Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија ќе ја продолжи окупацијата на „безбедносната зона“ во јужен Либан долж израелската граница „колку што е потребно“. – Воспоставивме безбедносна зона во Либан и ќе ја задржиме сè додека е потребно за да го заштитиме нашиот народ, рече Нетанјаху на конференција во Ерусалим. Лидерот на Хезболах, Наим Касем претходно изјави дека Израел нема да остане во Либан, додавајќи дека ...
Разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Швајцарија се одржаа во позитивна и конструктивна атмосфера. Техничките разговори за сите прашања ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското одморалиште Биргеншток, се наведува во заедничкото соопштение на Катар и Пакистан, кои посредуваат во разговорите. Во соопштението, кое го испрати Министерството за надворешни работи на Катар, се наведува дека вчера на разговорите на високо ниво, во ...
Четири танкери за течен природен гас, кој ги контролира Катар, впловија денеска во Ормуската теснина и покрај намалувањето на бродскиот сообраќај откако Иран објави дека повторно го затворил водниот пат за време на викендот, покажаа податоците за бродскиот сообраќај. Танкерите влегоа во теснецот преку иранската рута за прв пат од почетокот на американско-израелската војна со Иран, на крајот на февруари. Бродот, кој плови под знамето на ...
Британскиот премиер Кир Стармер денеска соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Тој рече дека утрово разговарал со британскиот крал Чарлс Трети за да го информира за својата одлука да поднесе оставка. Стармер побара од Лабуристичката партија да утврди распоред со отворање номинации за лидерство што ќе започнат на 9 јули и ќе завршат до летниот распуст. Тоа ќе значи дека нов лидер ќе биде назначен пред да почне со работа Парламентот во ...
Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет. Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, Индија – 428,6 мм, а најсилниот ветер дуваше на Антарктикот со брзина од 145,7 ...
Цела Шпанија, освен Канарските Острови и Мурсија, денеска е во состојба на готовност поради жештини, а во северните делови е издадено црвено предупредување за високи температури. Шпанската метеоролошка агенција Аемет соопшти дека највисоките дневни температури во земјата ќе се движат меѓу 38 и 42 степени Целзиусови, пренесува ЕФЕ. Кантабрија е под портокалово предупредување поради температури до 38 степени во регионот Лиебане и во центарот на ...
На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност. Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и ...
Во Белград денеска почнува 21. Светски конгрес на економисти на Меѓународната економска асоцијација (ИЕА). Тоа е најголем меѓународен научен собир во областа на економијата. Меѓу клучните теми ќе бидат иднината на глобализацијата и прашањето дали тој процес завршува или продолжува во нови облици. Во следните пет денови на конгресот ќе учествуваат околу илјада учесници од повеќе од 80 држави. Меѓу нив се и тројца добитници на Нобелова награда ...
=Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена ...
Скопје од денеска до 26 јуни е домаќин на четвртата светска конференција за религиски дијалог и соработка на тема „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. – На свеченото отворање на конференцијата вечер во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност во ...
Организираната криминална група ВМРО и нејзината тендер коалиција со ЗНАМ завршија со првичните разговори за реконструкција на Владата. Сега следуваат „финални консултации“. Преведено на јазикот на реалноста: тендер коалицијата се префарба за да продолжи со истата политика на криминални тендери, задолжувања и изолација. ЗНАМ, приватно здружение на Максим Димитриевски финансирано од Мицкоски, како партнер кој повеќе не постои во вистинска ...
После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален – народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните. Единствено нешто што се забрзано се зголемува овие две години се цените, трошоците за живот, сиромаштијата. Македонскиот ...
По речиси две децении присуство на македонскиот и регионалниот пазар во истражувачката и комуникациската индустрија, Агенција Рејтинг станува ексклузивен партнер на лондонската истражувачка компанија Latenta, со што станува една од ретките агенции во земјата која извезува комуникациски услуги кон глобални клиенти. Оваа официјална соработка значи воведување на напредна бихевиорална наука во истражувањата – методологија која Latenta веќе ја ...
Поминаа две години од владеењето на Мицкоски и ВМРО, младите загубија години и загубија надеж. Во Платформата 1198, Мицкоски и ВМРО ветуваа намалување на иселувањето, подобар животен стандард, задржување на младите во државата и дури 70.000 нови работни места. Ветуваа поддршка за образование, домување, претприемништво и конкретни мерки што ќе им помогнат на младите да останат и да ја градат својата иднина дома. По две години, нема ништо од ...
Репрезентацијата на Германија ја оствари втората победа на Мундијалот откако ноќеска забележа победа од 2:1 над Брегот на слоновата коска со гол во судиското надополнување. Јунак на германскиот тим беше Дениз Ундав, кој беше стрелец на двата гола за својата екипа. Но, не беше сè така лесно за Германците бидејќи африканската селекција поведе преку Франк Кеси во 30.минута. Првиот гол Ундав го постигна во 68.минута, а голот за победа го постигна ...
