Колку пати алармирав, укажував, зборев во текот на изминатата година – дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби. Предупредував јавно дека ИПАРД 3 ќе крахира. Дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата ИПАРД 3 програма, вредна околу 100 милиони евра, која требаше да биде двигател ...

Постраствените љубители на алкохол, во просек на возраст од 64 години доживуваат мозочен удар, во споредба со просекот од 75 години кај луѓето кои пијат помалку алкохол. Ново истражување, објавено во списанието „Неуролоџи“ (Neurology), покажува дека честото пиење алкохол може да предизвика мозочен удар, во просек – едно десетлетие порано. – Нашите наоди посочуваат дека (пречестото пиење) не само што ја зголемува сериозноста од мозочен удар со ...

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и детска облека со потпис на заштитени трговски марки, соопшти денеска Царинска управа. Златни плочки со тежина од 53 грама и 11 златни монети со тежина од 39 грама се пронајдени при контрола на багаж на турски државјанин на излез од државата, на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје. Проценетата вредност на ...

Две лица од Кавадарци се приведени поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Според полицијата, осомничените на оштетено лице од Неготино му наплатиле над 700.000 денари за заем од 80.000 денари. -Вчера во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од овој град, поради сомнение за сторено кривично ...

Компанијата Гунвор објави дека ја повлекува својата понуда за купување на меѓународните средства на руската нафтена компанија „Лукоил“. Министерството за финансии на САД претходно објави дека САД нема да му издадат лиценца за работа на „Гунвор“ додека трае конфликтот во Украина. Министерството изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно зборувал за потребата од што е можно поскоро завршување на украинскиот конфликт, а бидејќи тоа ...

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето на границата меѓу Босна и Херцеговина (БиХ) и Црна Гора. Епицентарот на земјотресот бил веднаш до границата меѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора, 22 километри источно од Фоча. Како што објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил почувствуван и во Хрватска и Србија. Засега нема информации за евентуална материјална штета, јавуваат ...

Откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека безбедносните служби со денови се во потрага по двајца снајперисти, без да даде дополнителни детали, претседателот на Комисијата на српскиот парламент за контрола на безбедносните служби и пратеник од владејачката СНС, Игор Бечиќ, изјави дека во разузнавачките кругови „не е исклучена можноста членовите на „Кавачки клан“ да се вклучени во планирањето и логистиката“. Бечиќ за ...

Откако минатата недела беше објавено дека голем број турски фудбалски судии се вмешани во обложување на фудбалски натпревари, Обвинителството во Истанбул побара притвор за 21 лице, вклучувајќи 17 судии, како и за претседател на прволигашки клуб, чиј идентитет, засега, не е познат. Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул соопшти дека 17 судии се осомничени за манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од Првата ...

Градот Париз оваа недела отпочна уникатна лотарија којашто на „среќните“ добитници ќе им понуди вечно почивалиште во напуштени историски гробови – до некоја позната личност, во замена за реставрација на споменикот на таа позната личност. Системот вклучува 634.000 парцели, но да се биде погребан во близина на иконскиот американски музичар и поет Џим Морисон или познатата француска писателка Симон де Бовоар – досега беше само сон, бидејќи ...

За овој мармалад најдобро е да користите кисели јаболка, поради слаткиот и благ вкус на тиквата. Состојки: Подготовка: Изрендајте ги исчистените јаболка и тиква и префрлете ги во тенџерето во кое ќе се готват, потоа додадете го исцедениот лимон, сокот од јаболка, ванилата, циметот и шеќерот. Добро измешајте сè и покријте, и оставете да отстои најмалку 2 часа. Потоа ставете ги на силен оган да се варат и кога ќе зоврие, намалете ја топлината. ...

Тракторист загинал денеска во несреќа во кавадаречко, оваа информација ја потврди за МИА, Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош во Кавадарци. Несреќата била на патот од градот Кавадарци кон селото Дреново. – Наша медицинска екипа замина на лице место веднаш по дојавата за несреќата. Но, за жал, можела само да констатира смрт кај едно машко лице од селото, родено 1971 година. Лицето починало веднаш, откако се превртел тракторот со ...

Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) им нареди на авиокомпаниите да ги намалат домашните летови за четири проценти почнувајќи од денеска на 40 главни американски аеродроми. Ограничувањата стапуваат на сила во 6:00 часот наутро по источно време. ФАА наведе загриженост во врска со безбедноста на воздушниот сообраќај поради затворањето на Владата. Во својата конечна наредба, ФАА соопшти дека ќе бара намалување од четири посто ...

Акционерите на „Тесла“ синоќа одобрија план за компензација од еден трилион долари за извршниот директор Елон Маск, со што најбогатиот човек во светот ја добива најголемата корпоративна исплата во историјата ако ги исполни целите потребни за да ја добие. Пакетот, на кој се спротивставија неколку истакнати инвеститори, покажува дека акционерите сè уште веруваат дека Маск може да го води производителот на автомобили во ера доминирана од роботиката ...

На Србија и се потребни 29 години за да го достигне просекот на Европската унија кога станува збор за БДП по глава на жител, 26 години кога станува збор за просечна заработувачка. Достигнувањето просечна пензија со оваа стапка не е можно. Истото важи и за нееднаквоста, која се зголемува во Србија. Тоа се наодите од истражувањето спроведено од Виенскиот институт за меѓународни економски студии заедно со локалните партнери во земјите од регионот. ...

Бројот на жртвите од катастрофалниот пожар во Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, откако синоќа во 23:01 часот во Универзитетско-клиничкиот центар (УКЦ) Тузла почина уште една пациентка која се здобила со тешки повреди во огнената стихија, јавуваат локалните медиуми. Починатата пациентка беше хоспитализирана на Клиниката за анестезиологија и реанимација, каде поради тешката здравствена состојба била приклучена на респиратор. За жал, и ...

