Поддржувачи на иранскиот престолонаследник во егзил Реза Пахлави се собраа во близина на иранската амбасада во Токио, славејќи ги нападите врз Иран извршени од САД и Израел. Додека знамето на амбасадата беше спуштено на половина копје, демонстрантите извикуваа „Да живее кралот“, танцуваа и вееја знамиња и транспаренти. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е време иранскиот народ „да ја преземе власта“, по заедничката операција ...

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја покрене операцијата против Иран, во координација со Израел, следела по недели дипломатски притисоци и интензивна разузнавачка подготовка, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на официјални и регионални извори. Според израелскиот „Џерусалем пост“, месеците собирање разузнавачки податоци резултирале со детална листа на цели, вклучувајќи локации на клучни ирански команданти и високи ...

Највисокиот ирански безбедносен функционер упати силна закана до САД и Израел. „Вчера, Иран испука ракети кон САД и Израел, а тие предизвикаа штета“, напиша Лариџани на платформата X. YESTERDAY IRAN FIRED MISSILES AT THE UNITED STATES AND ISRAEL, AND THEY DID HURT. TODAY WE WILL HIT THEM WITH A FORCE THAT THEY HAVE NEVER EXPERIENCED BEFORE. — Ali Larijani | علی لاریجانی (@alilarijani_ir) March 1, 2026 „Денеска ќе ги погодиме со сила што ...

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето во саботата остана заглавен во Дубаи со своето семејство, откако сеопфатните напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран и возвратната одмазда доведоа до затворање на воздушниот простор и откажување на летовите низ Блискиот Исток, објави Ројтерс. Министерот заминал од Рим во петокот вечерта со комерцијален лет за да му се приклучи на семејството кое веќе било на одмор во Дубаи, ...

Иранскиот корпус на Револуционерната гарда (ИРГЦ) именуваше нов главен командант, Ахмад Вахиди, јави Би-Би-Си. Претходниот командант, генерал Мохамед Пакпур, беше убиен во вчерашните израелско-американски напади врз Иран. ИРГЦ е главна воена, политичка и економска сила во Иран и е одвоена од редовната армија на земјата. Ахмад Вахиди претходно бил министер за внатрешни работи и министер за одбрана. Иранскиот корпус на Револуционерната гарда ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во неговиот комплекс во главниот град Техеран, објавија иранските државни медиуми. Државната новинска агенција Фарс објави дека Хамнеи е убиен рано наутро во саботата „во неговата канцеларија во резиденцијата на лидерот“ додека „ги извршувал своите должности“. An Iranian news anchor broke down in tears on live television while reading the news of Ali Khamenei’s death. ...

Израелски одбранбени сили објавија нови детали за нападите во кои, според нивните наводи, е убиен врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи. Во соопштението се наведува дека израелските воздухопловни сили, врз основа на „прецизни разузнавачки информации“ обезбедени од Воената разузнавачка служба и во координација со Мосад, го погодиле комплексот на раководството во центарот на Техеран, каде што се наоѓал Хаменеи заедно со други високи ...

Претседателот Масуд Пезешкијан во соопштение денеска изјави дека Техеран ја смета одмаздата за свое „легитимно право и должност“ и ќе стори сè што е во негова моќ да ја исполни таа должност, по нападите од САД и Израел во кои е убиен и врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи. Државните медиуми објавија дека првиот потпретседател Мохамадреза Ареф им наредил на министрите и гувернерите да обезбедат администрацијата на земјата да функционира без ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека убиството на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи во американските и израелските напади претставува „објава на војна против муслиманите“. „Атентатот на највисокиот политички авторитет на Исламската Република Иран и истакнат водач на шиитизмот ширум светот … се доживува како отворена објава на војна против муслиманите, а особено против Шиитите, насекаде во светот“, вели Пезешкијан во изјавата ...

Иранските власти соопштија дека нападнале низа американски и сојузнички цели во заливските држави, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, како и неколку бранови ракетни и напади со беспилотни летала врз Израел. Една жена го загуби животот кога иранска ракета погодила станбена зграда во израелската престолнина Тел Авив, додека вкупниот број на повредени израелски цивили во останатите ирански напади изнесува 120. Локалните ...

