Цената на најпознатата криптовалута биткоинот за прв пат ја премина границата од 100 илјади долари, пренесува „Гајрдијан“. Со тоа, достигна нова рекордна вредност. Ова се случува откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе усвои низа политики што поддржуваат криптовалути. Инаку, биткоинот го достигна највисокото ниво само неколку часа откако Трамп најави дека ќе го назначи Пол Аткинс, силен поддржувач на ...

Поранешниот премиер Алексис Ципрас неодамна меѓу другото зборуваше и за суперпрофитите на банките и за грчката економија. Ципрас, кој веќе ретко зазема јавна позиција, се зафати со серија главни прашања што го засегаат и општеството и политичката сцена во земјата. Во врска со прашањето за оданочување на суперпрофитот на банките, тој забележа „несразмерно зголемување на приходите“ при што владата на Мицотакис „не направи ништо две и пол години“. ...

Фискалниот совет достави мислење до Собранието со кое препорачува зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години од 2026 година, и тоа како мерка за покривање на растечката буџетска дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ). Во документот стои дека линеарното зголемување на пензиите од 2.500 денари дополнително го оптоварува пензискиот систем, кој ионака веќе се соочува со значителни предизвици. Фискалниот ...

Банката на Русија (БР) очекува инфлацијата во таа земја да биде на горната граница или над претходно предвидениот опсег од осум до 8,5 отсто на крајот на оваа година, најави заменик-гувернерот на централната банка, Алексеј Заботкин. „Сегашната траекторија е блиску или над горната граница“, рече Заботкин како одговор на прашањето за инфлацијата, според Мина. На годишно ниво, инфлацијата во Русија на 25 ноември изнесува 8,64 отсто, објави Руската ...

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ се против предлогот на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница за одење на пензија. Од социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја обвинуваат власта за ваквите најави од Фискалниот совет. -Овие најави совршено се надоврзуваат на основните принципи на функционирање на Владата на ДПМНЕ и Мицкоски: експлоатирањето на трудот на работниците без никакво најави за зголемување плати, ...

Белгиското јавно обвинителство започна истрага против поранешниот европски комесар за правда и министер во неколку влади на Белгија, Дидие Рејндерс под сомнеж дека бил вклучен во перење пари преку игри на среќа. Како што објави бриселскиот дневен весник „Соар“, во рамки на истрагата за овие сомнежи во текот на вчерашниот ден белгиската полицијата извршила претрес во домот на Рејндерс во Брисел и во куќа во негова сопственост во местото Висул, ...

Професорот на Американ Колеџ Марјан Бојаџиев во „Дејли Клик“ на ТВ21 го коментираше новиот предлог за поместување на границата на одење во пензија. Бојаџиев од студиото на ТВ21 упати четири клучни сегменти, односно четири предлози за пензинскиот систем. „Прва работа да се дозволи кој сака да работи повеќе од 64 години во приватен сектор. Втора работа да се зголеми придонесот за пензинско осигурување, трето да се зголеми опфатот за тие шпто ...

Пазарот на државни обврзници покажува колку сериозно се гледа на политичкиот хаос во Франција на финансискиот пазар. Десетгодишните француски државни обврзници неодамна имаа поголем принос од грчките државни обврзници. Иако берзите ја игнорираа буџетската криза во Париз, оваа криза значително се одрази и на девизниот пазар. Имено, вредноста на еврото во однос на доларот се намали за 0,7 отсто, поради што едно евро неодамна изнесуваше 1,05 ...

Нашата поддршка за младите и нивната професионална ориентација ја дополнивме и со интересна маркетинг работилница за 50 студенти по психологија. Комерцијална банка организираше работилница за студентите од четврта година на Институтот по психологија со цел да им го приближи значењето на маркетингот во современото банкарско работење. Студентите имаа можност да се запознаат со улогата на маркетингот во Комерцијална банка, начинот на ...

Земјоделските стопанства имаат можност за пребивање на неплатените сметки. Доколку должат за закуп на државно земјоделско земјиште, пашарина или водарина, парите, со нивна согласност, во соодветниот износ можат да се наплатат од финансиската поддршка … Земјоделците кои ги немаат платено сметките за пашарина, наводнување или за закуп за државно земјиште, ќе можат да извршат пребивање на долгот со одобрениот износ на финансиска поддршка. ...

