Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб. Посочи дека историјата покажува дека ...

По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денеска точно напладне објави нова песна и видео. По период во кој сè почесто се наметнуваат како едно од најактуелните имиња на домашната сцена, ДУПЕР точно во 12:00 часот ја објавија својата нова песна „На пола пат“, проследена со видео кое има филмски пристап. Новото издание доаѓа во момент кога нивниот претходен хит „Може може може“ сè уште активно се слуша и ротира, ...

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Скопје. Според првичните информации, потресот се случил во 12:05 часот по локално време, со епицентар на околу 14 километри источно од главниот град. Длабочината на земјотресот изнесувала околу 6 километри. Граѓаните во делови од Скопје го почувствувале како слаб потрес. Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран ...

Во мај или јуни ќе се отвори дискусија за можни кадровски промени во Владата, најави премиерот Христијан Мицкоски на денешната презентација на страјкер‑возилата во касарната во Петровец. Одговарајќи на новинарско прашање дали со коалициските партнери веќе се разговара за реконструкција на Владата, Мицкоски потврди дека разговори има. – Сме разговарале, бидејќи и коалициските партнери, но и ВМРО‑ДПМНЕ имаат внатрешни прегрупирања и ...

Во период обележан со постојана нестабилност на пазарот на енергија, бизнисите сè повеќе бараат предвидливост и стабилност кога станува збор за трошоците за електрична енергија. Препознавајќи ги овие потреби, ЕДС лансираше нова промотивна кампања насочена кон поддршка на компаниите со финансиска сигурност и дополнителни практични придобивки. Кампањата воведува модел на електрична енергија со фиксна цена, овозможувајќи им на компаниите ...

Општина Кочани навремено го поништила известувањето за користење паркинг-простор и побарала од Државниот пазарен инспекторат да не издава лиценца за работа на дискотеката „Пулс“, бидејќи објектот се наоѓал во зона за лесна и незагадувачка индустрија. Ова го истакна сведокот Драги Илиевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште, на денешното рочиште што се одржува во судницата во „Идризово“ за пожарот во кој загинаа 63 ...

Данската премиерка Мете Фредериксен му ја поднесе оставката на својата влада на кралот по исходот на параламентарните избори за нејзината трипартиска коалиција, соопшти кралската палата. Партиите се подготвени да влезат во потенцијално тешки и долги преговори за да утврдат дали Фредериксен или друг лидер на партијата ќе ја формира следната влада. На власт од 2019 година, 48-годишната Фредериксен водеше кампања со ветување дека нејзините ...

Стружанецот Н.К.(33) е уапсен по налог на Основното јавно обвинителство во Лесковац по сомнение дека синоќа со камион го прегази пешакот Г.П.(57) од Грделица, кој почина на самото место. Несреќата, како што пишуваат дел од српските медиуми, се случи ноќеска на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица. Како што се сомнева, Н.К. управувал камион „Volvo“ кон Лесковац кога удрил во пешакот и му нанел повреди од кои човекот ...

Возач е лишен од слобода откако синоќа со автомобил удри пешак во скопското село Марино, кој почина на местото на несреќата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 март 2026 година околу 23:20 часот било пријавено дека на улицата „500“ во село Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот А.А., удрило во пешакот О.М. (52), исто така од Марино. Од здобиените ...

Во населбата Залик во Мостар, синоќа околу 20 часот се случил обид за грабеж на продавница. Храбра продавачка успеала да го спречи напаѓачот кој бил вооружен со автоматска пушка. Sigurnosna kamera zabilježila je trenutak kada je prodavačica u Mostaru spriječila oružanu pljačku⤵️ pic.twitter.com/Mybt6oR5ah — Anadolu BHSC (@aa_balkans) March 25, 2026 Снимките од надзорните камери покажуваат како маж во црна јакна влегува во продавницата, а ...

Иранската војска соопшти дека испалила ракети земја-земја кон американските сили стационирани на аеродромот во Ербил, северен Ирак. Техеран потврди дека извршил напад врз американската база, објави официјалната иранска новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на воени извори, пишува агенцијата Анадолу. 🚨URGENT Attacks against Southern(Bashur) Kurdistan continue! As Iran's attacks on Erbil continue, a drone was shot down. ...

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. За денеска Обвинителството има предложено тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од Општина Кочани. Одбраната на обвинетите денеска ќе треба да се изјасни дали го прифаќаат повлекувањето на ...

Иранските претставници им кажаа на земјите што посредуваат во мировните преговори со САД дека претседателот Трамп веќе ги измамил двапати и дека „не сакаат повторно да се изгорат“, според извор запознаен со разговорите. САД инсистираат на разговори во живо во Исламабад уште во четврток, но Иран е сомничав бидејќи за време на претходните две рунди разговори, Трамп одобри изненадувачки напади, тврдејќи дека сè уште бара договор, објавува ...

Иран ги извести Советот за безбедност на Обединетите нации и Меѓународната поморска организација дека „непријателски бродови“ можат да поминат низ Ормускиот теснец доколку прво се координираат со иранските власти. Пораката доаѓа во време кога американско-израелската војна против Иран речиси го запре преминувањето на околу една петтина од светската нафта и течен природен гас низ теснецот, предизвикувајќи значителни прекини во глобалните ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од ...

Порота во Ново Мексико ѝ наложи на Мета да плати 375 милиони долари граѓански казни, утврдувајќи дека компанијата ги довела во заблуда корисниците во врска со безбедноста на своите платформи, дозволувајќи штета, вклучително и сексуална експлоатација на деца. Според „Гардијан“, ова е првата пресуда со која Мета е одговорна за дела извршени на нејзините платформи. „Пресудата на поротата е историска победа за сите деца и семејства кои ја ...

