Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е во Иран, но избегнува јавни настапи, изјави денес рускиот амбасадор во Техеран, Алексеј Дедов. – Како што иранското раководство постојано наведуваше, новиот лидер е во Иран, но од очигледни причини, тој се воздржува од јавни настапи, изјави Дедов за руската меѓународна телевизија RTVI. Дедов рече дека „сè уште немал никаков контакт со новиот врховен лидер на Исламската Република“. Новиот ...

Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГК) објави рок за започнување напади врз американски компании на Блискиот Исток. Според иранските државни медиуми, рокот е утре во 20 часот по техеранско време. – Ги игнориравте нашите повторени предупредувања за потребата од запирање на терористичките операции, а денес, како резултат на терористичките напади извршени од вас и вашите израелски сојузници, голем број ирански граѓани беа убиени. ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово на Инстаграм порача дека треба да им подадеме рака на нашите противници, бидејќи Србија е најважна. Претседателот објави видео од митингот на СНС во Арената, на кое пишува: „10:0 не е прогноза, тоа е резултат“, а во описот на објавата наведе: – Успеавме да ја одбраниме Србија, сега од нас зависи да им подадеме рака на нашите противници. Им посакувам на сите заедно и обединети да направат големи ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека секоја одлука за прекин на агресијата што САД и Израел му ја наметнаа на Иран ќе биде донесена исклучиво врз основа на условите на Иран и националните интереси. На денешниот состанок на иранското државно раководство, со кој претседаваше Пезешкијан, се разговараше за моменталната состојба во земјата во воени услови и за перформансите на владините органи во одржувањето на основните ...

Поднесена e кривична пријава против велешанец поради сомнение дека со измама зел 4.000 евра од неготинец. – ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против А.С., 67-годишник од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19 февруари во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека ...

Нашето пријателство ги надраснува вообичаените дипломатски фрази за отсуство на отворени прашања. Тоа е суштинско, тоа е преживеано и тоа е вистинско. Тоа е пријателство што го граделе поединци како нашиот голем книжевник Радован Зоговиќ кој во црногорскиот и македонскит карактер го препозна истиот непокорлив дух на слободата. Тоа е нишката што не врзува, а се гледа во делото на вашиот голем писател и револуционер, Кочо Рацин, кој во ...

Ако гледаме низ призма на скрининг и реформски капацитети, би требало многу бргу да станеме членка на Европската Унија, ако се има разбирање за пречката поставена надвор од европските стандарди и критериуми – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со нејзиниот гостин. претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На новинарско прашање да ја коментира изјавата на ...

ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н.(29) од Велес и Г.М.(54) со престој во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои десет кривични дела „измама во обид“ и едно кривично дело „измама“. Во изминатиот период лице од странство телефонски контактирало повозрасни лица, лажно им се претставувало и ги доведувало во заблуда дека блиски членови на нивните ...

Алказар Енерџи ја објавува Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ESIA) за ветерниот парк Штип и ја става на јавен увид, што претставува значајна пресвртница во развојот на проектот кој треба да стане најголемиот проект за обновлива енергија во Северна Македонија. Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската ...

Рusija ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади со беспилотни летала врз руските балтички пристаништа, соопшти денес Кремљ. Украина ги засили нападите врз руската инфраструктура за извоз на нафта во изминатиот месец, започнувајќи ги најжестоките напади со беспилотни летала во четиригодишната војна врз балтичките пристаништа Уст-Луга и Приморск. „Доколку се даде воздушен простор ...

Народниот правобранител, постапувајќи по предметни случаи на фемицид, констатира пропусти во институционалната реакција поради што е потребно да се обезбеди превенција и координирано системско справување со семејства со ризично однесување, како и воспоставување механизми што овозможуваат рана интервенција и заштита на децата и другите членови на семејството, дури и кога жртвата формално не поднесува пријава – истакна денеска народниот ...

Сведок вработен во МВР, кој во текот на 2023 година бил началник на надворешната Канцеларија за криминалистички работи Кочани, денеска во Основниот кривичен суд Скопје изјави дека биле извршени повеќе контроли во дискотеката „Пулс“ и оти имало констатирано прекршоци. На денешното судење против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани за постапувањето при контролите поврзани со дискотеката „Пулс“, каде што на 16 март минатата година ...

Американскиот претседател Доналд Џ. Трамп остро ја критикуваше Франција на социјалната мрежа Truth Social за одбивањето да им дозволи на американските и сојузничките авиони што носат воена опрема за Израел да летаат над нејзина територија. Трамп го нарече потегот „МНОГУ БЕСПРЕКОРИСЕН“ во контекст на операциите против иранскиот режим. „Франција не дозволи авиони што носат воена опрема за Израел да летаат над француска територија. Франција ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, во објава на социјалната мрежа Truth Social, испрати остра порака до европските сојузници, особено до Велика Британија, во контекст на прекините во снабдувањето со енергија поради ситуацијата во Ормускиот теснец. „Сите оние земји кои не можат да добијат гориво за авиони поради Ормускиот теснец, како Велика Британија, која одби да учествува во соборувањето на иранскиот режим, имам предлог за вас: прво, ...

Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ќе го испитува постапувањето на 39 полициски службеници во случаите на пријавено семејно насилство извршено од Стојанче Јовановски врз неговата сопруга Ивана и малолетната ќерка Катја. Известувањето на МВР за полициските службеници поврзани со случајот на Стојанче Јовановски, ...

