Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Штети на секој чекор, по силното невреме во главниот град Уште се бројат материјалните штети од силното невреме што попладнево го зафати Скопје. Блокирани се булевари и улици, оти на нив се паднати гранки од дрвја или лимови. Штета е направена и на возила, а во делови од градот има летнати кровови и откорнати дрвја. Краткотрајниот, но силен ветер што попладнево го зафати Скопје, освен дожд, пред себе носеше и прашина и ситен отпад. Според ...
Невремето што попладнево го зафати Скопје предизвика штети на повеќе места Падна кровот на Центарот за странски јазици во скопски Карпош, по невремето проследено со силен ветер и дожд, што попладнево го зафати Скопје. Карпош е една од најпогодените општини, од каде жителите јавуваат за паднати дрвја, лимови и оштетени возила во различни места. Како што претходно објавивме, невремето направи штета на повеќе места, а во близина на „Мавровка“ ...
Според него, органите во состав на Општина Гостивар се должни максимално да се вклучат во процесот, додавајќи дека разговарал и со градоначалникот на Гостивар во насока на утврдување на фактичката состојба Во однос на можноста предметот да го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), како и прашањата поврзани со надзорот и пуштањето во употреба на новиот водовод, министерот рече дека надлежноста ќе зависи ...
Обвинителството не ја отфрла можноста истрагата да се прошири и на други лица Основниот суд Гостивар им одреди по 30 дена затворски притвор на тројцата раководители на гостиварското комунално претпријатие, осомничени за загадувањето на водата во Гостивар. Станува збор за вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“-Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Даути, кои ...
Од УХМР претходно најавија дека во попладневните часови се очекува во делови од котлината да има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер Предмалку Скопје го зафати невреме со силен дожд и ветер. Од силината на ветерот во делови од градот има паднати дрвја или искршени гранки, а силниот ветер освен дожд пред себе носи и прашина и ситен отпад. Во близина на „Мавровка“, невремето предизвика и пожар кој во меѓувреме сам се ...
Пред да дојде во ФЗО, Перински ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, но беше разрешен заедно со уште седум министри во рамки на владината реконструкција. На директорската позиција во ФЗО доаѓа како наследник на Сашо Клековски, кого Собранието пред една седмица го избра за нов министер за здравство На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница го именува Златко Перински за вршител на должноста ...
Како што истакна Сиљановска-Давкова, меѓу сите теми за кои разговарале денеска една се издвоила. Во таа насока, таа рече дека е дојдено време економското партнерство да го достигне квалитетот на политичките односи меѓу двете земји „Сакаме да промовираме подобра трговија и инвестиции и да охрабриме подобреа соработка меѓу нашите бизниси. Исто така, се согласивме да ја прошириме билатералната трговија, разговаравме за соработка во клучни ...
Од Здравство велат дека моментално во Општата болница во Гостивар се хоспитализирани четири лица Продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица што првпат побарале лекарска помош поради стомачни тегоби, покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар. Графичкиот приказ од министерството покажува дека во Општата болница во Гостивар во текот на вчерашниот ден бил прегледани 183 нови ...
Во состав на делегацијата ќе бидат министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и владината портпаролка Марија Митева Претставници на Владата попладнево во 16 часот ќе ја посетат ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад“ Општина Гостивар – најавија од владината прес-служба. ...
На денешниот брифинг во Основното јавно обвинителство Гостивар, на кој присуствуваше и републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во тој контекст беше кажано дека истрагата е во почетна фаза и допрва треба да се утврди причинско-последичната врска меѓу епидемиолошката состојба и резултатите од анализираната вода Загрижени граѓани од селото Вруток во Гостивар се првите кои на 16 јули пријавиле дека непроверена вода го полни водоснабдувачкиот ...
Од Владата велат дека одлуката за прогласување кризна состојба во Гостивар е со цел побрза координација на институциите, како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок, со оглед дека, како што се наведува во соопштението, локалната самоуправа не може да се справи со настанатата состојба во Општината Владата на денешната 195. седница донесе одлука за прогласување кризна состојба во ...
Не очекуваат проблемот да биде наскоро решен и велат дека и да добијат насоки дека водата е исправна сепак ќе треба да поминат неколку дена пред повторно да ја користат Пет дена откако беше донесена забрана за пиење и користење на водата од гостиварскиот водовод, „360 степени“ е обиколка на градот. На неколку локации во Гостивар ги прашавме жителите дали пиеле вода од градскиот водовод и кои се симптомите што ги чувствуваат. Поспаност, болки ...
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека лидерот на СДСМ давал поддршка и мобилизирал луѓе за изборот на актуелниот градоначалник на Гостивар, Велбон Лимани, кој вчера изјави дека не чувствува морална одговорност за случајот со загадената вода во гостиварскиот водовод. Оттаму прашуваат и дали Филипче го поддржува ставот на Лимани, кој, како што велат, без срам отфрла одговорност за грешките на луѓето кои ги има назначено Венко Филипче нема кредибилитет да ...
Воедно, не се исклучува ниту можноста истрагата да се прошири и на други лица во зависност од дополнителните анализи и докази кои ќе бидат прибавени Основното јавно обвинителство Гостивар ќе бара притвор за тројцата осомничени – в.д директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“-Гостивар, Артана Асани, како раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Даути и техничкиот директор на јавното претпријатие „Комуналец“-Гостивар, Леон Мезини. ...
Опфатените со истрагата се соочуваат со обвиненија за кривично дело тешки дела против животната средина и природата, предизвикани со дејства на загадување на водата за пиење Вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“-Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Даути, денеска беа изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар. Опфатените со ...