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос објави на социјалните мрежи дека српскиот тренер Жељко Обрадовиќ се врати во грчкиот клуб. На тој начин најтрофејниот европски тренер по вторпат ќе биде тренер на Панатинаикос. По дадената оставка во Партизан, постојано Обрадовиќ беше поврзуван со враќање во Атина, каде после 14 години повторно ќе биде тренер. Тој за тригодишниот договор ќе добие 11 милиони евра според грчките медиуми. Во ...
Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит, а која на 30 мај исчезна, додека пак нејзиното тело утрово беше пронајдено, јави дописничката на МИА од Атина. За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија, 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во ...
Основното јавно обвинителство Штип донела Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик. -На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, ...
Францускиот премиер, Себастијан Лекорну, наредил спроведување ненајавени и задолжителни тестирања за дрога кај високи државни службеници и лица што подлежат на безбедносни проверки, јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на циркуларно писмо испратено до министерствата. Според насоките, вработените во министерските администрации, како и лица на функции поврзани со владата, ќе треба да бидат опфатени со масовни проверки преку орални ...
Нафтената индустрија на Иран ќе биде клучен тест за секој конечен мировен договор со САД, доколку западните земји останат верни на неговиот дух, изјави утринава иранскиот министер за нафта, Мохсен Пакнеџад. Според Пакнеџад, во периодот по договорот, иранскиот нафтен сектор ќе ѝ понуди на светската економија значителни инвестициски можности. Тој додаде дека секторот располага со стотици инвестициски проекти, како и со договори за техничко и ...
Бројот потврдени случаи на ебола во Демократската Република Конго достигна 956, вклучувајќи 247 со смртен исход, соопштија здравствените власти во земјата. Податоците покажуваат зголемување во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 933 потврдени случаи и 245 починати. Во последните 24 часа се потврдени 23 нови случаи на заболувањето и уште два смртни случаи. Властите продолжуваат со мерките за ограничување на ширењето на вирусот и со ...
Русија ослободила 24 филипински државјани кои со месеци биле задржани без обвинение во сибирскиот град Јакутск, соопштија филипинските власти. Филипинците се ослободени откако претседателот на Филипините, Фердинанд Маркос, ја изразил својата загриженост за нивната состојба на средбата со рускиот претседател Владимир Путин. Сите 24 лица пристигнале во Манила со два лета рано утринава, а првата група ја пречекала министерката за надворешни ...
Британскиот министер за економија, Питер Кајл, денеска изјави дека „нема причина да верува“ дека премиерот Кир Стармер утре ќе поднесе оставка. Кајл тоа го изјави откако британски медиуми, меѓу кои и „Обзервер“ објавија информации дека се очекува оставка на Стармер и оти веќе е изготвен распоред за негово повлекување. Министерот за „Скај њуз“ изјави дека во петокот имал „искрен“ разговор со Стармер. „Немам причина да верувам дека тие наводи ...
Иран денеска соопшти дека ситуацијата во Либан, каде израелската војска речиси секојдневно спроведува напади против Хезболах, ќе биде главна тема на преговорите со САД што се одржуваат во Швајцарија. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека „ционистичкиот режим продолжува да ги крши своите обврски кон Либан“ и дека тоа ќе биде централна тема на денешните разговори. Во видео-изјава објавена преку ...
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека разговорите меѓу делегациите од неговата земја и Иран се пресвртница и дека двете страни би можеле да одлучат да започнат одново или да се вратат на старите патишта. Венс изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп повикал на „нов почеток“ за трансформација на односите меѓу САД и Иран и дека техничките разговори што започнаа во Швајцарија ќе им овозможат на двете страни да седнат заедно и ...
Во делови од Франција, вклучително и Париз, деенска стапи во сила забраната за служење и консумирање алкохол на отворено поради топлотниот бран што ја зафати земјата. Забраната, воведена за време на годишниот музички фестивал „Fête de la musique“, опфаќа 35 од 101 департман во Франција, каде што метеоролошката служба издаде црвен метео аларм. Владата вчера објави дека префектите во овие региони ќе воведат забрана за служење алкохол на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека САД би можеле да ја „преземат“ Ормуската Теснина ако не се постигне договор со Иран и упати закани до иранската делегација што преговара во Швајцарија. – Можеби ќе ја преземеме Ормуската Теснина, доколку е потребно. Ако не постигнат договор, ќе наплаќаме за премин, рече Трамп во телефонско интервју за Фокс њуз. Иранските државни медиуми вчера објавија дека иранската воена команда ...
Во Тирана синоќа одржан е 21. протест против проектот “Зврнец”, кој беше и најмасовен ваков собир, на кој учествуваа и Албанци од соседните земји, како и од дијаспората – западноевропските земји и САД. Според слободна процена на протестот учествувале околу 250 илјади граѓани, повторувајќи ги барањата за оставка на премиерот Еди Рама, стопирање на проектот во Зврнец и Сазан, поништување на законот од 2024 година со кој се дозволува градба во ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер. Како што соопшти Управата за ходрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. ...
Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот „Градски воз“. -Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат неколку возови ...