Најмногу дожд во Крушево, 6 литри на квадратен метар во изминатото деноноќие, најниска температура утрово 2 степена на Попова Шапка. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа, три литри на квадратен метар количество врнежи се измерени на Попова Шапка, 2 во Тетово и Лазарополе и еден литар на квадрат во Маврови Анови и Прилеп. УХМР соопшти дека температурата во 8.30 часот утрово е 4 степени во Берово, 5 во ...

Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо. Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот. Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало ...

Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета. Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега тоа доби потврда со раце фатени во криминал. Очигледно станува збор за систем на рекетирање во институција што треба да биде мотор на развојот. И тоа е систем на ВМРО-ДПМНЕ и на ...

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик, за настанот на 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, каде осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го лишиле од живот велешанецот Ѓело ...

Воздушниот простор над аеродромот „Зевентем“ во Брисел синоќа одново беше затворен за сообраќај околу 40 минути, откако над аеродромскиот комплекс бил забележан дрон. Според белгиската Контрола на воздушниот сообраќај, воздушниот сообраќај на аеродромот бил прекинат околу 21:20 часот, по што е возобновен нешто по 22 часот. Контролата информира дека предвидените полетувања од аеродромот биле само времено одложени, додека самое еден од авионите ...

Албанскиот парламент доцна синоќа со 77 гласови „за“, 36 „против“ и ниту еден „воздржан“, го усвои законот за родова еднаквост. Според образложението Законот има за цел да го хармонизира албанското законодавство со стандардите на Европската Унија за човекови права и еднаков третман на жените и мажите. – Новиот закон има за цел да ја подобри постојната законска рамка за да обезбеди еднакви можности во вработувањето, образованието, застапеноста во ...

Конгресот на Перу ја прогласи претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум за „персона нон грата“, неколку дена откако нејзината Влада ги прекина дипломатските односи со Мексико, кое ѝ додели азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавез. Чавез беше премиерка за време на мандатот на соборениот и затворен поранешен претседател Педро Кастиљо, а Перу ги прекина дипломатските односи откако таа се засолни во Амбасадата на Мексико во Лима за да ...

Неколку лица беа однесени во болница откако сомнителен пакет беше доставен во американската воена база Здружената база Ендрус во Мериленд. Два извори запознаени со истрагата потврдија дека пакетот содржел непознат бел прав, објавува Си-Ен-Ен. Во официјално соопштение од базата, која се наоѓа во близина на Вашингтон, се вели дека зградата е евакуирана откако едно лице „отворило сомнителен пакет“. „Како мерка на претпазливост, зградата и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се ...

Познатиот зоонегувател Војо Иванов јавно му се обрати на новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку отворено писмо објавено на социјалните мрежи. Во него, Иванов апелира до градоначалникот да ја посети скопската Зоолошка градина и да се запознае со состојбата во која се наоѓа институцијата, која, како што наведува, е во „многу тешка состојба“. Иванов го покани Ѓорѓиевски да ги посети вработените зоонегуватели и лично да се ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја најави големата 72- часовна генералка во Скопје. Градоначалникот изјави и дека вечерва се отстранети од работа 371 лице, кои биле вработени во јавните претријатија, не работеле, а земале плата. Исто така, Ѓорѓиевски рече и дека имало злоупотреби во градот, каде што комунбалните возила се користеле од фирми, на кои потоа им биле исплатувани пари како за советнички услуги. Пред салата „Борис ...

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез, му подари на напаѓачот на Интер, Лионел Меси, симболичен клуч од градот. – Сакав да ви го дадам овој клуч за сè што направивте за нашиот град, нашата земја и светот на фудбалот. Ви благодарам, рече Суарез за време на церемонијата. Триесет и осумгодишниот Аргентинец игра за Интер Мајами од јули 2023 година. Во 2025 година, тој го продолжи договорот до крајот на сезоната 2028. – Ова е голема чест за мене. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека е постигнат договор со фармацевтските гиганти Novo Nordisk и Eli Lilly за намалување на многу високите цени на неколку водечки лекови за дијабетес и дебелина во САД. – Драго ми е што можам да објавам дека двата најголеми светски производители на лекови, Eli Lilly и Novo Nordisk, се согласија да го понудат својот најпопуларен лек за слабеење, GLP-1, по значително пониски цени, рече ...

Шпанија ќе го ограничи одгледувањето живина во неколку региони почнувајќи од понеделник, како одговор на „порастот на случаите на птичји грип во Европа“ и „зголемениот ризик“ во самата земја, соопшти Министерството за земјоделство. – Во последните недели забележавме зголемување на бројот на откриени случаи, и кај дивите и кај домашните птици, што укажува на влошување на состојбата, наведува шпанското Министерство. Според податоците на АДИС, ...

Британската Влада, која бара дополнителни приходи три недели пред претставувањето на буџетот, разгледува воведување данок за електрични возила со цел праведно финансирање на патната инфраструктура во споредба со бензинските и дизел автомобилите, соопшти денеска владата. – Данокот на гориво се наплаќа за бензин и дизел, но не постои еквивалент за електрични возила. Сакаме поправеден систем за сите возачи, рече портпарол на британската влада. Тој ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
72%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.3
80%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
89%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
12.35
87%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
95%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Рутениум

29192.88

Калај

40.48

Сребро

1878.05

Никел

473339.37

Бакар

10.95

Злато

135056.24

Цинк

3.23

Платина

52952.77

Паладиум

46425.68

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42