Доаѓам како пријател кај пријатели, дури и како брат во една братска држава и благодарам поради тоа. Нашите две држави ги поврзува искрено пријателство, заемна почит, а нашите билатерални односи се пример за доброседска соработка во регионот, изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на заедничката прес-конференција во Вила Водно со неговиот домашин, претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Милатовиќ, кој е во официјална посета ...

Со гостувања на Словенечкото народно гледалиште (СНГ) од Марибор и на Црногорското народно позориште од Подгорица, Македонскиот народен театар (МНТ) ја проширува роденденската програма по повод 81 година од постоењето. Отворањето кон Европа и регионот, како што беше истакнато на денешната прес-конференција, е суштинска потреба за МНТ да остане релевантна националната институција во современиот театарски контекст. Директорот на МНТ, Никола ...

Распуишан е Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2026 година, соопшти Министерство за култура и туризам. Конкурсот ќе трае од 1 до 30 април 2026 година. Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република ...

ДПМНЕ на иницијативата за формирање специјална анкетна комисија за трагедијата во Кочани одговори со условување и разводнување – инсистирајќи да се опфатат трагедиите од модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“. Собранието ги прифати инфантилните однесувања на парламентарното мнозинство и изгласа формирање на комисијата на 3 декември 2025. Денес, речиси четири месеци подоцна, таа така и остана – само формална одлука без никаква ...

Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ќе го испитува постапувањето на 39 полициски службеници во случаите на пријавено семејно насилство извршено од Стојанче Јовановски врз неговата сопруга Ивана и малолетната ќерка Катја. Известувањето на МВР за полициските службеници поврзани со случајот на Стојанче Јовановски, ...

Секој пораз остава болка, но кога тој значи и прекин на сонот за пласман на Светско првенство, раните се длабоки. Данска ја совлада македонската репрезентација убедливо, ставајќи крај на надежите за Мундијалот. Вечерва од 20.45 часот, пет дена по тој дебакл во Копенхаген, македонската репрезентација ќе се соочи со Република Ирска во Даблин, во дуел меѓу две поразени селекции во полуфиналниот плејоф за СП 2026. Иако резултатски можеби ...

Италија одби да им дозволи на американските воени авиони да слетаат во воздухопловната база Сигонела на Сицилија на пат кон Блискиот Исток, потврди извор запознаен со ситуацијата. Ова ги потврдува претходните медиумски извештаи, пренесува Ројтерс. Дневниот весник „Кориере дела Сера“ објави дека американските бомбардери требало да слетаат во база во источна Сицилија пред да го продолжат летот кон Блискиот Исток. Според весникот, дозволата ...

Под влијание на циклонска активност, утре и в четврток во Северна Македонија се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, односно над 30 литри в четврток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во снег. Утре и в сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и ...

Мечка синоќа била забележана како се движи на паркинг во селото Ростуше, шетајќи меѓу паркираните возила. Според сведоштвата на мештаните, кучињата почнале да лаат, по што животното се повлекло од местото. Настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи, а од видеото може да се забележи дека станува збор за голема мечка. Се претпоставува дека мечката се вратила во блиската шума. Ова не е прв случај диво животно да се појави во населено ...

Протечени снимки од телефонски разговори меѓу унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и неговиот руски колега Сергеј Лавров откриваат длабока соработка меѓу Будимпешта и Кремљ во рамките на Европската Унија, објави истражувачкиот портал „Инсајдер“. Според објавените материјали, Сијарто редовно пренесувал доверливи информации од состаноци во Брисел и активно работел на отстранување на руски имиња од европските санкциски листи. ...

Со сослушување сведоци предложени од одбраната, денеска, во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани за постапувањето при контролите поврзани со дискотеката „Пулс“. На почетокот на судењето тројцата обвинети пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновно по обвинението што произлегува од постапувањето при контролите поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 ...

Во период кога енергетските пазари се соочуваат со чести ценовни осцилации, геополитички влијанија и неизвесност во снабдувањето, за компаниите прашањето на избор на снабдувач со електрична енергија станува сè поважно. Во такви услови, бизнисите не бараат само пониска цена – тие бараат сигурност, предвидливост и партнер кој добро го разбира функционирањето на енергетскиот пазар. Енергетските кризи од изминатите години покажаа дека ...

Комитетот за безбедност на иранскиот парламент одобри нацрт-закон со кој се воведува систем на патарина за премин низ Ормутскиот теснец и се предлага ограничување на пристапот на бродовите поврзани со земјите што воведоа санкции врз Иран. Предлогот ќе биде доставен за дискусија и гласање во парламентот, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари за новинската агенција ФАРС. Според нацрт-законот, на бродовите од САД, Израел и земјите што ...

Полициски службеници од Гостивар рано утринава уапсиле 34-годишен жител на градот поради сомнение за убиство. Како што информира МВР, станува збор за М.Д. (34), кој е осомничен дека го усмртил својот татко, К.Д. (63). Случајот бил пријавен во 01:30 часот, кога машко лице се јавило во Полициската станица Гостивар и изразило сомнеж дека е извршено убиство на член од неговото семејство. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, каде во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ја заврши војната на САД против Иран дури и ако Ормускиот теснец остане во голема мера затворен, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на претставници на администрацијата. Според „ВСЈ“, Трамп им рекол на своите советници дека САД треба да ги постигнат своите клучни цели – ослабување на иранската морнарица и намалување на ракетните залихи – а потоа постепено да го намалат интензитетот ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
66%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.16
78%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
48%
1018
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
42%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
46%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
84%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8942

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Паладиум

49351.40

Платина

66744.95

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Сребро

2534.46

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.53

Рутениум

51376.89