Москва, 28 февруари 2026 (МИА) - Руската воздушна одбрана (ПВО) собори 97 украински дронови преку ноќ над седум руски региони и Црното Море, објави денеска руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека 40 украински дронови се соборени над Крим, 22 над Брјанската област, 16 над Белгородската област и десет над Црното Море, објавија руските медиуми. Се нагласува дека четири украински дронови се соборени над Краснодарскиот ...

Оманскиот центар за поморска безбедност соопшти дека нафтениот танкер „Skylight“, кој плови под знамето на Палау, бил нападнат на околу пет наутички милји од оманскиот полуостров Мусандам. Четири лица се ранети, а целиот екипаж од 20 лица е евакуиран, јавија локалните медиуми. Засега нема други информации. Оманските државни медиуми претходно јавија дека пристаниште Дукм било нападнато со два дрона, при што бил повреден еден работник. Тоа беше ...

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) одиграла значајна улога пред нападот врз иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, објави денеска „Њујорк Тајмс“. Повикувајќи се на неколку неименувани лица за кои се вели дека се запознаени со операцијата, американскиот весник објави дека американската надворешна разузнавачка агенција го следела Хамнеи со месеци, стекнувајќи сознанија за неговото движење и навики. ЦИА дознала дека во ...

Дрон лансиран од Иран го погоди хотелот „Краун Плаза“ во Манама, главниот град на Бахреин, според извештаите што циркулираат на интернет по бранот ирански напади низ Заливот. Инцидентот се случил за време на тековните ракетни напади по почетокот на американската и израелската воена операција против Иран и елиминирањето на ајатолахот Хамнеи. Од областа во близина на хотелот се гледаше чад и оган, а екипите за цивилна заштита на Бахреин ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува иранските напади врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави. Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност. „Секој чекор што води кон ескалација на конфликтот е неприфатлив и ...

Русија остро се огласи по американско-израелскиот напад врз Иран, оценувајќи дека станува збор за однапред испланиран и неиспровоциран чин на вооружена агресија против суверена држава. Според реакцијата на руското Министерство за надворешни работи, обемот на воените подготовки и претходното распоредување американски сили во регионот, според Москва, не оставаат простор за сомнеж дека нападот бил однапред подготвен. Во руската реакција се ...

Бугарската поп-дива Дара (DARA) со песната „Bangaranga“ ќе ја претставува Бугарија на 70-тото издание по ред на изборот за песна на Евровизија. Годинава конкурсот Евровизија 2026 ќе се одржи во Виена, Австрија. Дарина Јотова е родена на 9 септември 1998 година во Варна, Република Бугарија. Го завршува Националното уметничко училиште „Добри Христов“. Почнува да пее народна музика уште од мала со музичкиот педагог Павлина Тодорова. Во 2015 ...

Врховниот водач ајатолах Али Хамнеи, иранскиот духовен лидер и највисок авторитет кој ја водеше земјата речиси четири децении, е убиен на 86-годишна возраст за време на американско-израелските воздушни напади. Славен меѓу своите поддржувачи како мудар водач, а осудуван од критичарите како диктатор, Хамнеи ќе остане запаметен како монументална фигура на Исламската револуција, кој врз основа на угледот на побожник и со огнена посветеност кон ...

|Експлозии повторно се слушнаа утрово во земјите од Персискиот Залив откако претходниот ден во нападите на САД и Израел врз Иран беше убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Иранската Исламска револуционерна гарда (IRGC) објави во неделата дека десетици напади насочени кон американските и израелските позиции биле извршени како одговор на атентатот врз иранскиот врховен лидер. Нови експлозии во Доха и Манама Очевидци во главниот ...

Најмалку осум лица загинаа денеска за време на проиранските протести кај конзулатот на САД во пакистанската метропола Карачи, соопшти портпарол на спасувачката служба. – Пренесовме најмалку осум тела во цивилните болници во Карачи, додека уште 20 лица се повредени во инцидентот кај конзулатот – изјави Мухамед Амин, портпарол на спасувачката служба на Edhi Foundation, додавајќи дека повеќето од повредените имале прострелни рани. JUST IN: ...

Десетици пакистански и ирачки граѓани ги нападнаа американските конзулати во тие земји по веста за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи Десетици пакистански и ирачки граѓани ги нападнаа американските конзулати во тие земји по веста за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. На видеото се гледа толпа мажи во портите на конзулатот како се обидуваат да скршат прозорци и врати за да влезат во главната ...