Банките ги добиле на писмено условите под кои треба да се пласираат унгарските пари кај фирмите, велат од банкарскиот сектор. Во документот всушност се наведени сите оние работи кои ги зборуваше премиерот Мицкоски на настаните и кои од пред неколку дена се ставени на сајтот на Влада. Тука се споменува максимален износ за кои може да се аплицира, рокот на отплата, надоместокот за банките и за што се треба да бидат наменет парите. Тоа се ...

Заменик министерот за економија, Марјан Ристески вели дека новогодишната кошничка се подготува и ќе има значителни намалувања со цел да се заштити стандардот на граѓаните. „Се знае дека кошничката е при крај, ќе има повеќе стотина производи, сигурно повеќе од претходната „есенската кошничка“ и мислам дека ќе бидат задоволни граѓаните од производите мои ќе бидат понудени во таа кошничка. Ќе има значителни намалувања коишто ќе бидат позитивна ...

На 29 ноември 2024 година, во близина на Караџица, село Кучково, Скопје, се спроведе акцијата за пошумување во рамки на кампањата „Замени и засади“. На површина од 1 хектар се посадија 2 500 садници црн бор, со што се направи значаен чекор кон обновување на шумите и подобрување на животната средина. Главната цел на акцијата „Замени и засади“ е да ги охрабри членовите на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје да направат промена во начинот на ...

Во Македонија, оваа година сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор, ќе добијат регрес за годишен одмор, попознат како К-15. Вработените во администрацијата ќе добијат по најмалку 11.000 денари, додека за приватниот сектор, износот ќе биде околу 16.800 денари, што е 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци. Исплатата на К-15 треба да се заврши до крајот на годината. Услов за исплата на регресот е работникот да работи ...

Во периодот јули – септември годинава во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 7.491 трансакција, од кои 5.525 купопродажби на недвижности и 1.966 закупи на недвижен имот. Бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот во третиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани е незначително намален, додека бројот на закупи е намален за пет проценти, покажуваат последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижности. ...

Не стивнуваат реакциите во јавноста, откако Фискалниот совет до Собранието достави Мислење со кое бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија. Препораката е, старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени да се помести на 67 години во земјава. Како што коментираат голем дел од граѓаните, одење во пензија на 67 години, ако тоа го доживеат идните пензионери, всушност би значело да се преживеат ...

Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра, напиша македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Фејсбук – Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во ...

Приходите од продажба на оружје се зголемени во 2023 ширум светот. Според податоците на Институтот за мировни истражувања СИПРИ, најголем пораст на приходи бележат производителите од Русија и од Израел. Пред сѐ, војните во Украина и во Појасот Газа, но и растечките тензии во Источна Азија, ја поттикнуваат побарувачката на оружје и воена опрема. Приходите на 100-те најголеми светски производители на оружје во 2023 година достигнаа вкупно 632 ...

Сите 10 откупувачи на тутун ги отворија вратите за преземање на реколтата. Досега се откупени нешто повеќе од 100 тони со просечна цена од 370 денари за килограм. Родот годинава се проценува на 16.000 до 17.000 тони тутун и е со добар квалитет… Иако крајниот законски рок е до 15-ти декември, сите 10 монополи кои пројавија интерес и склучија договори со тутунарите ги отворија вратите за преземање на реколтата. Досега во земјава се откупени преку ...

Просечната нето плата во Загреб во третиот квартал од 2024 година изнесува 1.525 евра и е зголемена за 13,6 отсто во однос на истиот квартал лани, објави денеска Хрватската државна служба за статистика (DZS). Според извештаите, просечната нето плата на ниво на цела Хрватска во третиот квартал се зголемила за 14,5 отсто на годишно ниво на 1.320 евра, пренесува Јутарњи лист. Државниот завод за статистика минатиот месец објави дека просечната ...

