Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека примирјето во Газа, постигнато со посредство на Вашингтон, би можело да „отвори“ поголем дипломатски моментум за Израел на Блискиот Исток и да доведе до нови регионални сојузи. На прес-конференција во Ерусалим, Венс рече дека договорот за прекин на огнот е „клучен дел од спроведувањето на Абрахамовите договори“, осврнувајќи се на договорите за нормализација од 2020 година, и додаде дека ...

Володимир Зеленски им се обрати на лидерите на состанокот на Европскиот совет, каде што истакна дека постои едно оружје кое, како што рече, може да „го промени текот на војната“. „Погледнете само колку Путин стана нервозен кога се појави оваа тема, тој разбира дека оружјето со долг дострел може да го промени текот на војната“, рече Зеленски. Зборувајќи за видовите такво оружје, тој ги спомена, меѓу другото, ракетите Томахавк. Потсетете се дека ...

Двајца Албанци кои живеат во Швајцарија, едниот од Косово, а другиот од Северна Македонија, се осомничени за поддршка и финансирање на група блиска до Исламската држава во Косово. Според швајцарските медиуми, истрагата против нив е во завршна фаза и се смета за една од најголемите антитерористички истраги во земјата во последните години. Двајцата осомничени, на возраст од околу 30 години, се во затвор во кантонот Во веќе три години и се ...

Притвор и куќен притвор одреди денеска Основниот кривичен суд – Скопје за 12 осомничените за лихварство и перење пари. Како што информираа од Кривичниот суд, за осум лица е одреден притвор, за три куќен притвор, додека за лицето по кое се уште се трага исто така е одредена мерка притвор. Министерството за внатрешни работи претходно денеска соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно лице се уште се ...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна во моментов се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 40 минути, ГП Блаце околу 30 минути, соопшти АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива ...

Државната изборна комисија денеска ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање. -Завршивме со разгледувањето на поднесените приговори. Со тоа констатирам дека и за точката број 7 за постапувањето по приговорите за сумирање и утврдување на резултати ДИК постапи во ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за време на неговиот последен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, самитот во Будимпешта бил предложен од американската страна. „Во нашиот последен телефонски разговор, и самиот состанок и неговата локација беа предложени од американската страна“, изјави Путин пред новинарите. Како што нагласи Путин, станува збор за одложување на самитот во Будимпешта. Таквиот самит бара подготовки, ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Чучер Сандево, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Мицкоски во својот говор ги повика граѓаните во вториот круг да излезат на гласање, да учествуваат во креирањето на политиките и да го заокружат бројот 9. “Би сакал да упатам ...

САД го објавија убиството на петмина наводни „наркотерористи“ во два напада врз бродови во источниот Пацифик, што означува проширување на контроверзната воена кампања на Пентагон. Администрацијата на Трамп сега призна дека убила повеќе од 30 лица во девет познати напади. Последните се првите што администрацијата ги призна надвор од Карибите. Неколку пратеници изразија загриженост за недостатокот на транспарентност околу нападите, кои ...

Нашата опозиција, која доживеа историски дебакл, ја слушам како се храбри, па дури и прави пресметки околу пратенички места. Сфаќам дека се наоѓаат во тежок изборен нокаут од народот, но со нереални математики само дополнително го иритираат, рече премиерот Христијан Мицкоски при денешното обраќање во МНТ по повод „23 Октомври“. -Она што е интересно е што дури и во нивните анализи тие кажуваат дека убедливо ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаа јасна и ...

Зоран Бајовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од населеното место Кучевишка Бара. Бајовски нагласи дека со поддршка од Владата и градот Скопје ќе се реализираат проекти за подобрување на животот во општина Чучер Сандево, меѓу кои е и инвестиција од 45 милиони денари во Кучевишка Бара за пречистителна станица, канализациска и водоводна мрежа. ,,Сега конечно, ги ставивме проблемите ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ги повика учесниците на самитот на ЕУ да ѝ дадат можност на Украина побрзо да ги добие системите „Патриот“. „Разговарав со претставници на владата на Соединетите Американски Држави и одбранбените компании за системите „Патриот“. Дури и кога ние и Европа ќе платиме за овие системи и ракети за нив, сè уште има ред за испораки, некои земји се пред нас. Покрај тоа, некои земји веќе имаат системи ...

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека новите американски санкции против Русија се „чин на војна“ и дека САД официјално станаа непријател на Москва. Еден ден претходно, САД објавија пакет нови антируски санкции насочени кон Роснефт, Лукоил и нивните подружници, објави РИА Новости. Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, го објави откажувањето на планираниот самит со рускиот претседател ...

Очајните обиди на поразената НАИ да ги преведе изборите од 19 октомври во „мандати за пратеници“ се доказ дека оваа коалиција не само што изгубила гласови, туку и контакт со реалноста. Ова беа локални избори. И токму тука Албанците проговорија појасно од кога било, тие избраа промени, тие избраа ВЛЕН. Во повеќе од десет општини, Албанците ја дадоа својата доверба во нова енергија, во лица кои работат, а не во оние кои се кријат зад лажен ...

Денешниот празничен ден, дел од актуелните и кандидати за градоначалници во скопските општини покренаа акција и се организираа за собирање на комуналниот смет. Актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во својата објава истакна дека нема да дозволат да се загрози здравјето на граѓаните поради нефункционалноста на ЈП ,,Комунална хигиена” – Честит празник Македонијо! Додека ...

