ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА – ИНСПИРАЦИЈА ВО БОИ И ПЛАТНО Во рамките на Програмата на фестивалот „Илинденски денови“, синоќа во фоајето на Кино „Манаки“ беше отворена изложбата на уметнички слики во маслена техника насловена „Македонско девојче 2 – Македонската народна носија како инспирација“. Автор на изложбата е Раде Најдовски, кој преку своите платна создава визуелен омаж на богатото културно наследство и убавината на ...

Нова услуга во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола - Екипа за земање на примероци за микробиолошки анализи во домашни услови за лицата над 65 години ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола воведува нова бесплатна услуга од 24 јули до 31 август 2025 - мобилна екипа што доаѓа директно во домот на лица над 65 години за земање примероци (брисеви, урина и сл.) за микробиолошки анализи. Целта е да се заштитат постарите лица од топлотните бранови и ...

На 21.07.2025 во 17.18 часот, во СВР Битола било пријавено дека ул.„Караорман” во Битола во близина на надвозникот од патот Прилеп-Ресен настанал пожар на товарно возило „форд транзит“ со битолски регистарски ознаки сопственост на С.М.(48) од Битола. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола, при што повредени лица нема, причинета била материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. ...

Во рамките на прославата на 35 години од основањето на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, денес во Битола, на свеченост во Пациото на Завод и музеј Битола, се одржа промоција на кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за општина Битола, Тони Коњановски. На прославата присуствуваше генералниот секретар на партијата Ѓоргија Сајкоски, пратениците Силвана Ангелевска, Олга Лозановска, Пеце Милевски, локални функционери, како и бројни гости и членови на ...

Сашко Кедев утрово се искачи на врвот Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан и стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги освои сите 14 врвови над 8.000 метри и највисоките врвови на сите седум континенти. Тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“ денеска во 10.44 часот по локално време успешно се искачи на Гашербрум. Во тимот покрај Кедев, беа и Ванг Жонг од Кина и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру ...

НП Пелистер го уредува со клупи просторот околу Големо Езеро. Денес вработените од ЈУНП Пелистер работат на уредување на просторот во близина на Големо Езеро и планинарскиот дом "Димитар Илиевски - Мурато" на 2218мнв. Потребниот материјал и технички средства беа транспортирани со помош на возила на НП Пелистер, а со уредување ќе се продолжи и утре. -Притоа не заборавајте дека единствено место за одлагање на вашиот отпад на планина е вашиот ...

Промовирана боенката „Народната култура – трајна инспирација“ Во рамки на 55. издание на фестивалот Илинденски денови, во просториите на НУ Завод и Музеј – Битола беше промовирана едукативната боенка „Народната култура – трајна инспирација“. Боенката е наменета за најмладите и претставува визуелна и креативна алатка за запознавање со македонската традиција, преку цртежи и илустрации инспирирани од народната уметност, културното наследство и ...

Во рамките на прославата на 35 години од основањето на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, денес во Битола, на свеченост во Пациото на Завод и музеј Битола, се одржа промоција на кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за општина Битола, Тони Коњановски. -Искрена благодарност до членовите, симпатизерите и поддржувачите за довербата, поддршката и присуството. Особена благодарност до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Христијан Мицкоски, за дадената ...

Вечер исполнета со звуци, бои и чувства, така изгледаше Литванската вечер на музика и уметност во Битола. Публиката имаше ретка можност да се поврзе со магијата на Чурљонис, преку изведбата на дуото Зубовас, кои преку својот настап раскажаа една длабока приказна. Настанот беше дел од одбележувањето на 30 години дипломатски односи помеѓу двете земји, симболична потврда дека културата зборува јазик што сите го разбираат. Благодарност за ...

Човекот е суштество што посакува, без разлика каде сме во животот – секогаш нешто сакаме. Повеќе. Помалку. Поголемо. Поинакво. Поблиску. Подалеку... секогаш нешто. Но дали некогаш си застанал/а и си се запрашал/а: Што сакав пред 5, 10, 15 години? Отвори стари календари, дневници, пораки, зборувај со семејството/блиски пријатели што го паметат тој период. Голема е веројатноста дека денес го имаш тоа. Но дали се будиш со благодарност за тоа што ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРАЊЕТО НА УЛИЦА „ШИРОКА“ ГД Гранит АД Скопје, ја известува јавноста за продолжување на затворањето на ул. „Широка“, поради реализација на Проектот на Општина Битола: „Реконструкција на линиска инфраструктурна градба на ул.„8-ми Септември“ и тоа: Реконструкција со доградба на коловоз L=840,00м, Изградба на атмосферска канализација, Реконструкција со дислокација на мешовита канализација на дел од улицата ...

