Најмалку три четвртини од навивачите на Премиерлигата се спротивставија на употребата на VAR во првенството, според анкета на Здружението на фудбалски навивачи (FSA). Анкетата беше спроведена меѓу речиси 8.000 навивачи и покажа дека 90 проценти од гласачите сметаат дека видео технологијата не го подобрила искуството на денот на натпреварот, додека 91 процент веруваа дека ја уништила спонтаноста на прославата на головите. Истражувањето беше ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги коментираше растечките тензии со Иран, велејќи дека заканите на Техеран за трајна контрола на Ормутскиот теснец и воведување систем за полнење нема да бидат толерирани. „Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио. Рубио упати остри критики до иранското раководство. „Овие луѓе се луди. Тие се ...

МВР информира дека вчера попладне во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол. Од страна на лекар била констатирана смрт. Имено, тој на 03. овој месец бил пријавен дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. МВР информира дека вчера ...

Израелското Министерство за здравство денес објави дека 232 лица повредени во конфликтот со Иран се префрлени во болници во последните 24 часа, со што бројот на хоспитализирани лица поради војната се искачи на повеќе од 6.000. Во соопштението се наведува дека од почетокот на војната со Иран, односно од 28 февруари, 6.008 лица се примени во болниците во Израел, од кои 121 се моментално хоспитализирани, објави „Тајмс оф Израел“. Се нагласува ...

Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин ја нагласи посветеноста на Багдад на националниот суверенитет и ја отфрли употребата на територијата на земјата за напад врз соседните земји. – Ирак нема да биде бојно поле за решавање на регионални спорови и нема да дозволи неговата територија да се користи за напад врз соседните земји, рече Хусеин на 165-та сесија на Советот на Арапската лига, според ирачкиот портал Шафак. Тој додаде дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за воена операција за извлекување на речиси 450 килограми збогатен ураниум од Иран, велат американските претставници, објавува „Волстрит џурнал“. Станува збор за сложена и ризична мисија која веројатно би ги задржала американските сили во Иран со денови или дури и подолго. Трамп сè уште не донел конечна одлука, велат претставниците, додавајќи дека го разгледува ризикот за американските ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, остро ги критикуваше постапките на израелската полиција, која го спречи латинскиот патријарх од Ерусалим да ја одржи литургијата во Црквата на Светиот Гроб по повод Цветници. Калас на социјалната мрежа X изјави дека овој чин е директно кршење на верската слобода и долгогодишната практика на заштита на светите места. Според неа, слободата на ...

Лидерот на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, изрази очекување дека Претседателството на Босна и Херцеговина ќе донесе одлука со која ќе го прогласи Муслиманското братство за терористичка организација, опасна за Босна и Херцеговина, нејзините граѓани и светот како целина. Додик на платформата X изјави дека настапите и празните муабети во Вашингтон и поддршката на непријателите на САД и Израел во Сараево не одат ...

Мајката на починатата Ивана Јовановска, Љубица Стојановска, во сведочењето пред Основниот кривичен суд Скопје изнесе нови детали за, како што рече, долгогодишното физичко насилство што нејзината ќерка го трпела од сопругот Стојанче Јовановски. Таа наведе дека нејзината ќерка во 2025 година била нападната во нивниот стан, по што успеала да побегне, а случајот бил пријавен во полиција, иако подоцна, поради страв, Ивана не го потпишала ...

Судијата на Врховниот суд на Иран, Голамхосеин Мохсени Еџеи, објави дека издал наредби за запленување на средствата на уште неколку граѓани етикетирани како „предавници и странски платеници“, како дел од истрагата за 20 лица кои соработувале со сателитски мрежи и канали на Телеграм против иранската влада. Тој рече дека запленувањата се спроведуваат во согласност со законот за „строги казни за шпионажа“ и дека законот, покрај конфискацијата ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали ...

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и Комисијата за пазар на капитал на Република Црна Гора денес, 30 март 2026 година, во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање, со кој се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации во областа на надзорот и регулирањето на пазарите на капитал. Во Меморандумот се предвидува зајакнување на институционалната соработка преку размена на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се закани дека целосно ќе ја уништи иранската енергетска инфраструктура, островот Харг и постројките за десалинизација доколку „новото“ иранско раководство и САД не постигнат договор за повторно отворање на Ормутскиот теснец. „САД се во сериозни преговори со новиот, поразумен режим во Иран за прекин на нашите воени операции. Постигнат е голем напредок, но доколку поради која било причина не се ...

Портпаролот на единицата за координација на вооружените сили на Иран, Ебрахим Золфакари, изјави дека земјата ќе ги таргетира домовите на американските и израелските „команданти и политички функционери во регионот“. Золфакари, кој е портпарол на Централната команда на Хатам ал-Анбија, рече дека тоа е „одмаздничка мерка“ бидејќи, според него, САД и Израел „ги таргетираат станбените згради на иранските цивили во различни градови“, објави денес ...

Дали СДС е свесен дека цената на ова што го збори е национално предавство и уништување на идентитетот и ставање на нова јамка на вратот на македонскиот народ како што веќе ставија со францускиот предлог и договорот со Бугарија? Ако сфаќа значи свесно прават предавство поради бизнисите на Заеви поврзани со бугарски фирми, ако не се свесни еве им објаснуваме барем на оние малкумина кои преостанале и кои слепо го следат двоецот Заев – Филипче ...

