Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за француското списание Le Point изјави дека Албанија цврсто го поддржува ставот на САД кон Иран, потсетувајќи дека Тирана ги прекинала дипломатските односи со Техеран по кибернападот во 2022 година. Рама истакна дека Албанија има специфично искуство со иранските власти, посочувајќи го прифаќањето на околу 3.000 членови на иранската опозициска организација МЕК. Според него, токму овие околности ја ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел продолжува да го напаѓа Иран „со полна сила“ и ја потврди претходната изјава на израелските претставници дека командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири, е убиен. Во кратка видео порака, Нетанјаху рече дека Тангсири е одговорен за затворањето на Ормутскиот теснец, објави „Тајмс оф Израел“. – Продолжуваме да ги напаѓаме со полна сила целите на ...

Иран изјави дека има „природно и законско право“ да управува со Ормускиот теснец, како дел од својот одговор на наводниот мировен план на САД, објавија иранските државни медиуми. Според новинската агенција Тасним, поврзана со Иранската револуционерна гарда, Техеран веќе доставил одговор на американскиот предлог од 15 точки и сега чека реакција од Вашингтон. Цитирајќи „информиран функционер“, агенцијата ги наведе клучните услови на Иран за ...

Конфликтите на Блискиот Исток во последните години покажуваат дека природата на современите конфликти брзо се менува. Наместо директен судир на големите сили и сценарија што би можеле да доведат до нуклеарна ескалација, се повеќе се зборува за стратегии насочени кон „слабите точки“ на глобалниот систем, оние што се невидливи, но клучни за функционирањето на светската економија. Според анализите што ги цитираат некои медиуми, иранските ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го ...

Вработените во образованието ќе го добијат покачувањето на мартовската плата, кое е дел од колективниот договор, исто како што ќе го добијат и вработените во здравството и сите од државната и јавната администрација, кои се со колективни договори потпишани од оваа Влада. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање за тоа колку ќе се зголеми платата во образованието со мартовската исплата во април. ...

На денешната прес-конференција, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, обзнани дека партијата ќе поднесе предлог-измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои ќе се адресира долгогодишен системски проблем – исклучувањето на десетици илјади граѓани од здравствена заштита. Станува збор за фриленсери, хонорарци, лица на договор на дело, слободни уметници и невработени, кои поради постоењето на праг на ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е тешко да се предвидат последиците од конфликтот на Блискиот Исток, но дека нивното потенцијално влијание веќе се споредува со последиците од пандемијата на Ковид. Според него, конфликтот предизвикува значителна штета на меѓународната логистика, производството и синџирите на снабдување, а во исто време ги става компаниите во секторите за јаглеводороди, метали и ѓубрива под сериозен притисок. ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го ...

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. „Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот ...

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. „Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на ...

Привршува реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и од новата академска 2026/2027 година во нив ќе почне сместувањето на студентите. -Од 1 октомври очекувам студентите да влезат во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна очекувам да почнеме реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија, изјави денеска ...

Официјален јазик на целата држава е македонскиот и неговото кирилско писмо – изјави премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од Европскиот фронт за употребата на јазиците и правичната застапеност. На денешната седница посветена на пратенички прашања Реџепи побара од премиерот да објасни, како што рече, „зошто Владата во време на економска и политичка криза секојдневно отвора ...

Законот за високото образование в понеделник повторно ќе биде поставен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) со сите забелешки што се прифатени за време на јавните дебати или доставени по електронски пат и по неколку дена ќе биде проследен во владина процедура. Предлог-законот за високо образование од крајот на јануари беше еден месец на ЕНЕР, заедно со предлозите за закон за квалитет на високото образование и за ...

Мерките што Владата ги презеде во изминатиот период за стабилизирање на цените и заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати, изјави денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничкото прашање на Оливер Спасовски за поскапувањата на основните производи. Министерот посочи дека глобалните пазарни потреси неминовно се одразуваат и врз домашниот пазар, но државата навреме реагирала со намалување на данокот на ...

Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат ја затворија мензата во „РЕК Битола“ поради сомневање за труење со храна. Мензата ќе остане затворена до добивање на конечните резултати од контролите. Од Центарот за јавно здравје велат дека се анализираат мострите од површини, а истовремено е спроведена епидемиолошка анкета меѓу повеќе од 80 вработени во „РЕК Битола“ кои побарале лекарска помош во Клиничката болница во ...

