Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Еуростар, меѓународниот оператор на брзи возови што го поврзува Лондон со Париз, Брисел и Амстердам, им советуваше на патниците да ги одложат своите патувања денеска. Причината е „сериозен проблем“ со снабдувањето со електрична енергија во тунелот под Ла Манш, подводен железнички тунел долг 50 километри што ги поврзува Обединетото Кралство и Франција. Во соопштение објавено на официјалната веб-страница, Евростар соопшти дека имало дефект со ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи поради загрозување на сигурноста преку јавна закана. Пријавата се однесува на новинарот и главен уредник на порталот „Плусинфо“, Бранко Героски, кој, како што наведуваат од СДСМ, во авторски текст објавен на порталот, но и преку објави на социјалните мрежи, упатил директни закани по животот и телесниот интегритет на членови на партијата и на ...
Дете со повреди на раката било донесено во болницата во Гостивар, по што случајот бил пријавен во полиција и било констатирано дека му во раката му пукнала петарда. – На 29.12.2025 во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреда на рака е донесен малолетник. Полициски службеници излегоа на местото и е констатирано дека се работи за осумгодишник од село Врапчиште, гостиварско, кој се здобил со ...
НУ Драмски театар Скопје соопшти дека на неговата веб страница е објавен годинешниот конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години, што ќе биде отворен до 28 февруари. Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишување на нови драматуршки текстови, Драмски театар ја доделува наградата во чест на големиот драмски автор Горан ...
Договор за заем меѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 20,9 милиони евра е потпишан денеска во Владата. Со заемот ќе се набавуваат електрични локомотиви со резервни делови, а целта е поголем транспорт на стоки и генерирање приходи на претпријатието. Како што беше речено пред потпишувањето, проектот е важен чекор кон модернизација на МЖ Транспорт, како и кон унапредување на сигурноста и ефикасноста на ...
Крипто-индустријата на крајот на 2025 година влезе во нова фаза на развој. По години на брз раст, нагли осцилации и големи очекувања, фокусот сè повеќе се поместува од краткорочните трендови кон она што навистина им значи на корисниците – стабилна инфраструктура, безбедност и сигурно трговско искуство. Најновиот Извештај за индустријата за декември 2025 година дава јасен преглед каде се наоѓа индустријата денес и во кој правец се движи. За ...
Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во ноември 2025 година, забележа месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,56 п.п., соодветно и изнесува 4,80%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18% и оствари месечен пад од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,06 п.п, соопшти Народна банка. Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,54% и на месечна основа е зголемена за 0,05 ...
Министерството за правда денеска испратило допис до Собранието, парламентарните партии и независните групи и пратеници да номинираат по двајца претставници за работната група за Изборниот законик. Очекувањата и од Министерството за правда и од Собранието се дека тие би почнале со работа во втората половина на јануари. Како што објаснуваат од Министерството за правда, работна верзија на Изборниот законик ќе биде доставена до пратениците кои ...
Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според информацијата, сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот. Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради ...
ДКСК на денешната последна седница за 2025. година постапуваше по повеќе предмети, меѓу кои за недоставување имотен од носители на функции, за прекршувње на Изборниот законик за време на локалните избори, злоупотреби на службени положби и овластувања, за корумпираност при носење судски одлуки, при што во досегашната расправа ги запре како несновани или пак во одредени утврди дека е ненадлежна и дека за нив треба да одлучуваат други органи. ...
Во пресрет на новогодишните празници, „Мастербет“ реализираше хуманитарна акција за поддршка на ЈУОДГ „Мајски цвет“ – објект Тафталиџе. Во рамки на донацијата се обезбедени 10 инвертер клима-уреди, со цел обезбедување оптимални услови за престој во текот на целата година; 3 диспензери за вода, за подобрување на секојдневната хигиена и практичност во објектот; 250 новогодишни пакетчиња во пресрет на Новогодишни и Божиќните празници. Како ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Симнување и оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот е сопственик и управител на угостителски објект „Јужна пруга“ во Скопје, на кој со Решение од овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром му била изречена забрана за вршење на дејност, што било истакнато и на влезната врата на објектот. ...
Русија не понуди никакви убедливи докази за обвинувањето дека Украина нападнала една од официјалните резиденции на Владимир Путин со беспилотни летала, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. „Нема докази, таков напад не се случил“, напиша Сибиха на социјалните мрежи. Тој додаде дека Русија има „долг список на лажни тврдења“, за кои вели дека се нивна препознатлива тактика. „Тие често ги обвинуваат другите за она што ...
Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај на Буџетот на Република Северна Македонија. Буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет, според макроекономските индикатори објавени од страна на МФ за 2024 година изнесува 4,4% од БДП и е понизок во однос на 2023 година кога изнесуваше 4,8% од БДП. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на Основен буџет на Република Северна Македонија за 2024 година ...
Податоците на Државниот завод за статистика за сиромаштијата во Македонија за 2024 година не се изненадување туку потврда на длабоката структурна криза на македонскиот економски модел. Стапка на сиромаштија од 21,9 проценти, со речиси 30 проценти сиромашни деца и алармантни 45,8 проценти сиромашни самохрани родители не е резултат на „надворешни шокови“ туку на долгогодишна политика што систематски го потценува трудот и ја префрла цената на ...
