Владејачката партија ја обвинува коалицијата на СДСМ, ДУИ и Таравари за морална капитулација и собирање дневнополитички поени, порачувајќи дека секој што го загрозил здравјето на граѓаните ќе сноси законски последици Опозицијата е морално капитулирана и целосно деориентирана, се вели во сооштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ по повод кризата со водата во Гостивар. Според владејачката партија, настаните во овој град, кои се резултат на ...

АМСМ информира за зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини и апелира на внимателно возење поради можни одрони на неколку патни правци Зголемена фреквенција на возила утрово се бележи на граничниот премин „Богородица“, каде што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа. На „Табановце“, пак, за влез во земјава се чека околу 30 минути, а според извештајот на Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ), на ...

Јапонија, Европската унија и Австралија ги нарекоа неосновани новите давачки од 10 до 12,5 отсто воведени под изговор за принудна работа, а американскиот претседател најави одмазда кон Брисел поради високите казни изречени за американските технолошки корпорации Најновите царини во висина од 10 до 12,5 проценти, кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за околу шеесетина земји, предизвикаа бран на негативни ...

За време на викендот се очекува стабилно време со умерена облачност, додека од почетокот на следната недела следува краткотрајна дестабилизација, па повторен пораст на температурите Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, придружено со умерен до засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде најизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната утринска температура ќе се движи во интервал ...

Акцијата, како што информираат од МВР, била спроведена од полициски екипи од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при Секторот за внатрешни работи Скопје, а по наредба на скопскиот Основен кривичен суд Полициски екипи денеска при претрес на дом на 51-годишен скопјанец откриле и заплениле пет килограми марихуана и дигитална вага со остатоци од дрогата, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи (МВР). ...

„Инсистираме на доследно спроведување и целосно имплементирање и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права бидејќи тоа го сметаме како значајно цивилизациско достигнување во денешна Европа“, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Прашањето за непочитувањето на човековите права на Македонците кои живеат во Бугарија е тема која државата континуирано ја актуализира преку својот ангажман во ...

На 21 јули Владата прогласи кризна состојба во Гостивар со цел побрза координација на институциите, како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок Армијата останува ангажирана во Гостивар и ќе продолжи да им помага на граѓаните сѐ додека има потреба, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешната посета на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп. Тој информираше дека Армијата ...

„Јас не сум епидемилог или микробилог, мојата функција е менаџерска, но јас сум во постојана комуникација, имаме целодневни состаноци со епидемиолозите, микробиолозите, специјалистите по хигиена, кои се токму за оваа работа и се интересирам за прашањето што ми го поставивте. Тие ми велат дека овие резултати коишто ги добивме како негативни укажуваат на самото тоа дека овие бактерии коишто се најдени и колиформните и мезофилните дека може да ...

Четири години велам дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. Четири години трпам критики, напади и навреди. Четири години цртам на табли, објаснувам, повторувам. Еден чекор поминат, напиша Османи на својот Фејсбук профил и ја сподели изјавата на актуелниот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски Муцунски денеска, во одговор на новинарско прашање, кажа дека негов став како министер за надворешни работи и како правник е дека ...

„Катимерини“ пишува дека поради лошите временски услови, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција го вклучил црвениот метеоаларм за 11 региони во земјата, прогласувајќи состојба на мобилизација за надлежните Силно невреме проследно со дожд, грмотевици и опасни налети на ветер денеска ја погоди Атина и нејзините предградија, а циклонскиот бран погоди и делови од северна Грција, предизвикувајќи штети на инфраструктирата и проблеми ...

Од Министерството за енергетика велат дека во нивните простории ќе биде формиран Центар за промоција на геонаследството, кој ќе прерасне во постојан изложбен и едукативен простор за презентација на минерали, кристали, фосили и други геолошки експонати Министерството за енергетика најавува поширока презентација на македонскиот рубин пред домашната и меѓународната јавност. За таа цел, министерката Сања Божиновска денеска потпишала Меморандум за ...

Министерот за правда и директорот на Агенцијата за примена на јазикот договорија продлабочување на институционалната соработка со цел доследно почитување на јазичните права и обезбедување еднаков пристап до институциите Министерот за правда Јетон Шасивари и директорот на Агенцијата за примена на јазикот Гранит Османи на работна средба се заложија за унапредување на институционалната соработка и доследна примена на Законот за употреба на ...

„Ние како Комисија алармиравме навреме да не се опушти здравствениот систем, оти можно е покрај овие цревни причинители да имаме појава и на хепатит А, но и на хепатит Е, за што нормално благовремено е известено Министерството (за здравство) и здравствените власти во државата, вели д-р Жаклина Шопова, инфектолог во Комисијата за заразни болести По епидемијата прогласена во Гостивар поради загадената вода од градскиот водоснабдителен систем, ...

Фотографиите ги направиле вработени во пунктот на Национална радиодифузија Падна снег среде лето на врвот Пелистер, кој се наоѓа на 2 601 метар надморска височина, на планината Баба, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер“. „Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покаже дека мора да го почитуваме“, објавија од ...

Ова веќе не е инцидент. Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Додека тие отвораат базени, менуваат министри и обвинуваат за ‘дезинформации’, реките се полнат со пена, а граѓаните не смеат да ја пијат водата од чешма, реагира опозициската партија По загадувањето на водата во повеќе градови, денешното влевање на бела пена од Лепенец во Вардар е показател за системски ...