Напредокот во клучните области на реформата на јавнта администрација: стратешка рамка на реформата на јавната администрација, патоказот за РЈА, вклучувајќи ја и програмата за реформи во управување со јавни финансии, управувањето со човечки ресурси, развој на политики и координација, испораката на услуги, како и отчетноста и транспарентноста на јавните институции, беа теми на 14-тиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната ...

Прашањето за воведување на „Уставна жалба“ и евентуални измени на Уставот е чисто политичко прашање за кое е потребен консензус од 2/3 од пратениците, смета претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека не поддржува парцијално отворање на највисокиот правен акт. – Ова е сензитивно прашање. Штом ќе се отвори Уставот, секој сака да ја постигне својата политичка цел. Тоа може да доведе до правење ...

Неименуван израелски функционер изјави за „Тајмс оф Израел“ дека командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири, е убиен во напад во иранскиот град Бандар Абас. Според тврдењето, Тангсири бил одговорен за затворање на Ормутскиот Теснец, еден од клучните светски патишта за превоз на нафта. Нема официјална потврда од Иран или коментар од израелската војска за наводниот напад. Неименуван израелски функционер ...

Рударството во Македонија не смее да се претвори во затворен систем под влијание на поединечни интереси, туку треба да се развива како транспарентна и конкурентна индустрија, оценува Виктор Грозданов во најновата колумна. Тој посочува дека во јавната дебата се создава конфузија и недоверба, наместо аргументирана дискусија заснована на факти. „Кога се прозива некој, првенствено мора да се знае која е неговата улога, образование и капацитетот ...

Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски ја освои наградата за најдобар анимиран филм на Фестивалот за научно-фантастични филмови во Мајами (MiSciFi). Се работи за еден од најзначајните жанровски фестивали во САД посветени на научната фантастика, фантазијата и хоророт. „Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, и освои 7 ...

Предводена од новиот селектор Гоце Седлоски, македонската фудбалска репрезентација вечер во Копенхаген ќе се соочи со Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026. -Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина. Во тимот гледам енергија, концентрација и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да избегне долготрајна војна со Иран и им кажал на помошниците дека очекува конфликтот да заврши во рок од неколку недели. Трамп верува дека конфликтот би можел да заврши во наредните недели и ги повика соработниците да се усогласат со таа временска рамка, пишува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на анонимни извори. Администрациските претставници се надеваат дека ќе ја решат ситуацијата пред ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да ја интензивира воздушната кампања против Иран во следните 48 часа, со цел да уништи што е можно поголем дел од воената индустрија на земјата, поради стравувањата дека Вашингтон би можел да предизвика прекин на огнот. Директивата дојде откако владата на Нетанјаху доби копија од нацрт-планот на САД од 15 точки за завршување на војната, заклучувајќи дека тој не ги опфаќа соодветно ...

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема. Како што информира Народната банка (НБ), вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и ...

Шест волови од Македонија пред неколку дена ја преминале границата кај ќустендилското село Ѓуешево и влегле на бугарска територија, објави бугарскиот Бгнес. Животните биле заловени од надлежните служби и сместени во привремен сточарски објект на општината, каде ќе останат сè додека за нивната судбина не одлучи заедничка комисија составена од бугарски и македонски институции. Засега нема официјална потврда од македонските власти за случајот. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „очајно сака“ да постигне договор за прекин на речиси четиринеделниот конфликт, иако Техеран тврди дека не води директни преговори со САД. Контрадикторните пораки доаѓаат во време кога економските и хуманитарните последици од војната се интензивираат, а глобалниот недостиг на гориво дополнително го притиска светскиот пазар. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави ...

Преговорите за прекин на огнот остануваат само тема на разговори додека војната со Иран се приближува кон четвртата недела. Израел објави дека почнал нов бран напади врз Иран, а напади со беспилотни летала и ракети беа регистрирани преку ноќ на неколку локации во регионот. Иран Сирени напади го погодија Исфахан, град на околу 330 километри јужно од Техеран, кој е дом на важна иранска воздухопловна база, други воени објекти и еден од ...

Иранскиот воен советник Мохсен Резаи изјави дека неговата земја „чека“ американските трупи да пристигнат во регионот. „Кога не постигнаа никакви резултати со нивната воздушна моќ, што е нивна главна предност, што очекуваат од копнена операција? Дали американските војници сакаат да умрат за Израел? Ние ги чекаме“, напиша Резаи на платформата X. Резаи неодамна беше назначен за воен советник на врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, а ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.74
84%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
76%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2993

Currency

37.8621

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

152465.86

Родиум

319899.93

Калај

52.70

Алуминиум

3.53

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Иридиум

253540.09

Платина

66744.95