Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Новинарот на CNBC, Џо Кернер, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, кој наводно му потврдил дека се во тек „многу интензивни разговори“ меѓу САД и Иран. Кога Кернер прашал со кого конкретно разговарал, Трамп рекол: „Па, тие имаат претставници“. „Верувам дека режимот е променет (во Иран), бидејќи ова се нови луѓе со кои разговарам“, му рекол Трамп на Кернер. Трамп изјави дека во последните два дена се водат ...
На 77-годишна возраст почина Гоце Контевски, долгогодишен новинар и еден од бардовите на македонското новинарство. Целиот професионален век Контевски го помина во весникот „Вечер“ каде ги помина сите скалила во новинарската кариера од приправник до заменик на главниот уредник и в.д. главен уредник. Во текот на својата долгогодишна кариера, посебно се ангажираше на бројни проекти со кои се унапредуваа содржините во весникот преку уредување ...
Иранската новинска агенција Мехр го цитираше Министерството за надворешни работи на земјата дека изјавите на Доналд Трамп се „дел од обидот да се намалат цените на енергијата и да се купи време за спроведување на неговите воени планови“. „Да, постојат иницијативи од регионалните земји за намалување на тензиите, а нашиот одговор на сите нив е јасен: ние не сме страната што ја започна оваа војна и сите овие барања треба да бидат упатени до ...
HRANA, медиумскиот огранок на американската невладина хуманитарна организација HRAI, која ги следи кршењата на човековите права во Иран, денес соопшти дека најмалку 1.407 ирански цивили се убиени од почетокот на американско-израелската војна со Иран, вклучувајќи 214 деца. HRANA соопшти дека регистрирала 206 напади во последните 24 часа, што резултирало со најмалку четири жртви, објави Sky News. Се проценува дека најмалку 15 проценти од ...
Израелската војска започна широк бран воздушни напади врз локации низ Техеран. Иранските државни медиуми, вклучувајќи ја и новинската агенција Фарс, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), објавија дека детонации се слушнале низ целиот ирански главен град, објави Би-Би-Си. „Граѓаните пријавиле дека слушнале гласни експлозии низ градот“, објави Фарс. Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека воздушните ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека исходот од неговиот ултиматум до Иран во врска со енергетските капацитети ќе биде „многу добар“, критикувајќи ги земјите од НАТО за „неправење ништо“ и предупредувајќи го Техеран за „тотално уништување“. Во интервју за израелскиот Канал 13, Трамп се осврна на војната со Иран и ултиматумот за енергетските капацитети на Исламската Република, велејќи дека последиците наскоро ќе бидат ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес изјави дека шпанската влада бара отворање на Ормутскиот теснец и зачувување на енергетските капацитети на Блискиот Исток, предупредувајќи дека понатамошната ескалација може да предизвика долгорочна глобална енергетска криза. „Шпанската влада бара отворање на Ормуз и зачувување на сите енергетски локалитети на Блискиот Исток“, рече Санчез во објава на социјалната мрежа X, истакнувајќи дека светот во ...
Британскиот премиер Кир Стармер ќе претседава со итен состанок за економските последици од војната со Иран, на кој ќе присуствуваат канцеларката Рејчел Ривс и гувернерот на Банката на Англија, Ендру Бејли, соопшти владата. Инвеститорите се подготвуваат за уште една бурна недела на финансиските пазари откако Иран изјави дека ќе ги нападне енергетските и водоводните системи на своите соседи од Заливот доколку Доналд Трамп ја спроведе заканата ...
Според прелиминарните резултати од вториот круг од локалните избори во Франција, следниот градоначалник на Париз ќе биде кандидатот на Социјалистичката партија, Емануел Грегоар, со нешто над 50 проценти од гласовите, додека независната кандидатка Рашида Дати, поддржана од Републиканската партија, освои околу 41 процент од гласовите. На третото место е кандидатката на Непобедливата Франција (LFI) Софија Чикиру со 7,9 проценти од гласовите, ...
Во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат село Клечовце – село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко возило „даеву тико“ управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот. – Лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово. Според изјавата на сопатничката, на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство или ќе премине во друго. – Ние имаме принципелен договор како коалициски партнери во Владата, сите три политички структури, тоа се коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди – Влен“ и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или јуни ќе имаме реконструкција ...
Просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во јануари годинава изнесувала 46.617 денари, која е повисока за 8,3 % во однос на јануари 2025 година – објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за ...
Во втората половина од 2025 година, вкупно 80 здравствено осигурани лица од редовите на полицијата искористиле 514 боледувања, покажуваат податоците на Фондот за здравствено осигурување. Најголемиот дел од боледувањата траеле до седум дена, 171 биле до 15 дена, додека 83 траеле повеќе од 30 дена. Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, информира дека при контролите биле утврдени неправилности кај 29 лица, односно кај околу 37 проценти од ...
Шефот на Централната команда на САД (CENTCOM) изјави дека Иран „дејствува од очај“ со тоа што таргетира цивилни цели во војната. Во интервју за сателитската мрежа Иран Интернешнл, адмиралот на американската морнарица Бред Купер изјави: „Тие дејствуваат од очај. Во последните неколку недели тие намерно нападнаа цивилни цели повеќе од 300 пати“. Во своето прво интервју еден на еден од почетокот на војната, Купер рече дека континуираните ...
Високи американски функционери ги информираа Израел и другите сојузници дека САД би можеле да започнат копнена воена операција за заземање на иранскиот остров Харг со цел да се обезбеди слобода на пловидба низ Ормутскиот теснец, објави „Eрусалим пост“ (ЕP), повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Израелскиот весник објави дека американската администрација во последните денови ја разгледува опцијата за заземање на островот Харг, ...
