Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, два се ставени под контрола, а 11 се целосно изгаснати. Активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на месноста Стојанова Населба, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола се пожарите на депонијата ...
Во изминатото деноноќие до 7:30 часот утрово, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои 18 се целосно изгаснати, еден е ставен под контрола, а еден сè уште е активен, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на локалитетот Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот кај депонијата во Делчево. ...

