Биолози идентификувале нов вид ајкула од родот „Hemiscyllium“ во водите на источна Папуа Нова Гвинеја, со што дополнително ја прошириле оваа необична група гребенски ајкули познати по тоа што ги користат своите четири перки за „одење“ по морското дно. „Одечките“ ајкули опфаќаат десет слични видови тепих-ајкули, чија идентификација се заснова на карактеристични шари на телото, генетски маркери и нивната географски ограничена распространетост. ...

Едноставна салата со многу зеленчук, спас за оваа летна жега, бидејќи готвењето е минимално и се служи ладна. Салатата може да се чува неколку дена во фрижидер. Состојки: 400 грама помали тестенини (по ваш избор) 2 чешниња лук 300 грама шери домати 150 грама исчистени црни маслинки 2 млади кромидчиња 1 китка магдонос 1 средна краставица Прелив: 8 лажици бел вински оцет 14 лажици маслиново масло 4 чешниња сецкан лук Подготовка: Сварете ги ...

Дури и кога се планира семејство, на луѓето, вообичаено, ретко им паѓа на ум за времето од годината кога бебето ќе се роди. Сепак, социологијата и медицината укажуваат дека бебињата родени во лето имаат голем број здравствени предности. Истражување спроведено на Универзитетот во Кембриџ коешто опфатило речиси половина милион луѓе, откри дека, на пр., „летното“ бебе, во просек, е со малку поголема тежина од „зимското“ новороденче. Повисоката ...

Како дел од проектот за поддршка на родителите, јапонскиот Институт за аудиокомуникација при лабораториите „Чиба“, кој се занимава со анализа на аудиоснимки за потребите на судските постапки, создаде специјална музика што им помага на бебињата полесно да заспијат. „Институтот ја започна оваа иницијатива откако во текот на својата работа со судовите се соочи со случаи на злоупотреба на деца, поврзани со стрес, депресија и нервни сломови кај ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против пет физички лица: Б.Г., Г.Ф. во својство на надзорни инженери, и Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и управители на две правни лица, како и против самите правни лица, за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 од КЗ на РСМ, ...

По претходно недоразбирање во сообраќајот вчера на улица во скопско Црниче автомобил најпрво удрил во мотоцикл, а откако возачот се подигнал, удрил неколку пати во моторот и уште едно возило, по што возилото го напуштило местото. Случајот во полиција го пријавил 29-годишниот возач на мотоцикл, кој по инцидентот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Случајот, како што информираат од МВР, е пријавен ...

Оман синоќа соопшти дека ги координирал своите активности со Меѓународната поморска организација (ММО) за да обезбеди привремен поморски коридор за бродовите што сакаат да поминат низ Ормуска Теснина. Бродовите што сакаат да го користат привремениот коридор ќе мора да се согласат со ММО врз основа на координатите објавени од организацијата и властите на Оман. Мерката има за цел да гарантира слобода на пловидба низ мореузот во согласност со ...

Локалната власт на јапонскиот град Нагасаки ги повикуваат сите 380.000 жители да се евакуираат поради обилните дождови и зголемениот ризик од лизгање на земјиштето. Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека се очекуваат уште обилни дождови во други делови од островот Кјушу, што можат да предизвикаат излевање на реките и поплави во ниските области. Нивото на ризик е зголемено и во префектурите Фукуока, Сага, Нагасаки и Кумамото, додека ...