Глобалните пазари се соочуваат со силен притисок бидејќи геополитичкиот конфликт на Блискиот Исток го нарушува снабдувањето со енергија и го менува однесувањето на инвеститорите. Крипто берзата Binance излезе со нов неделен пазарен преглед за влијание на моменталните случувања на глобалните пазари врз крипто пазарот. Американските напади врз иранскиот остров Харг и блокадата на Ормускиот проток влијаеја врз приближно 20% од глобалната ...
Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Мицкоски. Не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик, Закон кој значи заштита, унапредување, почитување и збогатување на македонскиот јазик, изјави Бисера Костадиновска Сточкевска – ...
Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза која е на повидок. Наместо државнички пристап, сведоци сме на импровизација, стихија и дефокусирање на јавноста. Надлежните задоцнија цели две недели со мерките за заштита. Нашите пресметки покажуваат дека ова доцнење го чинеше народот повеќе од четири милион евра, средства кои завршија во буџетот за да се „крпат“ дупки од лошо менаџирање, велат од Левица. – Дополнително ...
Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „ранет, изолиран и не реагира на пораки“, изјавија американски и израелски безбедносни претставници за „Вашингтон пост“. Според израелски претставници, Корпусот на Исламската револуционерна гарда и некои свештеници го зајакнале својот притисок врз Иран. Веб-страницата „Аксиос“ објави дека американската Централна разузнавачка агенција, израелскиот Мосад и други разузнавачки агенции работат на ...
Албанската опозиција одржа нов антивладин протест, обележан со високи тензии, вклучувајќи фрлање молотови коктели врз зградата на владата и интервенција на полицијата со солзавец, јавува Анадолу. Протестот го организираше Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, кои бараат оставка од премиерот Еди Рама. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и огномет врз зградата на албанската влада, на што полициските сили ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, издаде список на директиви во кои се наведени задачите и целите на иранските вооружени сили во тековната војна со САД и Израел, објавија денес иранските медиуми. Првото од списокот на барања на ајатолахот Моџтаба е да се одржи континуирано затворање на Ормутскиот теснец, а второто е да се продолжат нападите врз американските воени бази во регионот на Персискиот Залив, објави иранската ...
Иран ќе возврати на секој напад врз неговиот енергетски сектор со цел напаѓање на израелските електрани и електраните што ги снабдуваат американските бази во регионот на Персискиот Залив, соопшти денес Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). Изјавата се чини дека ги повлекува претходните закани против постројките за десалинизација на вода во регионот, кои се клучни за снабдувањето со вода за пиење на земјите од Персискиот Залив, ...
Најстудено утрово е на Попова Шапка -3 степени, а максимални 8 степени се измерени во Гевгелија. Според УХМР, до 08:30 часот се измерени и -2 степена во Лазарополе -1 во Mаврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Берово, Kрушево, 2 во Претор, 3 во Охрид, Битола, Прилеп, Пожаране и Виница, 4 во Ѓуриште и Тополчани, 5 во Тетово, 6 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Штип и Струмица, како и 7 степени во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Велес. На ...
Иран е способен да стигне до Рим и Париз со своите балистички ракети, предупредуваат меѓународните медиуми, нагласувајќи дека дури и честите бомбардирања од страна на САД и Израел не успеале да ја неутрализираат оваа воена способност. Италијанската „Ла Република“ истакнува дека, за напад врз европски центри, лансирните рампи би морале да бидат позиционирани во северен Иран. Особено загрижува фактот што европските земји немаат оперативна ...
Британската полиција започна истрага откако четири амбулантни возила што ѝ припаѓаат на еврејската заедница беа запалени во Голдерс Грин, на север од главниот град Лондон, синоќа. Скај њуз објави дека полицијата го третира палежот како антисемитско злосторство од омраза. Се известува дека шест противпожарни возила и околу 40 пожарникари биле испратени на местото на пожарот, а пожарот бил ставен под контрола во 3:06 часот утрово. Пред ...
Во Словенија се одржаа десеттите парламентарни избори од независноста, на кои право на глас имаа околу 1,7 милиони граѓани кои избираа 90 пратеници. По затворањето на избирачките места во 19 часот, следеше неизвесно и напнато пребројување на гласовите, кое покажа исклучително тесна трка меѓу двете најголеми политички опции. Според резултатите по преброени 99,67 проценти од гласовите, во водство е Движењето за слобода предводено од Роберт ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до пет, а максималната ќе достигне од девет до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...
Секој што во иднина ќе ја користи Швајцарија само за транзитни цели ќе мора да плати дополнително. Парламентот ги постави темелите за нов закон, а најголемото влијание ќе биде врз туристите и туристите што патуваат во Италија. Швајцарскиот парламент гласаше со 173 гласа „за“ и само 13 „против“ во Националниот совет за воведување нов данок за транзит. Секој што едноставно поминува низ Швајцарија од граница до граница без да застане во ...
И покрај предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп да не војува со Иран пред конфликтот, повеќето земји од Заливот сега го повикуваат Вашингтон да продолжи со своите воени напади, изјавија четири високи функционери од регионот за „Тајмс оф Израел“. Соговорници од неколку престолнини на Заливот велат дека, и покрај одредено незадоволство од начинот на кој САД и Израел ја водат војната, постои јасна намера, особено во ...
Додека вниманието на Вашингтон е речиси целосно пренасочено кон Блискиот Исток и конфликтот со Иран, Москва тивко, но ефикасно ја користи моменталната глобална нестабилност, тврди американскиот воен портал 19fortyfive. Според анализата на порталот, колку подолго трае американската воено-политичка кампања против Техеран, толку повеќе позицијата на Русија на меѓународната сцена е значително консолидирана. Додека САД ги трошат своите ...