Како што потврдија утрово од Основниот кривичен суд Скопје, судијата го прифатил предлогот на ОЈО Скопје и на сопружниците им определил затворски притвор, ценејќи дека постојат околности за опасност од бегство и влијание врз сведоци Притвор од триесет дена им одреди судија на претходна постапка на 65-годишниот маж и неговата 59-годишна сопруга против кои Основното јавно обвинителство Скопје вчера отвори истражна постапка за убиството на ...

Владејачката партија обвинува дека опозицијата намерно ги кочи реформите и усогласувањето со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ставајќи ги политичките игри пред интересите на граѓаните Недонесувањето на новиот Изборен законик е јасен доказ дека СДСМ, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, исклучиво заради сопствени политички калкулации, велат от ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во кое воедно ја обвинија ...

Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се непознати, но околностите укажуваат дека се работи за човечки фактор Охридските пожарникари со поддршка на доброволци и на локалното население го локализираа и изгаснаа пожарот што вчера избувна на падините на планината Петрино, над населбата Бараки во Охрид. На терен е интервенирано со четири противпожарни возила и 17 пожарникари. Во пожарот беа зафатени сува трева и деградирана борова шума. ...

Вкупно дваесет и шест здруженија стојат зад иницијативата и предупредуваат оти владините одлуки за геолошки истражувања прекршуваат законски одредби и бараат итно запирање на постапките пред електронската аукција закажана за шести август Дваесет и шест граѓански организации, иницијативи и платформи упатија итно барање до Владата за поништување или ставање вон сила на одлуките и јавните повици за доделување концесии за проспекциски геолошки ...

Ситуацијата во градот е дополнително влошена од топлотниот бран што собори рекорд стар триесет години. Во центарот на градот биле измерени 37,3 Целзиусови степени, додека температурата на пистата на главниот аеродром достигнала 55 степени Поради чадот од повеќе од сто активни пожари во северниот дел на Онтарио, квалитетот на воздухот во Торонто моментално е најлош во светот. Канадската агенција за животна средина издаде здравствени ...

Обновените непријателства меѓи САД и Иран кои траат веќе петти ден, сè повеќе го доведуваат во прашање исполнувањето на прелиминарниот договор што двете земји го постигнаа, а кој требаше да ги отвори перспективите за доаѓање до целосно мировно решение на конфликтот Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз цели во Иран, откако претседателот Доналд Трамп го предупреди Техеран дека, ...

Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ...

Финалниот натпревар против Шпанија е закажан за недела, 19 јули, додека ден претходно Франција и Англија ќе играат за третото место Аргентинската фудбалска репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство, откако во полуфиналето во Атланта со пресврт ја совлада Англија со 2:1. Во финалето, Аргентина ќе се сретне со Шпанија во борбата за светската титула. Првото полувреме заврши без голови, а Англија поведе во 55. минута преку ...

Откако САД започнаа нов бран напади врз воени цели, Иран се закани дека ќе блокира трговски рути во регионот Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека идната недела ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран, доколку земјата не се врати на преговорите Иран нема планови за нови преговори и останува фокусиран на одбраната на земјата, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, пренесува ...

Во декларацијата Русија се обвинува за незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресија врз Украина и се повикува веднаш да ја прекине војната, како и целосно и безусловно да ги повлече своите воени сили и воена опрема од целата украинска територија Србија не ја потпиша заедничката декларација во Киев на Самитот Украина-Југоисточна Европа, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на изјава на претседателот Александар Вучиќ. Заедничката ...

Сали истакнал дека соработката меѓу Украина и земјите од Југоисточна Европа е од суштинско значење за зајакнување на регионалната стабилност, поддршка на обновата на Украина и изградба на побезбедна и пообединета Европа Македонија останува цврсто посветена на поддршката на Украина за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со меѓународното право. Ова е потврдил првиот заменик-претседател на Владата и ...