За време на пандемијата на Ковид-19, д-р Ентони Фаучи, главен медицински советник на претседателот на САД за време на пандемијата со САРС Ков 2 вирусот, стана главно јавно лице, редовно појавувајќи се на прес-конференции, списанија, па дури и вечерни забавни емисии, што го направи препознатлив ширум светот, како главен борец против вирусот од кого медиумите создадоа национален херој и спасител, не само на САД, туку и на светот од КОВИД. ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска во Вашингтон ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп. На средбата ќе се разговара за претстојниот Самит на НАТО, што на 7 и 8 јули ќе се одржи во Анкара. На Самитот како гостин е поканет украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се очекува Руте и Трамп да разговараат и за растечките тензии во Алијансата, кои се појавија откако сојузниците на НАТО одбија да ја поддржат воената ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп го нападна Сенатот поради тоа што изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран. Тој ги обвини сенаторите дека со гласањето директно го помагаат непријателот и ја отежнуваат работата на администрацијата. – Значи, го имам Иран на „јажиња“, подготвен да падне, подготвен да ни даде практично сè, и првпат по децении, се почитуваат САД и нивниот претседател, МЕНЕ, а Сенатот на САД одлучи да ...

Холандија се соочува со потенцијално рекорден топлотен бран, а метеоролозите предупредуваат дека ноќта во четврток спроти петок може да биде најтопла досега регистрирана во земјата. На националната метеоролошка станица во Де Билт, се очекува дека температурата нема да се намали под 24 степени Целзиусови, што би го урнало претходниот рекорд од 2018 година кога минималната температура била 23,6 степени, објави НЛ Тајмс. Портокалово ниво на ...

Исклучително силен и долготраен топлотен бран зафати големи области од Западна и Централна Европа. Во Италија, Велика Британија, Франција, Белгија и Шпанија има екстремна жештина. Властите во северна Франција денеска се обидоа повторно да се воспостави снабдувањето со електрична енергија на 68.000 домаќинства погодени од прекини на електричната енергија во средината на жестокиот топлотен бран, кој со денови го зафати поголемиот дел од Западна ...

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти за ограничен напредок на патот кон воведување на еврото од страна на Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска, бидејќи ниту една од петте земји не ги исполнува целосно сите економски и правни критериуми за приклучување кон еврозоната. Ова се посочува во денешното објавување на Конвергентниот извештај за ЕЦБ за 2026 година, подготвен од институцијата од Франкфурт. Извештајот го проценува степенот на ...

Во повеќето земји надвор од еврозоната, граѓаните го поддржуваат приклучувањето кон единствената валута во Европската унија, покажува истражување на „Евробарометар“ презентирано денеска од Европската комисија. Најсилна поддршка е забележана во Унгарија, каде што 80 проценти од испитаниците изразиле поддршка. Споредено со податоците од претходната студија, Унгарија забележа зголемување од седум проценти кај приврзаниците и намалување кај оние ...

Германија е најпогодената европска држава од рансомвер-напади, а голем дел од инцидентите можат да се поврзат со Русија, изјави германски експерт за кибер-безбедност, пренесува ДПА. Кристијан Дер, експерт за кибер-безбедност во Институтот „Хасо Платнер“ (ХПИ) во Потсдам, го изјави тоа во пресрет на националната конференција за кибер-безбедност, што ќе се одржи утре во овој град. Рансомвер-нападите подразбираат употреба на злонамерен софтвер ...

На лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго, која моментално е погодена од голема епидемија на ебола, му е дијагностицирана болеста во Франција. Франција е првата земја надвор од Африка што потврди случај на инфекција на нејзина територија во епидемијата. Претходните сомнителни случаи во Бразил и Италија не се потврдени. Епидемијата, која во помал степен ја погоди и Уганда, е од редок сој на вирусот познат како „Бундибуџо“ за кој ...

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска изјави дека го спречил претседателот Петр Павел да учествува на самитот на НАТО на 7 и 8 јули во Анкара, бидејќи, како што рече, „целиот самит ќе се врти околу“ американскиот претседател Доналд Трамп, кого Павел во повеќе наврати остро го критикувал. – Тој многу остро го критикуваше. Рече дека е одвратно суштество и дека изборите во САД покажале колку е кревка демократијата. Изјави дека му нанел повеќе ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика членовите на Долниот дом на Парламентот, или Бундестагот, да ја поддржат планираната пензиска реформа на неговата влада, велејќи дека тоа ќе доведе до „трајна стабилизација на пензискиот систем“. Зборувајќи во Бундестагот еден ден откако ги доби предлозите за реформа на системот за пензиско осигурување од владината комисија, Мерц рече: „Ова е голем чекор, ако можеме да се согласиме и да го усвоиме ...