Образованието е клучната компонента за развој и клучен дел од процесот на пристапување кон Европската Унија бидејќи ги отвора перспективите на младите во регионот на Западен Балкан. Местоположбата на оваа земја нуди многу предности кои ја прават привлечна за инвестирање, но сите чинители заедно треба да креираат дијалог за тоа што најмногу ѝ треба на земјата во моментов за да се поттикне тој процес. Ова го истакна Амбасадорот на ЕУ во Северна ...

Глобалната криза и кусоците во буџетите го наметнуваат прашањето за зголемување на старосната граница на пензионирање. „Должни сме како експерти тоа да го предложиме“, вели академикот Абдулменаф Беџети. Кризата со пензискиот систем се посилно чука на врата и во Северна Македонија. Алармот е одамна вклучен, по укажувањата дека дупката во ПИОМ никако не може да се пополни, па секоја трета пензија мора да се исплаќа од државниот буџет. Сега ...

На денешната прес-конференција, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски објави дека цената на електричната енергија ќе се зголеми за најмногу 1% од почетокот на 2025 година. РКЕ ја намалува цената на оваа услуга за да не дојде до ценовен шк од 1 јануари 2025 кога ЕВН Хоме, како универзален снабдувач, ќе ја соопшти својата цена. Од претходно е соопштено дека АД ЕСМ ќе му ја продава струјата на ЕВН Хоме поскапена од 60 на 62 евра по мегаватчас, но ...

Новата цена на литар еуросупер БС – 95 ќе изнесува 76 денари, 78,5 денари на еуросупер БС – 98, 71 денар на еуродизел БС (Д-Е V), а 69,5 денари на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1). Поскапува мазутот М-1 НС, за 0,521 денар и килограм ќе чини 45,5 258 денари. Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,72 проценти во однос на цените со одлуката од 25. минатиот месец. „Референтните цени на нафтените ...

Централна кооперативна банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза известува дека реализира зделка со Централна кооперативна банка АД Софија по основ на склучен Договор за субординиран долг на износ од 1 милион евра. Централна кооперативна банка АД Софија е доминантен сопственик на Централна кооперативна банка АД Скопје со 87,35% учество во вкупниот број на акции на Банката. Централна кооперативна банка АД Скопје преку оваа трансакција ...

Унгарската влада ќе го продолжи плафонот на хипотекарните стапки за повеќе од шест месеци до средината на 2025 година, рече Гергеј Гујаш, шеф на канцеларијата на премиерот Виктор Орбан, цитиран од Ројтерс и БТА. Унгарските власти ги замрзнаа хипотеките од 1 јануари 2022 година за да ги заштитат домаќинствата од забрзана инфлација, која во јануари 2023 г. достигна врв од 25 проценти, иако после тоа почна да опаѓа. Во октомври оваа година земјата ...

Владеењето на ДПМНЕ, СДС И ДУИ изминативе триесет години го доведе до крах Фондот за пензиско осигурување. Институцијата која обезбедуваше сигурна егзистенција на работниците години наназад се одржува со финансиски интервенции од државниот Буџет. За финансиските дупки кои се појавија во Фондот, изминативе триесет години ниту еден политичар на владејачката елита не поднел одговорност, велат од Левица. – Фискалниот совет, по однос на Фискалната ...

Во Македонија, оваа година сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор, ќе добијат регрес за годишен одмор, попознат како К-15. Вработените во администрацијата ќе добијат по најмалку 11.000 денари, додека за приватниот сектор, износот ќе биде околу 16.800 денари, што е 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци. Исплатата на К-15 треба да се заврши до крајот на годината, иако законски може да почне да се извршува од мај. ...

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) објави извештај со најнови податоци за развојот на овој спорт. Вкупниот број на луѓе кои играат тенис во светот се зголеми за повеќе од една четвртина во последните пет години и достигна 106 милиони луѓе. Зголемен е и бројот на професионални тенисери – за 8% на 3.931 во 2023 година. Тие имаат учествувано на 1.485 професионални турнири признати од Меѓународната тениска федерација. Документот за развој на ...

Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите за остварување на правото, а за ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
51%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
80%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 6ᴼ
2.06
79%
1015
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
87%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.77
91%
1013
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
89%
1015
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
5.14
57%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
91%
1013
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.45
89%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52