Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Собранието во рамките на 106. седница ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, кои се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот. Со законот се редефинира точка 57 „лесно електрично возило“ од поимите што се употребуваат во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата имајќи ги предвид компаративните искуства на повеќе земји во регионот, како и ...
Пожар утринава избувнал на локацијата Владаја во Општина Дојран и сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од подружницата на ЦУК во Гевгелија, пожарот е пријавен околу 10 часот, а на терен се две противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран” со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со тројца пожарникари. Местото е обезбедувано и од едно полициско ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по седницата на Извршниот комитет на партијата го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет по разговорите со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ за владина реконструкција. Мицкоски соопшти дека нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, досегашен директор на Фондот за здравствено осигурување, а на негово место ќе дојде Златко Перински, досегашниот министер за ...
Канада вечерва ја победи Јужна Африка со гол во судиското продолжение и се пласираше во осминафиналето на Светското фудбалско првенство 2026. Натпреварот се одигра во Инглвуд, Калифорнија, САД. Единствениот гол го постигна Стивен Еуштакиу во 90+2. минута. Канада за прв пат во својот трет Мундијал стигна до плејофот за Светското првенство. Во осминафиналето северноамериканскиот тим ќе се соочи со победникот од натпреварот Холандија – Мароко. ...
На Светското првенство денеска на програмата се три натпревари, на кои настапуваат два поранешни светски шампиони и еден финалист на мундијалите. Воедно ова за трите селекции кои ја имаат улогата е првото искушение во дуелите од нок аут фаза. Трите селекции во групните натпревари остварија по две победи и го искористија правото на „кикс“. Бразил во Хјустон за противник ја има Јапонија, која пак во групната фаза одигра нерешено со Холандија. ...
Туна салатата е лесен, хранлив и освежителен оброк кој се подготвува брзо и едноставно. Благодарение на комбинацијата од свеж зеленчук и туна, оваа салата е идеална како лесен ручек, вечера или прилог. Највкусна е кога ќе отстои кратко време во фрижидер, за сите состојки добро да се соединат. Потребни состојки: 1 црвен кромид китка млад спанаќ 2 пиперки 6-8 шери домати 2 конзерви туна 2 лажици сок од лимон 3 лажици масло Сол по вкус Црн пипер ...
Во акциска контрола спроведена вчера од 17:00 до 23:00 часот на подрачјето на Битола, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување изрекоа вкупно 58 санкции за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Контролата, како што соопшти МВР, била насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен маж, осомничен за кривичното дело убиство, извршено при семејно насилство, и побара да му биде определен притвор. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека на 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. -Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од ...
Лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, планира да се врати во земјата по разорните два земјотреса од минатата недела. Протераната лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, синоќа изјави за американски „Фокс њуз“ дека „е дојдено време“ да се врати дома. „Моја должност е да го придружувам мојот народ. Треба да бидеме заедно, да се прегрнуваме, да тагуваме и да жалиме заедно“, рече таа. Мачадо рече дека има намера ...
Во некои делови од Европа вчера температурите на воздухот достигнаа 40 степени Целзиусови, додека други области беа погодени од бури, а рекордната топлина ги преоптовари здравствените системи и го наруши сообраќајот и производството на електрична енергија низ Стариот континент. Илјада дополнителни смртни случаи поврзани со топлината се регистрирани во Франција, објави францускиот институт за јавно здравје Санте Публик. Повеќето од жртвите се ...
Тешко издржливите топлотни бранови во западна и северна Европа го вратрија на дневен ред прашањето – зошто таму нема климатизација? И дали ќе ги има повеќе? Во земји како САД, Австралија и Јапонија, топлите и влажни летни месеци се подносливи благодарение на студениот воздух што постојано го произведуваат клима уредите, пишува Дојче веле (DW). Меѓутоа, во поголемиот дел од Европа „решението“ е да се спуштат ролетните, да се вклучи ...
Влијателните ирански свештеници повикуваат на прекин на преговорите со САД по последните американски напади. Во соопштението од теолошките центри во градот Ком, каде се одржуваат аџилаци, вчера свештениците ги повикаа претседателот, членовите на Советот за безбедност и преговарачкиот тим веднаш да ги прекинат преговорите со САД во случај на уште едно кршење на договорот. Ова мора да се направи и од правна и од верска основа, бидејќи кршењето ...
Директорот на израелската Национална управа за кибербезбедност, Јоси Карди изјави дека е зголемен бројот на ирански хакерски напади од почетокот на војната во февруари. Тој наведе дека во јуни 2025 година, за време на првата војна со Иран, израелските власти регистрирала околу 1.600 непријателски кибернапади, додека овој месец нападите се искачила на околу 4.800. – Некои групи се многу вешти. Можеме да се справиме со нив, но мора да ги ...
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека САД остануваат во голема мера зависни од своите сојузници во Европа, без оглед на реториката од Вашингтон. Тој за германскиот весник „Ди Велт“ посочи дека и покрај немилосрдните критики на американскиот претседател Доналд Трамп кон НАТО, одбраната на САД започнува на границата помеѓу Европа и Русија. – Еден од најголемите нуклеарни арсенали во светот се наоѓа директно преку ...
Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук откри што, според него, филмот „Социјална мрежа“ (The Social Network) целосно погрешно прикажал. „Цукерберг го основал Фејсбук на само 19 години на универзитетот Харвард, во 2004 година. Денес неговото богатство се проценува на околу 189 милијарди долари“, пренесе Јунилад (Unilad). Филмот од 2010 година е еден од првите големи холивудски хитови што го прикажува подемот на модерна технолошка компанија. Во ...
