Немаше некоја голема неизвесност околу тоа кој ќе биде победник во дуелот помеѓу екипите на Работнички и Ангели во рамките од 20 коло во македонската кошаркарска „МТЕЛ“ Супер лига. Екипата од „Градски парк“ важеше како фаворит, и ја оправда таа улога против последнопласираниот тим на табелата (107:67) со 40 коша разлика. Уште во текот на првата четвртина, домашните кошаркари забележаа 30 поени на своето конто, а на противникот му дозволија ...

Вечерва во новата сала “Лазар Лечиќ“ во Градски Парк, во првиот меч од 20.коло од нашата елитна кошаркарска лига, Работнички со 107:67 успеа да го победи составот на Ангели. Ова беше осма победа за Работнички а 12-ти пораз за гостите во досегашниот дел од првенството. Се очекуваше победа на Работнички, и така домашните беа фаворити, но сепак можеби не така убедлива, со постигнати повеќе од 100 поени. Домашните уште во “првото“ полувреме го ...

Работнички ја запиша втората победа на вториот меч кој го одигра по реактивирањето на „Градски парк“, а новоименуваната сала „Лазар Лечиќ“ беше непремостлива пречка и за екипата на Ангели. Последнопласираниот тим на табелата е прежален во Суперлигата и нема реални шанси за било каква плејоф битка, а 19-от пораз на 20-от меч во елитното друштво само потврдува дека е убедливо најслаб тим во лигата. Играчите на Работнички имаа полесен тренинг во ...

Кошаркарите на Работнички извојуваа важна победа пред своите навивачи и лесно го надиграа тимот на Ангели со убедливи 107-67 во натпреварот од дваесеттото коло на македонската Суперлига. Домашниот тим немаше никакви проблеми со последнопласираниот тим на табелата, покажувајќи ја својата сила во текот на целиот меч. На паузата резлтатот гласеше 65-30, па така второто полувреме прерасна во чиста рутина за победничкиот состав. Ангели немаа ...

Кошаркарите на Работнички славеа убедлива победа над последнопласираниот тим на Ангели во 20. коло од Супер-лигата. Работнички го „истури бесот“ и триумфираше со 40 разлика (107-67). Уште на стартот домашните кошаркари тргнаа фуриозно, и на полувремето се стекнаа со предност од 35 разлика, и тука се знаеше победникот. Работнички ја доби и третата четвртина, а потоа во последната следуваше мало опуштање. Во третиот период домашните стигнаа и ...