Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
СВР Скопје ги повикува граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници за време на посебниот сообраќаен режим Од денеска до четврток (23 јули) во официјална посета на земјава ќе престојува претседателката на Република Индија, Дрипади Мурму, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ќе воведе посебен ...
Оттаму, како лицемерно го оценуваат однесувањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, правејќи паралела меѓу актуелниот случај и периодот на ковид-пандемијата, кога министер за здравство во тогашната влада беше Венко Филипче Од владејачката партија порачуваат дека очекуваат целосно расчистување на случајот во Гостивар и одговорност затоа што, како што наведуваат, поради несовесно раководење на општинските институции, над илјада жители ...
Опозициската партија обвини оти институциите имале ненавремена реакција, откако било утврдено дека диви пумпи вбризгувала вода од реката Вардар во водовоот, што резултираше со речиси 2 000 заболени граѓани Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ, туку се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, се вели во соопштението на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ). Оттаму велат дека она ...
Во објавата од ЦЕНТКОМ се наведува дека целта на операцијата е дополнително да се намали способноста на Иран да напаѓа трговски бродови и цивилни морнари кои пловат низ Ормускиот Теснец Соединетите Американски Држави извршија нов бран напади врз Иран – целта, како што соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) биле ирански воени командни центри, позиции на противвоздушната одбрана, крајбрежни системи за надзор, поморски капацитети, ...
Во врска со состојбата на граничните на македонско-грчката граница, од Авто-мото сојузот на Македонија напоменуваат дека на грчката страна на премините времињата на чекање постојано варираат и вообичаено се подолги На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“, на македонско-грчката граница има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, информираат утрово од Авто-мото сојузот на Македонија ...
Од опозициската партија обвинуваат дека молкот на институциите го претвора исклучувањето на албанскиот јазик во институционална практика и бараат одговорност за поттикнување етничка нетрпеливост Демократската унија за интеграции (ДУИ) ги обвини градските власти од Град Скопје поради како што велат, двојно прекршување на законската обврска за употребата на албанскиот јазик во официјалната комуникација во рок од само еден ден. Оттаму велат дека ...
Претходно, косовски државјанин во 13:40 часот во Полициската станица Бит Пазар пријавил дека три лица се исчезнати, бидејќи последен контакт имал со нив претходниот ден околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека на патот Блаце-Скопје е пронајдено превртено возило „мерцедес” со германски национални ознаки. Пријавата во полиција стигнала синоќа околу 22:35 часот по што ...
Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, најавува за Уравата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. „Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град“, информира УХМР. ...
Пресвртот во натпреварот дојде во 116.минута кога фудбалерот Феран Торес ја затресе мрежата на Аргентина и ја донесе неговата шпанска репрезентација во предност Репрезентацијата на Шпанија е победник на Светското фудбалско првенство што се одржа во САД, Канада и Мексико . Победата дојде откако ја победи репрезентацијата на Аргентина со резултат од 1:0. Откако во регуларниот дел од натпреварот ниту една од репрезентациите не даде гол, се играа ...
Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, вели дека овие количини ќе се распределуваат на неколку пунктови и оти тоа ќе зависи од потребите и за да не се создаваат турканици на топлото време Првите количини на пакувана вода што ги обезбеди Владата, од вечерва се делат на определени пунктови во Гостивар. Вечерва се испорачани првите 50 илјади литри вода во пластични шишиња кои делат на повеќе пунктови. ...
Од партијата ја обвинија локалната власт дека работи по примитивен и аматерски модел, копиран од нивната сродна партија од Србија, каде што нема никаква одговорност и проверка на сработеното Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагира на објаснувањето на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски дека спорниот билборд што беше поставен на влезот во Скопје е резултат на „печатна грешка“. Од СДСМ велат дека не станува збор за ненамерна ...
Клековски појасни дека клиничката слика кај огромниот број пациенти е генерално лесна, со симптоми на дијареја, повраќање и дехидратација, додека треска и покачена температура се јавуваат поретко Министерот истакна дека според досегашните епидемиолошки податоци, географската и демографската дистрибуција на заболените ја исклучуваат храната како фактор, но вели дека мора да се бидат претпазливи, а не да се скока во заклучок Во Гостивар е ...
Во гаснењето на пожарот на депонијата во близина на селото Добрашинци се вклучени две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители, кои континуирано работат за целосно ликвидирање на огнот Според информациите од ЦУК, активен е пожарот во Општина Кочани на патот кон Пробиштип каде гори деградирана ниска вегетација Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица е на терен и активно работи на гаснење на пожарот што изби на депонијата ...
Од партијата сметаат дека во двојазичен град, исклучувањето на албанскиот јазик од официјалните натписи претставува тешка политичка и институционална провокација и прекршување на законот Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево излезе со реакција за натписот на билбордот што градските власти го поставија на влезот во главниот град. Станува збор за билбордот што пред два дена беше поставен со грешки во илустрациите, а кој по ...
„Сè уште не го знаеме изворот на заразата и причинителот уште ни е непознат. Во тек се испитувањата и чекаме резултати да видиме за што се работи. Редовно ја следиме состојбата, редовно спроведуваме епидемиолошки увиди, ги анкетираме заболените пациенти и за сè ќе бидете дополнително информирани“, вели епидемиологот Зафироска Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Тетово попладнево пријави епидемија на подрачјето на Општина Гостивар, поради наглото ...
„Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси последици согласно закон“, велат од Владата Поради актуелната состојба со водоснабдувањето во Гостивар, Владата донесе одлука за итна поддршка на населението. Почнувајќи од денес, па во наредните неколку денови, интервентно ќе се обезбедуваат по 50 000 литри бесплатна вода за пиење дневно, со цел да се задоволат основните потреби на граѓаните додека ...