Поради силниот ветер, како што велат пожарникарите, постоела опасност огнот да се прошири кон околните куќи Сепак, благодарение на брзата реакција на службите, месното население и доброволците се спречени поголеми материјални штети Пожар на отворен простор денеска изби во охридската населба Гоце Делчев, позната како Бараки, информираат на Фејсбук од територијалната противпожарна единица на овој град. На терен интервенирале четири ...

Во однос на цените на производите, Ристески вели дека Владата ги анализира годишните податоци и извештаите од Државниот пазарен инспекторат. Доколку се утврди дека кај одредени производи има претерано високи маржи, Ристески вели дека прво ќе се остварат средби со трговците и производителите за да се лоцираат причините за зголемувањето Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена и прифатена од Економско-социјалниот совет, а во тек е ...

Мајката и едното дете, за кое грчките медиуми пишуваат дека било бебе, починале на самото место, додека таткото на повредите им подлегнал подоцна во болница на Халкидики Другото малолетно дете е хоспитализирано, додека возачот на цистерната се наоѓа во добра здравствена состојба Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска попладне на покраинскиот пат Полигирос – Агиос Николаос на Халкидики во соседна Грција, во која животот го загубија маж, ...

Во однос на цената која изнесува околу 20 милиони евра по километар, директорот на ЈПДП вели дека станува збор за комплексен планински предел, каде што се предвидени повеќе тунели и мостови Во втората половина на август ќе почне изградба на автопатот Скопје-Блаце, по потпишувањето на договорот со конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“, кажа директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, ...

Ослободителната пресуда за експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е од второстепено значање, пишува поранешната обвинителка која го водеше случајот. Делото и така ќе му застари следниот месец Текот на настаните, додава таа, само и го потврдил уверувањето дека предметот и бил одземен за да се избегне конфискацијата Текот на настани во врска со предметот „Талир 2“ одат во насока на отежнување на можноста обвинителството да бара ...

Сите три лица се спасени, немаат видливи повреди и се наоѓаат во добра здравствена состојба Двајца 15-годишници и еден 18-годишник, кои се капеле во реката Треска, денеска се извлечени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму додаваат дека случајот е пријавен преку бројот за итни повици 112 дека три ...

Одземени се шест патнички возила, марки „џип“, „порше“, „фолксваген“, „ауди“, „БМВ“ и „пасат“, како и еден стан ОЈО Кочани соопшти дека Лазаров, кој беше во бегство откако избега од Полициската станица во Кочани, е спроведен на издржување на мерката притвор На 41-годишниот кочанчанец Александар Лазаров кој се бараше со централна и меѓународна потерница откако избега од полициската станица во Кочани, каде што беше приведен поради сомненија за ...

Со предложениот план, вкупната бруто изградена површина изнесува 29.459 м² , додека претходните плански решенија предвидувале 43.429 м², вели Герасимовски Новиот план предвидува 14.000 м² помалку изградена површина, односно намалување од околу 33 проценти во однос на претходните детални урбанистички планови, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по обвинувањата за нова бетонизација на Водно, откако вчера со мнозинство ...

Како доказ дека раководствата на двете партии – едната на власт, а другата во опозиција, не се непријатели туку партнери во распределбата на моќ, од Левица посочуваат на вчерашната ослободителна пресуда за експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во предметот „Талир 2“ и одбивањето за конфискација на седиштето на партијата Политичката партија Левица денеска повторно го обвини Социјаледмократскиот сојуз на Македонија ...

„Тоа што Македонија нема да го заокружи процесот со исполнети десет од десет обврски и зошто нема да ги земе тие 4,2 милиони евра, коишто доаѓаа со исполнувањето на оваа обврска, има име и презиме, тоа е коалицијата ДУИ, СДСМ и Левица“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција Со недонесувањето на Изборниот законик опозициските партии не ја оштетија само дијаспората, туку и граѓаните кои живеат во државата, изјави ...