Се јавуваме од Голем Град — единствениот остров во нашата земја, скриен во срцето на Преспанското Езеро. Ова мало парче земја крие редок екосистем, древни приказни и тишина што зборува. Зборувавме со луѓе што го познаваат островот одвнатре — се запознаваме со историја, култура, природа, животински и растителен свет. Откриваме нешта што не се гледаат, туку се чувствуваат. Разговораме со:Игор Ефтимовски, археолог и асистент за односи со јавноста ...

Апла дознава дека во тек е спасувачка акција на Пелистер, се спасува планинар кој се повредил на патеката по камењар. Повредениот бил на локација над Видиковецот и неофицијално не бил битолчанец. Дознаваме дека спасувачите од Дирекцијтаа за заштита и спасување, ЦУК и обучени лица вклучени во акцијата од НП Пелистер се на терен и дејствуваат за спасување на повредениот. Сопред информација од ДЗС и МВР треа заедничка акција за извлекување на ...

КОГА СТРИПОТ ЌЕ ГО ЗАИГРА РУСАЛИСКОТО ОРО Во свет каде што традицијата често се заклучува во витрини, а стрипот се перцепира како нешто „лесно“, млад уметник успеа да направи нешто што ретко кој се осмелува – да ги спои двете. Синоќа, во фоајето на НУ Центар за култура – Битола, беше претставен проектот „Русалии – Танц и Традиција“ – стрип издание со авторски илустрации на Димитри Балојани, создадено специјално за 55. Илинденски денови. ...

Методија Куновски е кандидат за градоначланик на Битола од СДСМ, објави лидерот на партијата Венко Филипче. Куновски е новинар по професија и работи во РЕК Битола од 2018 година. - Кандидат за градоначалник на Општина Битола е претседателот на Општинската организација Методија Куновски, за Валандово актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница претседателот на Општинската организација Гоце Милевски, во Зрновци претседателот на ОО Ванчо ...

Познатиот специјалист онколог проф. д-р Симонида Црвенкова, денеска прегледуваше онколошко болни пациенти во Битола. Таа е само една од лекарите специјалисти кои неделно ќе доаѓаат во Клиничката болница-Битола по неодамна потпишаната соработка со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје. Целта е скопските лекари специјалисти за онкологија и радиотерапија да вршат прегледи во онколошкото одделение на Клиничката болница во ...

Конструктивниот предлог и притисокот на Либерално-демократската партија вроди со плод, велат во соопштение од партијата. Потпретседателот на ЛДП, Валентин Груевски во изјава за медиумите посочи дека Гувернерот на Народната банка ја слушна и ја поддржа иницијативата на ЛДП за намалување на банкарските провизии и донесе одлука за намалување на трошоците на банките кон НБРМ. Сега на ред се банките да го следат чекорот на гувернерот и да ги намалат ...

ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТЕ ОД ВТОРИОТ ПОВИК НА ВЛАДАТА – ЗА ОПШТИНА БИТОЛА ДОДЕЛЕНИ ОКОЛУ 707 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА 65 ПРОЕКТИ Општина Битола е лидер по бројот на потпишани договори, вкупно 65 по вториот јавен повик од инструментот за капитални инвестиции. Денес, во Владата, градоначалниците на општините ги потпишуваа договорите со соодветните министерства. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги потпиша договорите за проекти во рамките на ...

Во Демирхисарско уапсени тројца мажи од Романија кои на жителите им продавале садови и прибор за домаќинство, а пак овие им платиле со златен накит и пари. Полицијата соопшти - На 16.07.2025 во 15.30 часот во с.Жван, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Г.Р.(26), Г.М.(47) И Г.Г.(26), сите од Република Романија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама”, казниво по член 247 од Кривичниот законик. ...

Официјално - Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничената, доктор – офталмолог при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, побарала од лице од ресенско подарок во износ од сто евра за да изврши службено дејствие кое што секако би морала да го изврши, односно да изведе операција – отстранување на ...

