Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за воена мисија во Иран за запленување речиси 400 килограми високозбогатен ураниум – пренесува „Волстрит џурнал“. Весникот вчера цитира американски официјални лица, кои рекле дека Трамп моментно проценува колку тоа би било опасно за копнените трупи потребни за операцијата, пренесе ДПА. Трамп генерално е отворен за идејата, објави весникот бидејќи таквата воена операција би можела да помогне во ...
Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“, кој носи хуманитарен товар од 100.000 тони нафта, пристигна во Куба, соопшти денеска Министерството за транспорт на Русија. Бродот чека на истовар во пристаништето Мансас. САД дозволија рускиот танкер за нафта да се приближи до Куба, а на крајбрежната стража на САД не ѝ беше наредено да го пресретне бродот, иако има бродови во регионот способни за таква операција. Со ова се избегна можна директна ...
Француската компанија „Мистрал АИ“ соопшти дека обезбедила 720 милиони евра за финансирање изградба на центар за податоци во близина на Париз, дополнително забрзувајќи ги инвестициите во сопствена инфраструктура за развој на вештачката интелигенција. Планирано е објектот да има капацитет од 44 мегавати и околу 13.800 графички процесори, а се очекува да почне со работа во второто тримесечје од оваа година. Финансирањето го обезбеди конзорциум ...
Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал-Шара, денеска е во посета на Германија. Неговата прва средба во Берлин беше со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер. Предвидено е Ал Шара да се сретне и со германскиот канцелар Фридрих Мерц, со кој ќе разговара за враќање на сириските бегалци во татковината и за реконструкција на Сирија по долгогодишната граѓанска војна. – Наш интерес е да ја видиме Сирија обновена како стабилна и ...
Во 2025 година, стапката на ризик од сиромаштија во Србија изнесуваше 19,6 отсто, и во споредба со 2024 година е пониска за 0,1 процентен поен. Стапката на ризик од сиромаштија или социјална исклученост изнесува 23,2 отсто, и во споредба со 2024 година е пониска за 1,1 процентен поен, наведено е во податоците од извештајот на Заводот за статистика – „Сиромаштија и социјална нееднаквост во 2025 година“. Во исто време, прагот на ризик од ...
Британски дипломат е протеран од Русија и се соочува со обвинувања за шпионажа – јави ДПА. Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската вршителка на должноста амбасадор Данае Џолакија утринава е повикана од руското Министерство за надворешни работи, пренесува ДПА. Ова е ...
Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови вклучени во операцијата „Епски бес“, што САД и Израел ја почнаа против Иран, објави шпанскиот весник „Паис“ повикувајќи се на неименувани воени извори. Шпанија не само што забранува користење на воздухопловните бази Рота во Кадис и Морон де ла Фронтера во Севиља од страна на борбени авиони или авиони за полнење гориво кои соработуваат во нападот, туку и забранува прелети на американски ...
Влијателниот ирански тврдокорен политичар, Алаедин Боруџерди, повика Иран да се повлече од клучниот договор за неширење на нуклеарно оружје, по бомбардирањето на неколку нуклеарни објекти од страна на Израел и САД, објави дееска државната телевизија, пренесува ДПА. Дипломатот во интервју за државната телевизија, рече дека во парламентот се расправа за повлекување од Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT). Како членка на меѓународните ...
Косово денеска одобри испраќање војници во Газа за меѓународните безбедносни сили како дел од американската иницијатива по минатогодишното примирје меѓу Израел и Хамас. Неколку земји, вклучувајќи ги Индонезија, Мароко, Казахстан и Албанија, ветија дека ќе испратат свои војници да учествуваат во Меѓународните сили за стабилизација (ИСФ) и да го одржуваат мирот и да ја поддржат преодната администрација во Појасот Газа под водство на „Одборот за ...
Косовскиот премиер Аљбин Курти денеска најави дека ќе ги покани лидерите на опозициските партии на разговор во парламентот за избор на претседател на Косово. Тој рече дека верува оти е потребно да се обезбеди присуство на најмалку 84 пратеници за Собранието да избере нов претседател на Косово. „Ќе ги повикам претседателите на опозициските партии за да видиме како можеме да го достигнеме бројот од најмалку 80 пратеници и повторувам – не ...
Советот на Народната банка на редовната седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени дека макроекономската состојба во земјата засега останува стабилна и во рамките на очекувањата. -Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Имено, од почетокот ...
Министерството за животна средина и просторно планирање и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа прв колективен договор од ваков вид, со кој, како што велат, се прави значаен исчекор кон унапредување на работничките права на вработените. -Со договорот се предвидува постепено зголемување на платите на работниците во Министерството, по 7 отсто почнувајќи од март 2026 година, со дополнителни зголемувања во 2027 и 2028 ...
Во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје денеска ќе се одржи показна вежба за заштита од пожари под наслов „Пожар 2026“. Како што информираат од Геријатрија, во рамки на континуираното унапредување на подготвеноста и капацитетите на персоналот, ќе се реализира вежба за справување со последици од природни и други непогоди, со фокус на сценарио на појава на пожар во објектот на установата. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да преземе контрола врз иранската нафта, опишувајќи ги критичарите во Соединетите Држави како „глупави“ во интервју за британскиот весник „Фајненшл тајмс“. – Да бидам искрен со вас, најмногу би сакал да ја земам нафтата во Иран. Но, некои глупави луѓе во САД велат: „зошто го правиш тоа?“ Но, тие се глупави луѓе“, изјави Трамп. Заземањето на иранската нафта најверојатно би барало ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи првиот јавен состанок за 2026 година. Според најавата, на состанокот што ќе се одржи во просториите на Агенцијата, ќе бидат презентирани реализираните активности за првиот квартал од годинава, како и наодите од истражувањето на мислењето и ставовите на јавноста во врска со медиумите, што било изработено за потребите на АВМУ. Предвидено е состанокот да почне точно ...