На терен се инспекциските служби на Град Скопје и ресорното министерство, вели градоначалникот Ѓорѓиевски. По сторителот се трага и со дрон, а екипи на скопски „Водовод“ земаат примероци за да утврдат за каква материја станува збор Од попладнево, бела пена се влева од реката Лепенец во Вардар, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии од граѓани кои го забележале тоа. Информацијата ја потврди и градоначалникот на Град Скопје, Орце ...

Оттаму бараат министерот за здравство и институциите под негова надлежност да преземат одговорност По Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево – Пласница е петто по ред населено место каде за краток рок е констатирано дека водата е неисправна за пиење. Ова го велат од СДСМ, откако во текот на денов во дел од медиумите кружи документ од Центарот за јавно здравје во Прилеп, од последните испитувања на водата од 14 јули годинава, кои покажуваат ...

Фејсбук-објавата на директорот на „Пошта“, Орхан Куртиши, е директно адресирана до пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, кој претходно вчера обвини дека „Пошта“ трет ден по ред не прима писма „Пошта“ три дена не работеше поради сериозното невреме и техничките последици што ги предизвика, но денес работењето е целосно нормализирано и сите услуги се одвиваат непречено – објави на социјалните мрежи директорот на АД „Пошта на РСМ“, Орхан ...

Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад“- Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското одделение и седум прегледи во Ургентниот центар, што претставува намалување во однос на претходниот ден, информираат од Министерството за здравство Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.7.2026 година) се ...

Штрајкот ќе трае од 5 до 9 часот наутро по македонско, односно од 6 до 10 часот по грчко време. Во овој период патничките возила ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин за влез и излез од Република Грција Министерството за внатрешни работи информира дека за в понеделник наутро е најавен штрајк на грчките царински службеници на трите премини со земјава и тоа – „Евзони“ („Богородица“), ...

Камчев оцени дека повисоката вредност најверојатно е поврзана со зголеменото пумпање на водата од бушотините, при што може да дојде до ослободување на таложени елементи и додаде дека тоа сепак е негова претпоставка и дека конечните оцени треба да ги даде стручната јавност Најави дека и во наредниот период ќе се спроведуваат дополнителни вонредни анализи за следење на квалитетот на водата. Воедно, тој обвини дека во претходните години не биле ...

Тој рече и оти Владата континуирано работи на одржливо решение за продолжување на европскиот пат и дека протоколите не се дел од преговарачката рамка Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција изјави оти дека комуникацијата со земјите членки на Европската Унија, европските институции и со Бугарија е постојана, но оти деталите од разговорите намерно не се изнесуваат во јавноста за да не ...

Претставувајќи го предлогот за избор на Зејнула за министер без ресор, премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците рече дека од нив не бара поддршка за кандидат за член на Владата, туку за принципот дека институциите треба да ги водат луѓе кои можат да понесат одговорност, да носат одлуки и да работат во интерес на сите граѓани без разлика на нивната етничка или политичка припадност Со 67 гласа „за“, 13 „против“ и ниту еден „воздржан“, ...

Во Шпанија, од почетокот на годината досега, изгореле околу 1 300 квадратни километри земјиште, што е четирипати повеќе во споредба со истиот период минатата година Во меѓувреме, во Југозападна Франција, продолжуваат масовните евакуации поради големите пожари. Земјата побара активирање на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, по што се очекува дополнителна помош, меѓу која и два противпожарни авиони од Хрватска, два „ертрактори“ ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија вели дека Владата во соработка со локалната власт во претстојниот период ќе работи ангажирано на сите забелешки, но смета дека задржувањето на статусот на УНЕСКО не треба да значи назадување, туку туристички, економски и социјален развој на Охридскиот Регион Сметаме дека воспоставивме јасен план, имаме јасна меѓусебна координација и јасни насоки за тоа што треба да се направи – изјави ...

„Повреден е сопатникот С.С. (28) од селото Јакимово, додека возачот и сопатникот Д.А. (28) од селото Истибања се здобиле со телесни повреди“, велат од МВР Приведен е дваесет и четиригодишниот жител на виничкото село Градец откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во несреќата едно ...

СДС и Филипче немаат одговорност, не нудат решенија туку креираат страв и вознемиреност кај граѓаните. СДС и Филипче наместо да придонесат со решенија и да покажат чувство за одговорност, повторно избираат да шират паника и да ја злоупотребуваат секоја актуелна тема за политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ СДС и Венко Филипче повторно ја злоупотребуваат кризата за ширење паника, дезинформации и конструкции, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во ...

Со одлуката, на земјава ѝ се дава можност да ги реализира мерките што УНЕСКО со години ги посочува како неопходни за зачувување на Статусот на Охридскиот Регион како светско културно и природно наследство Охридскиот Регион останува на листата на светско наследство на УНЕСКО и засега нема да биде впишан како светско културно и историско наследсва во опасност – одлучи Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија одржана во ...

Ова, според партијата, е показател на тоа во какви раце е оставен здравствениот систем во државата Оценуваат дека додека премиерот Христијан Мицкоски се занимава со отворање базен, а градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со билборди со вештачка интелигенција, граѓаните во четири населени места во изминатите три дена се соочиле со проблеми со квалитетот на водата за пиење Од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска соопштија ...

Поранешниот претседател на ФФМ заложил недвижен имот, а како мерка на претпазливост одземени му е се патните документи Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција од над 1,15 милиони евра, со што на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, му е укината мерката притвор, информираат од Кривичниот суд. Оттаму велат дека гаранцијата се состои од ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.61
48%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.11
61%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.16
56%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.38
65%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.11
77%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
49%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.53
46%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.0
51%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.86
71%
1013
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
2.28
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Сребро

1994.05

Бакар

13.51