Како и во изминатите три дена, така и денеска, грчките земјоделци планираат две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја, со што ќе биде во прекин сообраќајот за сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време). Се очекува земјоделците од утре до петок да ги тргнат блокадите поради новогодишните ...
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот Закон за Судскиот совет, предупредувајќи дека реформите „на брза лента“ не можат да ја вратат довербата во правосудството. Според Зајкова, предложениот закон не носи вистински напредок во процесот на избор на членовите на Судскиот совет, бидејќи конечната одлука повторно ја има Комисијата за ...
Јован Деспотовски преку социјалните мрежи објави видео од телевизиско гостување и порача дека актуелното однесување на раководството на СДСМ не ги одразува вредностите и традицијата на партијата. „Ова не е однесување на мојата матична партија, туку на поединци кои моментално ја раководат, спротивно на нејзините вредности. Штетата не е лична, туку штета за целата партија“, напиша Деспотовски, додавајќи дека ќе бара одговорност од сите кои, ...
Студентите во блокадата објавија дека вкупно 393.045 потписи се собрани за време на вчерашната теренска акција „Прогласи победа“, која беше организирана низ цела Србија, со очекување дека оваа бројка наскоро ќе надмине 400.000. Како што наведоа во објава на социјалната мрежа X, ова е прва теренска акција спроведена на национално ниво, а одзивот на граѓаните, според нивните изјави, ги надмина очекувањата на организаторите. U Leskovcu ...
На север од Истра (Хрватска), на рид опкружен со лозја, шуми и речиси заборавена тишина, се наоѓа Хум – град кој гордо ја носи титулата најмал град во Европа. Хум, најмалиот град во Европа, зачувува векови историја, глаголската традиција и автентичниот дух на Истра. Со само триесет жители, Хум не е само куриозитет на мапата, туку автентичен и жив споменик на историјата и традицијата, место каде што минатото не се чува во витрини, туку се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не може едноставно да се повлече од своите територии како дел од каков било мировен договор со Русија, нагласувајќи дека прашањето не оди подалеку од законските рамки, туку директно влијае на животите на луѓето. Тој го изјави ова во интервју за Фокс њуз, во разговор со новинарот Брет Бајер. „Не можеме едноставно да се повлечеме, тоа е надвор од нашиот закон. Не можеме едноставно ...
Неформалната забелешка на американскиот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго одекна низ Вашингтон и Европа, оживувајќи ги старите прашања за тоа кому му верува и што тоа значи за војната во Украина. Имено, Трамп го наведе самиот руски претседател како извор на информациите дека Украина се обидела да нападне една од резиденциите на Владимир Путин, пишува „Киев пост“. Додека го поздравуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прагот ...
САД извршија уште еден напад во Пацификот врз брод за кој се сомнева дека превезувал шверцери на дрога, а американската војска соопшти дека убила двајца мажи. „Заедничката работна група „Јужно копје“ изврши смртоносен кинетички напад врз брод управуван од назначени терористички организации во меѓународни води“, соопшти американската Јужна команда на платформата за социјални медиуми X. On Dec. 29, at the direction of @SecWar Pete Hegseth, ...
Адвокатот Чедомир Стојковиќ, кој е активен на социјалните мрежи, беше уапсен вчера во Белград, а кога беше пуштен да се брани од слобода, објави на својот Фејсбук профил за да ја објасни целата ситуација. Стојковиќ објави на Фејсбук затоа што, како што тврди, му било забрането да објавува на социјалната мрежа X и на платформата YouTube. Покрај тоа, му бил конфискуван мобилниот телефон. „Официјално, бев уапсен од две причини. Прво, затоа што ...
– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8. Според досегашните ...
Времето денеска во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 5 до 0, а максималните ќе достигнат од 3 до 11 степени. Во Скопје, претпладне ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува ...
Легендарниот напаѓач на Ливерпул, Иан Раш (64), откри дека неодамна се бореше за живот откако се онесвести во својот дом. Иконата на „црвените“ и на Велс беше итно префрлен во болница на 11 декември со, како што се вели, „супергрип“ и ги помина првите два дена на интензивна нега со сериозни проблеми со дишењето. Сега целосно закрепнат, Раш сподели детали за своето страшно искуство. „Мислев на најлошото и мислев дека ова може да биде крај. ...
Италијанската влада денес одобри декрет за продолжување на воената помош за Украина во 2026 година, постигнувајќи коалициски компромис по неколкунеделна дебата за време на која се појавија поделби во надворешната политика во кабинетот на премиерката Џорџa Мелони. Договорот беше постигнат поради заканите од крајно десничарската Лига, која негуваше блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин пред руската инвазија на Украина во 2022 ...
Денеска во Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Кисела Вода, имавме чест да ги посетиме најмалите, нашите најмили, иднината на Македонија. Со новогодишни пакетчиња им подаривме радост и насмевки, кои се најискрената и највредната награда за нас, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил. Детската насмевка, истакнува премиерот, не потсетува, зошто вреди да се работи со одговорност, грижа и љубов за држава во која секое дете ...
Судот во Тузла (БиХ) го осуди Вејсил Халиловиќ на три години затвор за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, односно за несреќата во која загина 19-годишна девојка во август годинава. Пресудата предизвика бура од реакции. Пресудата беше донесена на 23 декември, обвинетиот се изјасни за виновен, а Судот објасни дека постапил во согласност со важечките законски прописи, како и претходната судска пракса на Врховниот суд на ...