Стотици проирански демонстранти се обидоа да упаднат во конзулатот на САД во пакистанската метропола Карачи, јавија светските агенции. Притоа најмалку осум лица загинаа . „Пренесовме најмалку осум тела во граѓанските болници во Карачи, додека 20 други беа повредени во инцидентот кај конзулатот“, рекол Мухамед Амин, портпарол на спасувачката служба на фондацијата „Еди“ (Edhi Foundation), додавајќи дека повеќето имале прострелни рани. Толпа ...

САД и Израел го нападнаа Иран рано наутро во саботата, во она што претседателот Трамп го нарече обид за уништување на нуклеарната програма на земјата и потенцијално отстранување на сегашниот режим од власт. Овој потег предизвика непосредна одмазда и може да предизвика поширок конфликт што претставува сериозен ризик за пазарите на нафта. Трамп изјави во Truth Social дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен, но не даде ...

Една жена беше убиена, а десетици други беа повредени од иранска ракета што погоди станбен блок во Тел Авив доцна во саботата навечер, во првиот смртоносен бараж што го потресе Израел за време на обновените борби со Иран. Жртвата, на возраст од 40 години, беше пронајдена во критична состојба откако балистичка ракета ја погоди нејзината зграда во крајбрежниот град, предизвикувајќи голема штета на објектот и неговата околина. Парамедицинските ...

Иранскиот политички ветеран Али Лариџани, кој во неделата објави дека ќе биде поставено привремено раководство откако во воздушен напад беше убиен врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, минатата година повторно се појави како една од најмоќните личности во безбедносната хиерархија на земјата. Лариџани управуваше со широк спектар на одговорности, од нуклеарните преговори и регионалните односи на Техеран до насилното задушување на внатрешните ...

Во Техеран одекнуваат нови експлозии, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи. ИДФ пред малку повеќе од половина час објави дека „започнале напади врз срцето на Техеран“. तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe ...

Во услови на континуирана размена на ракетни напади на Блискиот Исток, Иран соопшти дека гаѓал во 27 американски воени локации во регионот. Иранската револуционерна гарда наведе дека цел биле и израелската воздухопловна база Тел Ноф, воено седиште и голем одбранбен комплекс во Тел Авив. Според ИРГЦ, станува збор за шести „бран“ одмазднички напади во кои биле користени ракети и дронови. Гарда порача дека ќе продолжи со воените дејствија, но ...

Иран рано утрово повторно ги нападна Обединетите Арапски Емирати, популарна туристичка дестинација, при што неколку експлозии одекнаа во Дубаи, јавува Ројтерс. Нападите доаѓаат откако САД и Израел вчера извршија напади врз Иран, по што Техеран започна жестока ракетна одмазда кон американските бази на Блискиот Исток, а меѓу целите на овој невиден хаос се најдоа Дубаи и Абу Даби. 🚨 Iran is attacking Dubai again. There are reports of hits near ...

„Али Хамнеи беше цел во прецизна, обемна операција спроведена од израелските воздухопловни сили, водена од точни разузнавачки информации на ИДФ, додека се наоѓаше во неговиот централен раководен комплекс во срцето на Техеран, каде што беше заедно со други високи функционери“, се вели во соопштението на војската. Војската наведува дека Хамнеи, кој беше врховен водач од 1989 година, „беше директно одговорен за насилната репресија врз иранските ...

Во руски напад во регионот Дњепропетровск во источна Украина, загина едно лица, а четворица се ранети, изјави началникот на регионалната воена команда, пренесува Москва тајмс. „Непријателот нападна три области од регионот десет пати со беспилотни летала и артилерија“, рече Олександр Ханза преку Телеграм. Во регионот Синелвики, заедниците Славхород и Меживска беа погодени и „за жал, еден маж беше убиен“, додека „уште еден маж и една жена беа ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
93%
1025
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
56%
1024
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
5.14
66%
1025
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.33
65%
1023
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
0.0
76%
1024
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
75%
1021
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1023
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1022
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
1.79
39%
1025
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1022
Currency

61.6317

Currency

52.9798

Currency

70.8395

Currency

37.5035

Currency

38.8416

Currency

68.0086

Currency

7.68142

Currency

0.68029

Currency

0.33738

Currency

0.5248

Currency

1.20469

Currency

0.57513

Паладиум

52823.68

Родиум

368126.05

Сребро

2704.52

Калај

51.64

Цинк

3.28

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.35

Злато

166049.28

Платина

69606.37

Рутениум

45750.51

Бакар

11.80

Кобалт

66.14