Овој пожар вчера беше предизвик за струмичките пожарникари бидејќи постоење зголемена опасност од негово ширење кон црквата „Св. Петар и Павле“ Повторно се разгоре пожарот кај селото Бајково на планината Огражден во струмичко Ново Село, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. „Во неговото гаснење се вклучија три ‘ертрактори‘ на ДЗС“, соопшти тој. Претходно во текот на денот, од Центарот за ...

„Фокусирани сме да го испорачаме она што граѓаните го очекуваат од нас, но, се разбира, доколку сме предизвикани, тие се тука, подготвени сме да одговориме на тој предизвик“, вели премиерот Премиерот Христијан Мицкоски вели дека владата има мандат до 2028, но, доколку бидат предизвикани, подготвени се да одат и на предвремени избори. „Опозицијата е оптеретена бидејќи честопати кај нив Фројд рабтои и тоа кај нив е најголем проблем во моментот. ...

Двете се стекнале со противправна имотна корист од околу 10,8 милиони денари, информира МВР Две осомничени на возраст од 22 и 34 години од Куманово се уапсени и против нив е поднесена кривична пријава, бидејќи, како што велат од МВР, постои основано сомнение дека измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити. Против осомничената А.С.Д. е поднесена пријава за две кривични дела – измама и злоупотреба на лични податоци, а М.В. се сомничи ...

Со пронаоѓањето на бегалецот, порача директорот на Бирото за јавна безбедност, не завршува и обврската за целосно расчистување на случајот, утврдување на пропустите и лоцирање на одговорноста Секој што со своето постапување или непостапување придонел за бегството на кочанецот Александар Лазаров од станицата во Кочани ќе сноси одговорност согласно закон и утврдените процедури – порача директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар ...

Со случајот Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврди како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт, сметаат во ГРОМ, партијата чиј претседател е токму тој. Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски, денеска доброволно замина на издржување на преостанатиот дел од затворската казна, откако Кривичниот суд ги разгледа ...

За таткото на Вања, Александар Ѓорчески, кој првостепениот суд го ослободи од обвинението за помагање при грабнување на неговата ќерка, Апелација одлучи предметот во овој дел да го врати на повторно судење и одлучување во Основниот кривичен суд Скопје Апелацискиот суд Скопје ги потврди доживотните казни за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев кои беа првостепено осудени за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче ...

По Александар Лазаров-Цуната се трагаше со централна и со меѓународна потерница, откако претходно избега од полициската станица во Кочани, каде што бил приведен поради сомненија за трговија со дрога Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува акцијата на МВР, кои вчера го фатија осомничениот наркодилер Александар Лазаров-Цуната, откако тој првично избега од кочанската полициска станица. Според нив, со приведувањето, „паѓаат во вода“ обвинувањата на ...

Иако во јавноста остана дека формулацијата „убиството на лекарот во Железара“, според описот на делото што денеска го сподели Обвинителството, лекарот Ацо Трповски бил убиен во Автокоманда, од 65-годишно лице, откако претходно неговата сопруга договорила средба со лекарот. Телото на Трповски со неговиот автомобил потоа го однеле на паркингот на поликлиниката „Железара“, каде го ставиле на возачкото седиште и откако ги избришале трагите со ...

Роберт Бровди, командант на украинските сили за беспилотни летала, на Телеграм објави дека меѓу погодените цели има 17 танкери за нафта, два танкери за гас и еден влекач Украински беспилотни летала во текот на ноќта погодија 20 руски пловила во Црното Море, вклучувајќи 17 танкери за нафта, соопшти украинската војска. Роберт Бровди, командант на украинските сили за беспилотни летала, на Телеграм објави дека меѓу погодените цели има и два ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.81
35%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
1.16
66%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.12
56%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.88
43%
1015
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.82
66%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.37
70%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
1.34
42%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.47
32%
1012
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
58%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
55%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
2.46
91%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Рутениум

53852.50