За цела општина Аеродром останува да важи старото правило, според кое секој резидент (физички и правни лица) може да се паркира на сите зони на територијата на општината, без да плаќа надоместок како што беше најавено за од 1 април. – Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша, туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека американските сили извршиле успешни напади врз повеќе цели во Иран. „Одличен ден во Иран. Многу долго барани цели беа елиминирани и уништени од нашата голема војска, најдобрата и најсмртоносната во светот. Бог да ве благослови сите!“, напиша Трамп. Војната меѓу САД, Израел и Иран започна кон крајот на февруари, кога американските и израелските сили започнаа ...

Почитувани граѓани на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, сите! Го слушнавте сите Христијан Мицкоски. Подготвен бил да чека со децении за влез на Македонија во ЕУ. Да потроши децении од вашите животи, од животите на вашите деца, внуци, на идните македонски генерации. После ова признание на Мицкоски, веќе на сите им е јасно што се случува во Македонија. Со Мицкоски и неговата организирана криминална група нема членство ...

Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Револуционерната гарда, Алиреза Тангсири, според соопштението објавено од ИРГК и пренесено од државната новинска агенција ИРНА. Се вели дека Тангсири почина поради „сериозноста на повредите“. Минатата недела, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека командантот на морнарицата бил убиен заедно со други функционери во „прецизна и смртоносна операција“ спроведена од ...

Мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска, пред Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека ќерка ѝ со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, со видливи модринки, под постојана контрола и со постојана мисла дека ќе ѝ биде одземена ќерката. Сведочејќи хронолошки за нивната врска, таа рече дека Ивана и обвинетиот на почетокот живееле под кирија, дека кратко се познавале пред бракот и дека ќерка ѝ на почетокот гледала ...

Во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето против Стојанче Јовановски, кој се товари дека преку континуирано семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана Јовановска до самоубиство, при што животот го загуби и нивната малолетна ќерка Катја Јовановска по пад од балкон. На денешното рочиште, обвинетиот изјави дека чувствува вина за дел од делата што му се ставаат на товар, но го отфрли обвинението за наведување и помагање при ...

Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. оради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Според најавите од Управата на хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има во среда и четврток кога локално се очекува да наврнат над 50 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец. Во деновите од ...

Советничката група на СДСМ денеска побара итна седница на Советот на Општина Аеродром со цел привремено одложување на воведувањето на зонско паркирање во зоната D12 во Реонски Центар. СДСМ бара Советот на Општина Аеродром итно да усвои заклучок со кој ќе се задолжи градоначалникот Дејан Митески, во координација со Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, да преземе активности за одложување на воведувањето на зонско паркирање во Реонски Центар и ...

Израелската војска соопшти дека Иран испалил повеќе ракети кон Израел, вклучувајќи една од Јемен, во само вториот таков напад од почетокот на американско-израелската војна. Се наведува дека два беспилотни летала од Јемен биле пресретнати рано во понеделник, но не се дадени дополнителни детали. Јеменската милиција Хути, поддржана од Иран, влезе во војната во саботата, испукувајќи ракети кон Израел, ескалирајќи го конфликтот што го зафати ...

Унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања ќе бидат тема на разговор на денешната средба што во Будимпешта ќе ја има премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Мицкоски, кој денеска заедно со владина делегација престојува во политичко-економска посета на Унгарија, по средбата со Орбан, ќе има обраќање на бизнис-форумот во Будимпешта со наслов Ден на ...

„Ефектите поврзани со употребата на електронски цигари не се со иста сериозност како оние предизвикани од цигарите“ – ова е еден од главните заклучоци на француската Национална агенција за безбедност на храна, животна средина и здравје при работа. Агенцијата (АНСАС) неодамна објави извештај од 720 страници, изработуван врз основа на тригодишни истражувања и со спроведување на мета-анализа на скоро три илјади студии фокусирани на влијанијата ...

Советот на јавните обвинители на денешната седница едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ. Во иницијативата Ристоска навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на ...

Полицијата уапси 27-годишен жител на Росоман, кој утрово со остар предмет ја уби неговата мајка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Полициски службеници од ОВР – Кавадарци денеска го уапсија И.Р., на возраст од 27 години од Росоман. Во СВР – Велес, тој сам пријави дека утрово околу 7.30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанесе убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди, ...

Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици, потенцираше проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје. Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници кои ...

Пензионираниот генерал-мајор на американската армија, Ренди Манер, изјави дека потенцијалната копнена операција на САД во Иран би била осудена на неуспех, наведувајќи ги ограничените можности на силите што би биле распоредени во таков сценарио. Во интервју за Си-Ен-Ен, Манер нагласи дека е „апсолутно апсурдно“ да се очекува дека релативно мали единици, како што се падобранци или маринци со ограничена опрема, би можеле да постигнат значаен ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.41
77%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
80%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
46%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
55%
1016
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
67%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
68%
1015
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
85%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9534

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Калај

52.70

Сребро

2534.46

Алуминиум

3.53

Платина

66744.95

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Бакар

12.46

Паладиум

49351.40

Родиум

319899.93

Злато

152465.86