбедносен дијалог“ во Прага, Бабиш истакна дека авионите можат да се користат за обука на воени пилоти, како и за противдејство против беспилотни летала. „Aero Vodochody“, производителот на авионите, потврди дека до ...
Добивај вести на Viber Во Босна и Херцеговина започна реализацијата на голем инфраструктурен проект вреден околу 8,4 милиони евра, со кој се создаваат предуслови за развој на речното пристаниште Брчко, подобрување на пловидбата по реката Сава и привлекување нови инвестиции. Според информациите што денеска ги објавија босанските медиуми, започнати се работите за деминирање на десниот брег на реката Сава, на вкупно 73 локации со површина ...
Добивај вести на Viber Кинеските автомобилски производители го засилуваат своето присуство на европскиот пазар, а хрватското пристаниште Риека станува сè поважна точка за увоз и дистрибуција на нивните возила. Во петокот во пристаништето биле истоварени 2.338 автомобили од кинеските компании БИД (BYD) и „Липмотор“ (Leapmotor), објави хрватски „Нови лист“. Автомобилите пристигнале со големиот транспортен брод „Гранд Бенелукс“, кој припаѓа на ...
Авионот што вечерва требало да слета во Москва го сменил курсот и се враќа во Белград, објави српскиот портал „Нова.рс“. Според порталот, се претпоставува дека меѓу патниците се Александар Вулин, Душан Бајатовиќ и Ненад Поповиќ. Црногорскиот портал ЕТВ претходно објави дека Вулин и Поповиќ резервирале билети за летот JU134, чие полетување од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ било планирано за 18:25 часот. Бајатовиќ се споменува во ...
Добивај вести на Viber Приказната за албумот „Животинско царство“ од 1987 година, кој речиси четири децении стоел заборавен во архивата на хрватската компанија „Краш“, доби среќен крај. По потрагата што предизвика големо внимание на социјалните мрежи, компанијата успеа да го пронајде неговиот сопственик, Шиме, и да му врати дел од детството. Од „Краш“ ја соопштија радосната вест преку социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на сите што ...
Туркије продолжува да ги зацврстува своите позиции на светската туристичка мапа, бележејќи извонредни резултати од туризмот и оваа година. Според последните објавени податоци, во првите девет месеци од 2026 година, приходите од туризмот во земјата достигнаа 51,3 милијарди американски долари, што е зголемување од 2,4% во споредба со истиот период минатата година и највисоко ниво досега забележано за овој период од годината. Особено успешни ...
Голема финансиска истрага во Турција, која се однесува на сомнителни трансакции на пазарот на капитал и тргување со акции, влезе во нова фаза. Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена и ставена во притвор под сомнение за прекршување на Законот за пазарот на капитал и за припадност кон организација формирана со цел вршење кривични дела. Налогот за притвор беше издаден од надлежен суд во Истанбул, откако Каја беше ...
Силното невреме што ги зафати грчките острови Родос и Самос предизвика поплави, свлечишта и сериозни проблеми во сообраќајот. Противпожарните служби интервенирале во две одделни спасувачки акции, при што на безбедно биле извлечени шест ученици и четири лица заробени во автомобил. Во областа Маратокампос, во југозападниот дел на Самос, училиштен автобус со шест средношколци останал заглавен поради свлечишта предизвикани од обилните врнежи. На ...
Утре се очекува Трговскиот суд во Белград, Србија, да отвори стечајна постапка за српската Алта банка АД Белград, откако претходно српската Народна банка и ја одзеде дозволата за работа. Како што пренесуваат српските медиуми, ваква одлука на Судот очекува и директорката на Агенцијата за осигурување на депозити, Љубица Пантелиќ. Токму оваа Агенција ќе биде стечаен управник и ќе ја започне постапката за исплата на осигурените износи. Законскиот ...
По повеќедецениски истражувања и меѓународна соработка, Туркије успеа да врати 100 вредни културни артефакти од Соединетите Американски Држави, кои сведочат за богатата историја на Анадолија. Артефактите беа претставени во Археолошките музеи во Истанбул од страна на министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој, кој истовремено ја отвори и изложбата „Нема излез: Бубон“, посветена на повторното обединување на бронзените статуи ...
Непознати сторители синоќа со автомобил провалиле во трговскиот центар „Меркур“ во Крањ, Словенија, при што украле голема количина накит од една златарница. Според словенечките медиуми, сторителите со автомобил влетале низ влезните врати и продолжиле да возат околу дваесет метри во внатрешноста на објектот, сè додека не стигнале до златарницата. Полицијата интензивно трага по сторителите, пренесува „Словенске новице“. Провалата се случила ...
Добивај вести на Viber Хрватската нафтена компанија ИНА заврши една од најголемите инвестиции во својата историја, модернизација на рафинеријата во Риека вредна речиси 700 милиони евра, со која се зголемува производството на дизел и се зајакнува снабдувањето со гориво во регионот. Новата постројка за преработка на тешки нафтени остатоци веќе е пуштена во пробна работа, а првите резултати покажуваат зголемено производство на горива во период ...
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако во живо на ТикТок пренесуваше снимки од ноќно излегување во друштво на српски функционери и претставници на телевизијата „Информер“. Забавата се одржала во локал кој Вучиќ го нарекол „Ќаци бар“, а меѓу присутните биле Ана Брнабиќ и главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ. Особено внимание привлече видеото на кое Вучиќ и Брнабиќ ...
Центарот за документарни информации „Веритас“ објави дека во текот на септември и октомври оваа година, Хрватска, без никаква јавна најава и далеку од очите на јавноста, ги ексхумирала останките на две добро познати гробни места со српски жртви од војната во 1990-тите – на Новите гробишта во Книн и на гробиштата во Дарувар, пренесоа српските медиуми. „Ниту ексхумацијата во Книн, ниту онаа во Дарувар, не беа објавени на официјалната ...
Медитеранскиот темперамент, грчките мелодии и силните емоции се споија на новиот авторски албум на Марија Мирковиќ. Инспирацијата за „Ел Греко“ музичарката ја пронашла за време на престојот во Солун, а во реализацијата на овој посебен проект ѝ се придружија Беба Балашевиќ и Алка Вуица, кои ги потпишуваат текстовите на шест песни. Грчката музика, нејзината неодолива енергија, темперамент и емоција послужија како инспирација за новиот авторски ...
Српскиот лидер Александар Вучиќ со најлојалните приврзаници од српската телевизија „Информер“ беше забележан во белградскиот ресторан „Чаци бар“ од каде што сите распеани најавија отпор на сите страни на политичките промени, јави „Нова“. Сви смо ми Ћаци! ❤️ Живела слободна Србија! Отпор је свуда! 🇷🇸 https://t.co/aAyDfkdi7y — Александар Вучић (@avucic) November 6, 2026 Претходно пак објави видео со газдата на медиумот „Информер“, Драган Ј. ...
Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на европската интеграција на Западен Балкан, напиша премиерот Мицкоски. Во фокусот се европската перспектива на регионот, реформите и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, со очекување за конкретни резултати и силна поддршка за европската иднина на Македонија. Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на ...
Деветнаесетгодишен младич од Србија исчезна во саботата на планината Триглав во Словенија, највисокиот врв на Јулиските Алпи. Тој се упатил по исклучително тешка планинарска патека преку Племенице, по што му се губи секаква трага. Спасувачите ги пронајдоа неговите лични предмети и траги во снегот, но сè уште не успеале да го лоцираат, пренесува словенечкиот медиум „24ur“. Словенечката полиција добила пријава за неговото исчезнување во ...