Утрово е најстудено на Попова Шапка, -3 степени, а максимални 9 степени се измерени во Гевгелија, информира УХМР. На Попова Шапка има и 59 сантиметри снег. До 08:30 часот се измерени и -2 степена во Mаврови Анови, -1 во Битола и Претор, 0 во Тетово, Прилеп, Охрид и Kрушево, 2 во Берово, 4 во Крива Паланка и Виница, 5 во Куманово, 6 во Штип, Велес и Струмица, 7 во Скопје-Петровец, Демир Капија и Кавадарци, како и 8 степени во Скопје-Зајчев ...
Водата на скопската територија е квалитетна и безбедна за пиење, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Јавното претпријатие го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите, спроведени во Секторот за санитарна контрола. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 март зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа ...
Паричник анкета. Додека цените на храната, сметките, горивото растат постојано, платите на македонските граѓани остануваат најниски во Европа и недоволни за достоинствен живот, се вели во соопштението од СДСМ. Постои една анкета која власта не може да ја манипулира, не може да ја нарача и не може да ја сокрие. Тоа е „паричник анкетата“. Кога граѓаните ќе го отворат својот паричник, кога ќе погледнат во својот џеб колку пари имат. Е тоа е ...
Унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања ќе бидат тема на разговор на денешната средба што во Будимпешта ќе ја има премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Мицкоски, кој денеска заедно со владина делегација престојува во политичко-економска посета на Унгарија, по средбата со Орбан, ќе има обраќање на бизнис-форумот во Будимпешта со наслов Ден на деловна ...
14-тиот состанок на специјалната група за реформа во јавната администрација (РЈА) помеѓу ЕУ и Северна Македонија се одржа во Брисел на 26 март 2026 година. Копретседавач на состанокот од страна на Европската Унија беше г. Ибер Дио (Hubert Duhot), заменик-раководител на одделението за Албанија и Северна Македонија при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, а од страна на Северна Македонија г-ѓа ...
Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Според најавите од Управата на хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има во среда и четврток кога локално се очекува да наврнат над 50 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец. Во деновите од ...
Советничката група на СДСМ денеска побара итна седница на Советот на Општина Аеродром со цел привремено одложување на воведувањето на зонско паркирање во зоната D12 во Реонски Центар. СДСМ бара Советот на Општина Аеродром итно да усвои заклучок со кој ќе се задолжи градоначалникот Дејан Митески, во координација со Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, да преземе активности за одложување на воведувањето на зонско паркирање во Реонски Центар и ...
Мајката на починатата Ивана Јовановска денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека нејзината ќерка со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, со видливи модринки, под постојана контрола и со страв дека ќе ѝ биде одземена ќерката. Сведочејќи хронолошки за нивната врска, таа рече дека Ивана и обвинетиот на почетокот живееле под кирија, дека кратко се познавале пред бракот и дека нејзината ќерка на почетокот гледала ...
Почитувани граѓани на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, сите! Го слушнавте сите Христијан Мицкоски. Подготвен бил да чека со децении за влез на Македонија во ЕУ. Да потроши децении од вашите животи, од животите на вашите деца, внуци, на идните македонски генерации. После ова признание на Мицкоски, веќе на сите им е јасно што се случува во Македонија. Со Мицкоски и неговата организирана криминална група нема членство во ...
Министерството за образование и нака објави конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027 година, во кои на учениците од средното образование ќе им биде обезбедено сместување и исхрана. Според конкурсот на МОН, во 17 ученички дома (од кои пет се во Скопје) има речиси 2.400 слободни места за сместување средношколци. Учениците што ќе се пријават на конкурсот треба да пополнат ...
Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите, како што соопшти, се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да ...
Возачот на Мерцедес Кими Антонели победи на денешната трка за Големата награда на Јапонија што се возеше на патеката Сузука. Второто место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, а место на подиумот избори и Шарл Леклер од Ферари. Во финишот на трката Џорџ Расел вршеше голем притисок за третата позиција која Леклер сепак успеа да ја зачува. Расел од Мерцедес заврши на четвртото место, а шампионот Ландо Норис од Мекларен беше петти, додека ...
Популарниот пејач Аца Лукас бил приведен од страна на граничната полиција во Гетеборг, дознава српскиот таблоид Курир, повикувајќи се на неофицијални извори. Лукас требало вечерва да одржи концерт заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гиле Јашарспахиќ, но наводно бил запрен при гранична контрола на аеродром. Според истите извори, додека Раста и Гиле без проблем ја поминале пасошката контрола и влегле во Шведска, на Лукас, од засега непознати ...
Американците вчера излегоа на улиците низ САД за да протестираат против претседателот Доналд Трамп и неговата администрација, изразувајќи незадоволство поради војната во Иран, острите мерки против миграцијата и она што го доживуваат како сè поизразени авторитарни тенденции, пренесе ДПА. Според организаторите, планирани беа повеќе од 3.000 настани „Без кралеви“ (No Kings) во сите 50 сојузни држави, додека демонстранти излегоа и во Европа со ...
Иран се согласи да дозволи дополнителни бродови под пакистанско знаме да поминат низ Ормускиот Теснец, изјави синоќа министерот за надворешни работи на Пакистан Исхак Дар. Дар во објава на X рече дека „владата на Иран се согласи да дозволи уште 20 бродови под пакистанско знаме да поминат низ Ормускиот Теснец“. – Два брода секојдневно ќе го преминуваат протокот – додаде тој. Дар ја поздрави одлуката како „гласник на мирот“ што „ќе помогне да ...