Протест на 13 и 14 февруари во Атина, со трактори и земјоделски возила, одлучија да одржат земјоделците од цела Грција на состанокот што попладнево се одржа кај месноста Никеа во близина на Лариса, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците, кои речиси два месеци, во декември и јануари беа на патиштата и граничните премини, преку протестот во Атина, сакаат уште еднаш да ги истакнат нивните барања, за кои сметаат дека не се решени. ...
Земјоделците повторно се незадоволни и повторно ќе протестираат. Овој пат во Атина на 13 и 14 февруари. Тие сметаат дека не биле исполнети нивните барања. Претседателот на Федерацијата на земјоделски здруженија од Лариса Ризос Маврудас по денешниот состанокот рече дека било одлучено да се одржи „голем и масовен земјоделски протест во Атина со цел да ја убедат Владата да сфати дека битката ќе продолжи“ и дека нема да отстапат од нивните барања ...

