Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Додека Владата тврди дека ребалансот на буџетот е одговор на променетите економски околности, опозицискиот СДСМ смета дека станува збор за признание за слаб институционален капацитет и промашена економска политика Макроекономските и фискалните остварувања во првата половина од годината, условени од надворешните случувања ја наметнаа потребата од ревидирање на иницијалните проекции на буџетот со цел да се обезбедат дополнителни средства за ...
Енергетските компании барале зголемување на цените и до 130 проценти, но Регулаторната комисија одобри минимална корекција која стапува на сила од следниот месец Од први август, домаќинствата во Скопје ќе плаќаат поскапа топлинска енергија во просек за 5,96 проценти, односно просечната месечна сметка за парно ќе се зголеми за околу 140 денари, односно од досегашните 2 353 ќе достигне 2 493 денари, информираше на денешната прес-конференција, ...
Сите пациенти што се регистрирани во земјава развиле невроинвазивна форма на инфекцијата со зафатеност на централниот нервен систем и биле хоспитализирани Меѓу заболените има седум мажи и една жена. Шест лица се постари од 60 години, а две се на возраст меѓу 50 и 59 години Во земјава заклучно со денеска се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се лабораториски потврдени, а еден е класифициран како веројатен, ...
Финансиската полиција откри дека сопственик на компанија не плаќал законски надоместок за увоз на текстилен отпад, по што сакал да го избрише правното лице за да го прикрие долгот кон државата Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против еден управител и неговата компанија поради основано сомнение за даночно затајување. Според истрагата, пријавените во периодот од 2024 до 2025 ...
Според неа, доаѓањето на групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите , како што рече, провладини медиуми од Србија, е дел од планот за целосна контрола врз информирањето, а за кој СДСМ постојано предупредувале Медиумскиот мрак во Македонија започнува токму онака како што предупредувавме – српски медиумски играчи влегуваат на македонскиот медиумски пазар, кажа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција. Според ...
Бензинот еуросупер БС-95 ќе чини 93 денари за литар, цената на еуросупер БС-98 ќе биде 95 денари за литар, а еуродизел БС (Д-Е В) ќе се продава за 98,50 денари за литар Како причина за поскапувањето, од РКЕ ги наведуваат повисоките референтни цени на нафтените деривати на светските пазари Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови повисоки цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, ...
Претходно, на 23 јули, Центарот за јавно здравје-Прилеп соопшти дека водата од градскиот водовод на Крушево не треба да се користи за пиење бидејќи е бактериолошки неисправна Случајот со водата во Крушево е неспоредлив со она што се случи во Гостивар, кажа денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој вели дека во својство на раководител на Главниот штаб за управување со кризи зборувал со ...
Од Здравство велат дека бројот на нови прегледи е благо зголемен во однос на претходниот ден, но е намален во споредба со регистрираните во изминатиот период Во општата болница „Д-р Ферид Мурат“ се извршени 91 преглед, од кои 41 на инфективното одделение и 50 на педијатриското одделение. Дежурната служба на гостиварскиот Здравствен дом извршила 36 нови прегледи Новопрегледани 127 лица со симптоми на ентероколит (стомачни тегоби), кои првпат ...
„Секоја една институција којашто е надлежна да се грижи за водоводните системи во рамки на општините е должна да си ги преземе сите оние законски ингеренции што се утврдени во рамки на регулатива и сметам дека доколку секој си ја работи својата работа не би требало да имаме вакви проблеми како што имаме сега“, кажа денеска министерот Панче Тошковски Тече истрагата во врска со случувањата во гостиварски „Комуналец“, но засега нема детали што ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија изрази благодарност за принципиелната поддршка од Шпанија и ја потврди посветеноста на Владата кон спроведување на европските реформи Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари работна средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за Европската Унија во Министерството за надворешни работи на Шпанија. Во фокусот на нивните разговори била ...
Тоа значи дека водата е исчистена од фекалии и може да се користи за бањање и миење садови, но сè уште не е за пиење или готвење, рекоа надлежните Со континуиран мониторинг ќе се следи квалитетот на водата сè додека не се потврди дека е исправна за пиење Водата во Гостивар е прочистена од фекалии и конечно може да се користи како техничка, соопшти денеска министерот Панче Тошковски кој го предводи Управувачкиот комитет за координација и ...
„Дополнително, жителите изразуваат сомнеж дека сопственикот на фармата има блиски односи со овластен инспектор од Општина Штип поради што бараат случајот да не остане во надлежност на локалните структури, туку постапката да ја води Државниот инспекторат за животна средина“, се вели во партиската реакција Само неколку дена по случувањата во Гостивар, каде што граѓаните беа изложени на вода загадена со фекалии поради институционални пропусти, ...
Патничките возила се пропуштаат на секои десет минути, додека товарниот сообраќај е во целосен прекин за влез и излез од државата Долги колони и застој на граничните премини со Грција, по најавите за штрајк на грчките цариници. На социјалните мрежи граѓаните споделуваат видеа и фотографии од метежот додека чекаат за влез во Грција. Според информациите, патничките возила се пропуштаат на секои десет минути, додека товарниот сообраќај е во ...
Украинскиот претседател потврди дека поради влошени меѓусебни односи ги отстранил министерот за одбрана и началникот на армијата, додека истовремено предупредува на нова руска мобилизација Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека поради сериозно влошување на меѓусебните односи, донел одлука да ги разреши министерот за одбрана Михаил Федоров и началникот на вооружените сили Олександр Сирски. Овој потег, како што рече, бил ...
Оттаму тврдат дека две години чекаат одобрение од Јавното претпријатие за државни патишта, за да се направат уште 600 метри од трасата, што би значело целосно поврзување на системот Pосочуваат дека претпријатието е подготвено на надлежните институции, ревизорските тела и истражните органи да им ја стави на располагање документацијата со која располага Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, тврди дека проектот за реновирање на градскиот ...