Вкупно 46.628 лица сè уште се водат како исчезнати по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела минатата среда, се наведува на веб-страница за пријавување исчезнати лица. Според овој извор, бројот на исчезнати лица е малку намален во споредба со претходниот ден, кога надмина 50.000, објави Скај њуз. Наведено е дека досега се пронајдени 15.097 лица кои претходно биле на списокот на исчезнати. Вкупниот број на лица пријавени како ...
Најмалку 26 мажи и момчиња загинаа во несреќи на вода во текот на изминатиот викенд во Германија, објави денеска Германското здружение за спасување на животи (DLRG), предупредувајќи на голем број инциденти предизвикани од високите температури и зголемениот број на пливачи. Според прелиминарните податоци, жртвите починале помеѓу петокот и вчера, додека најмалку седум други смртни случаи поврзани со капење и пливање се регистрирани во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека американскa делегациja утре во Доха ќе разговара со ирански претставници. „Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут Соушл. Претходно денеска извор запознаен со разговорите изјави дека иранските и американските технички тимови кои работат на спроведување на меморандумот за разбирање во наредните денови ќе се сретнат во Доха. ...
Банкарското кредитирање за претпријатијата во еврозоната се забрза во мај, според денеска објавени најновите податоци од Европската централна банка. Обемот на кредитите за нефинансиски корпорации се зголемија за четири проценти на годишно ниво по зголемувањето од 3,4 проценти во април. Тоа е највисоката стапка на раст во последните неколку години и сигнализира зајакнување на кредитирањето и покрај повисоките каматни стапки. Кредитирањето на ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Москва ќе преземе политички и воено-технички мерки како одговор на плановите на Финска, земја-членка на НАТО, да ја суспендира долгогодишната забрана за распоредување на нуклеарно оружје на нејзина територија. – Тоа претставува реална закана по националната безбедност на Русија и Москва ќе преземе брзи и ефективни мерки, за соодветно да го ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит денеска потврди дека утре во Доха ќе се одржи состанок на високо ниво за Иран и дека американската делегација ќе ја предводат специјалниот претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, додека паралелно ќе се водат и технички разговори. „Специјалниот претставник Виткоф и Џаред Кушнер оваа недека ќе патуваат во Доха на состаноци на високо ниво, додека продолжуваме да го разгледуваме меморандумот за ...
Пет лица загинаа, а неколкумина се повредени во вооружен инцидент во градот Штаде, северна Германија. Портпаролот на полицијата соопшти дека по инцидентот приведени се две лица, од кои едниот е осомничен за пукањето. Инцидентот се случи во близина на Центар за млади. Истражителите веќе собираат докази и испитуваат сведоци. Според германскиот весник „Билд“ сите загинати се возрасни лица. МИА Пет лица загинаа, а неколкумина се повредени во ...
На секои 100 пензионери во Албанија, придонеси плаќаат само 118 вработени. Овој сооднос во социјалното осигурување останал речиси идентичен во 2025 година, како и претходната година. Според податоците од Институтот за социјално осигурување за 2025 година, регистрирани се 754.981 пензионер и 870.964 вработени кои плаќале пензиско осигурување. -Таквиот сооднос го оптовари пензискиот фонд, бидејќи приходите собрани од осигурениците достигнаа две ...
По лратко боледување денеска на 65-годишна возраст почина Владо Јаневски. Познатиот македонски поп-пејач и композитор, починал на една од скопските клиники. На социјалните мрежи фановите и македонската естрада со изрази на сочувство се збогуваат со Јаневски, кој важеше за една од нашите најголеми музички ѕвезди. Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје. Има издадено шест студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, ...
Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци со ...
ЗНАМ се распаѓа и веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови. Последните двајца што останаа, Максим Димитриевски и Горан Минчев се тепаат за фотелји и ги делат последните тендери за да ја наплатат својата улога на последните избори, кога ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит- ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на опозициските гласови ...
Црвениот крст на град Скопје започнува со теренски активности насочени кон заштита на граѓаните од последиците од најавените високи температури и топлотни бранови. -Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје ќе патролираат низ градот, ќе укажуваат прва помош, по потреба ќе вршат транспорт на граѓани до здравствени установи, како и ќе ...
Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ...
Драги сограѓани, во среда, на 1 јули, во 12:05 часот, овде, во хотелот, ќе се одржи настан насловен како „Разговори за иднината во 12:05“. Ние, младите, велиме: ова не се разговори за нашата иднина. Ова е обид на Христијан Мицкоски да создаде ЗНАМ 2.0 – нов сателит кој ќе му послужи да ги раздели гласовите на опозицијата на следните избори, исто како што го направи и со ЗНАМ пред последните парламентарни избори. Мицкоски им обезбеди се, и ...
Владата на Мицкоски го доведе во ризик еден од најважните столбови на социјалната сигурност – пензискиот систем. Нема пари во државната каса за исплата на пензии, а власта го загрози и вториот пензиски столб. Дупката во ПИОМ се продлабочува и достигна речиси 40%. Ова е резултат на расипничките политики на ВМРО и јасен доказ дека Владата нема решение како да обезбеди долгорочна стабилност на пензискиот систем. Изјавата на гувернерот Трајко ...