Тој додава и дека за направената корекција, градот нема платено и оти трошоците се на компанијата – изработувач која знакот го поставила преку јавното претпријатие „Улици и патишта“ Кој работи и греши, напиша денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски откако објави дека на влезот во Скопје кај Маџари е поставен нов билборд за добредојде во градот. Ова доаѓа откако пред два дена таму беше поставен билборд со грешки во илустрациите. На ...
Според досегашните направени епидемиолошки анкети, Кочински вели дека заедничко е што сите користеле храна и во домашни услови и во ресторани, сите користеле вода за пиење, а некои пиеле и флаширана вода. Ова, како што вели, не дава некои индиции во коишто може да се направи просторно поврзување на случаите и ќе треба да се почекаат резултатите од микробиолошката анализа и кај пациентите од коишто се веќе земени мостри и од резултатите што ќе ...
Според Зеленски, овие операции се „целосно оправдан, фер и прецизен“ одговор на континуираните руски удари врз украинската територија. Тој најави дека покрај копнените енергетски капацитети, цел на најновите украински акции биле и танкери од руската „тајна флота“ кои сообраќаат во Црното Море. Серија силни експлозии одекнаа денеска во регионот на Ставропол на југот на Руската Федерација, откако украински беспилотни летала извршија масовен ...
Охрид повторно е во фокусот на политичките препукувања по нацрт-одлуката на УНЕСКО со која се предлага Охридскиот Регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност Опозициската СДСМ ја обвини локалната и централната власт за, како што наведува, институционален неуспех во заштитата на регионот, додека од Општина Охрид ги отфрлија обвинувањата, оценувајќи дека токму политиките на поранешната власт довеле до сегашната состојба. ...
ЗНАМ во власта влезе со јасна цел – да биде реформатор, но и коректор кога ќе биде потребно и оти ќе ги бранат принципите на коишто стојат, истакна првиот човек на ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната трибина во Тетово Во своето обраќање тој нагласи дека определбата на Движењето е да биде носител на промени и да придонесе кон создавање држава со ред, систем и еднакви можности за сите граѓани. „Не влеговме во политиката за да бидеме ...
Највпечатлива аномалија беше коњот Букефал кој имаше една вишок нога, додека Воинот на коњот, наместо класичен антички шлем беше прикажан со чудно наглавена капа која аналитичарите и граѓаните ја опишаа како „капа на отомански бег“ По бурата од реакции, критики и потсмев билбородот „Добредојдовте во Скопје“ кој беше поставен на источниот влез на градот е тргнат. Неофицијално, билбордот ќе се замени со нов на трошок на компанијата која го ...
Поради енормниот прилив на пациенти во краток временски период, состојбата официјално се третира како активен епидемиски настан. Од министерството за здравство уверуваат дека клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна и бројот на хоспитализирани лица останува низок. Надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар, ...
Во меѓувреме, локацијата во Вруток и понатаму останува обезбедена по наредба на јавен обвинител, информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија Препорака од ИЈЗ – водата да не користи ниту за подготовка на храна, миење овошје и зеленчук, подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци Основното јавно обвинителство Гостивар очекува резултати од испитувањата на примероците од водата од гостиварскиот водовод, по што ќе ...
Тие повикаа полиција, но таа нема право да ме изнесе. Ниту сум го прекршил редот, ниту сум пцуел, ниту сум употребил сила. Јас само сакав да го искористам своето деловничко право. Ова не е Тунгузија, ова е Совет, вели советникот Темелков На последната седница на Советот на општина Неготино одржана во петокот, поради непочитување на деловникот и три последователни опомени, по предлог на претседателката Лилјана Арсова Митрова со мнозинство ...
Двете најголеми социјални мрежи на технолошкиот гигант Meta Platforms Inc, Фејсбук и Инстаграм , утрово се соочуваат со голем глобален прекин во работата, оставајќи милиони корисници ширум светот, вклучително и во Македонија, без пристап до своите кориснички сметки. Техничките проблеми започнаа ненадејно околу 10:00 часот по македонско време, предизвикувајќи бран поплаки на алтернативните социјални мрежи. Дефектот најсилно ја погоди десктоп ...
Контроверзните инфлуенсери, браќата Ендрју и Тристан Тејт се приведени заедно во Мајами, Флорида, во драматична акција на американските маршали. Апсењето е извршено врз основа на запечатен налог, како дел од итна постапка за екстрадиција по барање на Велика Британија. Оваа координирана меѓународна операција означува нов, досега најтежок удар за браќата, кои се соочуваат со дополнителни 38 нови обвиненија за тешки сексуални деликти и трговија ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето на двајца американски војници во Јордан е трагедија, но нагласи дека воената мисија поврзана со Иран останува од клучно значење за САД. Тој ги одбрани новите воздушни напади на американската војска, кои беа изведени како директен одговор против силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). „Го направивме тоа затоа што не сакаме Иран да дојде до нуклеарно оружје. ...
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, дека со несовесно и непрофесионално работење го довела градот до колапс и го загрозила здравјето на граѓаните. Од партијата посочуваат дека во изминатите денови повеќе од 1.000 жители на Гостивар, меѓу кои и деца, побарале лекарска помош со симптоми на труење, а како можна причина го наведуваат загадувањето на водата за пиење. „Според ...
СДСМ смета дека епидемијата во Гостивар постои и дека е потребно надлежните да ја прогласат, по пиењето загадена вода и околу 1.500 случаи кои се пријавија во градската болница. „Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не. Со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на ...