Според владејачката партија, СДСМ во коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Арбен Таравари го штитат градоначалникот од своите редови, кој, како што велат, не презема одговорност за состојбата со водоснабдувањето во градот Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија оти опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) се обидува политички да профитира од состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, наместо да побара одговорност од ...
Во партиското соопштение се вели дека вчера во Гостивар се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, при што едно дете е хоспитализирано Бараат одговорност од надлежните, посочувајќи дека се уште останува неодговорено прашањето кога истата некој ќе ја преземе Од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска побараа одговор од граѓаните дали веруваат во последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека од денеска ...
Фјучерсите на суровата нафта „брент“ за испорака во септември паднаа за речиси пет отсто, на околу 91,97 долари за барел, додека американската сурова нафта „Вест Тексас“ (ВТИ) забележа пад од 5,2 отсто, на 84,67 долари за барел Ваквиот развој следува по одлуката на Вашингтон да ја паузира кампањата со воздушни напади, откако советниците на американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, предупредиле дека војската има сè помалку остварливи ...
Покрај бројните награди, Тодоровски беше одликуван и со Орден за заслуги По подолго боледување, на 75. годишна возраст синоќа почина легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист – Гоце Тодоровски, објави неговото семејство. Тодоровски е роден 1951 година во Кичево. По завршување на факултетот, тој се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар. Ќе остане запаметен по ...
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град УХМР најавува дека под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и топло време Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки ...
Опозициската партија го обвини лидерот на ЗНАМ за корупција, тврдејќи дека движењето е креација на премиерот Мицкоски кое веќе се распаѓа поради масовно напуштање на функционерите Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагираше на изјавата на претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски од денешната средба со граѓани во Струмица, во која тој порача дека е завршено времето на политичари кои се натпреваруваат за ексклузивни летувања. Од ...
Скопје и целата држава повторно се разоруваат, но овојпат не од природна, туку од системска непогода предизвикана од погрешни политики и отсуство на визија, напиша лидерот на опозициската СДСМ Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на социјалните мрежи оддаде почит на жртвите, потсетувајќи на изгубените човечки животи и илјадниците семејства кои останаа без своите домови во разорниот земјотрес кој се случи во Скопје на денешен ден ...
Полицијата го застрела 21-годишниот напаѓач кој со комбе и мачета усмрти една жена и повреди 29 лица во паркот Тиергартен во Берлин Главниот осомничен за синоќешниот терористички напад на Парадата на гордоста во Берлин е застрелан денеска за време на опсежна полициска операција, пренесува ДПА. Полицијата отворила оган кон мажот, кој нешто подоцна им подлегнал на повредите, откако тој претходно со комбе влета во толпата луѓе кои беа собрани во ...
Градоначалникот на Скопје изјави оти експропријацијата е целосно решена, и дека овој проект значително ќе го растовари сообраќајниот метеж во главниот град Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски извршија увид на градежните работи на клучката кај Момин Поток рече оти во моментот се реализирани 75 проценти и целиот проект се очекува да биде целосно завршен до Нова година. Според него, по ...
Владејачката партија обвинува дека партијата на Али Ахмети манипулира со националните чувства и блокира клучни закони исклучиво за да се спаси од кривична одговорност за долгогодишното криминално владеење Владејачката партија Влен во соопштение ја обвини Демократската унија за интеграции (ДУИ) оти шират омраза кон кон мнозинството Албанци кои на последните избори ги испратија во опозиција и дополнуваат дека деструктивноста и нагонот за ...
Техеран тврди дека нивната воена стратегија е исклучиво одмаздничка, додека американските медиуми шпекулираат дека Вашингтон ги паузирал операциите поради недостиг на муниција Иранската војска соопшти дека Техеран ги прекинал нападите врз своите соседи во Персискиот Залив, откако Соединетите Американски Држави го запреле бомбардирањето на иранска територија. Портпаролот на армијата, Мохамад Акрамијан, во интервју за државната телевизија ...
Премиерот ги појасни трговските односи по изјавите од соседството, нагласувајќи дека иако земјава не е на листата за нови царини, сепак подлежи на универзалниот американски трговски додаток од 10 проценти Македонија не е на листата на држави кон кои Соединетите Американски Држави воведоа дополнителни царински давачки, но тоа никако не значи дека земјава тргува со американскиот пазар без царини, рече премиерот Христијан Мицкоски при увидот на ...
Лидерот на ЗНАМ порача дека приоритет на партијата е решавање на реалните проблеми и обезбедување подобра егзистенција за сите, а не само за политичката елита Заврши ерата во Македонија кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти и меѓусебно се натпреваруваа кој ќе летува во поексклузивно одморалиште, рече лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во изјава за медиумите пред почетокот на денешната панел-дискусија „Европска ЗНАМ, ...
Од опозициската партија обвинуваат за институционален пинг-понг со вината за отровната вода и велат дека иако министерот за здравство вчера признал вина, денеска одговорноста била префрлена на локалните власти, без притоа никој суштински да преземе одговорност Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој ја обвини опозицијата дека шири дезинформации и непотребна паника меѓу ...
Властите предупредуваат дека високите температури и силниот ветер дополнително ја влошуваат состојбата, а пожарите продолжуваат да се шират и во други делови на Европа Повеќе од 300 000 луѓе се евакуирани во катастрофалните шумски пожари што беснеат во Франција и Шпанија. Властите предупредуваат дека високите температури и силниот ветер дополнително ја влошуваат состојбата, а пожарите продолжуваат да се шират и во други делови на Европа. ...