Министерот за здравство, Сашо Клековски денес одржа прес конференција на која информираше за последните новости за епидемијата на западнонилска треска. – Во моментот има вкупно 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска, од кои 50 се потврдени, а тројца се сомнителни и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Вкупно 52 пациенти се со невроинвазивна форма. Од Клиниката за инфективни болести 25 ...
Бројот на регистрирани случаи на западнонилска треска годинава е значително зголемен во споредба со истиот период лани. Додека минатата година биле евидентирани само два случаи, годинава се регистрирани 53 пациенти, од кои кај 50 инфекцијата е потврдена, а за тројца се очекуваат дополнителни резултати. Според министерот за здравство Сашо Клековски, наглиот пораст не може да се објасни со една конкретна причина. Тој посочува дека однесувањето ...