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март. На истиот датум ќе биде затворен и паштунскиот, Радио Машал. -Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено ...

Фолксваген е во преговори со израелската компанија „Рафаел Адвансд Дифенс Системс“ за договор за префрлање на производството во една од нејзините фабрики од автомобили на системи за воздушна одбрана. Двајца луѓе запознаени со планот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека компаниите планираат да пренаменат фабрика во Оснабрик за производство на компоненти за израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“. Ова е најпознатиот пример досега ...

Цените на нафтата паднаа за речиси шест проценти, додека азиските акции се зголемија по извештаите дека Доналд Трамп му испратил на Иран мировен план. Суровата нафта падна за 5,92 проценти на 98,30 долари за барел до 00:30 часот по Гринич. Цената на референтната американска нафта, West Texas Intermediate, падна за 5,01 процент на 87,72 долари. На азиските пазари, тврдењата на Трамп го поттикнаа оптимизмот. Токискиот Nikkei 225 порасна за ...

Портпаролот на иранската војска ги исмеа американските напори за воспоставување примирје, велејќи дека Американците всушност преговараат сами со себе. Неговата реакција дојде кратко откако администрацијата на Доналд Трамп испрати предлог за прекин на огнот од 15 точки до Иран преку Пакистан, пишува Асошиејтед Прес. Во претходно снимена изјава емитувана на иранската државна телевизија, потполковник Ебрахим Золфагари тврди дека стратешката ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови. ...

Криста Пајк ќе стане првата жена погубена во државата Тенеси по повеќе од 200 години. Пајк, која е единствената жена осудена на смрт во таа американска држава, треба да биде погубена на 30 септември 2026 година, по повеќе од 30 години по злосторството за кое беше осудена, убиството на 19-годишната Колин Слемер, пишува „Унилад“. Според записите од судењето, мотивот за убиството бил љубомора. Пајк верувала дека Колин Слемер се обидува да го ...

Потсекретарот за правда на Италија, Андреа Делмастро, денес поднесе оставка по извештаите дека поседува удел во синџир ресторани поврзан со мафијата, објавија италијанските медиуми. Оставката на Делмастро претставува прва реконструкција во владата на италијанскиот премиер Џорџа Мелони и лидерка на десничарската партија „Браќа на Италија“, по тешкиот пораз што го доживеа на референдумот оваа недела, објавува Ројтерс. Андреа Делмастро се ...

Со длабока тага утрово ја примивме веста дека почина нашиот другар и сопартиец Кирил Слезенковски, соопштија од Левица. „Кирил беше член на Централниот комитет на Левица и советник во Советот на општина Илинден, но неговото значење не се сведуваше на функциите. Беше пример за човек кој политиката ја разбира како одговорност кон луѓето, а не како позиција. Беше самоиницијативен, одговорен и подготвен да се зафати со решавање на проблеми. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја добија војната против Иран, додавајќи дека Иран се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје во иднина. „Сите нивни лидери се заминати. Никој не знае со кого да разговара. Но, ние всушност разговараме со вистинските луѓе, а тие толку многу сакаат да склучат договор. Немате поим колку очајно сакаат да склучат договор, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп пред новинарите во ...

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар го пропушти последниот натпревар на својот клуб Сантос против Крузеиро, но неговите активности надвор од теренот повторно ја разгореа дебатата за неговата професионална посветеност. Сантос ремизираше со Крузеиро во натпревар без голови, а отсуството на нивната најголема ѕвезда беше забележливо. Додека клубот официјално изјави дека 34-годишникот не игра поради „управување со оптоварувањето“, протокол ...

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната. Иако минатата година потпиша нов договор кој го врзува за клубот до 2027 година, шпекулациите за неговата иднина следеа цела сезона, особено поради лошите резултати на тимот по освојувањето на титулата во Премиер лигата. Ситуацијата беше дополнително обележана со конфликтот меѓу Салах и тренерот Арне Слот, кога Египќанецот јавно изјави дека се чувствува како да ...

Претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе продолжи да работи со сите свои ресурси за да воспостави мир во војната на САД и Израел против Иран, за која рече дека ги погодила турската економија и целиот свет. Ердоган, како што пренесе „Ал џезира“ исто така, рече дека владата разгледува различни мерки за заштита на економијата од војната, која го зафати регионот и предизвика нагло зголемување на цените на енергијата. Во исто време, ...

Актерот Орландо Блум наводно тајно се гледа со моделот Луиза Ламел, само неколку месеци откако раскина со пејачката Кети Пери. 49-годишниот актер и 41-годишната американска поп-ѕвезда се разделија минатата година по деветгодишна врска, а заедно ја имаат ќерката Дејзи. Се чини дека Орландо пронајде нова љубов по раскинувањето. Минатата недела, актерот и 28-годишната швајцарска убавица наводно уживаа во краток одмор во Швајцарија, во ...

Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Амар Мециновиќ, денеска ја посетија кубанската амбасада во Софија, каде оствариле средба со амбасадорката Н.Е. Мариета Гарсија. На средбата, како што соопшти партијата, била изразена „цврста и недвосмислена солидарност со народот на Куба“. Според Левица, Куба со децении се соочува со „неправедна, незаконска, нехумана и злосторничка економска блокада“, која ја оценуваат ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.13
81%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
2.06
83%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.06
88%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
63%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
86%
1015
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
91%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9559

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Сребро

2534.46

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Злато

152465.86

Паладиум

49351.40

Цинк

0.00

Калај

52.70

Алуминиум

3.53

Платина

66744.95

Бакар

12.46