Претседателот на СДСМ побара итно објавување на сите анализи и предупреди на сериозни здравствени последици доколку угостителските објекти користат неисправна техничка вода како појава на труење со храна и Хепатит А Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Гостивар ја обвини власта за загрозување на основните човекови права – на здравје, здрава почва и чиста вода. Тој кажа оти нивната посета на Гостивар нема за цел да го ...
Директорот на гостиварската болница Емри Бајрами информира дека на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а во Ургентниот центар 12 пациенти. Клиничката слика и натаму се карактеризира со стомачни проблеми, а поретко со треска и покачена телесна температура Нови 198 пациенти се прегледани во Општата болница Гостивар во изминатото деноноќие, информира директорот на болницата Емри Бајрами, додека ...
Од партијата оценуваат дека наместо економски напредок, економијата се наоѓа пред колапс, а граѓаните се принудени да водат секојдневна борба за преживување и покривање на основните сметки Цените на горивата во земјава драстично пораснаа, со што граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок наместо ветуваното поевтинување, реагираат денеска преку соопштение од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Според опозициската партија, со ...
Миланов соопшти дека АХВ вчера и денеска ги засилила своите активности на терен во Гостивар, и земала дополнителни мостри за анализа кои, како што рече, треба да го потврдат изворот на загадување. Во однос на поставените пумпи директорот на АХВ рече дека тие биле поставени на диво, што било утврдено и на 16 јули кога била направена првата вонредна контрола по пријавата на случајот „Согласно договорот помеѓу Центарот за јавно здравје и Јавното ...
По свечениот пречек, претседателките заминаа на тет-а-тет средба, по која ќе следува пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на Сиљановска-Давкова и Мурму Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претпладнево со највисоки државни и воени почести во својот Кабинет ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму, која е во официјална посета на земјава. По свечениот пречек, претседателките ...
„Општините се првата линија на одговорност за безбедното функционирање на овие системи, како и за воспоставувањето и заштитата на санитарните заштитени зони околу водните извори“, вели министерот Загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани, а Владата очекува брза, темелна и транспарентна истрага за целосно расчистување на случајот и соодветна одговорност за сите ...
Според првичните информации кои ги соопшти директорката на ДИЖС, спорното зафаќање на вода во Гостивар е направено од отворен канал кој воопшто не е дел од официјалната дозвола за водоснабдување Директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ивана Гиновска на денешната прес-конференција во Владата информираше за деталите од теренскиот увид поврзан со појавата на епидемија во Гостиварско. Хронолошки раскажувајќи за случајот, ...
Според партијата, именуваното лице не ги исполнува законските услови за извршување на оваа висока функција бидејќи пресметаното работно искуство му било стекнато пред завршувањето на високото образование Поминаа седум дена од именувањето на новиот заменик-директор на Македонската радио-телевизија (МРТ), а Програмскиот совет сè уште нема дадено никакво образложение ниту одговор на обвинувањата за кршење на законот, реагираат денеска од ...
Иако новите факти несомнено ја зајакнуваат причинската хипотеза, епидемиологот Драган Даниловски оценува дека тие не ја заменуваат целосната епидемиолошка и микробиолошка истрага и целосното утврдување на причината за епидемијата и начинот на кој таа настанала. За ова, како што вели, потребни се податоци за микробиолошките испитувања на заболените, примероци од различни точки на водоводната мрежа, временската динамика на контаминацијата, ...
Градоначалникот на општина Дојран во објава на социјалните мрежи соопшти дека во невремето за среќа нема повредени лица и е предизвикана само материјална штета. Тој вели дека екипи веднаш излегле на терен и се работи на расчистување на паднатите дрвја и причинетите штети Силното невреме кое вчера попладне го зафати источниот дел од државата, освен во Струмичко, Делчево и Радовиш предизвика штети и во Стар Дојран, каде, како што пренесува МИА, ...
Одлуката која опфаќа увоз вреден околу 20 милијарди долари стапува на сила на 19 август, а канадскиот премиер Марк Карни го повика американскиот претседател Доналд Трамп на дополнителни разговори Белата куќа објави дека воведува нови царини од 50 отсто на голем број производи од Канада, потег кој дополнително ги заострува трговските односи меѓу САД и еден од нивните клучни партнери. Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир информираше ...
УХМР најавува дестабилизација на времето која ќе трае до петок, кога се очекува значително заладување и обилни врнежи од дожд Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и исклучително топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град, а ќе дува слаб до умерен, ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, очекува на предвидените средби да се потврдат одличните билатерални односи и да се даде нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји Претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, пристигна во најавената официјална посета на земјава, објави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, кој со цвеќе ја пречека вечерва на скопскиот аеродром. ...
Паднати се дрвја и бандери, сообраќајот е отежнат, а надлежните повикуваат на зголемена претпазливост Попладнево силно невреме зафати делови од источниот и југоисточниот дел на земјава. Краткотрајното невреме проследено со силен ветер и дожд, кое го зафати струмичкиот и радовишкиот регион предизвика паѓање на дрвја и пожари, објавија Територијалните против пожарни единици на Струмица и Радовиш. Во село Подареш бил запален постар објект, а ...
Настанот се случил на 17 јули 2026 година, околу 21:45 часот, покрај патот Горно Лисиче – Долно Лисиче. Осомничените со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна државјанка на Србија, која имала престојувалиште во Скопје Поднесена е кривична пријава по брза постапка против двајца мажи од Скопје поради основано сомнение дека извршиле кривично дело полов напад и силување, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. ...