Еден од основачите на црногорскиот медиум „Вијести“, Жељко Ивановиќ, ги предупреди соговорниците во Брисел дека српскиот претседател Александар Вучиќ преку посредници се обидува „преку нетранспарентни и коруптивни аранжмани да воспостави контрола врз ’Вијести’ и да ги загрози преостанатите независни медиуми во Црна Гора и во Србија“. Европратеникот Андреас Шидер за време на средбата со Ивановиќ изјави дека заедно со колегите задолжени за ...

Комитетот за економска и монетарна политика на Европскиот парламент одобри воведувањето на дигитално евро до 2029 година, со цел Европска Унија да ја намали својата зависност од платните системи контролирани од САД. Дигиталното евро е една од предложените мерки за зајакнување на стратешката автономија на Европа. Тоа е дигитална форма на пари на централните банки, кои би биле издадени и гарантирани од Европската централна банка. Дигиталното ...

На 30 јуни истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година врз основа на одредбите од Законот за минимален глобален данок на добивка и Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка, потсетува Управата за јавни приходи (УЈП). Законот, како што велат, предвидува мерки со кои се обезбедува минимално ефективно оданочување на добивката на мултинационални групи на компании, како и на ...

Под влијание на циклонска активност од југоисток, времето денеска ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите локално ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. ...

Собранието денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од ПП „Левица“. Поднесувачите на интерпалицијата пратениците: Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран ...

Во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот во Битола наврнале 26 литри дожд на метар квадратен, во Демир Капија, 24, Виница, 21, Лазарополе, 17, Берово, 14, Крива Паланка,13, Гевгелија, 8, Скопје – Петровец, 2, а во Кавадарци, Крушево и Маврови Анови по 1 литар. Управата за хидрометеоролошки рабои (УХМР) информира дека денеска ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално ...

Уште еден сериозен скандал ја тресе Владата на Христијан Мицкоски. Според документи објавени во бугарски медиуми, генералниот секретар на Владата и негов најблизок соработник, Игор Јанушев, е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија. Според достапните информации, станува збор за фирма чија дејност е патен линиски превоз на стока, а во сопственичката и управувачката структура се појавуваат лица блиски до ...

Денеска сме пред Државната комисија за спречување на корупцијата затоа што јавноста дозна за уште еден сериозен скандал кој директно го засега највисокиот врв на Владата на Мицкоски. Според документи објавени во медиуми, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е поврзан со компанија регистрирана во Бугарија. Бугарски капитал, фрима или ваква поврзаност не е наведена во неговите анкетни листови доставени до ДКСК. ДКСК не смее да биде ...

Животот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски. Нема медицински кадар на Детската клиника. Распад на здравствениот систем кој не може ниту за здравјето на децата да се грижи. Цената за потрошените пари во буџетот сега треба да ја платат дечињата? Кочоска се правда дека доцна пристигнало барањето за согласност за вработување. Па зошто порано не се надминале ...

На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферениција нагласи дека изјавите на Мицкоски за вториот пензиски столб отворија сериозна загриженост кај граѓаните кои со години издвојуваат средства за својата пензиска иднина. Филипче, предупреди дека контрадикторните ставови на премиерот создаваат неизвесност и страв кај и побара власта да одговори дали е загрозен Вториот пензиски столб и дали поради немање пари во буџетот ќе ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.8
46%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.86
50%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.09
48%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.3
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.69
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
44%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.07
49%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
64%
1012
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
51%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.85
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Бакар

13.51

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Калај

56.46

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05