Лекарка од Очното оддeление во Клиничката болница во Битола била фатена како бара и зема мито од пациент во висина од 100 евра, дознава АПЛА.мк Лекарката побарала од пациент пари за одредена здравствена услуга, но засегнатиот пациент случајот го пријавил кај истражните органи и кaко што дознаваме лекарката е фатена со обележани пари. Во случајот постапувале инспектори од СВР Битола и лекарката билa спроведна на распит. Се очекува одлука на ОЈО ...

Општинскиот инспекторат при Општина Битола од вчера започна со дежурства на терен, надвор од редовното работно време и прими дојави за триесеттина дивеења во делот на градежништвото и јавната чистота. Веќе при првото дежурство беа констатирани над 30 случаи, најмногу во областа на градежништвото, јавната чистота и комуналните дејности. Инспекторите затекнаа ситуации со несоодветно постапување со градежен шут, комунален и друг вид отпад – ...

Официјално СВР Битола соопшти дека во Крушево е приведено лице за злоупотреба на службената положба . На 15.07.2025 во 13.35 часот пред угостителски објект во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.О.(46) од Крушево. Имено, тој се сомничи дека како вработен во шумското претпријатие во Крушево извршил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик - „злоупотреба на службена положба и овластување” на тој начин ...

ДЕЖУРСТВА НА ОПШТИНСКИОТ ИНСПЕКТОРАТ НАДВОР ОД РАБОТНОТО ВРЕМЕ Општина Битола воведува секојдневни дежурства на терен на инспекторите, со цел да се констатираат било какви незаконски и прекршочни дејствија на територијата на целата Општина. Дежурствата ќе се спроведуваат секојдневно со вршење на надзори и обиколки, во и вон работно време во работните денови, како и во викенди и неработни денови. Граѓаните имаат можност за затекнати појави на ...

БИТОЛА – Влезот на Битола од страната на Прилеп се гради веќе една година и претставува капитален проект за градот и Пелагонискиот регион. Децении наназад сликата за овој сообраќаен пристап до Битола беше темница, пат полн со дупки, без сообраќајна сигнализација, диви депонии, ѓубре и кал од двете страни на тесниот коловоз, дивоградби и импровизирани пристапи до дуќани и бизниси. Небезбеден ни за пешаците, ни за возачите. Граѓаните на Битола, ...

Вчера во 18:10 часот, на автопатот А1 Демир Капија-Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 29-годишниот С.Р. од Битола. При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило BMW, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. Известен е јавен ...

Од денеска започна асфалтирањето на реконструираниот прв дел од булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп. Се поставува првиот слој на асфалт на оваа важна сообраќајница за градот улицата „8 Септември“. Камен-темелникот за изградба на булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп беше поставен лани на крајот на јули. Се работи на атмосферска канализација, водоводна инсталација, коловозна конструкција, улично осветлување, ...

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска на седница на Советот на Општина Битола на која ќе се гласа за ребалансот на буџетот во првото обраќање до советниците и јавноста на претседателката на Советот Гбриела Илиевска му дедели пехар за како што рече „шампион во кочење на ЕУ проекти“. „Ако за некој камењата се камен на сопнување, за мене камењата се градежен материјал. Со камења е изградена Вие Игнација, со камења се градат мостови кои ...

Соопштение од Водовод Битола. Ве известуваме дека на ден 15/07/2025 (вторник), поради технички зафат од страна на фирмата изведувач БВ инжинеринг, се затвора регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со новоизведената ПЕ цевка ф 400 , со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите на ул.Кире Костадиновски - Горно Оризари, Раштанска, Раштани,.Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, ...

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска на седница на Советот на Општина Битола на која ќе се гласа за ребалансот на буџетот во првото обраќање до советниците и јавноста на претседателката на Советот Гбриела Илиевска му дедели пехар за како што рече „шампион во кочење на ЕУ проекти“. „Ако за некој камењата се камен на сопнување, за мене камењата се градежен материјал. Со камења е изградена Вие Игнација, со камења се градат мостови кои ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
69%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
88%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
80%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
9.91
87%
1012
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
88%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
8.75
78%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
93%
1013
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
82%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Никел

471972.96

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Кобалт

55.67

Калај

40.11

Паладиум

45879.12

Злато

135322.28

Алуминиум

2.89

Иридиум

145787.60

Сребро

1837.41

Платина

53106.37

Цинк

3.24