Градоначалничката Данела Арсовска со одговор на последното соопштение од страна на штабот на ВМРО каде ВМРО-ДПМНЕ прашува: Арсовска да каже која одлука за „Комунална хигиена“ не била изгласана од нашите советници?, извести Град Скопје. “Господине Мицковски, да те замолам пред твојот штаб да пушта соопштенија со прашања со кои само ќе ја докажете својата вина за хаосот, прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот ...

Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, порача дека првиот круг од изборите покажале дека народот има надеж и очекувања кои нема да ги разочараат ниту изневерат. На опозициската СДСМ им порача се консолидираат и да размислат дали ќе се осмелат да одат на предвремени избори, додека, пак, за ДУИ, премиерот оцени дека тие добиле порака од народот и Албанците дека доста беше ...

Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив пат, испишан со крв и страдања, една голема и долга низа на востанија, на човечки приказни за храброст, за мудрост, но и на предавства, завери, меѓусебни и надворешни борби, подвлече во ...

Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија. Годинава за остварување во областа на културата ...

Европската Унија го одобри 19-от пакет санкции кон Русија, насочени кон „флотата во сенка“ и рускиот банкарски и енергетски сектор, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при пристигнувањето на денешниот Самит на ЕУ во Брисел. – Европскиот совет денеска ќе донесе политичка одлука за да ги осигураме финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година, вклучително и за набавка на воена опрема, рече Кошта придружуван од ...

Кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска уште еднаш најави нов уреден јавен простор во корист на граѓаните од оваа општина. На локацијата Табакана кај булеварот „Октомвриска револуција“, нема да се дозволи изградба на нова зграда, туку таму ќе никнат нов бесплатен паркинг за локалното население , како и парк со детско катче. – Иако во минатото некој предвидел во ...

Со освоените 550 советнички места низ целата држава и градот Скопје, како и освоени над 300 илјади гласови, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ја има довербата од народот. Исто така важно е да се напомене дека ВМРО-ДПМНЕ има раст од 82 советнички места, или во проценти 17,5%, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од другата страна, опозицијата предводена од СДС, освои околу 230 советника, што е за 166 советници помалку од минатите избори или пак во проценти, за 42% ...

Министерот за јавна администрација Горан Минчев по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните во која порачува дека на денешен ден оддаваме почит на визијата и пожртвуваноста на македонските револуционери кои со својата борба ги поставија темелите на нашата државност и стремежот за слобода, правда и еднаквост. -Храброста и идеалите на борците од Илинденската и народноослободителната традиција ...

Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ, заедно со кандидатот за прв човек на Скопје Орце Ѓорѓиевски, од рано утрово по центарските и скопските улици се во интензивна акција на расчистување на најгорливиот проблем со кој се соочуваат центарци и воопшто скопјани во последните неолку месеци – купиштата смет што го задушија Центар и главниот град. Проблем кој особено ескалираше во последните две недели, со опасност да го претвори ...

Градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција информираше дека Штабот за заштита и спасување донел итни одлуки за справување со кризата со сметот, а како една од тие заклучоци е спроведување на итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките на територија на Општина Центар. „Ќе одржам средба со директорите на сите училишта и градинки во Центар, со цел да се координираме за безбедноста на децата. Ќе побарам ...

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата одговорно тврди дека сите одлуки предложени од страна на Арсовска до Советот врзани со Комунална хигиена се прифатени и гласани од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата во рекација на обвинувањата од градоначалничката Данела Арсовска. – Апелираме да каже која одлука врзана со тековното работење на Комунална хигиена не е изгласана од советниците? Тезата на Арсовска дека овој ...

До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето, ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни. Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од овие 44 општини во 11 општини се пристигнати ...

Претставата „Народен пратеник“ на МНТ продолжува со успешната регионална турнеја. На 24 октомври, во главната натпреварувачка програма, ова сценско остварување ќе биде изведено на сцената на театарот „Бора Станковиќ“ во Врање, Србија, како дел од 45. издание на реномираниот театарски фестивал „Борини позоришни дани“. Со ова дело, Бранислав Нушиќ уште еднаш потсетува дека смеењето е најсилното оружје против глупоста и корупцијата. Неговата ...

Русија ќе „реагира болно“ ако Европската Унија заплени руски средства на сметките на Euroclear, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „ЕУ нема законска основа за заплена на руски средства, па затоа тоа би било чиста кражба“, рече Захарова. Европската комисија предложи да се користат руски средства замрзнати во Европа за да се обезбеди на Украина „кредит за репарација“ во вредност од 140 милијарди ...

Македонската влада, која неколку дена престојуваше во Велика Британија, избегнува да даде одговори на клучните прашања кои го потресуваат регионот, а тоа е дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во Македонија, вели портпаролката на СДСМ Богранка Кузеска. – Според информациите кои ги имаме од Британија, но и оние кои јавно ги објавија реномираните британски медиуми, фокусот на средбите на ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.0
91%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.52
93%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
95%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
64%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
84%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
90%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
48%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Паладиум

46425.68

Калај

40.48

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Алуминиум

2.91

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Злато

135056.24